-
Единственото сеќавање на Флора Бенкс
0350,00 ден„Ја гледам раката. Не неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“
Десет години имав кога се промени сè..
Осум години ми важи пасошот.
Шест луѓе ме бараат на студот.
Четири години имав кога ја запознав најдобрата другарка.
Едно сеќавање е сè што имам.возбудлива, непредвидлива, уникатна,
трогателна, охрабрувачка…Книга што нема да ја заборавите никогаш!
Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè
што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се оби-
дува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една
вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тој
бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од
својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол,
на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли
тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја по-
беди амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се
обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде
похрабра и порешителна! Ѝ преостанува само надежта!
Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдо-
брата другарка, на родителите или…Во рацете држите книга во која е раскажана несекојднев-
на љубовна и животна приказна. Приказна која мотивира на
упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана, не го
остава читателот ниту за миг. Го држи вниманието до самиот
крај, кој не можете да го предвидите.„Приказна што создава лесна атмосфера… волшебна… книга што
брзо се чита и во која е спакуван силен емотивен набој.“
Гардијан -
Те чекам
0450,00 денЕдна случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така.
Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.
Сексуалната привлечност помеѓу Ејвори и Камерон е темпирана бомба полна со страсти. Но, заканувачките пораки и телефонските повици повторно ја соочуваат со минатото што таа толку сака да го заборави. Кога застрашувачката вистина ќе го покаже своето грдо лице дали Камерон ќе биде таму за неа или, пак, и тој ќе биде повлечен надолу?
За некои работи вреди да се бориш…
-
Почеток од соништата
0430,00 денПо враќањето во долината Хадсон, Итан Бишоп веќе не е истата личност како што беше некогаш. Како поранешен падобранец на Специјалните сили, има видено прилично голем број судири, а раните што му сведочат за тоа не се само оние по телото, туку и оние што ги носи длабоко во душата. На фармата на својата сестра, својата болка ја држи на сигурна дистанца од останатите луѓе. И сè што му треба е спокој. Но, како да се остане спокоен кога во животот ќе влезе страсна жена?!
Работата – а не уживањето – на истата фарма ја доведува агентката за односи со јавност, Миа Труш. Строго деловна и темпераментна, Миа веднаш влегува во судир со мрачниот Итан. Нејзе буквално сè ѝ е иритантно кај него – од силните мускули и продорните сини очи, до мирисот на пот и мошус. Но, како што поминува летото и температурите растат, Итан и Миа откриваат колку многу работи имаат заеднички: грижливо чуваното минато, неконтролирана страст и копнеж за нешто повеќе, што би можело да ги исцели двете скршени срца.
Но, дали нивното минато ќе ја загрози кревката прилика за потполно нова иднина?„Ако сакате секси книга, исполнета со забава, што ќе ви го стопли срцето, нема да згрешите со Џенифер Пробст!“
– Џил Шелвис, најпродавана авторка на Њујорк тајмс„Книгите на Џенифер Пробст, ме потсетуваат на вкусна чоколадна торта. Изобилен вкус, декадентно богата… и многу задоволувачка.“
– пасиониран е-читател -
Малибу во пламен
0480,00 денЧетворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.
Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.
Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. Секако, можеби и Хад – поради одложувањето на еден разговор со неговиот брат со кого се неразделни од раѓање.
Од друга страна, Џеј ги брои минутите до забавата, бидејќи девојката на која не може да престане да мисли, му вети дека ќе биде таму.
И Кит има неколку свои тајни – вклучително и гостинот кој го поканила без да ги консултира другите.
До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубовта и тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.
„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.
-
Куќата со жолта фасада
1300,00 денЕдно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го заробува срцето. Љубовта која се разви од тој магичен момент, е толку волшебна што ни самата не може да поверува. Среќниот и исполнет живот со Виктор, е многу повеќе од она што таа верува и очекува од еден маж. Нивната приказна е завиена во мистериозноста на неговото појавување во нејзиниот живот и настаните кои само ја зацврстуваат љубовта меѓу нив. Ева повеќе не може да го замисли животот без Виктор, сè до оној момент кога ќе мора да научи да живее без него.
Приказна за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.
Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Книгата „Куќата со жолта фасада“ е нејзино второ авторско дело. Живее и твори во родниот град.
-
Кит на плажа
0340,00 денНика е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…
Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.
„Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?
-
Есен во Венеција
0450,00 денВо есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.
Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето.
Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.
-
Приказна за едно семејство
0390,00 денОсумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.
Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.
Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.
-
Сè што оставаме
0390,00 ден„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл.
Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.
Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува.
Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.
-
Ваби-Саби
0320,00 денДоаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…
-
Нормални луѓе
0450,00 денНОРМАЛНИ ЛУЃЕ е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Приказната започнува од првиот разговор до годините што следуваат преку животот на две лица, Конел и Мариан, кои се обидуваат да останат независни, но тоа никако не им успева.
