Availability: На залиха

Како ќе живеете?

340,00 ден

Страдањето и тагата се, всушност, големи извори на сознавање.

Мала книга за големите прашања во животот, за растењето и наоѓањето на своето место во светот, Како ќе живеете? е класика што во Јапонија е продадена во над 2,5 милиони примероци.

Оваа топла приказна ни ја раскажуваат 15-годишниот Копер и неговиот вујко. Копер е популарен во училиштето како одличен ученик и голем шегаџија. Но длабоко во себе е плашлив, му недостига татко му, му пречи што не е малку повисок… Своите тајни од животот и другарувањето тој му ги доверува на вујко си, кој ги запишува нивните средби во дневникот што има намера на крај да му го подари на својот внук.

Дневничкото патување низ моралните и филозофските дилеми се развива во една безвременска приказна за тоа што значи да се биде човек. И Копер, како својот имењак Коперник, ги набљудува ѕвездите и размислува за небото, Земјата и човечката природа за да одговори на многуте прашања што го обземаат. На крајот, ја запишува одлуката за својот начин на живот поставувајќи ни го и нам прашањето: Како ќе живеете?

Оваа класика за изнаоѓањето на сопственото место во светот, кој е и бесконечно голем и незамисливо мал, е совршена за љубителите на филозофска проза какви што се Алхемичарот и Малиот принц.

2 на залиха

Категорија