Попуст од 40% на сите наши изданија за вашиот роденден!
На 23/11/2019 | 1 Коментари

Од денес, новитет во Сакам Книги. Уште еден начин да им се заблагодариме за лојалноста на нашите верни читатели. Доколку имате наша Reader’s Card, дента на вашиот роденден добивате 40% попуст на редовните цени на сите наши изданија, ама баш на СИТЕ, од најстаро до најново, без исклучоци, плус поени на картичката, само во нашата книжарница.

Со овој попуст можете да купите од една до максимум три книги. Треба само да дојдете лично, дента кога ви е роденден.

* Само доколку вашиот роденден се паѓа на празник или во недела кога е неработен ден, попустот може да го искористите утредента. Системот не одобрува попуст подоцна од 24 часа од датата која е внесена како ваш роденден на вашата Reader’s Card.

роденденски попуст

Коментари1
Anastasija Напишано 11/02/2020 во3:22 pm   Reply

Како можам онлајн да го искористам попустот?

Напиши коментар