-
Снежно слепило
0330,00 ден„Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат. -
Снешко
0500,00 денНоември е, Осло е завеан од првиот снег. По враќањето од работа, Бирта Бекер го пофалува снешкото што го направиле син ѝ и маж ѝ во дворот. Но не го направиле тие… Синот сфаќа дека, наместо да гледа кон улицата, снешкото е свртен кон куќата. Црните очи гледаат право низ прозорецот. Во нив.
Вишиот инспектор Хари Хуле добива анонимно писмо. Потпишано со „Снешко“. Подоцна, меѓу застарените случаи на исчезнати лица, Хари открива редица вознемирувачки сличности. Исчезнуваат мажени жени со деца токму во денот на првиот снег… Истата ноќ, Силвија Отерсен се пробива низ првиот снег во шумата во близина на Осло. Знае дека животот ѝ зависи од тоа дали ќе избега, но не знае што ја гони. За среќа, не знае ни што ја чека на патот…
„Несбе со право важи за најпризнат писател на трилери во Норвешка. Она што ќе го открие Хари Хуле засекогаш ќе го промени вашето мислење за белата добродушна фигура. Снешко е извонреден трилер што ќе ви ја расипе дремката додека надвор вее снег.“ Нешнел паблик радио (САД)
-
Со љубов од Лондон
0490,00 денКога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родниот Лондон, оставајќи ги Вал и татко ѝ сами. Вал сега има триесеттина години и пропаднат брак зад себе, па се чувствува како да не си го сака животот – и знае дека нејзиното срце сѐ уште е скршено благодарение на тоа што била напуштена од сопствената мајка.
Во еден горко-сладок сплет на судбината, Вал добива абер дека нејзината мајка починала и ѝ го оставила својот стан, како и имотниот лист за една книжарница. Иако веста е поразителна, Вал одеднаш цврсто решава да открие која и каква била нејзината мајка навистина. Го прелетува океанот, го напушта Сиетл и започнува нов живот во преубавиот Лондон.
Полека, но сигурно, Вал почнува да ја составува сложувалката за животот на Елоиз во Англија, но и да се вљубува во станчето уредено во пастелни бои, пријатното соседство и шармантниот излог на книжарницата. Кога дознава дека постои ризик книжарницата да пропадне, Вал мора да почне да соработува со нејзините ексцентрични вработени за да ја спаси ситуацијата. Во текот на тој процес, дознава многу повеќе за Елоиз отколку што мислела дека е можно. Додека Вал се обидува да ја спаси книжарницата, Елоиз полека ја раскажува својата приказна, а мајката и ќерката откриваат страшни и болни вистини. -
Со љубов од Париз
0390,00 денКога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.
Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?
Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.
Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…
-
Со секој здив
0450,00 денХоуп Андерсон се наоѓа на крстопат. На триесет и шест години, таа веќе е во врска со своето момче, хирург-ортопед, цели шест години. Бидејќи сѐ уште нема свадба на повидок, а дознаваат дека нејзиниот татко боледува од АЛС, таа решава да помине една недела во семејната викендичка во Сансет Бич, Северна Каролина, за да ја подготви за продажба, но и да размисли за сите тешки одлуки поврзани со иднината.
Тру Волс никогаш претходно не бил во Северна Каролина, но доаѓа во Сансет Бич поради писмо од човек кој тврди дека му е татко. Тру е сафари водич, роден и пораснат во Зимбабве, кој се надева дека ќе успее да открие дел од мистериите околу животот на мајка му и да врати спомени изгубени со нејзината смрт. Кога на двајцата туѓинци им се вкрстуваат патиштата, нивната хемија е електрична и незамислива… но во деновите кои следат, нивните чувства ќе бидат принудени да им отстапат место на семејните должности наместо на личната среќа.
Колку може да биде срцепарателно каењето, колку долго може да преживува надежта? Со секој здив е приказна која ги истражува многуте лица на љубовта и лојалноста, поставувајќи го прашањето: Колку долго може да живее еден сон?
-
Собрани раскази
0700,00 ден„Преобразба“, „Пресудата“, „Селски лекар“, „Уметник во гладување“ и сите останати раскази на Франц Кафка!
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во неговото творештво. Во текот на својот живот објавил само дел од нив. Повеќето од нив се објавени постхумно и против неговата волја. Книгата е поделена во три дела: раскази што Кафка ги објавил во своите книги во текот на животот, раскази кои не ги вклучил во книгите, но се објавени одделно на различни места, и раскази од неговата оставнина. Меѓу нив се наоѓаат и скици за романи. Делата на Франц Кафка се сметаат за клучни текстови на Модерната, а оваа книга за првпат на македонски јазик ги пренесува сите сочувани куси прозни творби на еден од најголемите автори на едно место.
