-
ТАЈНИ НА ПРОДАВАЊЕТО
0250,00 денТАЈНИТЕ НА ПРОДАВАЊЕТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој брз и лесен водич низ основите на продавањето. Во оваа книга ќе откриете како: да го презентирате својот производ за да одговара на потребите на вашиот клиент да го користите говорот на телото за да воспоставите блиски односи да преговарате и да склучите зделка да направите вашите клиенти да се враќаат кај вас да создадете одлични нови деловни односи.
-
Тајниот говор
2490,00 денТом Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер: приказна во која гревовите од минатото се закануваат да ја уништат сегашноста, семејства мора да надминат незамисливи пречки за да ги спасат своите сакани, а надежта за подобро утре се бара во најнеобичните околности…
Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе. Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.
Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сѐ уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители. И тие не се единствените. Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео. Некој кој е трансформиран до степен на непрепознатливост.
-
Тајниот портал
0350,00 денВИЛИЈАМ ВЕНТОН, МОМЧЕТО СО ГЕНИЈАЛЕН ТАЛЕНТ ЗА ОДГАТНУВАЊЕ ШИФРИ, СЕ СООЧУВА СО НОВА ЗАКАНА! Откако почнува да трпи таинствени напади поради кои ја губи контролата над сопственото тело и способност за разбивање на кодови, Вилијам се загрижува дека неволјите му ги предизвикува интелигентниот метал луридиум. Постои само едно место каде што може да побара решение за својот проблем: Институтот за постхумно истражување. Но на Институтот веќе ништо не е како порано… Неговата стара соба сега изгледа како затворска ќелија, а движењето по Институтот строго се контролира. Менторите на Вилијам не сакаат да му кажат што се случува, иако е очигледно дека сите од некого или од нешто многу се плашат. Тогаш ја дознава грозната вест дека крадецот на луридиум, злосторникот Абрахам Тали, побегнал од својот криогенски затвор во подрумот на Институтот. Потрагата по него Вилијам го води на Хималаите, во подземен храм опкружен со планински врвови и длабоки пештери што ја чуваат тајната на настанокот на луридиумот. Вилијам повторно ќе се изложи на голема опасност во обидот, заедно со дедо му, да го запре злобниот Абрахам и неговата помошничка Корнелија, кои имаат намера да го ослободат луридиумот и да ги изложат луѓето на неговото погубно дејство… Тајниот портал е втора книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.
-
ТАЈНИТЕ ЗА БИБЛИЈАТА
0800,00 ден1
ВОВЕДУВАЊЕ
ИСАГОГИКА
I. КОМУ МУ ТРЕБА БИБЛИЈАТА
I.1. Зошто луѓето ја читаaт Библијата
I.2. Какво е влијанието на Библијата?
II. НАШАТА ПРИЧИНА ЗА ЧИТАЊЕ И ИЗУЧУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
II.1. Може ли и Библијата да биде научно иследувана?
II.2. Смееме ли да и приоѓаме со критичко гледиште?
II.3. Како ја примаат побожните?
II.4. Што испитуваат другите?
II.5. Прашувале ли и порано?
II.6. ИСАГОГИКА – наука за воведот во Светото писмо
III. СВЕТО ПИСМО – СВЕТА БИБЛИЈА
III.1. Што е Свето писмо?
III.2. Што е Библија?
III.3. Дали е исто Свето писмо и Библија?
III.4. Дали е прво наречена Библија или Свето писмо?
III.5. Библија – што значи тој збор?
III.6. Кој израз го користел Христос?
III.7. Зошто се нарекуваат Свето/а: Свето писмо – Света Библија?
III.8. Кој прв го употребил изразот Свето/а?
III.9. Која е основната порака на зборовите „Свето“ + „писмо“?
III.10. Дали е Кодекс на етички норми и мудрости?
III.11. Чии се зборовите во Светото писмо?
III.12. Библијата е документ дека Бог нè сака?
IV. БОЖЈО ОТКРОВЕНИЕ
IV.1. Божјото откровение – бесцено богатство
IV.2. Што содржи Божјото откровение?
IV.3. Кому, каде, како и зошто Бог го дал Откровението?
