-
Пациентот
8450,00 денПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Тил Беркхоф го сака својот син Макс со цело срце. Но и покрај тоа што го чуваат како сопствените очи и постојано го предупредуваат никогаш да не оди со непознати, Макс еден ден оди да игра со другарче и не се враќа дома.
СЕГА: Макс Беркхоф е исчезнат цела година. Само киднаперот знае што се случило со него. Дали е жив или мртов… Но киднаперот сега е во психијатриското крило на затвор со максимално обезбедување и одбива да каже нешто.
Па таткото на Макс нема друг избор, има само еден начин да се стигне до вистината: тој мора да влезе во психијатриското крило на затворот како пациент на тајна мисија. Планот е јасен: нема потреба од насилство, тој сака само признание, последна шанса да си го пронајде синот. Но како и во секоја книга на Фицек, ништо не е така како што изгледа…
-
Сите цвеќиња во Париз
10420,00 денДве жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни кои се протегаат од Втората светска војна до сегашноста.
Кога Керолајн се буди во една болница во Париз и не се сеќава на своето минато, се разочарува кога дознава дека со години водела тажен, осаменички живот во стан покрај Сена. Кога полека почнуваат да ѝ се враќаат некои бледи спомени од маж и мало детенце, се заколнува дека ќе ја состави сложувалката за својот живот, иако од некоја причина се чувствува како да е во опасност. Полека се спријателува со главниот готвач во едно пријатно ресторанче во близина за да не се опседнува со минатото, како и со една шокантна мистерија од пред неколку декади…
Во Париз, окупиран од нацистите, млада вдовица, Селин, си живее мирен живот со татко ѝ, локален цвеќар, и нејзината ќерка, Кози. Кога еден безмилосен германски офицер дознава дека семејството има еврејско потекло, тој почнува да ја уценува Селин, принудувајќи ја да му стане љубовница само за нејзиниот татко да биде безбеден. Тројцата почнуваат да кројат план за бегство, но нивната мисија скршнува во лош правец и саканиот татко и ќерка на Селин ги снаоѓа лоша судбина. Крајно вознемирена, Селин се плаши од најлошото. Но набрзо дознава дека Кози се искраднала и ја следела до станот каде што таа е заробена. Мотивирана како никогаш претходно, Селин сега мора да се бори да ја крие и заштити личноста што ја сака повеќе од сè.
Паралелната нарација се вкрстува кога Керолајн го наоѓа дневникот на Селин скриен во плакар и дознава дека ѕидовите на нејзиниот стан кријат мрачни тајни.
-
Се случи една есен (Wallflowers #2)
1420,00 денЧетири млади дами се здружуваат со една цел: мора да ја искористат својата лукавост и интелигенција за да си најдат сопрузи.
На баловите во Лондон, прекрасната и храбра Лилијан Боуман полека сфаќа дека нејзината независност и темпераментност стекнати во Америка не се баш најатрактивни особини за мажите во Англија. А најкритички настроен кон неа е неподносливиот и невозможен сноб Маркус, лорд Вестклиф – најпожелниот ерген аристократ во Лондон.
Но Лилијан испробува еден нов чудесен парфем кој има магичен ефект врз мажите, па Маркус шокантно – и опасно – одненадеж ја бакнува скришно во градината. Лилијан ја обзема неопислива страст за човек кој не ѝ се ни допаѓа. Во тој момент, времето запира и не постои никој освен тие двајца… жива среќа само што никој не ги начекува на дело!
Маркус е човек кој има максимална контрола над своите емоции, стабилен како карпа. Но со темпераментната Лилијан, секој допир е исклучителна тортура, секој бакнеж неодоливо заведување. Но како би можел да помисли да земе толку несоодветна жена… за невеста?
-
Ленинградска зима
9420,00 денМередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.
Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.
Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.
-
Момчето во пижами на риги
5320,00 денРаскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…
„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.
