-
Бестрашните пилотки
0450,00 денПрекрасна приказна за Женската воздухопловна служба чија храброст за време на Втората светска војна ги претворала обичните жени во исклучителни хероини.
1941. Одри Колтрејн отсекогаш сакала да лета. Затоа уште од мали нозе го преколнувала татка си да ја научи на малиот аеродром во близина на нивниот дом во Тексас. Затоа се пријавува да обучува воени пилоти во Хаваи кога почнува војната во Европа. И затоа не е заинтересирана за никаква романса која би можела да ја оддалечи од сонот, дури ни со шармантниот поручник Џејмс Харт, кој набрзо ѝ станува подеднакво ценет пријател како и жените со кои лета. Еден судбоносен ден, се наоѓа затекната во воздухот над Перл Харбор баш кога бомбите почнуваат да паѓаат, и одеднаш повеќе никаде не се чувствува безбедно.
Не сакајќи сите загуби да бидат залудни, Одри се приклучува на Женската воздухопловна служба. Поврзаноста што се раѓа помеѓу неа и останатите пилотки одново ја потпалува искрата надеж во очи на војната и – кога Џејмс исчезнува во акција – ѝ дава сила да се бори во војната, не само за својата држава, туку и за љубовта која ѝ станува неописливо важна.
„Бестрашните пилотки“ е прекрасен приказ на женската храброст и љубов, кој расветлува еден прилично непознат, а моќен дел од историјата.
-
Библиотекарката од Аушвиц
0500,00 денЖивотот, сечиј живот е многу кус. Но, ако успееш да бидеш среќен, барем во само еден момент, вредело да го живееш. Базирана на искуството на преживеаната затвореничка од Аушвиц, Дита Краус, ова е неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја сочува магијата на книгите за време на холокаустот.
Четиринаесетгодишната Дита е една од многуте луѓе, што нацистите ги заробиле во Аушвиц. Одведена заедно со родителите од квартот Терезин во Прага, се обидува да се прилагоди на ужасниот живот во логорот. Кога еврејскиот водач Фреди Хирш ќе ја замоли да ја преземе грижата за осум драгоцени книги што затворениците успеале да ги прошверцуваат покрај стражарите, таа се согласува. И така Дита станува библиотекарката од Аушвиц.
Од едно од најмрачните поглавја во човечката историја, ни доаѓа оваа исклучителна приказна за храброста и надежта.
„Иако напишана без никакво затскривање на незамисливите ужаси во логорот на смртта, ова е сторија што сепак го величи животот.“ ─ Киркус ривјус
„Незаборавен роман, што ќе ви го скрши срцето.“ ─ Паблишерс викли
-
Бигор шарпланинецот
0250,00 денНе познавам ниту еден автор кој со зборовите може да ги долови глетките и со таква сила да ги оживее емоциите – да нѐ маѓепса и целосно да нѐ опчини – како што тоа го прави Ферид Мухиќ. Книгата зборува за пријателството и посветеноста, при што и авторот и шарпланинецот Бигор покажуваат еднаква верност станувајќи си еден на друг чувар, заштитник – поткрепа!
Д-р Марија Дун, профeсорка на Универзитетот во Питсбург
Трогателна сага за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот, која спонтано прераснува во метафизичка ода на пријателството и неговата трансцендентна димензија, изземена од неумоливиот тек на времето – за да му ја подари на физичкиот свет есенцијалната состојка што самиот е конститутивно неспособен да ја изнедри, а без која „животот не е вреден за живеење“!
Д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје
-
БИДЕТЕ ОПСЕДНАТИ ИЛИ БИДЕТЕ ПРОСЕЧНИ
0450,00 денНЕ ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПОМЕЃУ ОВА И ОНА, ПОМЕЃУ УСПЕХОТ И ДОБРИОТ ЖИВОТ. ТОА Е ЗА ПРОСЕЧНИТЕ ЛУЃЕ ШТО ЈА ИЗГУБИЛЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА ИДНИНА. ОПСЕДНАТИТЕ ЛУЃЕ БАРААТ СЀ И ДОБИВААТ СЀ.
По огромниот успех на Правилото 10Х, докажаниот бизнис-експерт Грант Кардон одново нѐ советува со потврдени техники од своето сопствено искуство!
Бидете просечни или бидете опседнати е брутално искрена книга. Таа ќе ве извлече од комфорната зона и ќе го скрши оклопот на просечност што општеството цврсто го обвиткал околу вас. Ќе ви помогне да ја ослободите моќта на опсесијата, а потоа ќе ве научи како да се грижите за неа и да ја насочите кон остварување на своите најголеми сoништа.
