-
Б.А. Парис
На раб на лудило
од: Б.А. ПарисАко не можеш да си веруваш себеси, кому можеш да веруваш?
Ноќ, сред страшна бура, Кес се враќа дома сама и сопругот ја замолува да не крати преку патот во шумата, бидејќи тој пат е опасен кога дивее страшна бура. Но и покрај тоа што му ветува дека нема, таа не сака да патува 40 минути, па пресекува низ шумата. Таму, на напуштениот рурален и морничав пат, здогледува застаната кола, а во неа седи жена, сама. Кес претпоставува дека жената чека некого, па си продолжува. Но утредента дознава дека жената подоцна била убиена и никако не може да се помири со тоа.
Таа се обидува да го исфрли ужасното злосторство од нејзината глава; што можеше да направи, реално? Тоа е опасен пат за жена, и тоа сред бура. Нејзиниот сопруг ќе збеснеше ако дознаеше дека го прекршила ветувањето. А веројатно и таа ќе беше повредена ако застанеше да ѝ помогне на жената. Но оттогаш упорно заборава некои работи: каде ја паркирала колата, дали се напила апче, кој е кодот за алармот, зошто нарачала бебешка количка кога нема бебе? Единственото нешто што не може да го заборави е таа жена, жената што можеби можеше да ја спаси и ужасната, неподнослива грижа на совест. И не може да разбере зошто упорно има чувство дека некој да набљудува тајно…
400 ден
Моментално недостапна
ISBN: 978-608-4672-90-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 350
Marijana – :
Knigava ostava bez zdiv. Triler koj go preporacuvam!!!
Сара – :
Одличен трилер!
boki_radicevski – :
Книга која за мене навидум беше мирна, но тој што чита внимателно ќе примети дека експоненцијално расте тензијата, што од страна на авторот е направено маестрално. Нема многу акција на сам старт, но е толку добро составено што го држи вниманието. Книга во која навидум животот на една жена е совршен се од една судбоносна нок. Кога го крати патот до дома поради бурата низ место за кое нејзиниот сопруг беше јасен да не го прави тоа. Затекнува една кола со жена во неа и мисли дека и треба помош, но претпоставува дека она веќе викнала и си заминува. Но од таа вечер натака, се случуваат многу необјасливи работи. Почнува да заборава најобични работи, како на пример: роденденски поклон, како да направи кафе, како да уклучи машина за перење, нарачките од телевизија, каде ја паркирала колата итн. Параноријата расте се повеќе и повеќе. Вината за тоа што не проба да и помогне повеќе дополнително додава на оганот и ги влошува работите или пак ги потпомага. Книга која на крај ќе ви даде еден пример за дека не е се точно со мислите, како и кои се најскапоцените човекови особини што треба да ги негувате. Ја препорачувам топло.
5/5
Надица – :
Колку му верувате на својот разум?
Дали си верувате себе си, дали им верувате на вашите блиски?
Предобар трилер кој ќе се поигра со вас со деталите и ситниците во сите дејствија кои се случуваат.
saramastoridis – :
Книга која ќе ве натера да се запрашате колку всушност ги познаваме луѓето коишто ги сметаме за најблиски? Интересна книга. која што се чита брзо. но според мене крајот е многу предвидлив. 🙂
Моника – :
Солиден трилер, но според мене предвидлива и без изненадувања.
Денис – :
Одлична книга , 10ка од мене !
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Ептен ми се допадна трилерчево и за разлика од “Зад затворени врати” ,крајот е далеку подобар❣
Многу ми беше интересно тоа што не можев да се одлепам од книгава,додека не ја прочитав.😊 Ме копкаше што ќе се случи на крајот и не ни забележав кога ги голтнав 300 страни.
Од мене 10-ка!
Нена – :
Дејство кое заинтригирува уште на самиот почеток, добар стил на пишување но крајот ми беше некако премногу лесен, премногу лесно се отплеткуваат настаните, на моменти дури ми стоеше како да е напишан само колку книгата да има некаков крај.. Во секој случај вреди да се прочита.
Денис – :
Солиден авторски стил и нарација која те копка да прелистуваш за да видиш што ќе се случи понатаму. Вреди да се чита.
… – :
Прекрасна
Jasmina – :
Интересна мистерија, меѓутоа за оние кои сакаат ваков жанр може да биде малку предвидлива.
Сепак, вреди да се прочита.
lorakris123 – :
Одлична приказна,со мистерија и неочекуван пресврт на настаните😀
Слаѓан Бишковски – :
Одличен психолошки трилер со доза на мистерија и одличен заплет 🙂