-
Сечи-лепи 1
0250,00 денВо овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.
Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.
Забавувајте се и креирајте заедно!
-
ПСИХОКИБЕРНЕТИКА
0450,00 денЗа првпат објавена во 1960 г., Психокибернетика до ден-денес го држи приматот на бестселер со продадени над триесет милиони примероци во светот. Се смета за авторитетно дело во областа на личниот развој од кое инспирација црпат многу експерти, како Зиг Зиглар, Тони Робинс и Брајан Трејси. Нејзините ефикасни методи ги применуваат генерации врвни спортисти, претприемачи, студенти и обични луѓе, кои откриле дека успехот не само што е возможен туку е и зачудувачки лесно достижен.
Работејќи како врвен пластичен хирург, Молц открил дека на своите пациенти не им го менува само ликот туку и внатрешното Јас. Во оваа книга тој за првпат ја дефинира поврзаноста меѓу умот и телото, воведувајќи го позитивниот став како средство за промена. Психокибернетика ви покажува како да ја подобрите сликата за себе, ви нуди вежби за релаксација и визуализација, ви помага да ги отстраните емоционалните лузни, да направите емотивен лифтинг – и да ги достигнете успехот и среќата што ги посакувате.
Среќата и успехот се навика; истото важи и за неуспехот и сожалувањето. Но вие можете да ги смените негативните навики со неверојатната моќ на психокибернетиката!
-
ПАТОТ КОН ВЕЛИЧЕСТВЕНОСТА – книга 2
0400,00 денВо ова продолжение на светскиот бестселер Патот кон величественоста, Робин Шарма нè запознава со филозофијата на животот и ни ги пренесува своите техниките со чија помош станал еден од најценетите советници за прашањата на лидерството и на личниот успех. Во овој неверојатно инспиративен водич ќе пронајдете 101 едноставна, но моќна лекција која ќе ви помогне го подобрите секој аспект од својот живот и со тоа да достигнете светска класа во работата и во животот, да научите како да остварите вчудовидувачки успех, да ги пронајдете неопходната инспирација, страст и елан, да станете исклучителни, да откриете како да бидете среќни и подобро да се забавувате, храбро и вешто да ги надминете тешките времиња и да ги поедноставите професионалниот и личниот живот.На страниците на оваа книга ќе најдете и невообичаени совети што ќе ви влеат енергија и елан. На пример: „Бидете толку добри што нема да можат да ве игнорираат“, „За да добиете – барајте“, „Живејте возбудлив живот“…„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што на луѓето навистина им го менуваат животот“. Ричард Карлсон
-
Мојата прва книга со зборови
0150,00 денОваа картонска книга е наменета за најмалите дечиња, за преку неа да ги научат првите поими и да се запознаат со светот околу нив.
-
Книга за џунглата
0250,00 денЗбирката раскази „Книга за џунглата“ е издадена во 1894 година и веднаш доживува огромен успех и популарност кај децата и возрасните во Англија, Индија и остатокот од светот. Уште од првото издание при крајот на 19 век, книгата е преведена на многу јазици и адаптирана во најразлични цртани и играни филмови.
Централните приказни се однесуваат на момчето Могли и неговите авантури во џунглата. Тој е посвоен од глутница волци, соработува со големиот питон Каа, се бори со мајмуните и страшниот куц тигар Шир-Кан и попатно го учи Законот на џунглата од своите ментори – стариот и мудар мечок Балу и итриот црн пантер Багира. Но, Могли не е единствениот лик во „Книга за џунглата“. Во многубројните раскази можеме да ги прочитаме и приказните на мунгосот Рики-тики-тави, белиот морски лав Котик, Тумај-слоноводачот и воената бригада сочинета од камили, мазги, биволи, коњи и слонови, кои ги раскажуваат сопствените воени приказни.
„Книга за џунглата“ и денес го буди интересот како на децата, така и на возрасните читатели, затоа што е вистински пример за мајсторски остварено книжевно дело.
-
КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ
0420,00 денКалуѓерот кој го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неизбалансиран начин на живот ќе го доведе скоро до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот живот и да побара одговор на најважните животни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир. Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поизбалансиран живот, живот исполнет со изобилство и радост. „Ништо помалку од сензационалност. Оваа книга ќе го благослови вашиот живот.“ Марк Виктор Хенсен, коавтор на книгата Мевлем за душата „Забавна, фасцинантна, имагинативна авантура полна со мудрост која може да го збогати и унапреди животот на секој поединец.“ Брајан Трејси, автор на книгата Најголемиот подвиг „Забавна книга која ќе го измени вашиот живот.“ Илејн Ст. Џејмс, автор на книгите Поедностави го својот живот и Внатрешна едноставност „Маѓична приказна, поучна и забавна истовремено“ Паоле Коелјо, автор на Алхемичарот
-
Уметноста на едноставното живеење: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах
0350,00 денПреку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.
Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта…
Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.
Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.
-
ВО ВОРТЕКСОТ НА ОСТВАРЕНИТЕ ЖЕЛБИ
2650,00 денБЕСТСЕЛЕР ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!
Креирајте ја сопствената стварност со помош на Законот на привлекувањето и станете сведок на чудата во својот живот
Знаеме ли кои сме, всушност? И што е животот? Кога ќе се потсетиме на еден закон на кој заборавиле да нè научат во училиште, сè добива сосема друга смисла. Тоа е Законот на привлекувањето, кој е тука и дејствува. СЕКОГАШ. Прашање е само дали сме свесни за тоа.
