-
-48%
Крстопати
0Original price was: 520,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Го запознав Вест Хејвен кога имав осум години. Ме научи да играм покер кога имав девет и заедно правевме авиони од
хартија кога имав единаесет. Ме бакна кога имав шеснаесет. Тој беше најдобриот дел од нашите семејни летни одмори во Монтана. Тој беше момчето кое ми го украде срцето. Имав дваесет и три кога животот грубо нѐ раздели.Години подоцна, го прекршувам заветот и се враќам на ранчот. Не како гостинка, туку како негова нова сопственичка. Вест можеби најмногу посакува да ме снема, но дури и тој мора да признае дека прифаќањето на мојата помош е единствениот преостанат начин да се спаси нивното семејно наследство.
Не ни е лесно да работиме еден покрај друг соочувајќи се со тие стари спомени. Но оваа ситуација е само привремена. Двајцата сме на крстопати. И можеби, ако не си дозволам повторно да се вљубам во Вест Хејвен, ова е нашата шанса засекогаш да ги закопаме тие духови. Можеби овој пат конечно ќе можеме вистински да се збогуваме.
-
-45%
Туѓинецот на свадбата
0Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Пред љубовта на прв поглед, имаше работи кои никој не ги виде.
Ени не верува во љубовта – сè додека не го запознава Марк. Откако патиштата им се вкрстуваат одејќи наутро на работа, се зближуваат за време на групните терапии за преживеани трауми. И двајцата препознаваат делови од себе во другиот, но и двајцата кријат нешта од своето минато.
Ени не ни замислувала дека е можно некогаш да се венча, а сега, кога денот е конечно тука, не постои нешто за што е посигурна од желбата да стапи во брак со Марк.Но додека стои пред олтарот и гледа кон насобраните гости, забележува еден туѓинец. Набрзо дознава дека нејзиниот нов живот нема да биде толку среќен колку што си замислувала. Кој е туѓинецот на нејзината свадба? Што навистина се случило со првата сопруга на Марк? Дали средбата меѓу Ени и Марк била навистина случајна или некој друг ги вмешал прстите?
Возбудлив трилер што ќе ве натера да размислите двапати пред да кажете „да“.
-
-58%
Скрши го мразот
0Original price was: 590,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Анастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим. Се натпреварува во лизгање уште од петгодишна возраст, има комплетна студентска стипендија благодарение на нејзината позиција во лизгачкиот тим и секојдневен распоред на активности од кои би липала и најамбициозната личност на светот. Стаси не си игра, Стаси секогаш цели на победа. Без исклучоци.
Нејтан Хокинс никогаш немал проблем што не може да го реши. Како капитен на Тајтанс, добро знае што значи одговорноста да го носиш целиот тим на рамена на мразот. Но благодарение на едно недоразбирање, двата тима мораат да го делат лизгалиштето, а партнерот на Анастасија се повредува. Тогаш Нејт е принуден да го замени хокеарскиот стап за хеланки и стариот страшен тренер за уште пострашен.
Тие се заглавени заедно на повеќе од еден начин, но во ред е, бидејќи Анастасија мрази хокеари… нели?
-
-64%
Сите опустошени места
1Original price was: 550,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќерка бегаат во Париз со куфери полни срам и страв, не знаејќи колку е всушност тешко да му се побегне на минатото.
Речиси осумдесет години подоцна, Гретел живее живот кој е далеку од нејзиното трауматично детство; мирен и удобен, и покрај нејзиното мрачно и вознемирувачко минато. Таа не зборува за бегството од нацистичка Германија, не зборува за тешките повоени години во Франција, но најважно, не зборува за татко ѝ, командант на еден од најозлогласените логори на Рајхот.
Кога во нејзината зграда во Лондон се вселува нов пар, појавувањето на нивниот деветгодишен син Хенри ѝ враќа спомени кои повеќе би сакала да останат закопани. Но посилно е од неа, па Гретел се спријателува со момчето. Една вечер, таа е сведок на вознемирувачка, насилна расправија помеѓу прекрасната мајка на Хенри и неговиот арогантен татко. Соочена со изборот помеѓу сопствената безбедност и неговата, Гретел се враќа на слични крстопати како многу одамна. За да му помогне на момчето, треба да ги открие тајните кои ги чува целиот свој живот. Но овој пат може да донесе поинаква одлука од претходно – без оглед на цената која ќе треба да ја плати за храброста…