Без разлика со што се занимавате, оваа книга ќе ви помогне да ги зацврстите и да ги развиете својот бренд и бизнисот до зачудувачки височини, наспроти сите пречки и сета конкуренција. Зашто опсесијата е критичниот дел на успехот – поважна е и од стратегијата, цените на производот, изборот и распоредот на времето; таа ви нуди вистинска слобода и целосна контрола на вашиот живот – на личен, финансиски и на емоционален план.
-
Бидете полезни
0400,00 денСакате да си помогнете себеси? Помогнете им на другите.
Најголем бодибилдер на сите времиња. Најплатен актер. Режисер, претприемач, инвеститор, подучувач, политичар. Сето тоа се однесува на еден човек, кој верува дека сè може да се постигне со сопствените раце и со силен ум.
Напишана со неговиот толку карактеристичен искрен и сугестивен глас, Шварценегер ги носи читателите на возбудлива прошетка запознавајќи ги со своите алатки и принципи за духовно богат и осмислен живот. Несебично ни покажува како да ги користиме за да ја создадеме посакуваната иднина, збогатувајќи ги со интересни приказни што вклучуваат големи успеси, но и застрашувачки падови. Некои од нив веќе ги знаеме, други се за првпат раскажани на овие страници.
Животниот пат на Шварценегер е восхитувачки и инспиративен – успева да излезе од родното село во Австрија и со упорност и многу работа, скалило по скалило, се искачува кон успехот. Никој нема да ви дојде на помош – можете да сметате единствено на себе, нè поучува тој. Но и нè охрабрува: вие самите сте си сосема доволни. А ако сакате да си помогнете себеси, помогнете им на другите!
-
БИДЕТЕ СВОЈ ПСИХОТЕРАПЕВТ
0340,00 денПотребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.
Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.
Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга.
-
БИДИ И ИМАЈ
0650,00 денСо промена на вибрациите до финансиска слобода!
Ова не е обична книга за парите, ова е необична книга за парите.
Ова е духовна книга за парите бидејќи парите се дел од духовноста.
Само нè убедувале дека не се. Нè убедувале дека не смееме да ги сакаме или да ги имаме. Оваа книга може да ви помогне да сфатите дека не е така. Дека сме дојдени како духовни битија во материјалниот свет за да можеме да го живееме балансот меѓу духовното и материјалното. Но дека прво поентата е да БИДЕШ за да можеш да ја живееш сета убавина и да ИМАШ.
ИМАЈ ќе биде ваша награда за БИДИ. Ова е книга што ќе ги освести вашите негативни програми за парите, која ќе ви помогне да ги промените вашите убедувања што не ви служат, која ќе ве воведе во методите со кои ќе ја менувате својата вибрација кон парите и која ќе стане ваш сопатник во практиката на патот до остварување финансиска слобода. Вреди да бидете возбудени бидејќи, штом ќе поверувате во она што ќе го прочитате овде и ќе станете доследни во практичната примена на наученото, финансиското изобилство и слобода ќе станат дел од вашата реалност.
А слободата е најголемиот подарок што можете да си го подарите себеси.
-
Бизарни раскази
0350,00 денЗбирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме.
Бизарен е светот во кој живееме, ставен во непрестајно движење и постојано менување. Такви се и овие фасцинантни раскази огромно патување, книга што преку чудовишното ги поткопува сите очекувања. Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата. Што ли го чека на следната страница?
Ова не се само приказни за клонирање, осаменост и неможност да се сфатиме себеси и својата положба во утврдените општествени улоги, туку секој расказ е визија што ја поттикнува потребата да му дадеме смисла на светот. Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме.
-
Бизарните букети
0280,00 денСега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс – бизарен букет испратен во домот над-р Вотсон, што само таа забележува, означува смрт. Енола мора што побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.
„Бизарните букети“ е третата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.
-
Били Ајлиш
0350,00 денОТКРИЈ СÈ ШТО САКАШ ДА ЗНАЕШ ЗА ЛОШАТА ДЕВОЈКА НА ПОП-МУЗИКАТА ВО ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА КНИГА!
Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, Били навистина е една и единствена.
Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации. Откриј сè што те интересира за оваа музичка мегаѕвезда.
-
Битлсите
0890,00 денВо текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со ,,Битлсите” додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап-бе само Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици-која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија. Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животните на ,,Битлсите”, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.
-
БЛАЖЕНСТВАТА ЗЕМНОНЕБЕСНИ СКАЛИЛА
0200,00 денВовед
Introduction
Макариологија
Macariology
Прво блаженство
(First Beatitude)
Второ блаженство
(Second Beatitude)
Трето блаженство
(Third Beatitude)
Четврто блаженство
(Fourth Beatitude)
Петто блаженство
(Fifth Beatitude)
Шесто блаженство
(Sixth Beatitude)
Седмо блаженство
(Seventh Beatitude)
Осмо блаженство
(Eighth Beatitude)
Деветто блаженство
(Ninth Beatitude)
Поговор
Epilogue
Литература -
БОГ МИ Е СВЕДОК
0350,00 денДОБИТНК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА
Бог ми е сведок е хумористичен и трогателен портрет на убавините, злата и спротивностите на современото грчко општество, виден низ очите на еден крајно несовршен а мошне симпатичен антихерој.
