-
Џилијан Флин
Мрачни места
од: Џилијан ФлинВо мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен.
Кој го извршил масакрот?
420 ден210 ден
Моментално недостапна
Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен. Кој го извршил масакрот?
ISBN: 978-608-4672-35-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 360
Слаѓан – :
Одличен психолошки трилер/мистерија… На моменти мрачна и вознемирувачка, брзо читлива и возбудлива. Малку послаба од Gone girl, но сепак ја препорачувам за љубителите на овој жанр… Се надевам дека и Sharp objects ќе биде преведена ма македонски 🙂
Александар Николовски – :
Ми се допадна, не дека не, но во споредба со Ејми ја нема (од истата авторка) послаба е за едно, па и две копја…