-
Зрак надеж
0520,00 денВо текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Најзгодниот маж кој некогаш сум го видела ги смири тензиите пред да ме покани на состанок. И за малку ќе прифатев… но тогаш ми го кажа своето име.
Како сопственик на ранчот Хејвен Ривер, Џакс Хејвен не ми беше шеф. Но и делумно ми беше. Работите беа комплицирани. Па, единствената опција ми беше да го одбијам, да побегнам, а потоа да се преправам дека не се знаеме на првиот работен ден. И многу јасно, не смеев да си дозволам да се дознае дека потајно бев малку зацапана во него.
Па така, колку што се трудам за работата, двојно повеќе се трудам да се преправам дека Џакс не постои. Не си дозволувам да мислам на неговите сјајни очи или шармантната насмевка. Игнорирам колку нездраво добро изгледа во пар избледени фармерки. И не ме интересира колку секси му стои каубојскиот шешир – Џакс е дистракција што не можам да си ја дозволам. И сѐ одеше по планот до вечерта на забавата, кога испивме малку повеќе. По една ноќ во неговиот кревет, веќе нема теоретски шанси да го игнорирам Џакс Хејвен. Барем не сега кога носам негово дете.
-
Лесни пари
0490,00 денКога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.
Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?
Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.
Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.
Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.
Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.
-
Сопругата на мојот сопруг
0570,00 денИден Фокс оди на трчање пред нејзината прва ликовна изложба што со душа ја чека. Но кога се враќа во домот во кој неодамна се досели, шармантната стара куќа во Хоуп Фолс што мештаните ја нарекуваат Двогледот, ништо не е како што треба да биде. Клучот не влегува во бравата, непозната жена што морничаво многу наликува на неа ѝ ја отвора вратата, а сопругот настојува дека таа туѓинка е неговата сопруга.
Една куќа, еден сопруг, две жени. Некој лаже.
Шест месеци претходно, Бирди, самотничка од Лондон, добива ужасна дијагноза и писмо од кое дознава дека е наследничка на Двоглед. Неочекуваниот подарок од одамна изгубената баба ја враќа во убавото крајбрежно селце Хоуп Фолс. Но кога Бирди ќе дознае за лондонската клиника што тврди дека умее да го предвиди точниот датум на смрт на секој човек, вклучително и нејзиниот, се чувствува приморана да поправи некои дамнешни грешки.
-
Куќната помошничка гледа сè (The Housemaid #3)
0550,00 денПорано чистев туѓи домови – а сега не можам да поверувам дека оваа куќа е навистина моја! Се наоѓа во тивко и безбедно соседство, има шармантна кујна и голем двор каде што децата можат да си играат. Со сопругот со години штедевме за да им го дадеме на нашите чеда животот што го заслужуваат.
Иако нашата нова сосетка г-ѓа Ловел не ми влева доверба, решаваме да ја прифатиме поканата за вечера во нивниот дом. Вратата ни ја отвора нивната куќна помошничка. Носи бела престилка, а косата ѝ е стегната во строга пунџа. Точно знам како е да се биде на нејзино место. Но од нејзиниот студен поглед ме полазуваат морници…
Куќната помошничка на Ловелови не е единствената чудна работа на тивката уличка. Убедена сум дека гледам силуета како нè набљудува, мојот сопруг излегува од дома доцна навечер, а кога ја запознавам жената што живее во куќата отспротива, нејзините зборови ме стаписуваат: пази се од соседите.
Дали направив ужасна грешка што се преселив со семејството овде? Мислев дека ги оставив моите мрачни тајни во минатото. Можно ли е ова тивко соседство да се покаже како најопасното место?
-
Последна понуда (Dreamland Billionaires #3)
0590,00 денКалахан
Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал. Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.
Алана
Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.
Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат.
И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.
-
Кога повторно ќе се сретнеме
0570,00 денКога Изи Астор се качува во авион на лет за дома, не очекува којзнае што. Вообичаеното патничко искуство како секој турист: гужва, бучава, стрес. Но тогаш го забележува човекот кој седи до неа и тој дефинитивно не е вообичаен патник. Со кусата темна коса, сините очи и зарипнатиот глас, Нејт има неодолив природен шарм на кој Изи не може да одолее. Искрата помеѓу нив е инстантна. Изи никогаш претходно не верувала во судбина, но сега почнува да верува.
Само деведесет секунди по полетувањето, авионот паѓа во реката Мисури.
Нивните животи се менуваат. Тие се менуваат. Нејт се насочува кон воена кариера, а Изи си го наоѓа патот во политика. И покрај неколку случајни средби низ годините, тајмингот за нив двајца секогаш е некако погрешен. Тогаш следи нова опасна средба во Авганистан, каде Нејт има задача да го штити животот на Изи. Тој ќе направи сѐ за нејзината безбедност. И сѐ за да го освои нејзиното срце.
-
Тутор за совршена љубов
0570,00 денЕни Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?
Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.
Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.
Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.
-
Бунтовен (Sinners of Saint #2)
0570,00 денВелат дека животот е прекрасна лага, а смртта болна вистина. Во право се.
