-
Јас сум смрт (Robert Hunter #7)
0520,00 денСедум дена по нејзиното киднапирање, го наоѓаат телото на дваесетгодишна жена во празниот дел на меѓународниот аеродром на Лос Анџелес. Телото е поставено со раширени раце и нозе, во форма на петокрака човечка ѕвезда.
Обдукцијата открива дека таа била измачувана и убиена на најбизарен можен начин. Но изненадувањата не завршуваат тука. Убиецот исто така сака да си игра и им има оставено нешто на полицајците.
Детективот Роберт Хантер, кој ја води специјалната единица за ултра насилни злосторства, повторно е назначен да го води случајот. Но речиси уште пред да почне, се појавува и второ тело.
Соочувајќи се со нови предизвици секој Божји ден, детективот Хантер сфаќа дека брка чудовиште. Предатор чие минато крие ужасна тајна и чија желба да повредува и убива луѓе никогаш не може да биде згасната, бидејќи тој е… СМРТ.
-
Јуда
0350,00 денУште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на човечкиот ум со сите негови противречности. Романтичен и трогателен, ова е роман полн со меланхолија, но и хумор и мудрост, низ кој се испреплетени историјата и религијата.
Ерусалим, 1959 година. Шмуел Аш, студент на Хебрејскиот универзитет и млад проучувач на Библијата, се чувствува изгубено. Семејството му е на раб на финансиска пропаст, неговото истражувачко дело е во криза, а девојка му решава да се омажи за претходното момче. Во моментот кога треба да го напушти Ерусалим, наидува на оглас и одлучува да ја прифати работата како негувател на генијалниот, но зајадлив старец, Гершом Валд.
Меѓутоа, во неговиот дом е присутна и една таинствена личност. Аталија Абрабанел, преубава жена во четириесеттите години и ќерка на починат водач на ционистите, го заведува Шмуел, држејќи го истовремено и на дистанца. Малку по малку, старата камена куќа и тројцата отпадници што живеат во неа почнуваат да ги откриваат своите тајни.
Љубовна приказна и роман за растењето. „Јуда“ ни дава несекојдневен поглед на состојбата во Израел и на новозаветната приказна. Низ целиот роман се провлекуваат прашањата: Кој бил Јуда, дали бил предавник, а кој е Исус, дали тој бил христијанин или Евреин? Со или без Јуда, секој Евреин во очите на верниците и понатаму останува олицетворение на предавството. Еден од највлијателните романи на Оз.
-
Јужно од границата, западно од сонцето
0380,00 денПриказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се целосно прифатени, Хајиме и Шимамото уште како деца заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. Ќе успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јужно од границата, западно од сонцето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрижните детски денови поминати со Шимамото, преплавен од каење поради пропуштените можности.
Типично во стилот на голем книжевен мајстор, Мураками раскажува како со неколку погрешни одлуки човек може да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не зацелува.
Проникливо и длабоко размислување за човечката ранливост, за моќта на опсесијата, за загатките на еротската мистерија.
Њујорк тајмс
-
Јужњакот со сини очи (Тревис #2)
4420,00 денЗапознајте го јужњакот со сини очи: Неговото име е Харди Кејтс. Тој е успешен милионер, кој всушност доаѓа од лошата страна на градот. Има стекнато непријатели колку ти душа сака во неговото тешко патешествие кон врвот на нафтената индустрија. Низ неговите вени тече врела крв. А на неговиот ум има само одмазда.
Запознајте ја богатата наследничка: Се вика Хејвен Тревис. И покрај парите на нејзиното семејство, таа одбива да го следи патот што тие го трасираат за неа. Но кога Хејвен се мажи за човек кој нејзиното семејство не го одобрува, нејзиниот живот тргнува во нов и опасен правец. Две години подоцна, Хејвен се враќа дома, решена да си го чува срцето по цена на животот. А Харди Кејтс, семеен непријател, дефинитивно е човек од кој треба да се држи што подалеку.
Но судбината има друга замисла…
Книга исполнета со препознатливата сензуалност на Лиса Клејпас, со ликови кои не можете да не ги сакате, со занесно раскажување на секој магичен збор…
-
КАДЕ ИСЧЕЗНА, БЕРНАДЕТ?
0450,00 денЗапознајте ги сите лица на ноторната Бернадет Фокс! За нејзиниот маж и Мајкрософт-гуру, таа е ексцентрична и своеглава; за архитектонските кругови е пионер на зелената архитектура; за останатите мајки чии деца учат во истото приватно училиште, таа е дрска и асоцијална, а за петнаесетгодишната Би е едноставно мама и нејзина најверна другарка.
Еден ден, Бернадет исчезнува. Сè почнува кога Би се враќа со највисоки оценки и ја бара ветената награда – семејно патување на Антарктикот. Но сè посилната алергија на Бернадет од Сиетл – и од луѓето воопшто – ја прави толку голем агорафоб што најмува виртуелна асистентка од Индија за најосновни секојдневни работи. Патувањето на крајот од светот ѝ задава дополнителни главоболки…
Во обид да ја најде мајка си – но и да ја разбере – Би собира имејлови, официјални извештаи, тајни преписки, доверливи документи од ФБИ, создавајќи заразно читлив и трагикомичен епистоларен роман за потиснатиот гениј и за силниот однос меѓу една мајка и една ќерка во овој апсурден свет.
„Нетрадиционален роман за еден извртен гениј и силната врска меѓу мајка и ќерка, но можеби премногу ќе се смеете за да забележите.“ Опра магазин
-
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
0390,00 денПо губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.
Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ù дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.
За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.
-
КАКО ВО ФИЛМ
0340,00 денМомчето Гашпер, вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда, која го напуштила сонот да стане сликарка, и таткото Јоже, кој сè почесто отсуствува од дома, што предизвикува бурни кавги… Него почнува да го копка чудното (не)расположение на мајка му, па почнува да пребарува на Интернет и доаѓа до сознанието дека ќе стане популарен во училиште ако дознаат дека мајка му се дрогира… Но дали не се работи за нешто друго?
Гашпер си има и други проблеми. Соученичката Тина го избегнува во училиште и сака да разговараат само по Скајп. Го прогонуваат и го исмеваат тројцата школски насилници. А најдобриот другар Марко е готов да го предаде за да се спаси од нив… Текот на овие секојдневни настани е прекинат од жестоката караница на родителите, ненадејното исчезнување на мајка му и посетатата кај чудниот Макс… Одеднаш, животот на Гашпер почнува да добива друга димензија!
-
Како да го излечите својот живот
0400,00 денЛујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“.
Во Како да го излечите својот живот таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“
Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.
-
Како да достигнеме светост
0150,00 денСв.Јован Кронштатски
Не постои ништо посвето, поголемо, повеличествено, поживотворно и посвечено од светата Литургија.
Литургијата е Света Вечера; Таа е трпеза на Божјата Љубов кон човечкиот род.
-
Како да живееме во Христа
0150,00 денАрхимандрит Рафаил Карелин
Во книгата ,,Како да живееме во Христа” , архим. Рафаел Карелин ни помага да познаеме што е вера, што е доверба во Бога.
Во оваа книга тој ни зборува за покајанието, за духовниот отец, за молитвата, за постот, за свештенството, за монаштвото, за прелеста, за гревот на блудот, за гревот на празнословието и зборливоста, за фанатизмот, за тоа дека не треба да им веруваме на соновите, за неосудувањето и за љубовта кон Бога и кон луѓето.Значи, теми кои што се секогаш присутни во нашиот духовен живот. И верувам дека на многумина ќе им помогне вистински да го исправат својот начин на размислување, расудување и својот однос кон Бога и кон Православната Црква, меѓутоа и кон другите луѓе околу себе. -
Како да зборувате за децата да слушаат и како да слушате за децата да зборуваат
0650,00 денОвој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за: · Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето.
• Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.
• Остварување ефективна соработка со вашето дете.
• Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја.
• Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.
• Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.
• Мирно разрешување на семејните конфликти.
Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.
-
Како да правите ништо
0420,00 денСе чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е едизајниранада го купува и да го продава нашето внимание, а нашата продуктивност со подароци нонстоп. Но во овај инспиративен водич за отфрлање на вниманието, уметницата и критичарка Џени Одел ни покажува како можеме да ги вратиме нашите животи.
-
Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете
0400,00 денЗА МУДРИОТ ЧОВЕК СЕКОЈ НОВ ДЕН ЗНАЧИ НОВ ЖИВОТ.
Како да ја планираме и направиме поубава иднината, без да се оптоваруваме со непотребни грижи за неа?
Наместо да плачеме и да се каеме за направените грешки, треба да се соочиме со проблемот кога тој ќе се појави, трезвено да размислиме и да пристапиме кон негово решавање. Токму во тоа ќе ни помогне оваа збирка делотворни, испробани рецепти. Тие ќе нè научат на нов начин на живот – ослободен од грижите, поисполнет и посреќен. Зашто овој прирачник ќе ви ги отвори очите за ситните мудрости што обично не ги забележувате.
Запаметете дека токму вие сте новото чудо на светот. Дека во историјата на човештвото никогаш немало личност сосем слична со вас и дека во иднина никогаш веќе нема да се роди човек каков што сте вие. Искористете ги сите способности со кои ве надарила природата. Престанете да се грижите за ситни работи и живејте го животот исполнето! Бидете среќни што сте живи и што учествувате во возбудливата авантура на постоењето!
-
Како да разговарате со секого
0450,00 денКоја е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?
Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.
Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.
Успехот нека стане вашата судбина!
-
КАКО ДА СЕ ЗДОБИЈАТ ПРИЈАТЕЛИ И НАКЛОНОСТ НА ЛУЃЕТО
0400,00 денМОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ
Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето.
Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.
-
Како да се разговара со непознати
0500,00 денБестселер на Њујорк тајмс, книга на годината на Фајненшл тајмс, Блумберг, Чикаго трибј
Како еден кубански шпион поминал над 25 години во Пентагон без да биде откриен? Зошто британскиот премиер Чејмберлен сметал дека може да му верува на Хитлер? Како рутинското застанување во сообраќајот може да се претвори во трагедија? И зошто е толку тешко да се открие лага, да се прочита изразот на нечие лице или да се проценат туѓите мотиви?…Затоа што честопати погрешно ги разбираме луѓето што не ги познаваме.
Преку низа анегдоти од областа на историјата, психологијата и законот, Гледвел нѐ поведува во интелектуална авантура низ потемната страна на човечката природа, каде што непознатите луѓе и нивните постапки ни се голема мистерија, а погрешното расудување за нив доведува до катастрофални последици. Фасцинантна книга што нè поттикнува да ги преиспитаме своите начини за справување со непознатото.
Книга од која можеме да научиме како да разговараме со непознатите за да ги избегнеме недоразбирањата и конфликтите кои честопати можат да бидат и фатални.