Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

    Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

    0

    Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно, но нешто недостига, нешто суштинско што го први животот убав, интересен, неповторлив…

    Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
    Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.

    „Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“ Мадам Фигаро

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тврдина

    Тврдина

    0

    „Тврдина“ е еден од двата класици на великанот на светскиот роман во дваесеттиот век, Меша Селимовиќ.

    По огромниот успех што го доживува со „Дервишот и смртта“, романот што денес претставува симбол за неговото име, Селимовиќ во 1970 година го објавува „Тврдина“, кој на некој начин претставува роман близнак, огледален роман на „Дервишот и смртта“.

    За ова свое дело Селимовиќ ќе истакне: „Тврдината е еден поширок симбол. Тоа е сè што ги одвојува луѓето: религијата, нациите, државите, убедувањата, предрасудите, сè во што се затвора поединецот и заедницата кон другиот. Во однос на книгата ’Дервишот и смртта‘, каде што е дадена димензија на омраза и страсти, во ’Тврдина‘ сакав да го покажам излезот од таа затвореност во која луѓето живеат одамна, па и денес. Може ли да се излезе од тврдината и од тврдините, можат ли луѓето поинаку да разговараат меѓу себе освен преку пушкарниците? Мојот главен јунак ги има сите услови да биде огорчен и затворен во себе и тој сепак се обидува да најде пат до другите луѓе. За него е неприфатлив каков било друг пат освен патот на љубовта.“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Те знам

    Те знам

    0

    Во овој напнат трилер од авторката на бестселерот „Што направи?“, една жена наоѓа мртво тело. Дали ќе ја направи истата грешка како минатиот пат?

    Кога Рејчел ќе наиде на тело во шумата, знае што треба да направи: да трча. Да избега. Да не биде пронајдена на местото на злосторството. Минатиот пат, таа не знаеше, и заврши обвинета за убиство. Но, кога оваа жртва е идентификувана како отуѓената сопруга на нејзиното момче, Рејчел сфаќа дека веќе е главната осомничена.

    Со сè повеќе докази против неа, единствената надеж на Рејчел е добро да ја прикрие вистината за себе. Затоа што, дваесет години претходно, таа беше некоја друга – Кејси, млада дадијарка со амбиција да стане актерка во Лос Анџелес. Кога семејството за кое работеше се брутално убиени, сите докази упатуваа на неа и таа заврши во затвор. За влакно избегна смртна казна и успеа со жалба да излезе од затвор. Сега се бори да го спаси животот што со години внимателно го градеше.

    Но, како што нејзиното однесување е сè посомнително, а полицијата сè поблиску, таа се прашува: дали наоѓањето тело во шумата е ужасна коинциденција или, пак, некој ја мести за убиство? Некој што знае која е и сака одмазда…

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Те сака, мама

    Те сака, мама

    0

    „Секој е способен за ужасни работи. Само зависи колку му е лош денот.“

    Мекензи Каспер е исклучителна ученичка, но сите секогаш ја поврзуваат со нејзината мајка – светски позната писателка на бестселери чии мрачни и изопачени трилери имаат огромен број обожаватели низ целиот свет. Кога мајка ѝ ненадејно загинува, обожавателите тагуваат, а истражителите се прашуваат дали нејзината смрт навистина била несреќа. На денот на погребот, Мекензи добива мистериозен плик во кој наоѓа страници од дневникот на мајка ѝ, кои почнуваат со зборовите:

    Сакаш да дознаеш една тајна?
    Те сака, мама.

    Содржината ја шокира… но наскоро ѝ пристигнува второ писмо. И трето. Мекензи започнува сопствена истрага и разоткрива тајни со кои нејзиното семејство живеело со години. Набрзо почнува да сфаќа дека патот на мајка ѝ до славата бил исполнет со злокобни лаги кои можеби ја стигнале. Понекогаш за славата вреди да се убие. Или уште полошо. Мекензи ќе открие дека постојат и полоши работи од убиство…

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Те чекам

    Те чекам

    0

    Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така.

    Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.

    Сексуалната привлечност помеѓу Ејвори и Камерон е темпирана бомба полна со страсти. Но, заканувачките пораки и телефонските повици повторно ја соочуваат со минатото што таа толку сака да го заборави. Кога застрашувачката вистина ќе го покаже своето грдо лице дали Камерон ќе биде таму за неа или, пак, и тој ќе биде повлечен надолу?

