-
Скарлет и Блесок
0250,00 денСкарлет и Блесок уживаат во Академијата за еднорози. Тоа е совршено место каде што можеш да се забавуваш, а и да бидеш палав!
Волшебното езеро почнува да замрзнува и можно е да се затвори училиштето! Скарлет и Блесок не можат да поднесат да бидат разделени, па одлучуваат да откријат кој стои зад големото замрзнување и да ги вратат работите на свое место…
-
Скарлетна студија
0300,00 денПрвото дело во детективската серија за Шерлок Холмс кој го воведува читателот во неговиот енигматичен универзум.
Кога д-р Џон Вотсон доаѓа да живее на улицата „Бејкер“ со Шерлок Холмс, нема претстава дека штотуку навлегол во еден нејасен свет на криминал и насилство. Придружувајќи го во една злокобна куќа во јужен Лондон, Вотсон запрепастено открива мртовец чие лице е згрчено во ужас. На телото нема траги од насилство, додека на ѕидот со крв е напишан еден единствен збор. Доктор Вотсон е еднакво збунет како и полицијата, но брилијантните аналитички вештини на Шерлок наскоро ќе го расплеткаат клопчето на убиството, одмаздата и изгубената љубов.
„Скарлетна студија“ е запознавање со познатото дуо – ликовите на Шерлок Холмс и д-р Џон Вотсон. Мистеријата околу откривање на извршителот на убиството случено под неразјаснети околности набрзина ги претвора во најдобри пријатели, а целата истрага води кон испишување на студија на случај наречен „Скарлетна студија“.
„Холмс!“, извикав. „Ти ли си? Зарем е можно да си жив? Можно ли е да си успеал да се искачиш од тој ужасен амбис?“
-
Скопјани
0290,00 ден„Оваа книга е мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења, и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“ ќе напише Гане Тодоровски во белешката кон Скопјани, што можеби неслучајно се наоѓа во средсрцето на оваа книшка. Низ овие стихувани страници со документаристичка вредност, поетот пее за конкретни теми, објекти и личности сместени во реалистична просторно-временска рамка каде што опеаното се актуализира. Овде поетската слика е отворена и согледлива, што ја прави оваа поетска збирка комуникативна и читлива и надвор од својот контекст.
-
СКОПЈЕ 091 (БОЕНКА ЗА ВОЗРАСНИ)
0250,00 денСкопје ја доби својата прва боенка. За возрасни.
Со доза сатира, па и гротеска, ова е боенка што вртоглаво ќе ви го смени „градогледот“ ‒ од нејзините страници ѕурат лицата на некои од најпрепознатливите зданија и симболи на нашето старо-ново Скопје.
Но има тука и доза носталгија. За градот убав. За неотсонуваниот сон на Кензо Танге, таткото на постземјотресно Скопје. За заборавениот Пикасо во МСУ. За Чаршијата и Камениот мост. За Старата железничка, за ГТЦ. И апел за чист воздух. За она што Скопје некогаш беше, она што е, она што можеше да биде.
Ова е еден урбан омаж за Скопје, во еден неочекуван медиум, што на секоја нова страница изненадува со својата визија и порака. Извадете ги боичките и дајте му свои бои на Скопје 091 на Васил Шемкоски.
-
Скоро парижанка
0300,00 денДевојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе.
Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. И подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.
„Обожавам да читам книги чиишто ликови сакаш да ги запознаеш и во реалноста. Ликови за кои знаеш дека ако вистински постојат – животот никогаш нема да биде
досаден.“
„Оригинално париско четиво!“
„Забавно, смело, искрено и со вкус.“
„Би било одлично сценарио за романтична комедија како на Вуди Ален.“
-
Скриен потенцијал
0600,00 денАдам Грант уште еднаш ни објаснува на кој начин можеме да се издигнеме, себеси и другите, до неочекувани височини.