IV.4. Во што се содржи Божјото откровение?
V. СВЕТО ПРЕДАНИЕ
VI. БОГОВДАХНОВЕНОСТ НА СВЕТОТО ПИСМО
VI.1. Кој сведочи за тоа?
VI.2. Дали Христос и апостолите говорат за боговдахновеноста?
VI.3. Како се разбира боговдахновеноста?
VI.4. Што опфаќа боговдахновеноста?
VI.5. Дали боговдахновеноста прави библиопоклонство?
VI.6. Дали Бог едноставно диктирал зборови и фрази, а тие пасивно запишувале?
VI.7. Дали е буквална боговдахновеност во сè или е механичка, при што пишувачите биле како
машини?
VI.8. Што е важно авторството?
VII. СТАР И НОВ ЗАВЕТ
VII.1. Што е завет? Каков е тој завет – договор и за што се договориле Бог и луѓето?
VII.2. Кога и каде е склучен Стариот, а кога и каде Новиот завет?
VII.3. Кој, кога ги напишал книгите на Новиот завет? Христос ли ги напишал?
VIII. ОДНОСOT МЕЃУ СТАРИОТ И НОВИОТ ЗАВЕТ
VIII.1. Како се однесувал Христос кон Стариот завет?
VIII.2. Каков е односот на апостолите?
VIII.3. Го прифаќа ли Црквата Стариот завет?
IX. ДВЕТЕ ПРИРОДИ НА БИБЛИЈАТА
IX.1. Кои се двете природи на Библијата? Како е можна нејзината двоприродност?
IX.2. Што е Божјото во Библијата, а што е човечко?
IX.3. Зар не е Слово=Логос=Христос и слово=збор=Писмо=Свето писмо?
IX.4. Што сведочи за Божјата природа на Библијата?
IX.5. Кои се доказите за човечката природа?
IX.6. Како да се приоѓа до двоприродата на Библијата?
X. ОФОРМУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА – КАНОН НА СВЕТОТО ПИСМО
X.1. Како и кога се формирала Библијата?
X.2. Што е „канон на Светото писмо“?
X.3. Што се тоа девтероканонски книги?
X.4. Кое Свето писмо го користелe Христос, апостолите и христијаните во првите времиња?
XI. ЕВАНГЕЛИЕТО – БОЖЈО ИЛИ ЧОВЕЧКО ДЕЛО
XI.1. Како настанале евангелијата
XI.2. Патот на Eвангелието до нас
XI.3. Евангелието – пат до Христа
XI.4. Каков Христос претставиле апостолите во евангелијата
XI.5. Во Евангелието Господ Исус Христос е дофатлив
XI.6. Современата библистика се сомнева и научно испитува
XI.7. Број на книгите на Новиот завет
XI.8. Симболиката на евангелистите
XI.8.1. Кои се, од кога се, од каде се и зошто се симболите на евангелистите?
XI.9. Насловите на евангелијата
XI.10. Редослед на книгите во Новиот завет
XI.11. Поделба на новозаветните книги
XI.12. Делење на новозаветните книги на зачала, глави и стихови
XI.13. Синоптичко прашање
XII. РАКОПИСНИОТ ГРЧКИ ТЕКСТ НА НОВОЗАВЕТНИТЕ КНИГИ
XII.1. Јазик на коjшто биле напишани новозаветните книги
XII.2. Причини за семитизми во новозаветниот грчки текст
XII.3. Местото на евангелијата во литературата
XII.4. Евангелието и новиот завет како жанр
XIII. ИСТОРИЈА НА РАКОПИСНИОТ НОВОЗАВЕТЕН ГРЧКИ ТЕКСТ
XIII.1. Оригинали од новозаветните книги
XIII.2. Материјали на кои биле пишувани книгите
XIII.3. Алатки и средство за пишување
XIII.4. Умножување на Библијата
XIII.5. Именување на ракописите
XIII.6. Зачувани ракописи од Новиот завет
XIII.7. Поважни мајускулни кодекси
XIII.8. Грешки, поправки и дополнувања на новозаветниот грчки текст
XIII.9. Чување на првичниот новозаветен грчки текст
XIII.10. Новозаветни цитати кај старите црковни писатели
XIII.11. Веродостојноста на библискиот текст
XIII.12. Апокрифи
XIII.13. Апокрифни евангелија
XIII.14. Апокрифни Дела на светите апостоли
XIII.15. Апокрифни Посланија
XIII.16. Апокрифни Откровенија
XIII.17. Аграфи – Христови логиa (Λογια)
2
ПРОУЧУВАЊЕ
ХЕРМЕНЕВТИКА
I. ЗОШТО ЈА ПРОУЧУВАМЕ БИБЛИЈАТА
I.1. Каков е приодот кон Библијата?
