-
Фајронт во Сараево
0350,00 денФајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“.
Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот.
Пред нас се простира топла, емотивна и неодолива приказна за едно детско растење, созревање и стареење во земја натопена со крв, болка и нетрпеливост. На искрен, емотивен и духовит начин, оваа книга зборува за тоа како почна и како заврши сè.
-
ФАКТОЛОГИЈА
0500,00 денСвесноста за фактите е навика која го намалува стресот и гради ставови засновани врз цврсти аргументи Зошто расте бројот на жители во светот? Колку млади жени се школуваат? Колкумина живеат во сиромаштија? На овие и на многу други едноставни прашања за глобалните трендови луѓето систематски даваат погрешни одговори. Толку погрешни што шимпанзата, кои случајно би ги избрале одговорите, би имале подобри резултати од новинари, нобеловци и банкарски инвеститори.
Ханс Рослинг, професор по меѓународно здравје и човек кој умее да ги натера податоците да пеат, нуди ново, радикално објаснување зошто се случува тоа и ни открива десет инстинкти кои ни го искривуваат светогледот. Според Рослинг и неговите соработници, и покрај сите несовршености, светот е во многу подобра состојба отколку што мислиме. Но кога непрестајно и претерано се грижиме за сѐ наместо да усвоиме светоглед заснован врз факти, знаеме да ја изгубиме способноста да се сосредоточиме на нештата кои ни претставуваат најголема закана.
Инспиративна, просветлувачка и полна со анегдоти и трогателни приказни, Фактологија е значајна, суштинска книга која го менува начинот на кој ги гледаме работите околу нас.
-
Фантастичниот господин Лисец
0250,00 ден„Слушаш, господине Лисец?
Не си одиме дома сè додека не те обесиме на јаже!“
-
-
Фатени во љубовна мрежа
0500,00 денЉубовта е секогаш повеќе од доволна
Фокс Тортон, ловецот на кралски ракови, живее во согласност со репутацијата што го следи од основно училиште – забава без обврски. Духовит, привлечен и навидум несериозен, женскиот заводник ги поминува викендите во блискиот град. Но кога во неговиот живот ќе се појави Хана Белинџер, принуден е да ги преиспита своите принципи.
Хана доаѓа на неколку дена во рибарското гратче со филмската екипа и се сместува во слободната спална соба на Фокс. Таа е имуна на неговиот шарм и се чини дека повеќе ужива во неговата личност. Бидејќи премногу му се допаѓа за да ризикува целосно да ја изгуби, тој го прифаќа понуденото пријателство. Но поминувајќи ги деновите со неодоливиот казанова од Вестпорт, Хана сфаќа дека се замаглува границата меѓу нивното другарство и флертот.
Дали ќе продолжат да се преправаат дека се само другари или ќе се осмелат да си ја признаат љубовта? Ќе успее ли Фокс да ги победи своите внатрешни демони и да ги оправда надежите на Хана? И двајцата треба да си одговорат многу прашања додека сè повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.
„Теса те разоружува со смеа, искриво ја запалува атмосферата, а потоа ти влегува право во срцето. Нежност, ранливост и вжештени ситуации – ете зошто Теса Бејли ми е една од омилените автори на сите времиња.“
Сали Торн
-
Фенг Шуи во вашиот живот
0360,00 ден“Фенг Шуи Во Вашиот Живот” е практичен водич со алатки и вежби што ќе ви помогне да ги постигнете вашите животни цели и ќе ви покаже каква е важноста на расчистувањето на просторот и создавањето релаксиран и организиран дом.
-
Фифти-фифти
0500,00 денЌе победи оној кој ќе раскаже најдобра приказна.
На две сестри им се суди за убиство. Доказите се заплеткани, а тие се обвинуваат една со друга. На која ќе ѝ верувате?
„Татко ми е мртов. Сестра ми Софија го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“
„Татко ми е мртов. Сестра ми Александра го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“
Едната од нив лаже, едната од нив е убиец. Но која?
Дали проникливиот адвокат Еди Флин ќе избере да ја застапува невината сестра? За првпат во својата кариера, тој ќе почне да се сомнева во својот избор.
