-
Во еден момент
1240,00 денЛиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.
-
Убиството на теренот за голф
0290,00 денИтен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.
-
Без излез
0270,00 денДодека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
Кое е тоа девојче?
Зошто е киднапирано?
Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година. -
Не си сама
0420,00 денВеројатно познаваш некој како Шеј Милер.
Таа сака да најде љубов, но не успева во тоа.
Таа сака да се чувствува исполнето, но нејзината работа е во ќорсокак.
Таа сака да припаѓа, но нејзниот живот е толку могу изолиран.
Веројатно не познаваш никого како сестрите Мур.
Тие имаат нераскинлив круг од пријатели.
Тие го живеат најгламурозниот живот.
Тие секогаш го добиваат она што ќе го посакаат.
Шеј мисли дека го сака нивниот живот.
Но она што тие навистина го сакаат е нејзиниот.
-
Анонимна девојка
0500,00 денКога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошка студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.
Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.
-
УБИСТВА СО МОНОГРАМ
0400,00 денНов роман за Херкул Поаро – ново таинствено убиство што може да го реши само брилијантниот белгиски детектив.
„Јас сум мртва жена, или ќе бидам наскоро…“
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.
Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена? И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.
Во стилот на брилијантната Агата Кристи, Софи Хана нè води низ една ѓаволски замрсена загатка, која не може да ја разреши никој освен ненадминатиот Херкул Поаро.
-
ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ
0500,00 денДоволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!
Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.
Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.
Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.
-
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ
0500,00 денКако и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок – уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер… Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата – Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.
Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл
Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј
-
ВИКЕНДИЧКА СО БАЗЕН
0400,00 денКога лекувањето на познатиот актер Ралф Мајер ќе тргне во погрешна насока и тој умира, доктор Марк Схлосер мора да дојде до некои одговори. Иако лично не е премногу засегнат од смртта на актерот, угледот е сè во неговата професија. Марк знае дека не може вечно да се крие од вистината.
Сè почнува минатото лето. Докторот, неговата сопруга и нивните две убави ќерки тинејџерки поминуваат една недела на Медитеранот, во викендичката на семејството Мајер. Покрај домаќините тука се уште и филмскиот режисер Стенли Форбс и неговата млада девојка. Друштвото ужива во сончевите денови, доброто вино и излетите на плажа, но, кога еден насилен настан ќе ја наруши идилата, се откриваат мрачните пориви и одеднаш никому не може да му се верува. Прекрасното летување се претвора во кошмар, а на површина испливува и поврзаноста меѓу подоцнежната смрт на Ралф и вознемирувачката реалност скриена зад летната трагедија. -
ПРЕКРАСНА КАТАСТРОФА
0450,00 денАби Абернати е добра и пристојна девојка. Запишувајќи се на факултет во друг град, заедно со својата најдобра другарка, верува дека сеништата од мрачното минато ги оставила зад себе. Но набрзо сфаќа дека новиот почеток не е толку едноставен колку што очекувала.
Згодниот Тревис Медокс е токму од оној тип на момци што таа сака по секоја цена да ги одбегне. Зашто премногу ја потсетува на татко ѝ и на мрачното и опасно минато. Тој ноќе заработува борејќи се, а прекуден заведува девојки. Заскокоткан од нејзиното одбивање, Тревис ја наговара да се обложат ‒ доколку тој изгуби, ќе мора да се откаже еден месец од заведувањето, а доколку таа изгуби, ќе мора да живее исто толку време во неговиот стан. Меѓутоа Тревис не е ни свесен дека ја нашол сродната душа.
Прекрасна катастрофа е книга која маѓепсува со жесток сексапил и зашеметувачка страст. Љубовна приказна која ги истражува и најмрачните аспекти во љубовта на младите, нивните односи со пријателите и семејствата.
„…Мојата нова омилена љубовна приказна со мазохистички шмек.“ Најтли ридинг ривју
-
ПОЛИЦИЈА
0500,00 денНеочекувано, еден полицаец е најден мртов на местото на старо, нерешено убиство кое тој го истражувал. Никој не ни претпоставува дека постои некаква поврзаност меѓу двете убиства. Но кога истото ќе им се случи на уште двајца полицајци во следните неколку месеци, полицијата почнува да се сомнева дека постои одреден застрашувачки шаблон зад кој се крие таинствен сериски убиец. Ниеден од старите случаи не бил решен. Убиствата се вџасувачки брутални, а полицијата нема никакви траги. Што е уште полошо, Хари Хуле, нивниот најдобар детектив, веќе не може да им помогне…
Ју Несбе одново ни сервира ѓаволски интересна приказна за степенот кој може да го достигне човечкото зло. Освен полицијата, и читателот е вклучен во потрагата полна со најнеочекувани пресврти.
„Оваа страшно заплеткана приказна е еден од најмрачните и највознемирувачки романи на Несбе. Од овој стресен трилер морници ќе ве лазат со секоја страница.“ Њујорк тајмс
-
Сјаење
0500,00 денСјаење претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга.
Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето…
Хорор-романот Сјаење е за прв пат објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, истиот е адаптиран и во минителевизиска серија.
-
Колку покрваво
0570,00 денОд број еден авторот на бестселери на „Њујорк тајмс“, легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција, доаѓа исклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места.
Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ù се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.
-
Речиси нормално семејство
0500,00 денРечиси нормално семејство е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одговориме на очекувањата на нашите сакани.
Осумнаесетгодишната Стела Сандел е обвинета за свирепо убиство на еден повозрасен човек. За една обична тинејџерка од угледно семејство тешко е да се поверува дека го познавала сомнителниот бизнисмен, а уште потешко дека го убила.
Раскажана од перспектива на тројцата главни актери, оваа возбудлива драма ja става на тест издржливоста на едно семејство. Таткото, пастор, верува во невиноста на ќерка му, и покрај сѐ поголемиот број докази против неа. Мајката, адвокатка, верува дека никој не ја кажува вистината. Очајната ќерка верува дека никој не разбира на што сѐ е подготвена за да ги оствари сопствените соништа. А сите тројца сфаќаат дека тоа што ги сплотува не е љубовта: туку лагите.
Роман кој ги става на тест верноста и моралот. Дали сме обврзани да ги браниме членовите на сопственото семејство дури и кога знаеме за нивната вина? Дали сите се такви какви што се претставуваат? И што сме подготвени да ризикуваме за да ги зачуваме нашите животи какви што се?
„…Ремек-дело што не ќе можете да го пуштите од раце.“ – Волстрит џурнал
-
Синџирот
0500,00 денКога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.
Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен, и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.
„Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.
Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.
-
Списокот со гости
0450,00 денНевеста * Кум * Планерка на свадби * Деверица * Тело
На остров крај брегот на Ирска, се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран.
Но совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, започнува забавата, а со бројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица.
И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?