Живееме во свет опседнат со дарбите. Ги воспеваме талентираните ученици на училиште, природно надарените спортисти во спортовите, децата генијалци во музиката. Меѓутоа, додека им се восхитуваме на луѓето кои почнуваат со вродени предности, како да превидуваме колку далеку можеме да стигнеме самите ние. Потценуваме колкав спектар вештини можеме да научиме и колку добри можеме да станеме. Секој од нас може да се подобрува. А, кога приликите сами не ви затропаат на врата, постојат начини на кои самите ќе си направите врата. „Скриен потенцијал“ нуди нова рамка со чија помош ќе си ги подигнете амбициите и ќе ги надминете очекувањата.
Адам Грант преплетува пионерски докази, изненадувачки согледувања и живописно раскажани приказни, со што нè вади од четирите ѕида и нè носи насекаде – од училницата до олимписките терени, од утробата на земјата до вселената. Покажува дека напредокот не зависи од тоа колку напорно работите, туку од тоа како учите. Растот нема врска со генијалноста што ја поседувате – туку со карактерот кој го развивате. Грант истражува како се градат карактерни вештини и мотивациски структури со чија помош го реализираме нашиот потенцијал, и како да се осмислат системи кои ќе создадат можности за сите оние кои се потценувани. Оваа книга открива како секој може да се издигне до ниво на кое ќе постигне големи нешта. Вистинското мерило на вашиот потенцијал не е колку е висок врвот на кој сте се искачиле, туку колкав пат сте минале за да стигнете дотаму. -
Скриени желби, немирни патувања
0350,00 ден„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.
Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив.
Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето. -
Скриено во снегот
0550,00 ден#1 УБИСТВАТА ВО ОРЕ
Непосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е пронајдено мртво тело: смрзнато како камен, со усните истенчени од студ. Многу нешта укажуваат дека се работи за убиство.
Инспекторот Даниел Линдског дома има новороденче и нервозна и исплашена партнерка. Полицајката Хана Аландер долетува во Оре откако е присилена да замине од работното место во градската полиција на Стокхолм, ист ден кога момчето со кое одамна е во врска ѝ раскинува. Двајцата набргу длабоко се внесуваат во истрагата.
„Скриено во снегот“ е првата книга од драматичната серија романи од авторката Вивека Стен, чие дејство се случува на прекрасните шведски планини. Стен ја слика величествената природа преплетувајќи ја со силни описи на ликовите, со што создава напната мистерија за убиства која едноставно го маѓепсува читателот.
Се подготвува снежна бура, температурите вртоглаво паѓаат, сè повеќе животи се во опасност. Уште колку жртви ќе има пред да излезе вистината на виделина?
-
Скрши го мразот
0590,00 денАнастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим. Се натпреварува во лизгање уште од петгодишна возраст, има комплетна студентска стипендија благодарение на нејзината позиција во лизгачкиот тим и секојдневен распоред на активности од кои би липала и најамбициозната личност на светот. Стаси не си игра, Стаси секогаш цели на победа. Без исклучоци.
Нејтан Хокинс никогаш немал проблем што не може да го реши. Како капитен на Тајтанс, добро знае што значи одговорноста да го носиш целиот тим на рамена на мразот. Но благодарение на едно недоразбирање, двата тима мораат да го делат лизгалиштето, а партнерот на Анастасија се повредува. Тогаш Нејт е принуден да го замени хокеарскиот стап за хеланки и стариот страшен тренер за уште пострашен.
Тие се заглавени заедно на повеќе од еден начин, но во ред е, бидејќи Анастасија мрази хокеари… нели?
-
Скулптор на смртта (Robert Hunter #4)
2490,00 ден„Имаш среќа што не го запали светлото…“
Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.
Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.
Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.
Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.
-
Скулптор на смртта #4 (тврд повез)
0590,00 ден„Имаш среќа што не го запали светлото…“
Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.
Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.
Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.
Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.