I.2. Зошто да се изучува Библијата?
I.3. Кој ја изучува Библијата?
I.4. Како се изучува?
I.5. Во кој контекст е изучувањето на Библијата?
I.6. Како се искажува проучувањето на Библијата?
I.7. Од што се раководат проучувачите на Библијата?
II. БИБЛИСКА ХЕРМЕНЕВТИКА
II.1. Православна херменевтика на Светото писмо
III. БИБЛИЈАТА И ЦРКВАТА. БИБЛИЈАТА – КНИГА БОЖЈА И КНИГА НА ЦРКВАТА
III.1. Каков е односот меѓу Библијата и Црквата?
III.2. Што направила и што прави Црквата за Библијата?
III.3. Каде е Библијата целосна?
III.4. Каде живее Библијата?
III.5. Каде е најдобро сфатена Библијата?
III.6. Каков е односот на светите отци и учители на Црквата кон Библијата?
IV. ХРИСТОЦЕНТРИЧНОСТА НА СВЕТОТО ПИСМО
IV.1. Какви се гледиштата кон Светото писмо од неверниците, верниците и кривоверците?
IV.2. Кој е центарот на Библијата – главната личност?
IV.3. Која е најголемата тајна на Библијата?3
ТОЛКУВАЊЕ
ЕГЗЕГЕТИКА
I. СВЕТОТО ПИСМО И ЧОВЕШТВОТО
I.1. Зошто Бог не го дал Светото писмо уште при создавањето на светот?
I.4. Во каква состојба ги нашло луѓето на Земјава?
I.5. Што придонело за човештвото?
II. ЧОВЕШТВОТО ЧЕКА СПАСЕНИЕ ОД БОГА. СВЕТОТ ВО ВРЕМЕТО НА ХРИСТА
II.1. Целото човештво го очекувало спасителното дело на Господ Исус Христос
II.2. Евреите го очекувале Спасителот
II.3. Александар Македонски го освоил светот и сите народи живееле во една држава
II.4. Македонските Селевкиди и Антиох IV Епифан
II.5. Евреите во Рим и Шпанија
II.6. Еднојазичноста богоподготовка за Евангелието
II.7. Еднобожието и единството на Евреите ненапустливо
II.8. Евреомразието кај другите народи
II.9. Рим постанува властодржец на цел свет
III. ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА ВО ХРИСТОВО ВРЕМЕ
III.1. Стоици
III.2. Епикурејци
III.3. Кинетици
III.4. Гностицизам
IV. РЕЛИГИСКИОТ СВЕТ ВО ХРИСТОВО ВРЕМЕ
IV.1. Јудеизам
IV.2. Духовна, верска и морална криза
IV.3. Светот го чека Спасителот
IV.4. Почеток на христијанството
IV.5. Страв од христијанството
IV.6. Христијанството е чудо во светот
V. СВЕТАТА ЗЕМЈА ВО ВРЕМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
V.1. Географската положба на Палестина
V.2. Галилеја
V.3. Самарија
V.4. Јудеја
V.5. Идумеја
V.6. Задјордански области на Палестина
VI. ПОЛИТИЧКАТА СОСТОЈБА ВО ПАЛЕСТИНА ВО ВРЕМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
VI.1. Цар Ирод Велики Идумеец
VI.2. Трите сина на Ирод Велики
VI.3. Понтиј Пилат
VI.4. Синедрион
VI.5. Библијата и историјата
VII. РЕЛИГИОЗНО-МОРАЛНАТА СОСТОЈБА ВО ПАЛЕСТИНА ВО ХРИСТОВО ВРЕМЕ
VII.1. Богослужбени лица – свештенство
VII.2. Богослужбени места
VII.3. Богослужбено време – празници
VII.4. Жртвопринесувања
VII.5. Религиозни групи, секти и партии кај Eвреите во Христово време
VII.6. Мерење на времето
VIII. ЕГЗЕГЕТИКА
VIII.1. Потребна ли е егзегетиката?