БЕСТСЕЛЕР НА ЊУЈОРК ТАЈМС – „Феноменален роман за трансформативната моќ на врските“ (Пипл) од авторот на РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ, „виртуоз на пишувањето и приказна со одличен книжевен заплет“ (Џ. Кортни Саливан).
Конел и Мариан пораснаа во истиот мал град, но сличностите завршуваат тука. На училиште, Конел е популарeн и сакан, додека Мариан е осамена. Но, кога двајцата се запознаваат, ќе започнат врска што ќе им го смени животот.
Една година подоцна, двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Сега ситуацијата е обратна, Мариан е една од најпопуларните девојки на колеџот, додека Конел живее на маргините, срамежлив и несигурен. За време на студентските денови, Мариан и Конел постојано се среќаваат, тие се во врска со други луѓе, но постојано се привлечени еден кон друг како со магнет. И, додека таа се препушта на самоуништувањето, тој започнува да бара друго значење на животот, двајцата мора да се соочат со тоа колку се подготвени и до каде може да оди едниот за да го спаси другиот.
-
УНА И СЕЛИНЏЕР
0380,00 денПотпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања. Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи. Но Бегбеде навлегува под историските факти и слика интимен портрет на своите ликови, претворајќи ги во симбол на вечната љубов.
„Возбудлива приказна во која главните ликови најпрво сè ги поврзува, а потоа сè ги раздвојува, така што на крајот ни останува прашањето дали оваа голема љубовна приказна меѓу Уна и Селинџер некогаш воопшто и се одиграла. Можеби тоа е ироничниот начин на Бегбеде да ни покаже дека љубовта е слепа, бидејќи ние како читатели не ги гледаме историските факти, туку живееме во фикцијата за една (не)остварена љубов.“
Ле Фигаро
-
До сите момци што ги сакав
0390,00 денРомантичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.
Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола. -
ПРЕЉУБА
0380,00 денПровокативен и фасцинантен, Прељуба е длабоко интроспективен роман за тоа како една жена се соочува со неспокојот на своите средни години – и последиците од нејзините одлуки врз личниот живот.
Однадвор, се чини дека Линда има сè: кариера на почитуван новинар, приврзан сопруг, сакани деца и прекрасен дом во Женева. Но без оглед на овие погодности, нејзе ѝ здодева рутината на стабилниот живот и се чувствува бескрајно осамена. Кога еден пријател од минатото се враќа во нејзиниот живот, таа е преплавена од импулси и пориви кои со години лежеле скриени во неа. Заробена од копнежот по страсна љубовна врска, Линда тргнува по патека што никогаш не ни сонувала дека ќе ја минува, и се соочува со своите демони ризикувајќи да го уништи удобниот живот што го создала за себе и своето семејство.
Со мајсторски водено раскажување и изнијансирани карактери, Пауло Коелјо ги поведува читателите на уште едно возбудливо патување низ лавиринтот на човечките односи и емоции.
Кликнете тука за да го прочитате првото поглавје и да се уверите зошто не смеете да го пропуштите ова вистинско ремек-дело!
-
КИЛИБАР И СВИЛА
0320,00 денПо третпат Неџма ја зафаќа табу-темата во арапскиот свет: сексот. По Бадем, романот што ќе остане запаметен во историјата на литературата како прв еротски роман напишан од една Арапка, и Патеките на сетилата, кој го следи еротскиот пат на една млада муслиманка, овде ги откриваме авантурите на еден марокански студент.
Карим пораснал во Мароко не знаејќи ништо за љубовта. Како студент, а потоа и новинар во Париз, се нурнува во вител на еротски авантури, постепено откривајќи дека не успева вистински да љуби. Додека неговата култура не учи како да се љуби жена, уште помалку Европејка, имигрантот Карим одненадеж паѓа во сексуалниот вител карактеристичен за западното општество. Судбината на тој пат ќе му ја прати Бадра, хероињата на Бадем, која ќе го земе во свои раце. Арапинот Карим ќе ѝ го раскаже својот љубовен и сексуален живот и притоа ќе ги сфати своите неуспеси. За возврат, Бадра, со берберска крв во себе, не ќе се премислува да му каже сè отворено за Арапите.
„Овој решителен и храбар роман се вклопува во традицијата на приказните од Илјада и една ноќ, но во спротивна насока: овде маж раскажува на жена“. Sunday Times
-
БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС: КАРМА
0250,00 денКнигата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!
Авантурите на срцето на Лајла Грејс продолжуваат. Што ѝ се случува на вечно заљубената, во животот и во љубовта, хероиња?
Куси белешки пишувани онака како што чувствува срцето, емоции од најскришните катчиња на душата преточени во мастило на хартија, љубовни болки во кои се пронаоѓа секоја барем еднаш заљубена душа, урбани ситуации кои сите ги препознаваме и животни крстопати на кои барем еднаш сме застанале. Сите радости и болки на срцето се собрани во овие страници пред вас.
Кратки, луцидни и искрени размисли на кои секогаш ќе им се навраќате!