-
-50%
Како на филм
0Original price was: 430,00 ден.215,00 денCurrent price is: 215,00 ден.Нора Хамилтон ја знае формулата за љубов подобро од кој било. Тоа ѝ е работа, како сценарист на филмови за канал за романси. Но кога сопругот кому му е под чест да работи ги остава неа и нивните две деца, Нора решава да заработи од колапсот на бракот и го пишува најдоброто сценарио во својот живот. Сепак е шокирана кога добива понуда од огромна продукција и снимањето се закажува во нејзиниот дом. И нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист, особено откако дознава дека улогата на нејзиниот поранешен сопруг ќе ја игра Лио Венс – претходно прогласен за Најсекси маж кој постои.
Утрото откако снимањето завршува и екипата заминува, Нора го наоѓа Лио на својот трем со полупразно шише текила и предлог. Вели дека ќе ѝ плаќа по илјада долари дневно ако му дозволи да остане уште една недела. Парите би ѝ дошле добро, се разбира, но причината поради која прифаќа е очајот што го гледа во неговите очи. Седум дена: може да минат дур трепнеш или да ти се чинат како вечност, зависи. Доволно време да се вљубиш. Доволно да ти го скршат срцето.
Топла, смешна и мудра – ова е една од оние најубавите љубовни приказни во кои љубовта ја комплицираат работата, децата и емоционалниот багаж кој доаѓа со животот. За Нора и Лио, оваа љубов е поголема дури и од онаа на големите екрани.
-
Балот на лудите жени
0400,00 денИсториска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.
Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
За тебе (Браќата Бејли #1)
0390,00 денЕдна ноќ ги зближува. Друга ги разделува.
На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но растењето значи оддалечување. А и вистина, како би можел да се вљуби во неа кога го имаат поминато детството валкајќи се во кал на потокот и делејќи мастика за џвакање? Но летово, нешто како да е поинаку. Да беше понаивна, Грејс ќе помислеше дека Ашер флертува со неа. Тие темни очи, цврстото тело и ѓаволестата насмевка ѝ будат пеперутки во стомакот и храброст во срцето да се надева на работи за коишто отсекогаш била убедена дека никогаш нема да ги има.
Затрескувањето во најдобрата другарка не би требало да е комплицирано, но за Ашер Бејли, љубовта кон Грејс е сè, само не едноставна. Патот до романса не е лесен благодарение на глутницата браќа кои се заштитнички настроени кон девојката од соседната куќа, бабата која не трпи глупости, малото гратче каде што озборувањето е секојдневна појава, и кавгата што се протега низ генерации. Но Ашер сфаќа дека неговите чувства се преголеми за да ги игнорира. Не ризикува со тоа што ја љуби. Ризикува ако дозволи да ја изгуби.
И една вечер, еден бакнеж менува сè.
Конечното признавање на чувствата е почетокот на нивниот среќен крај. Но нивната бајковита љубовна приказна трагично прекинува и никој од нив никогаш повеќе нема да биде ист. -
Шепотот на судбината
0390,00 денТаа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?
Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?
* Книгата ќе биде достапна за продажба од 08.06.2024, во сите Сакам Книги книжарници и онлајн