-
Слава Му на Бога за сè
0250,00 денСв. Јован Златоуст
Избрани беседи, мисли и поукиКога ќе слушнете за постот, не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови…
Само едно е штетно – гревот.
Макар и целата вселена да се труди да ти наштети, ако сам не си наштетиш, нема да претрпиш никаква штета. -
СЛАВНАТА ИНВАЗИЈА НА МЕЧКИТЕ НА СИЦИЛИЈА
0280,00 денЕднаш, многу одамна, на високите планини на Сицилија мирно си живееле мечките со својот крал Леонцио. Еден ден, додека шетале низ шумата, двајца ловци му го грабнале синчето Тонио. За да го пронајдат, а и за да ја преживеат студената зима, кралот Леонцио ги поведува своите мечки во долината, во светот на луѓето.
Во тој свет тие се соочуваат со многу непријатни работи – вооружениот отпор на Надвојводата, веприте-војници на благородникот Молфета, духовите во стариот замок Ѓаволска карпа, страшниот ѕвер Трол и џиновскиот Мачор Крволочник… Благодарение на својата досетливост и магиите на професорот Де Амброзиис, мечките успешно ќе ги надминат сите пречки. И кога конечно ќе влезат во театарот Ексцелзиор на циркуската претстава, ќе видат едно мало мече што оди по јаже. Токму кога кралот Леонцио ќе го препознае своето изгубено синче, се случува трагедија!…
Стариот професор со тешко срце ја жртвува последната магија на своето волшебно стапче. И така, работите ќе се средат – правдољубивиот Леонцио станува крал на сите, мечињата си играат со децата, а луѓето живеат во слога со своите рунтави собраќа. Сè додека не ги присвојат човечките пороци…
Прекрасна илустрирана читанка за сите возрасти!
-
Слаткарницата на кривогледиот Џим
0300,00 денВо слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот.
Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание и на квалитетната и на дру-гата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да создадат и реална и фиктивна претстава за светот. -
Слатко сонувај
0500,00 денИсчезнувањето на две четиригодишни девојчиња не може да биде заборавено, иако може да остане неразјаснето. Сепак, порано или подоцна, минатото ќе се разбуди.
Исчезнаа во ист ден. А сега ги оплакуваат на истите гробишта, секоја во својот гроб. Но, нивните сандаци се празни. За да одгатнат како се поврзани овие два случаи, полицискиот инспектор Еверт Гренс и неговиот доушник Пит Хофман мораат да навлезат во најмрачниот од сите светови и да се изборат со најтешката и најужасната задача досега, задача што води до мрачниот свет на вистинските чудовишта – уживатели на детската болка. Се заработуваат милиони од болните страсти на анонимните онлајн клиенти. Детективите треба да ја тргнат маската зад една меѓународна криминална мрежа, но зад маската се кријат уште многу лица.
А на беспомошните девојчиња итно им треба помош!
-
Слаткоречив туѓинец (Тревис #3)
2420,00 денЏек Тревис има прилично едноставен и некомплициран живот како тексашки милионер и плејбој. Тој не дава никакви ветувања, љуби многу жени и живее за задоволство. Но вистината е дека никој никогаш ја нема допрено неговата душа и нема стигнато до неговото срце. Тој е нескротлив и безгрижен сѐ до моментот кога една жена му се појавува на врата со видлив бес на лицето и бебе во рацете.
Лутата жена е тетка на бебето и таа тврди дека Џек е таткото на бебето. Вистинската мајка го напуштила детето, препуштајќи ѝ ја грижата за него на својата поодговорна сестра. И сега, од Џек се бара да преземе одговорност за првпат во животот.
Со неодолива романтична тензија и ликови кои се толку живи што чиниш чекорат по страниците и влегуваат директно во твоето срце, Лиса Клејпас повторно создала една од оние приказни кои те засмеваат, расплакуваат и оставаат вечна трага во твоето срце и ум.