-
ЛИЛИ, САМА
0340,00 денСамобендисаната мајка на Лили заминува на одмор во Шпанија со новото момче и ги остава сами Лили и нејзините сестри и братче. Одговорната Лили ја презема одговорноста да го храни и забавува семејството, а воедно и да ја скрие тајната од соседите, училиштето и социјалните служби. Очајно барајќи решение, Лили одлучува да ги однесе децата на кампување во паркот на неколку дена. Ама, една несреќа поради која ќе мораат да побараат лекарска помош ќе ги разоткрие сите нејзини планови и ќе доведе до вмешување на полицијата и службите за посвојување. Приказната открива колку брзо Лили треба да порасне. Таа е способна да се грижи за семејството, да ги плаќа сметките, но се поставува прашањето: дали е подготвена да биде родител и да ја преземе огромната одговорност?
„Лили сама“ е реална, внимателно смислена, урбана авантура што непоколебливо ги разгледува прашањата за личната одговорност и општествената правда без да ги загрози возбудливиот тек на приказната и нејзините ликови.
Проткаена со насилство од очувите и крај кој навестува несигурна иднина за нашата хероиња и нејзиното семејство, приказната дефинитивно нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера на размислување.
-
Природо, љубов моја!
0250,00 денКнига целосно посветена на природата и на грижата за неа, со која авторот Александар Кујунџиски е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, донесе и внесе во македонската литература за деца раскошно издание.
Четиво со кое треба „да се дружи“ секое дете при своето градење како личност.
Лектирно издание за IV одделение.
-
Моите возила
0399,00 денНова звучна сликовница! Секое дете сака да дознае се за автомобилите: како сигнализираат, каде “спијат”, што има во нив.. Книгата “Моите возила” ќе го запознае детето со најразлични возила! Забавните фрази, разнобојните илустрации и интересните звуци ќе ги прикажат овие возила на фасцинантен начин!
-
Дневникот на едно смотано девојче 2
0280,00 денРецепт за катастрофа: 4 забави. Додади 2 пријателки и една симпатија. Подели со една лоша девојка што сака да ја УНИШТИ НИКИ. Добро измешај, стави ги дланките на очите, и врескај!
-
1000 неверојатни активности 4
0299,00 денЗа малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите книги “1000 неверојатни активности 1, 2, 3”, го претставуваме нејзиното продолжение “1000 неверојатно активности 4”. За да научат да бојат, поврзувааат, бојат и цртаат. За полесно да ги совладаат буквите и читањето и секако да ја усовршат моториката, да ја развијат логиката и менталната активност. Привлечни задачи, со колор илустрации за сите оние што сакаат да учат и да се забавуваат.
-
Срце од мастило
0500,00 денДванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од Срце од мастило што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги „исчитал“ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја „вчитал“ Мегината мајка!
Опкружени со своите книги, Меги и татко ѝ не ни сонуваат дека наскоро од корен ќе се променат нивните животи. Каприкорн со години трага по книговезецот Мо сакајќи да ја искористи неговата дарба за остварување на своите мрачни цели. А кога ќе успее да го киднапира, Меги и нејзините реални и измислени пријатели тргнуваат во авантура за каква што дотогаш само читала во своите книги – за да го спаси саканиот татко и да ја затвори последната страница од магичната книга.
Безвременска приказна за книгите, имагинацијата, животот. Би се осмелиле ли да ја прочитате наглас? Гуд ридс
Неверојатна приказна попрскана со малку волшебна прашина. Њујорк тајм
-
МОМЧЕТО МОЛЊА
0300,00 ден– Кој си ти?
– Јас?! Мене ме прашувате
– Да, тебе.
– Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
– Овде сум за да ви раскажувам.
– Што ќе ни раскажуваш?
– За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
– Кажи ни, кажи ни!
– Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
– Да не е здодевна?
– Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:
– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.
Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…
-
ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ – „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“
050,00 денТетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.
-
Приказни за девојчиња
0320,00 денПрекрасна колекција на приказни, каде што мудроста и добрината секогаш победува. Фантастично илустрирана и лесно читлива, оваа книга ќе го поттикне развивањето на добрите особини кај вашето дете. Учете на забавен начин и уживајте во читањето!
-
ПИШУВАНКА „СВЕТОТ НА БИБИ“
0190,00 денСпецијално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.
-
-
-
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ (ПРАВИЛАТА НА РОДРИК)
0360,00 денНемојте никако да го прашате Грег Хефли како го поминал летниот распуст, зашто дефинитивно не сака да зборува за тоа.
Со почетокот на новата школска година, Грег одвај чека да ги остави изминатите три месеци зад себе… а особено една случка.
За жал, неговиот постар брат Родрик ја знае случката што Грег не сака да се расчуе. Ама тајните знаат да испливаат на површина… особено кога е вмешан и еден дневник.
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ
0360,00 денЕден ден ќе станам славен, ама сега засега сум заглавен во основно школо со еден куп морони.
Не е лесно да си дете. А тоа најдобро го знае Грег Хефли, кој сега е шесто одделение во училиште во кое малите и слаби деца ги делат ходниците со деца кои се повисоки, позлобни и кои веќе се бричат.
Во Дневникот на едно шмолке, авторот и илустратор Џеф Кини нè запознава со еден неверојатен херој. Како што вели Грег во својот дневник: Така што немојте да очекувате многу-многу да се лигавам: „драг дневнику“ ова, „драг дневнику“ она…
А ние имаме среќа да уживаме во многу неочекувани и смешни ситуации, зашто она што Грег Хефли вели дека нема да го направи и она што всушност го прави се две многу различни работи.
-
ЗДРАВО СКОПЈЕ
0690,00 денПрвиот детски интерактивен водич – Здраво Скопје е мала временска машина која ќе ве сврти околу градот и спомените на возрасните. Врзете ги појасите, земете ги шамивчињата – ќе биде забавно, емотивно и носталгично возење низ градот од нашите глави и срца.