-
СОВЕТИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ
0500,00 денДента кога дознава дека нејзиниот маж, славниот уметник Хју Вокер забременил друга жена, Нора се заколнува: Има да се вратам во живот, колку време и да ми треба!…
Потребни ѝ се три години. Со помош на најверната пријателка бега од Њујорк во тивкиот Пикод, каде што ја води колумната Совети за преживување во локалниот весник и внимателно му ја подотвора вратата на нов маж во својот живот. Но кога Хју со своето совршено семејство се доселува во истиот град, цврстината ѝ се поткопува. Повторно љубомора, понижување, гнев… а потоа шокот дека брачната двојка е убиена во својот дом. Нора не може да даде цврсто алиби за ноќта на убиствата. Сеќавањата ѝ се мрачни колку и фантазиите за одмазда. Додека обрачот околу неа се стега, таа мора да се соочи со една своја темна страна и да докаже дека не е единствената со мотив за убиство…
Во своето книжевно деби Рене Шафрански ни нуди возбудлив психолошки трилер проткаен со хумор. Роман за личната потрага по вистината која понекогаш на сите ни се лизга низ прсти, но и за потрагата по втора шанса во животот.
„Мајсторски напишана крими-мистерија со остроумна и храбра хероиња која заслужува серијал.“ Буклист
-
Совети за спасение во денешниот свет
1150,00 денСтарец Пајсиј Светогорец
Нашата молитва треба да ја поделиме на три дела: еден дел да задржиме за себе, еден ќе биде наменет за нашите живи браќа, Црквата и за целиот свет, а еден дел за нашите упокоени браќа, кои не смееме да ги заборавиме.
„Човекот може многу едноставно да се спаси“, му рече старецот на еден посетител, кој беше судија. „Доволно е само да го посака тоа и да ја повика божествената помош. Сакајќи да го спаси оној кој ја повикува Неговата помош, Бог без двоумење ќе Го испрати Својот Син или некој Светител, за да спаси макар и еден, единствен човек. Во тоа многу помага љубовта и добрата волја. Љубовта им е сосема туѓа на демоните, и заради тоа поборниците на ѓаволот, во еден миг се уништуваат еден со друг, бидејќи меѓу нив не постои љубов, која би ги соединила.“
„Старче, многу сум расеан во текот на молитвата.“
„Тоа ти се случува, бидејќи ти својот ум не го концентрираш на целта на молитвата, и му дозволуваш да скита таму-ваму. Ако се потрудиш да го собереш умот, да ја изговараш молитвата Христова и смирено да молиш за Божја помош, расеаноста ќе исчезне сама по себе.“
Читајте го Светото Писмо бидејќи тоа е боговдахновено и во себе Го има Светиот Дух. Оној што го чита, го просветлува умот и ја чисти душата. Вие направете сѐ што е во ваши раце, а сѐ друго со доверба предадете го во Божји раце.
Вистинското покајание се состои во тоа, човекот прво на совеста да го почувствува својот грев, да почувствува болка, да посака Бог да му прости и дури потоа да се исповеда. Само во тој случај ќе стигне Божјата утеха. Затоа секогаш препорачувам прво покајание, па потоа исповед. Само исповед, никогаш не препорачувам.
-
Совпаѓање
0490,00 денВајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.
-
Совршен допир
1350,00 денМарија е силна и независна архитектка, успешна и истакната во својата област, па не е никакво изненадување кога добива понуда за работа во престижна компанија. Нејзиниот хумор зачинет со многу сарказам, способноста да се шегува дури и на своја сметка и вечно позитивната енергија која зрачи од неа, ја прават како магнет за сите во нејзина околина, но особено за мажите, кои не остануваат имуни ниту на нејзината огнена коса, полните сензуални усни, крупните искрени очи и женствените облини. Но тие нејзини очи кријат голема тајна и имаат исплакано премногу солзи во животот, а зад нејзината убава насмевка лежи незамислива болка.
Кога почнува со работа во новата компанија, таа веднаш му го привлекува вниманието на најимпресивниот маж кој некогаш го сретнала. Темнокосиот Александар плени со своите сини очи и лесната, секси насмевка; очигледно е дека многу жени паѓаат на неговиот шарм, но Марија има штит од изградени ѕидини околу себе, кој ѝ помага да одолее на искушението. Не само што не сака да се плетка со колеги, туку и знае дека тој не е слободен маж, па јасно поставува граница. Но, разумот е едно, а неверојатната конекција и неодолива привлечност помеѓу нив нешто сосема друго… Кога ситуацијата почнува да излегува од контрола во еден нејзин момент на слабост, Марија ја искористува деловната можност и заминува во Италија, за да побегне што подалеку од него, и од болката која тлее во неа цели 18 години и овој пат ѝ се заканува целосно да ја скрши.