Сите сме креатори на сопствениот живот, само некој го креира свесно, а некој несвесно. Сите имаме добиено дарба со која ќе знаеме дали сме на добриот пат или малку сме скршнале од него. Таа дарба се нашите емоции. Тие се наш водич и показател на нашите мисли, кои се креативни. Емоциите ни зборуваат какви ни се мислите и што ќе привлечеме во својот живот.
Постојат алатки и методи што ги користиме и тогаш животот добива сосема друга смисла зашто почнуваат да се случуваат ЧУДА! Чудата се основа на животот! И, ако во вашиот живот не се случуваат чуда, некаде грешите… Можете да привлечете пари, здравје, љубов, изобилство и среќа…
Можете да бидете и да имате сè што ќе посакате затоа што и сте дошле на овој свет за да искусите кои сте навистина! КРЕАТОРИ НА СОПСТВЕНАТА СТВАРНОСТ! -
БИДИ И ИМАЈ
0650,00 денСо промена на вибрациите до финансиска слобода!
Ова не е обична книга за парите, ова е необична книга за парите.
Ова е духовна книга за парите бидејќи парите се дел од духовноста.
Само нè убедувале дека не се. Нè убедувале дека не смееме да ги сакаме или да ги имаме. Оваа книга може да ви помогне да сфатите дека не е така. Дека сме дојдени како духовни битија во материјалниот свет за да можеме да го живееме балансот меѓу духовното и материјалното. Но дека прво поентата е да БИДЕШ за да можеш да ја живееш сета убавина и да ИМАШ.
ИМАЈ ќе биде ваша награда за БИДИ. Ова е книга што ќе ги освести вашите негативни програми за парите, која ќе ви помогне да ги промените вашите убедувања што не ви служат, која ќе ве воведе во методите со кои ќе ја менувате својата вибрација кон парите и која ќе стане ваш сопатник во практиката на патот до остварување финансиска слобода. Вреди да бидете возбудени бидејќи, штом ќе поверувате во она што ќе го прочитате овде и ќе станете доследни во практичната примена на наученото, финансиското изобилство и слобода ќе станат дел од вашата реалност.
А слободата е најголемиот подарок што можете да си го подарите себеси.
-
Сестрите Романови
0550,00 денПриказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.
17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала дваесет и две години, најмладата седумнаесет. Заедно со родителите и со тринаесетгодишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.
Во книгата „Сестрите Романови“ познатата авторка на биографии, Хелен Рапапорт, им нуди на читателите досега најавтентична приказна за големите кнегињи Олга, Татјана,
Марија и Анастасија. Црпејќи материјал од нивните необјавени писма, дневници, документи од приватни архиви, насликала впечатлив портрет на нивниот живот во последните денови од династијата Романови. За првпат нивните животи се прикажани од детството, па сè до младешките вљубувања, прикажани се нивните сништа, надежи и напорниот
соживот со нивната болна мајка и братот хемофиличар, потоа и траумите што им ги носи Револуцијата.„Хелен Рапапорт насликала привлечен портрет на проколнатите големи кнегињи.“ – Пипл магазин
„Едноставно неверојатно… Вака треба да се пишуваат историските книги.“ – Алисон Вир -
ЖЕНАТА СО ЦРВЕНИОТ БЕЛЕЖНИК
0300,00 денЕдна ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.
Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..
-
Хари Потер и Каменот на мудроста
0480,00 денЛектира за 9 одделение.
Вклучено:
– Речник на помалку познати зборови.
– Активности за работа на час.
Лесно читливо!
Препорачано од Здружението за дислексија Ајнштајн.
Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв бр. 4 стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но, влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и конечно дочекавме да ни биде лектира.
-
ЖИВОТ
0380,00 денЖивот, осврт кон вашиот животен пат е длабоко медитативна, инспиративна и над сè возбудлива книга полна со оптимизам. Таа ќе ви помогне да препознаете и да решите многу значајни прашања со кои се среќавате на својот животен пат. Како и секогаш, Лујза Хеј се занимава со најважните теми – детството и растењето, себеприфањето, врските, работата, здравјето, духовноста, стареењето, смртта… Искрено човечки и со едноставни зборови, таа ви помага на најдобар начин да се соочите со проблемите, стравовите и предизвиците низ кои секојдневно поминувате, и ви нуди ефикасни решенија за нивно надминување.
Без оглед на тоа со какви пречки се соочувате на својот животен пат, Лујза Хеј постојано ве потсетува дека величествениот, восхитувачки, на моменти застрашувачки или комичен феномен што ќе го искусите од мигот на раѓањето до мигот на заминувањето од оваа наша прекрасна планета, е всушност ЖИВОТОТ. Уживајте во неговото чудо!
-
Дневникот на едно смотано девојче 9
1280,00 денНовиот дневник на вашата омилена смотаница!!!
Тотална катастрофа!!! Злобната девојка Мекензи го украде дневникот на Ники! Што ако им ги каже на сите најскришните тајни на Ники?! Но, читањето на дневникот на Ники не е единственото нешто за коешто се интересира Мекензи. Подгответе се за пресврт во Дневниците на едно смотано девојче, затоа што Мекензи го презема нејзиниот дневник и раскажува сe за својот гламурозно-популарен живот!
Што мисли всушност пчелата матица за Ники и за нејзините смотани пријатели?
-
Диносауруси : 100 + налепници
0128,00 денОТКРИЈТЕ ГО ПРЕКРАСНИОТ ЖИВОТ НА ДИНОСАУРУСИТЕ! Многу факти и информации надополнети со над 100 стикери…
-