    За некои работи вреди да се бориш…

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Телефонската говорница на крајот од светот

    Телефонската говорница на крајот од светот

    0

    Книгата е инспирирана од вистинска телефонска говорница што се наоѓа во североисточниот дел на Јапонија.

    Авторката пишува приказна за жена што ги изгубила своите мајка и ќерка во цунамито во 2011 година и е принудена да патува низ тагата, но и низ животот пред себе. Јуи првпат ќе чуе за „телефонот на ветерот“ додека води разговор на својата радиоемисија. Јавувач, кој исто така изгубил близок во цунамито во 2011 година, раскажува за говорницата преку која гласот му го предаваш на ветерот и тој го пренесува отаде овој свет.

    Моќен и трогателен, внимателно напишан и предизвикувачки роман. Месина пишува јасно и воздржано, со способност да открие многу во само неколку реда.

    Во книгата владее мир и тишина, и тоа на секое движење му дава уште поголемо значење. Зборовите имаат тежина и се чини дека нема реченица што е вишок. Приказната на Јуи трогнува, возбудува и го грее срцето – сè во иста мера.

    „Телефонската говорница на крајот од светот“ е преведен во повеќе од дваесет држави и секаде се сместува на врвот на топ-листите. Во тек се преговори за продажба на филмските права.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тео од Голден

    Тео од Голден

    0

    Едно пролетно утро, туѓинец пристигнува во малиот јужњачки град, Голден. Никој не знае од каде доаѓа, ниту пак зошто се доселил токму во нивното гратче. Неговото име е Тео.

    Овој тивок, љубопитен и бескрајно мил старец го посетува локалното кафуле во кое се изложени деведесет и два портрети на жителите од Голден изработени од локалниот уметник. Тој ги купува и еден по еден им ги подарува на нивните вистински сопственици. 

    Со секое дарување се расплетува чудесна приказна, се раѓа пријателство, од корен се менува живот.

    Жителите се спријателуваат со таинствениот старец, кој не е незапознаен со тагата и загубата, но останува прашањето – кој е Тео и зошто е тука?

    „Тео од Голден“ е приказна за моќта на великодушноста и за невидливите нишки љубезност што нè поврзуваат едни со други. Приказна што нè потсетува дека и најмалиот чин на добрина може да промени живот… дури и цел град.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Теоријата „Пушти ги“

    Теоријата „Пушти ги“

    0

    Алатка која го менува животот и за која милиони луѓе не можат да престанат да зборуваат

    Два едноставни збора засекогаш ќе го сменат начинот на кој му пристапувате на животот. Ако некогаш сте се почувствувале фрустрирани од обидот да ги постигнете своите цели или да се чувствувате посреќно, не сте вие проблемот. Проблемот е моќта што им ја давате на другите луѓе.

    Во оваа книга ќе дознаете дека оддишка ќе ви дадат два едноставни збора: „Пушти ги“. Така ќе се ослободите од туѓите мислења, притисоци и судови, од истоштувачкиот круг во кој се напрегате да ги „менаџирате“ сите нешта и сите луѓе околу себе. Постои подобар начин да го живеете животот.

    Теоријата „Пушти ги“ е докажан метод што ќе ви помогне да заштедите време и енергија и да се фокусирате на она што навистина ви значи. Предолго сте ја барале согласноста на другите луѓе, сте воделе грижа за туѓата среќа и сте дозволувале нивните мислења да ве ограничуваат. Научете како да престанете да ги трошите своите потенцијали и да почнете да создавате живот во кој вие сте на прво место – вашите соништа, вашите цели, вашата среќа.

    „Пушти ги“ е едноставна алатка за која милиони луѓе низ светот не престануваат да зборуваат, затоа што таа функционира. Најбрзиот начин да ја преземете контролата над својот живот е да престанете да се обидувате да контролирате други луѓе и да се фокусирате на она што можете да го контролирате – себеси.

    Кога ќе им дозволите на другите да го живеат својот живот, конечно и вие ќе го живеете вашиот.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ - „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“

    ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ – „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“

    0

    Тетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.

    50,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ти и јас

    Ти и јас

    0
    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ТИ НОСАМ ПУСТИНСКИ ПЕСОК

    ТИ НОСАМ ПУСТИНСКИ ПЕСОК

    0

    Таа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак…

    Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките?… Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?

    На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!

    Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ти си ѕвер

    Ти си ѕвер

    4

    Број 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.

    Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.

    Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.

    button-new

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ти си ѕвер за правење пари

    Ти си ѕвер за правење пари

    0

    „Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ – Њујорк магазин

    Водич кој ќе ви го промени животот и ќе ви помогне да ги заработите парите за кои само сте сонувале, од најпродаваната авторка на Њујорк тајмс, која се вивна до врвот со Ти си ѕвер.

    Ти си ѕвер за правење пари ќе ви помогне да ги надминете стравовите и пречките поради кои досега не сте постигнале финансиски успех. Повикувајќи се на преобразбата на својот живот за само неколку години, кога од личност која живеела во реновирана гаража со празна банкарска сметка станала жена која со стил патува низ светот, Џен Синсеро одново нè соочува со својата неповторлива дрскост и практичност поради кои Ти си ѕвер стана апсолутен бестселер. Комбинацијата од урнебесни лични приказни и куси блескави поенти успева да го разоткрие вашиот скриен потенцијал за заработување пари и да ви обезбеди вистински резултати.

    Научете како:

    • да откриете што е тоа што не ви дозволува да заработувате пари
    • да ги растерате сите сомнежи, стравови и изговори
    • да се поврзете со парите на нов, профитабилен начин
    • да го подготвите коктелот на создавањето
    • да ја откриете својата вродена способност за збогатување
    • да си ја обликувате реалноста и да престанете да бидете жртва на околностите
    • да станете толку богати колку што сакате да бидете.
    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ти си ѕвер секој ден

    Ти си ѕвер секој ден

    0

    Од авторката на Њујорк Тајмс бестселерите „Ти си ѕвер“ и „Ти си ѕвер за правење пари“, џебен помошник за остварување на вашите цели и инспирација која можете да ја носите со себе секаде за да ве води во вашата трансформација.

    За сите оние кои имаат проблем да останат мотивирани во мисијата да станат ѕверови, „Ти си ѕвер: секој ден“ е практичен придружник кој ќе ја освежува вашата мотивација, ќе ја зајакнува вашата благодарност и ќе ги потхранува вашите амбиции. Со стотина вежби, размислувања и потсетувања кои можете секојдневно да ги користите за да го престроите вашиот ум и да го одржувате вашиот фокус на правилен пат, овој прирачник ги сумира главните и најважните поенти од нејзините претходни книги кои ви помагаат да ја откриете моќта за ѕверство – што е првиот чекор во создавањето на животот кој го заслужувате. „Ти си ѕвер: секој ден“ е алатка за одговорност која можете да ја носите во џебот за да ви помага при секојдневните животни пречки, за надминување на сомнежи кои ве спречуваат да го достигнете својот полн потенцијал и за одржување на огнот на одлучност при остварување на вашите цели.

    270,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ти си мојот живот

    Ти си мојот живот

    0

    …Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика. – Кај си, сонце на мама. Кај си, среќо моја. Само да знаеш колку долго те чекав. ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ! Да си ми жива и здрава сто години. Твојата љубов мене да ме грее, а мојата тебе. Никогаш ништо да не нè раздели. – Подавајќи ѝ ја на Васка спушти еден нежен бакнеж на нејзиното чело. – Ова е најсреќен ден во мојот
    живот. Ти благодарам, Сергеј, што не ме остави сама… – Солзите пак потекоа низ нејзиното лице. Радост и тага во моментот беа испомешани.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ТИВКАТА ЖЕНА

    ТИВКАТА ЖЕНА

    0

    Тој е непоправлив прељубник. Таа живее во заблуда. Тој води двоен живот. Таа сака да ги израмнува сметките. Тој решава да расчисти еднаш засекогаш. Таа веќе нема што да изгуби…Бракот на Џоди и Тод се соочува со криза. Многу нешта се ставени на коцка, вклучувајќи ги пријатниот живот што го водат и луксузниот дом во Чикаго со поглед кон океанот. Таа – убиецот, и тој – жртвата, неминовно се движат кон судбоносниот чин. Раскажан низ две психолошки перспективи, Тивката жена е приказна за една љубов во виорот на распаѓањето, за една двојка влетана кон пропаст, за жена што е подготвена на сè за да го задржи она што ѝ припаѓа; приказна за тајните што демнат закопани во несвесното и што можат да имаат кобни последици врз сегашноста.Мајсторски напишан од перото на А. С. А. Харисон, романот Тивката жена го намамува читателот од првата страница и не го пушта сè до последната.

    „Изненадувањата се нижат на секоја страница… Иако Харисон пишува со вешта и лесна рака, нејзината проза е потресна.“ Гардијан

    „Oстар и брз, како касапски нож.“ Њуздеј

    450,00 ден
    Прочитај повеќе