-
Совршена дремка
0500,00 ден„Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.
Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?
-
Совршена недомаќинка
0420,00 денАдвокатката Саманта Свитинг, невидена работохоличарка, прави фатална грешка за првпат во својата брилијантна кариера – толку незамислива грешка, што си ги уништува сите шанси некогаш да стане партнер во адвокатската фирма каде што работи.
Избезумена од паника, излегува од својата канцеларија во Лондон, се качува во воз и завршува Бог знае каде. Кога влегува во една голема, прекрасна куќа за да праша за насоки затоа што е изгубена, доаѓа до недоразбирање и помислуваат дека е кандидатка дојдена на интервју, па како гром од ведро небо, ѝ нудат работа како домашна помошничка. Нејзините работодавачи немаат поим дека всушност вработиле адвокатка, а Саманта нема поим како се одржува едно домаќинство; таа не знае ни да спржи јајце. Не знае да зашие копче, не знае да испече компири, не знае да ја отвори даската за пеглање. Но решава да вдише длабоко и да почне да се справува со ситуацијата и тогаш почнува толку слатка приказна, како и лебот што таа учи да го меси и пече (додека истовремено по малку се вљубува).
Но дали стариот живот ќе ја стигне? И ако е така… дали таа воопшто ќе сака да му се врати?
-
Совршената дадилка
0300,00 денКога Мирјам одлучува да почне да работи наместо да остане домаќинка, таа и нејзиниот сопруг бараат совршена дадилка за своите деца. Никогаш не сонувале дека ќе ја најдат Луиз: тивка, љубезна, посветена жена, која умее да пее приспивни песни, го чисти нивниот стан во Париз, останува доцна без приговор и приредува прекрасни забави за децата. Но, како што парот и дадилката стануваат сѐ позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Потоа, еден ден, две деца се убиени од eдна „совршена дадилка“! Градејќи напнатост со секоја страница, овој роман е возбудливо и храбро набљудувано истражување на моќта, класата, расата, семејството, мајчинството и лудилото! Во 2016 година романот ја добива наградата „Гонкур“ и набргу станува бестселер со над 450 000 продадени примероци!
-
Совршениот господин
0430,00 денПримерниот!
Наследникот на грофот од Харгејт, Бенедикт Карсингтон, виконтот од Ратбурн, е совршен аристократ. Висок, црн и привлечен, познат по своите беспрекорни манири и доброто потекло. Бенедикт ги познава сите општествени правила и не му претставува никаков проблем да ги почитува – сѐ додека не се појави таа.
На лош глас.
Батшеба Вингејт е припадничка на лошата гранка на фамилијата Де Лусеј – позната по озлогласените лажговци и измамници. Не е ни чудо што токму затоа, нејзиниот маж, инаку син на благородничка фамилија, останал без наследство. Кога станала вдовица, со скромни приходи, Батшеба решила на својата ќерка да ѝ обезбеди стабилен живот и пристојно воспитување. Никој и ништо нема да ги попречи нејзините планови – сѐ додека не се појави тој.
Совршениот!
Но, тогаш немирната ќерка на Батшеба, го привлекува бистриот внук на Бенедикт за потрага по легендарно богатство. За да ги спасат витезите-скитници, Бенедикт и Батшеба тргнуваат во спасувачка мисија што ќе ги доведе во опасна, интимна блискост. Тоа е состојба што речиси гарантира хаотична завршница – дури и скандал! – ако во неа биде вклучен кој и да е друг. Но, Бенедикт држи сѐ под совршена контрола. Под совршена контрола и покрај неговата луда желба да ги прекрши сите правила.
Совршена контрола?
Како да не…„Уште една возбудлива, романтична, на моменти секси сторија.“
‒ Џулија Квин -
Совршениот син
0500,00 ден„Се надеваме дека Вашиот син ќе може да ни одговори на неколку прашања во врска со едно девојче кое исчезнало синоќа…“
Ерика Кас има совршено семејство и совршен живот. Сѐ до вечерта кога двајца детективи се појавуваат на нејзината врата.
Една средношколка исчезнува од тивката предградска населба на Ерика. Полицијата се сомнева во најлошото – убиство. А синот на Ерика, тинејџерот Лиам, е последниот кој го видел девојчето живо.
Ерика отсекогаш насетувала нешто мрачно и вознемирувачко во нејзиното навидум совршено постаро дете. Таа сака да верува дека тој е невин, но како што доказите се трупаат, така ѝ станува сѐ потешко да се бори против вистината – можно е Лиам да го направил незамисливото.
И сега таа мора да се запраша себеси: колку далеку е подготвена да оди за да го заштити сопствениот син?
-
Совршеното дете
5450,00 денКристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.
Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.
Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.
Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.
