• img-book

Попуст!

ISBN: 978-608-260-036-9

Девојката од писмото

4.75 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

Срцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.

1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува трудна, нејзиното посрамотено семејство ја испраќа во католичкиот манастир Света Маргарита – мрачна, страшна куќа за немажени мајки. Потоа го даваат нејзиното бебе на посвојување против нејзина волја. Иако Ајви треба да излезе оттаму за две до три години, таа никогаш нема да го напушти местото.

Сегашност: Саманта Харпер е новинарка очајна за малку одмор. Кога случајно налетува на писмо од минатото, истото ја шокира и трогнува. Писмото е од млада мајка која моли да ја спасат од Света Маргарита. Пред да биде предоцна.

Сем се навлекува на трагичната приказна и открива многу смртни случаи околу жената и нејзиното дете. Кога дознава дека планираат да ја рушат Света Маргарита, ѝ остануваат неколку дена да ја реши шеесетгодишната мистерија пред вистината да биде изгубена засекогаш. А тоа патем е вистина што никогаш не би можела ни да си ја замисли…

450 ден270 ден

Количина:
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-036-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 380

  1. :

    4 out of 5

    Солидна мистерија, баш ми се допадна. Препорака за сите љубители на овој жанр, а сакам и друг превод од авторката. 🙂

  2. :

    5 out of 5

    Книгава многу ми се допадна, уште од првите страници ме освои. Преубав детален стил на пишување, комплексна палета од многу ликови кои ќе ви разбудат најразлични чувства. Се чита страшно брзо, приказната е многу заплеткана и мистериозна со интересни пресврти, и случки што го забрзуваат пулсот. Ова е книга што заслужува внимание и навистина долго ќе ја паметам, особено поради тоа што е инспирирана според вистински настани. Емотивна, возбудлива, прекрасна!

  3. :

    5 out of 5

    Просто боли кога ќе помислам дека навистина се случувале такви работи во минатото. Потресна приказна за несреќната судбина на една млада девојка која случајно ја разоткрива новинарка почнувајќи со пронаоѓање на писматакои таа ги напишала. Ја препорачувам.

  4. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Ужасно болна и срцепарателна приказна,која ќе ве сруши тотално и ќе ве остави во емотивен хаос!🤯
    Никогаш нема да сфатам како може да постојат такви одвратни личности…
    Книгава е преубава,ја препорачувам! ✔❤