Филтер по цена
Жанр
Автори
  • По улица Лондон

    По улица Лондон

    1

    Џоана Вокер добро знае што сака. Силен, стабилен, финансиски обезбеден маж кој ќе се однесува со неа како што треба и ќе се грижи за неа и нејзиниот брат, Кол – нешто што никој претходно не го правел за нив. Отсекогаш било препуштено на Џоана да се грижи за нејзиното семејство, особено за помалото братче. Со отсутен татко и мајка алкохоличарка, Џоана носи одлуки што се во интерес на Кол откако помни за себе. Таа дури и одлучува со кои мажи да се гледа само врз основа на тоа од кого може да има најголема корист за Кол, а не кој неа вистински ја привлекува.

    Но со Камерон МекКејб, привлечноста не може да се игнорира. Новиот секси колега ја стресува секојпат кога ќе ја погледне. И за првпат во животот, Џо е во искушение да ги стави своите потреби и желби на прво место. Кам е подеднакво опседнат со тоа да ја запознае Џо, но нејзините ѕидови се превисоки за да му дозволат дури и само да се обиде.

    Тогаш Кам случајно се вселува во зградата на Џо и хемијата станува уште понеподнослива. А Кам е решен да ги открие сите тајни на Џо… макар и да треба да и ја урива одбраната дел по дел.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ќе има друг ден

    Ќе има друг ден

    6

    Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.

    1. Да одам во Париз.
    2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
    3. Да родам бебе, можеби и две.
    4. Вистински да се вљубам.

    Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.

    Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Никогаш не се знае

    Никогаш не се знае

    5

    На триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува – кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.

    Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.

    Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива – повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.

    И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе.

    Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее…

    – Од авторката на бестселерот Исчезната без трага –

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Збогум најмила

    Збогум најмила

    10

    Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

    Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

    Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Господин Неодолив

    Господин Неодолив

    2

    Се ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди.
    Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка.

    Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот уште пред Луси да каже „да“ – а тоа патем е град каде што е заглавена со празен паричник, кола со дупнати гуми и еден многу бесен извисен младоженец.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Некој што вреди да умре

    Некој што вреди да умре

    11

    Психолошка, напната приказна за една случајна средба што води до убиство и тоа низ низа неочекувани пресврти.

    На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе. Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Славејот

    Славејот

    12

    Франција, 1939
    Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.

    Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.

    Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
    Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • А што по бакнежот?

    А што по бакнежот?

    6

    Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.

    И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ова завршува со нас

    Ова завршува со нас

    22

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зад затворени врати

    Зад затворени врати

    16

    Сите познаваат по некој пар како Џек и Грејс. Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат.

    Некој можеби ќе го нарече тоа вистинска љубов. Друг можеби ќе праша зошто Грејс никогаш не крева на телефон. Или зошто никогаш не може да излезе на кафе или на ручек, иако не работи. Како може да готви толку прекрасни јадења, а сепак да е толку слаба. И зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби?

    Понекогаш, совршениот брак е совршена лага.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Убави девојки

    Убави девојки

    11

    Сестри. Претворени во странци. Борци.

    Пред повеќе од дваесет години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Двете жени си немаат прозборено оттогаш и сега нивните животи не може да се поразлични. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но ни едната ни другата си немаат дојдено на себе од трагедијата што им ги има уништено животите. И горката рана повторно се отвора кога сопругот на Клер трагично загинува.

    Исчезнување на тинејџерка пред дваесет години и убиство на средовечен маж сега по четврт век – што би можело да ги поврзува? Обединувајќи се претпазливо, двете преживеани сестри почнуваат да копаат низ минатото со цел да ја откријат вистината и откопуваат тајни што го имаат уништено нивното семејство, но воедно и неочекувана шанса за ладна одмазда.

    button-new

    440,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Крововите на Техеран

    Крововите на Техеран

    2

    Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.

    И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.

    Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ти си тој што го сакам

    Ти си тој што го сакам

    2

    Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот.

    Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право?

    Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…

    button-new

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Терапија

    Терапија

    14

    Нема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.

    Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.

    Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.

    button-new

    380,00 ден
    Додај во кошничка