-
Meine ersten deutschen wörter
0148,00 денДа учиме германски со Софија.Научи ги првите германски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки… -
My first english fun activity book
0148,00 денДа учиме англиски со Софија.Научи ги првите англиски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…
-
Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата
0350,00 денО, здраво!
Веќе си тука.
Совррршено!
Ова е Тото
и таа е
прекрасна.
Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко.
Во оваа приказна, Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.
-
Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето
0350,00 денЕј, здраво!
Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!
Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.
Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето…
-
Совршена дремка
0500,00 ден„Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.
Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?
-
Девојчињата можат сè
0280,00 денДевојчињата ги има во сите форми и бои.
Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.
Тие постојано нè изненадуваат.
Девојчињата можат сè,
што и да посакаат – веднаш.
А ако си девојче…
…и ти можеш исто – повеќе од еднаш!
Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!
Сликовница за сите што имаат сон.
-
Дневникот на Ана Франк
0350,00 ден„Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.06.1942 година ги запишува првите реченици. Но набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности.
Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна која низ призната на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на втората светска војна.
-
Пајажината на Шарлот
0350,00 денЧудесно прасе. Скромно. Блескаво.
Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател.
„Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња.
Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.
-
Хајди
0199,00 денШто ќе се случи кога едно мало девојче без родители е оставено да живее со својот студен и страшен дедо, во една мала колипка на швајцарските Алпи? Авантури, доживувања и многу научени нови работи! Хајди ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо ù помеѓу луѓето, ù ја враќа желбата за живот на баба ù и го учи Петар да чита. Но, најважната промена се случува кога нејзината болна другарка од големиот град Франкфурт, Клара, ќе дојде да ја посети. Дури тогаш вистински почнуваат авантурите.
-
Математички игри 1
0120,00 денОваа книга ќе им помогне на децата при:
– Развој на когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика.
– Развој на функционалните вештини, како планирање, користење техники и стратегии во решавањето на проблемските ситуации.
– Развој на фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака.
– Поттикнување на самодовербата, креативноста и фантазијата.
– Градење чувство за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење, критичко и самокритичко размислување, потреба да се даде или да се побара помош.
-
Алиса во земјата на чудата
0250,00 денДодека еден ден дремливо си седи крај речниот брег со сестра си, Алиса наеднаш забележува бел зајак, дотеран во елече, како протрчува и вади џебен часовник извикувајќи: „О леле! О леле! Баш ќе задоцнам!“ Во истиот миг таа решава да го следи зајакот, влегува по него во една зајачка дупка и одеднаш паѓа низ еден чуден бунар по чија должина се гледаат еден куп креденци и полици за книги.
Кога ќе заврши падот, Алиса ќе се најде среде долг, низок ходник, осветлен од редица светилки што висат од таванот. Но, авантурата вистински почнува кога
со златното клуче што ќе го најде, ќе ја отвори соодветната врата и ќе здогледа невидено прекрасна градина и ќе запознае уште многу необични ликови.
-
Дневникот на едно смотано девојче 5
0280,00 денДрага госпоѓице Сезнајка, мислам дека мојата непријателка шири озборувања за мене. Помош!
О, Боже!!! Драга, дали твојата непријателка има име што започнува на „Мек“ и завршува на „ензи“? Можеби ТИ можеш МЕНЕ да ми дадеш СОВЕТ!
Твојата пријателка,
Госпоѓица Сезнајка
-
Го сокрив мојот глас
0299,00 денЧетиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост. Тој е исмејуван од другите што сметаат дека е „нем“, односно „глуп“, а амбициозниот татко воопшто не го сака и го препушта на грижата на мајката и бабата. Социјална и психолошка драма од перото на прославената и забранувана авторка Паринуш Сание, која инспирацијата ја нашла во вистински настани и ликови.
-
Слаткарницата на кривогледиот Џим
0300,00 денВо слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот.
Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание и на квалитетната и на дру-гата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да создадат и реална и фиктивна претстава за светот. -
-
Кралица/Чудовиште
0250,00 денСимпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!
На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.
Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?