„Брилијантно! Ѓаволски добри заплети и пресврти.“
К. Л. Тејлор„Генијално исткаен заплет, од перото на еден велемајстор на криминалниот жанр.“
Ерин Кели -
Флерт, уцени и високи потпетици
4350,00 денВикторија е експерт за одење на интервјуа и рандевуа. Таа е малку несмасна, но крајно симпатична хероина која е во постојана потрага по совршената работа и совршениот маж. Еден ден, нејзиниот досаден живот добива сосема друга димензија, кога нејзините очи ќе налетаат на фотографии од навидум среќно заљубен пар. Дознавајќи го идентитетот на тајните љубовници, таа сфаќа дека во рацете има средство со кое може да си ја оствари својата цел.
Излегува дека човекот од фотографиите кој држи туѓа вереница во прегратка е директор на маркетинг агенција, каде што таа не добива работа, иако е најквалификувана. Викторија одлучува за првпат во животот да покаже заби и му се заканува на младиот директор дека доколку не го добие тоа што праведно ѝ следува, ќе го разоткрие пред неговиот најдобар пријател и бизнис партнер. Немајќи друг избор, директорот на маркетинг агенцијата ѝ го нуди работното место и оттука почнува да се плете една богата таписерија од оригинални ликови и емоции што го држи читателот во рака од прва до последна страница.
„Страница, две, три – ненаситно ги пиев редовите, не можејќи да поверувам каква оригиналност, каква приказна ми падна в раце“.
-
Фондација
0380,00 денРемек-дело на научната фантастика, серијалот Фондација на Исак Асимов е ненадминат според уникатната комбинација на непрекината акција, смели идеи и екстензивно градење на светот. Приказната за нашата иднина почнува со историјата на Фондацијата и нејзиниот најголем психоисторичар, Хари Селдон.
Цели дванаесет илјади години Галактичката Империја била неприкосновен владател. Таа сега умира. Само Хари Селдон, творец на револуционерната наука психоисторија, може да ја види иднината – мрачен период на незнаење, варварство и војни што ќе траетриесет илјади години. За да го зачува знаењето и да го спаси човештвото, Хари Селдон ги собира најблескавите умови на Империјата и ги носи на пуста планета некаде на крајот на Галаксијата, за да станат факелна надеж за идните генерации. Ова засолниште го нарекува Фондација.
Но не поминува многу време пред младата Фондацијада се најде оставена на милост и немилост накорумпираните господари на војната кои се засилуваат во миговите на згаснување на моќта на Империјата.Последната шанса на човештвото е соочувањето со тешкиот избор – да им се потчини на варварите и да живее во ропство, или да се бори за својата слобода ризикувајќи да биде целосно уништено.
-
Фондација и Империја
0380,00 денРазоткривајќи се во заднината на распаднатата Галактичка Империја, приказната за Хари Селдон продолжува во вториот дел на Фондација, најдобрата епопеја во научната фантастика на сите времиња. Предводена од основачот, психоисторичарот Хари Селдон и уживајќи во придобивките од напредната наука и технологија, Фондација успева да ги преживее алчноста и нападите на соседните воинствени планети. Меѓутоа сега мора да се соочи со Империјата, која сè уште е најмоќната сила во Галаксијата, и покрај тоа што се наоѓа пред пропаст. Кога еден амбициозен генерал одлучен да ја врати славата на Империјата ќе ја насочи огромната Империска флота кон Фондација, единствената надеж на малата планета населена со научници се наоѓа во пророштвата на Хари Селдон. Но дури ни славниот психоисторичар не можел да го предвиди раѓањето на неверојатното суштество од мутирана интелигенција со моќ поголема од десетина борбени флоти… моќ што може да го претвори дури и човекот со најсилна волја во послушен роб. Возбудлива приказна за вечната борба за моќ, среде хаосот на ѕвездите во кој човекот стои на прагот на еден нов, просветлен живот.