VIII.2. Примери на егзегеза во текстот на Светото писмо
VIII.3. Господ Исус Христос – егзегет
VIII.4. Општи принципи во егзегетиката
VIII.5. Кој може да биде мерка и раководител во толкувањето на Светото писмо
IX. БИБЛИСКА ЕГЗЕГЕЗА
IX.1. Зар човекот не го разбира Божјиот збор?
IX.2. Што е библиската егзегеза?
IX.3. Зошто толкување на Библијата?
X. КАКО СВЕТИТЕ ОТЦИ И УЧИТЕЛИ НА ЦРКВАТА ГО ТОЛКУВААТ СВЕТОТО ПИСМО
X.1. Посебноста на книгите со Божјиот збор
X.2. Толкување со зборови и со живот
X.3. Дејството на Божјиот збор од Библијата
X.4. Библиските книги се надчовечки, но се за човекот и за човештвото
X.5. Господ Исус Христос и Светото писмо. Христоподобноста на Светото писмо
X.6. Двете природи на Светото писмо: човечката и Божјата
X.7. Толкувањето на Светото писмо е општење со живиот Христос
X.8. Поврзаноста на Новиот завет со Христа и со Црквата
X.9. Боговдахновеноста е значајна за толкувањето на Светото писмо
X.10. Методите на толкување ползувани од светите отци
XI. ПОЛЗУВАЊЕ НА СВЕТОТО ПИСМО ВО ЦРКВАТА
XI.1. Читање на Евангелието на Литургија
XI.2. Кога од кое Евангелие се чита на литургиите во текот на годината
4
СОВРЕМЕНА БИБЛИСТИКА КРИТИКА
I. НАУЧЕН ПРИОД КОН СВЕТОТО ПИСМО
I.1. Кога започнало научното проучување на Светото писмо?
I.2. Каде започнал целосниот научен приод?
I.3. Дали рационализмот предизвикал либерализам и критика?
I.4. Го прифатиле ли католиците?
I.5. Што прави Православието?
I.6. Што е неопатристичка синтеза?
I.7. Што треба да придонесе научното проучување на Библијата?
II. НЕДОСТАТОЦИ ВО НАУЧНИОТ ПРИОД КОН СВЕТОТО ПИСМО
II.1. Каде се појавуваат недостатоците?
II.2. Кому му служи таквиот научен приод?
II.3. Каков е односот на православните?
III. СОВРЕМЕНАТА БИБЛИСКА НАУКА
III.1. Од кога се предизвиците за наука?
III.2. Како приоѓале кон Библијата и кој ја проучувал?
III.3. Бил ли Христос учител, истражувач и научник?
III.4. Кои апостоли се значајни интелектуалци?
III.5. Нели светите отци и учителите на Црквата биле најголемите универзитетски умови?
III.6. Каков е денешниот развој на библиската наука?
VI. МЕТОДИ НА СОВРЕМЕНАТА БИБЛИСКА НАУКА
VI.1. Историско-критички метод
VI.2. Новата литературна критика
VI.3. Канонска критика
VII. СОВРЕМЕНИ ОПШТЕСТВЕНИ ПРИОДИ КОН БИБЛИЈАТА
VIII. ДОБРОТО И ПРИДОБИВКИТЕ ОД СОВРЕМЕНАТА БИБЛИСКА НАУКА
IX. ЛОШОТО И СЛАБОСТИТЕ НА СОВРЕМЕНАТА БИБЛИСКА НАУКА
IX.1. Оддалеченост од теологијата
IX.2. Отсуство на духовноста
IX.3. Негативизам и цинизам
IX.4. Пренагласениот скептицизам, емпиризам и рационализам
X. ПРАВОСЛАВНИ ПОГЛЕДИ И ЗАКЛУЧОК
X.1. Кое е местото на библистите во Црквата?