Никој никогаш не ме натерал да се чувствувам поживo од типот што ми служи како постојан потсетник дека мојот часовник отчукува.
Тој е моето забрането, сјајно јаболко.
Мојата најслатка грешка.
Тој е исто така и поранешното момче на сестра ми.
Едно нешто треба да знаете пред да ме осудите; јас го видов првa. Јас копнеев по него прва. Јас го засакав прва.
Единаесет години подоцна, Дин Кол се враќа — посуров, побунтовен и решен да ме направи своја. Бара втора шанса. Сака да биде мојот Бронзен коњаник.
Но, мојот часовник отчукува. Видете, јас не сум како сите други. Имам болест. Понекогаш јас ја победувам. Понекогаш таа ме победува мене.
Љубовта со него не е само забранета — таа е трка со времето.
Мојот бел витез конечно пристигна. Се надевам дека не е предоцна. -
-
Жена на дното
0550,00 денНејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.
Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.
И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.
-
Љубовен експеримент во Њујорк
0590,00 денРоузи Грахам има проблем. Всушност, неколку. Неодамна ја напушти одлично платената работа за да може да се сосредоточи на тајната кариера како автор на љубовни романи, но му нема кажано на семејството, а сега е западната во креативна криза. Згора на тоа, таванот од станот за малку ќе ѝ се срушеше врз глава. За среќа, го има резервниот клуч од станот на Лина, нејзината најдобра пријателка, па се вселува во него додека таа е на пат. Само што Роузи не знае дека Лина веќе му има дадено клуч и на нејзиниот братучед, Лукас, истиот оној братучед што таа го демне на Инстаграм. На нејзино изненадување, Лукас ѝ предложува да живеат заедно додека го реновираат нејзиниот стан.
Лукас е решен да ја игра улогата на шпански витез, само што наместо сјаен оклоп, тој носи пешкир околу половината, има разоружувачка насмевка и неодолив нагласок. А, да, и умее да готви. А кога ќе дознае за креативните маки на Роузи ѝ предложува скандалозен експеримент за да ѝ се врати писателската инспирација. Роузи нема што да изгуби. Нејзината глупава занесеност по него ја има наполно под контрола, но на престојот на Лукас во Њујорк му се ближи крајот, а Роузи воопшто не е убедена дека шест недели се доволни за да се справи со крајниот рок и – со себеси.
-
Те сака, мама
0590,00 ден„Секој е способен за ужасни работи. Само зависи колку му е лош денот.“
Мекензи Каспер е исклучителна ученичка, но сите секогаш ја поврзуваат со нејзината мајка – светски позната писателка на бестселери чии мрачни и изопачени трилери имаат огромен број обожаватели низ целиот свет. Кога мајка ѝ ненадејно загинува, обожавателите тагуваат, а истражителите се прашуваат дали нејзината смрт навистина била несреќа. На денот на погребот, Мекензи добива мистериозен плик во кој наоѓа страници од дневникот на мајка ѝ, кои почнуваат со зборовите:
Сакаш да дознаеш една тајна?
Те сака, мама.Содржината ја шокира… но наскоро ѝ пристигнува второ писмо. И трето. Мекензи започнува сопствена истрага и разоткрива тајни со кои нејзиното семејство живеело со години. Набрзо почнува да сфаќа дека патот на мајка ѝ до славата бил исполнет со злокобни лаги кои можеби ја стигнале. Понекогаш за славата вреди да се убие. Или уште полошо. Мекензи ќе открие дека постојат и полоши работи од убиство…
-
Сите недовршени нешта
0590,00 денНоа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.
Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.
Но додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.
-
Последното писмо
2590,00 денЕдно последно писмо. Неговата последна желба. Оди и биди со неа…
Бек,
Ако го читаш ова… го знаеш она за последното проштално писмо. Ти преживеа. Јас не. Немој да чувствуваш вина, затоа што те познавам и ако си имал шанса да ме спасиш, ќе си ме спасел. Затоа, без разлика во каква длабока, темна јама на вина се валкаш сега, престани.Сепак, сакам да те замолам за една услуга – остави ја војската и оди во Телјурајд. Ела е сосема сама. Прво ни починаа родителите, па нашата баба, а сега Ела ме изгуби и мене. Премногу несреќа за еден човек. Едноставно не е фер.
Па ако мене ме нема, тоа значи дека не ќе можам да се вратам дома, како што планиравме. Не ќе можам да бидам таму за неа. Не ќе можам да ѝ помогнам на Ела да се справи со сѐ. Но, ти можеш. Затоа те молам, како мој најдобар пријател, да се грижиш за сестра ми, за моето семејство.
Неправедно е да се бара тоа од тебе; знам. Не си тип што сака да се грижи и да се врзува, но многу ми е потребно ова. Те молам, не дозволувај сама да се справува со сите нејзини проблеми.Ќе ти чувам место од другата страна, брате, но не брзај се. Искористи ја секоја секунда живот што ти се дава.
Рајан
-
Домашен фронт
0550,00 денВо овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар.
Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена…
Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки. Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста. Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината. Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања – за најважната работа на неговото семејство.
„Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак. Драматично истражување на последиците што ги остава војната врз обичното американско семејство.
