Повторно бараме преведувачи! (затворен оглас)
На 24/06/2019 | 0 Коментари

Бараме нови добри преведувачи кои ќе му се приклучат на нашиот тим. Како и претходно, сите заинтересирани ќе треба да направат еден мал пробен превод, со мали извадоци од различни жанрови. Поради минати лоши искуства, кога извадокот бил супер преведен, а потоа ангажираниот преведувач предава многу лош превод на целосната книга што не е во согласност со првиот превод што го направил, го задржуваме правото да побараме уште една дополнителна мала проба од финално избраните кандидати кои ќе влезат во најтесен круг.

Извадокот за пробен превод може да го отворите на овој линк тука, а преведените текстови со ваше име и презиме (може и CV), испратете ги на rakopisi [at] sakamknigi.mk.

Бараме хонорарец, кој ќе преведува зависно од нашите потреби и неговите можности. Заедно ќе се договараме за бројот на книги кои ќе се преведуваат во текот на годината. За сите останати услови ќе се дискутира на крајот со избраниот преведувач. 

Иако имаме голема база на апликанти од последниот ваков оглас во 2017-та, се покажа дека голем дел од тие апликанти веќе не се достапни за работа, па решивме да отвориме целосно нов оглас. Доколку сте аплицирале и тогаш и не сте добиле мејл дека не сте влезени во потесен круг, а сè уште сте заинтересирани за хонорарна работа, слободно аплицирајте повторно.

* Благодарение на над 150 пристигнати апликации за една недела, огласот се затвора. Сите чии апликации ќе стигнеме да ги разгледаме и ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани преку мејл. Сите останати апликации кои нема да стигнеме ниту да ги отвориме затоа што пристигнале подоцна, ќе бидат зачувани за идни потреби.
join-our-team

Напиши коментар