X.2. Колку се професионализира теологијата, богословието и библистиката?
X.3. Каква е универзитетската состојба?
X.4. Како се напушта духот на Библијата?
X.5. Каков е православниот однос?
XI. БИБЛИЈАТА – КНИГА ШТО ПРЕОБРАЗУВА
XI.1. До каде стигнала Библијата во светот?
XI.2. Како се однесувале кон Библијата?
XI.3. Му треба ли Библија на нашево време?
XI.4. Ненаметливо те освојува
XII. ШТО РЕКЛЕ ГОЛЕМИТЕ УМОВИ ЗА СВЕТОТО ПИСМОП Р И Л О З И
Ι. БИБЛИСКИОТ ТЕКСТ НА НОВИОТ ЗАВЕТ
Ι.2. ГРЧКИОТ ТЕКСТ НА НОВИОТ ЗАВЕТ
Ι.3. ИСТОРИЈА НА ГРЧКИОТ ТЕКСТ НА НОВИОТ ЗАВЕТ
II. НАЈСТАРИ СЛОВЕНСКИ РАКОПИСИ ОД НОВИОТ ЗАВЕТ
I. ГЛАГОЛСКИ
II. КИРИЛСКИ
КОРИСТЕНА И КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА -
Тајните на иновациите на Стив Џобс
0500,00 денВо неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.
„Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“
– Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc.
„Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“
– Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба
„Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“
– Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.
-
Тајните на милионерскиот ум
2400,00 денОваа книга ни ги открива тајните чекори кои стојат помеѓу посакувањето успех и достигнувањето успех. Ни открива како размислуваат милионерите и нè насочува како треба да размислуваме и дејствуваме ако сакаме богатство во животот.
Дали некогаш сте се запрашале зошто и како некои луѓе се збогатуваат толку лесно, а други како да се осудени финансиски да се измачуваат цел живот? Дали тоа се должи на разликите во нивното образование, интелигенција, вештини, тајминг, работни навики, контакти, среќа или нивниот избор на професија? Шокантниот одговор е: ниедно од горенаведените!
Т. Харв Екер вели: „Дајте ми 5 минути и можам да ви кажам каква ќе ви биде финансиската иднина до крајот на животот!“ Тој го прави ова со идентификување на вашиот вграден „нацрт“ за пари и успех. Сите ние имаме еден таков нацрт во нашата потсвест и токму тој го детерминира нашиот финансиски успех. Може да знаете сè за маркетинг, продажба и финансии, но ако вашиот паричен нацрт не е правилно поставен за голем успех, никогаш нема да имате многу пари – или дури и да ги заработите, ќе ги изгубите! Екер ќе ви покаже како да создадете нов нацрт со кој ќе стигнете до успех и пари. Според Екер, лесно е! Ако размислувате и се однесувате како богатите, тогаш има големи шанси и самите да се збогатите!
-
Таму
0700,00 денТАМУ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН. Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ТАМУ. Тргнувајќи од „Жена и зелен ѕид“ и „Црвен ѕид (Бруклин)“, две слики што се читаат речиси како „колор филд“ платна, ТАМУ нè води на патување што е исто толку за чинот на гледање колку и за искусувањето место. Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ.
-
Танц околу Сонцето
0360,00 денШто е вистината? Сè е само впечаток.
„Имам седумдесет години. На насловната страница изгледам како да имам седумдесет. Очните капаци ми се подуени, од алергијата. Очите постојано ми се вцрвенети. Лицето ми е мртовечки бледо, а кога сонцето ќе го допре, него го поздравува со пеги.
Во книгата се соблеков докрај. Одвреме-навреме, ослободена од каква било суета, се чувствувам одлично во својата стара, набрчкана, пегава кожа.
Жената која ве гледа, таа сум јас. Јас – старата. Јас – изморената. Јас – заситена од животот и среќна што сум жива. Зар не се гледа среќата на моето лице? Прочитајте ја книгата, во неа клечи среќата. Зар не ме слушате? Штета. Се смеам на цел глас.“
Ведрана Рудан
Во автобиографијата „Танц околу сонцето“, искрено и без разубавување, Ведрана Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов. За тоа зошто во социјализмот било неможно да се добие отказ и како станала првата новинарка која успеала да добие отказ во новиот хрватски демократски режим.