-
Фурам феминизам
0300,00 денЗошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме повеќе за спортисти и научници отколку за спортистки и научнички? – ова се само некои од илјадници прашања што од името на сите девојчиња ги поставува лик-ИЦА, хероината на оваа книга.
„Никогаш не е прерано за феминизам. Драги девојчиња, ако размислувате од каде да почнете, ова е одлично место.“ – Наѓа Духачек
„Лекции кои можеби нема да ти помогнат да ги имаш сите петки, ама ќе ти помогнат да го направиш светот поправедно и подобро место за тебе и за твоите пријателки. А првата и најважна лекција гласи: не постои ништо, ама баш ништо што девојчињата не би можеле, не би смееле или би морале да го направат – само затоа што се девојчиња!“ – Тамара Заблоцки
-
Фустанот и Светец
0350,00 ден„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќи нејзините читатели низ целиот свет секогаш се желни за уште.
„Фустанот“ е романтична приказна за прифаќањето; прифаќањето на оние кои ги сакаме вистински и безусловно, но и за себеприфаќањето. Што ако твојот дечко, кој би требало да те сака таква каква што си и да те смета за најпривлечната личност во секоја просторија, секогаш ти купува неколку броја помали фустани и долна облека? Дали едноставно не знае кој број навистина носиш или сака да ти пренесе некоја скриена порака?
„Светец“ е малку помрачна романтична приказна со нишка на мистерија. Во стилот, повеќе потсетува на Верити отколку на романсите на Хувер. Една писателка заминува во изолирана колиба за да се дистанцира од сѐ и да може да пишува. Но, приказната на која работи вклучува афера, а таа никогаш во животот немала афера и едноставно не верува дека може автентично да ја напише. Кога ѝ се укажува шанса да доживее лично искуство кое би можело да ѝ помогне во пишувањето, не се колеба многу. Но сите непромислени работи најчесто доаѓаат со каење…
-
Хајди
0199,00 денШто ќе се случи кога едно мало девојче без родители е оставено да живее со својот студен и страшен дедо, во една мала колипка на швајцарските Алпи? Авантури, доживувања и многу научени нови работи! Хајди ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо ù помеѓу луѓето, ù ја враќа желбата за живот на баба ù и го учи Петар да чита. Но, најважната промена се случува кога нејзината болна другарка од големиот град Франкфурт, Клара, ќе дојде да ја посети. Дури тогаш вистински почнуваат авантурите.
-
Хамнет
0420,00 денДвајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.
Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома.
Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километри каде одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре.
Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња.
Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“.
„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ – Камила Шамси
„Хамнет е круна на книжевната кариера на Меги О’Ферел. Книга која се сака и се чува.“ – „Обзервер“
„Вистински скапоцен камен“ – „Космополитен“
-
Харемот на Гадафи
0300,00 денСораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.
Оваа фасцинантна книга на новинарката на Le Monde Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.
И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.
Аник Кожан е дописник за француското списание Le Monde и е една од најценетите новинарки во Франција. Таа е претседател на комисијата за Prix Albert Londres, а и самата е добитник на истата награда во 1996 година. Автор е на бројни книги, меѓу кои и контроверзната сторија за малолетната Сораја и харемот на Муарем Гадафи, наслов кој само во Франција во првата година беше распродаден во над 100.000 копии. Книгата е од неодамна преведена и на арапски – можеби еден мал зрак надеж за многуте познати и непознати Сораи чиј глас досега не допрел до развиениот свет.
-
Хари биографија
0300,00 денПринцот Хари можеби е едно од најпрепознатливите лица
во светот денес и често е во фокусот на медиумите −
понекогаш кралското семејство негодува поради тоа.
Досега во неговиотгоредолу краток живот тој има видено
и направено повеќе различни фасцинантни и
необични нешта −од основањето на негови лични
хуманитарни организации, па сè до воената служба
на боиштата во Авганистан и неговата прва кралска
соло-турнеја. Колку и да бил привилегиран и заштитен,
принцот Хари го има искусено животот.
„Хари − биографија“ се обидува во целост да ја документира
вистинската приказна зад славниот, а понекогаш можеби
и контроверзен, принц.