Оваа животна приказна ја раскажува Хрисоваландис, педесетгодишен маж на работ на пропаста, кој неодамна останал без работа и кој се бори со влошеното здравје. Длабоко набожен, наивен и емотивно незрел, сиот свој живот им бил жртва на луѓето околу себе. Неговиот злобен газда најмногу уживал да се изживува со него, жените во неговиот живот го сакале само поради парите, а татко му и сестрите ‒ со кои сè уште живее ‒ го презираат и го понижуваат. Напуштен од сите, талкајќи за последен пат по улиците на Атина на Бадник, со само еден куфер в рака, полуживата фигура на Хрисоваландис е одраз на чудовишноста на едно сурово општество што неизбежно го отфрла.
Во Бог ми е сведок Макис Цитас ни раскажува комична и болно тажна приказна за нашиот декадентен и циничен свет, во чест на сите трагични антихерои во кои се препознаваме.
-
Богат татко, сиромашен татко
0450,00 денКнига што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј
-
Богато дете, паметно дете
0500,00 денПарите не можат да те направат среќен. Но значат моќ, затоа што ти даваат можност да избираш.
Книга за сите родители кои сакаат да им дадат добра финансиска основа на своите деца подготвувајќи ги за современиот свет на брзи промени. Роберт Киосаки несебично ги споделува со нас сите инспиративни и практични знаења за парите и збогатувањето што тој ги добил од својот богат татко.
Богато дете, паметно дете покажува како да разбудите кај детето љубов кон учењето користејќи ги методите на умниот татко, кој му помогнал на Роберт да го заврши училиштето. Но денешниот образовен систем не нуди финансиска писменост, иако банкарот ни бара финансиска сметка, а не школско свидетелство. Оваа книга ви отвора врати за кои не сте ни помислувале дека постојат и ви овозможува да му дадете на своето дете знаења што ќе му користат цел живот, за да постигне личен и финансиски успех во вистинскиот свет.
Дајте им на децата моќ пред да им дадете пари. Помогнете им да добијат соодветни знаења и да создадат добро мислење за себе дека се силни, и ќе им помогнете да станат богати и паметни.
-
Богатство што не се купува со пари
0600,00 денНе биди роб на своето минато, туку господар на својата иднина
Револуционерна книга што ја преобликува дефиницијата за успех, за да ни покаже што навистина значи богат и исполнет живот. Следете го примерот на Шарма, зашто богатството со кое ќе го облагородите срцето е многу позначајно од сите материјални работи и од сето она што ќе го ставите во банка.
Вистинското богатство е многу повеќе од брз автомобил или луксузен одмор на егзотични острови. Парите се само еден вид на богатство. Затоа многу луѓе, и покрај финансиските успеси, се исклучително сиромашни кога станува збор за нештата што се навистина важни за животот – среќата, здравјето и спокојството.
Општеството ни продава варијанта на успех што многумина ги остава празни во душата, неостварени и полни со каење. За среќа, постои многу подобар начин на животот.
„Богатството што не се купува со пари“ ќе ви открие систем кој го менува животот и ќе ви помогне да го промените од корен пред да биде предоцна. Ќе научите дека формулата втемелена врз осумте скриени навики што ги користат вистински богатите луѓе е совршен начин за да ја земете судбината во свои раце.
Отворете ја оваа книга и дозволете човекот кој го најде ќупот со злато копајќи во себе, да ви понуди сознанија што водат до неисцрпен извор на богатство:
Како да станете сопствен создавач на добри шанси
Дури 90 % од вашата среќа доаѓа од правилно избраниот партнер
Секојдневно работете на себенадминување
Помагајте им на луѓето, служете во локалната заедница
Скриените навики на вистински богатите луѓе се лесно достапни за секој
Прифатете ја чудесната идеја да „исчезнете“ една година од лицето на светот…
Неверојатно моќна книга што ќе ви ги прошири хоризонтите. Полна со практични алатки и тактитки за трансформација, таа ви ја открива филозофијата со која конечно ќе ви се насмевне вистинското богатство.„Робин Шарма е неверојатен ментор. Тој е еден од највлијателните луѓе на денешницата.“
Дипак Чопра
„Ремек-дело. Задолжително треба да го прочитате, доколку посакувате навистина богат живот.“
Џ. Балвин