Конечно, Ведрана Рудан ни покажува зошто во животот е најважно и најтешко без срам да се погледнеш себеси во очи.
-
Танци со коски
0550,00 ден„Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“
Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.
Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.
Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А со неа расте и неговата неспринципиелност.
Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.
Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?
-
Танцувај со мене
0520,00 денПо долго време, легендарната Сузан Елизабет Филипс се враќа со емотивен роман за женскоста, дивите срца и исцелувачката моќ на љубовта.
Кога животот ја разочарува по којзнае кој пат, младата вдовица Тес Хартсонг бега во мало гратче високо во планините Тенеси, надевајќи се дека во природата ќе успее да побегне од скршеното срце и да го најде мирот којшто ѝ е потребен за да си дојде на себе. Но наместо спокој и тишина, пронаоѓа енигматичен уметник кој исто така е во потрага по самотија, еден слободен дух со премногу тајни, едно беспомошно новороденче, група љубопитни тинејџери и град сомничав кон секој новодојденец, особено таквите тврдоглави како Тес. А подеднакво тврдоглав е и Иан Норт; комплициран, надарен маж со измачена душа – човек кој ја тера Тес да преиспитува сè.
Бегајќи кон овој нов живот, Тес се прашува: дали целосно ќе се изгуби себеси… или ќе си ја пронајде иднината?
-
Татјана и Александар I: Втората Америка
0500,00 денТатјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.
-
Татјана и Александар II: Мостот Кон Светиот Крст
0500,00 денТатјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана. -
Татко ми, Босфор
0350,00 денНа самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.
Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.
Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.
Што имаат заедничко девојките со исто име?
И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта.
-
Твоите пет следни потези
0490,00 денУспешните претприемачи и шаховските велемајстори имаат визија да ги погледнат фигурите пред нив и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите. Ќе добиете: ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете. СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци. ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња. ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности. УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање стратешка предност.
-
Твој Толак
0370,00 денСтариот Толак е човек со многу противречности. Горделив е и избувлив, но и праведен и нежен. Тој води битка со новиот, непрепознатлив свет во кој одамна не наоѓа смисла и сѐ уште бескрајно ја сака својата прекрасна сопруга Ингеборг, која исчезнала пред неколку години. А сега, тој умира.
Неговите две деца ретко го посетуваат, останат му е само Одо, или Одо Будалата како што го нарекуваат соседите, кого Толак како мал го прибрал да живее со неговото семејство. Тој ќе настојува ќерката и синот да го посетат за последен пат — зашто е дојден моментот кога молчаливиот човек треба да проговори и конечно да им ја открие тајната која со години му ја јаде душата.
Во овој краток роман, во кој се испреплетуваат елементи на љубовна приказна, на семејна драма и на неизвесен трилер, истакнатиот норвешки автор Торе Ренберг слика трогателен, комплексен и вознемирувачки портрет на маж од „стариот свет“, кој е релевантен и денес. Роман за потрагата по смисла и за суштинските нешта во животот.
Тригери: семејно насилство, ментално здравје.
-
Твојата вина
0599,00 денУште поголема романса, но и предавство, разочарување, мистерија: сето тоа ве чека во продолжението на романтичната сага за лошото момче со добро срце и за добрата девојка со голема храброст.
Кога Ноа се вљуби во Ник знаеше дека нивната врска нема да биде едноставна: тие се целосна спротивност, оган и струја, а кога се заедно светкаат молњи… во секоја смисла.
Досега нивната страст беше посилна од гордоста, но разликата меѓу нив и сеништата што ги демнат обајцата, сето тоа постојано ги доведува во искушение, како темпирана бомба што се заканува дека ќе ги разнесе.
Во љубовта не е сè и секогаш мед и млеко, а Ник и Ноа мораат да научат како заедно да се соочат со пречките и да не дозволат некој да ги раздвои.
Дали Ноа, навистина, е подготвена да се соочи со своите стравови и повторно да му верува некому?
Дали Николас ќе успее да го остави своето минато зад себе и да ѝ го отвори срцето на една личност?

