Уште пред повеќе од 12 години, најпосветените читатели се здружија околу една интернет-адреса која им понуди врвна литература, квалитетни преводи и исклучителни понуди.
Од еден единствен линк се вкотвија корените на масовното промовирање на читањето во Македонија. Се создадоа „хардкор“ читатели, се оформија книжевни групи на Фејсбук, се појавија издавачки иницијативи и книжевни блогови.
www.sakamknigi.mk – местото каде што љубовта кон книгата прераснува во бренд и притоа функционира како централен портал за љубителите на литературата, обединувајќи речиси 100.000 читатели на едно место.