-
ПОЛИЦИЈА
0500,00 денНеочекувано, еден полицаец е најден мртов на местото на старо, нерешено убиство кое тој го истражувал. Никој не ни претпоставува дека постои некаква поврзаност меѓу двете убиства. Но кога истото ќе им се случи на уште двајца полицајци во следните неколку месеци, полицијата почнува да се сомнева дека постои одреден застрашувачки шаблон зад кој се крие таинствен сериски убиец. Ниеден од старите случаи не бил решен. Убиствата се вџасувачки брутални, а полицијата нема никакви траги. Што е уште полошо, Хари Хуле, нивниот најдобар детектив, веќе не може да им помогне…
Ју Несбе одново ни сервира ѓаволски интересна приказна за степенот кој може да го достигне човечкото зло. Освен полицијата, и читателот е вклучен во потрагата полна со најнеочекувани пресврти.
„Оваа страшно заплеткана приказна е еден од најмрачните и највознемирувачки романи на Несбе. Од овој стресен трилер морници ќе ве лазат со секоја страница.“ Њујорк тајмс
-
Половината што ми недостига
0500,00 денОд град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.
Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света.
По многу години, едната сестра се враќа со својата црна ќерка во родниот град, а другата половина, Стела, влегува во светот во кој не припаѓа – нејзиниот бел маж не знае ништо за нејзиното минато. Но дури и одвоени со километри и со многу лаги, судбините на близначките остануваат испреплетени. Што ќе се случи со следната генерација кога ќе се вкрстат приказните на нивните ќерки?
Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја.
„Половината што ми недостига е роман на годината, речовит нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот.“ Тајм
-
Полскиот боксер
0330,00 денЕдуардо Халфон е професор по литература кој пронаоѓа талентиран студент растргнат меѓу студиите и семејните обврски, истовремено внук кој се осмелува да го праша својот дедо за броевите тетовирани на неговата рака, а потоа и патник кој трага по борделите во Белград по пијанист кој можeби е – а можеби и не е – стар пријател.
Од еден крај на светот до друг, од Аушвиц до Гватемала, од југот на Соединетите
Американски Држави до Голи Оток и Белград, Халфон ја мапира географијата на идентитетот во свет прекриен со заветот на насилството и прогонството…
„Смешно и разоткривачко четиво… Како што границите, физичките и менталните, се прецртуваат и се менуваат, приказните што ни ги раскажува Едуардо, нам и на самиот себеси, се разоткриваат не само како делумни туку и фантастични, невистинити. Полскиот боксер можеби никогаш и не постоел. А сепак, тоа не е начин да се намали задоволството што го нудат многубројните приказни на Халфон“, Њујорк тајмс
-
Полуде ли светот? Фикциja или реалност
0350,00 денЌе мораме да си подадеме рака меѓу себе и со цврст и јасен чекор да зачекориме кон иднината.Сега ќе знаеме каде одиме. Со љубов и соработка да откриваме нови хоризонти, нови перспективи што ќе му бидат корисни на човештвото.
-
Понекогаш доаѓа среќа
0250,00 денМладата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врзува за своето синче. Средбата меѓу девојката и зрелиот човек навестува љубов, но не им ги олеснува животите. Во насловот се насетува среќен крај, ама до него треба да се стаса низ многу пречки, болни интимни соочувања и преиспитувања… низ созревање.Овој роман само навидум се движи по еднонасочен колосек. „Попатните станици“ го прават богат и слоевит, непредвидлив, возбудлив… (…Љубовта те прави свесен за неименливиот недостиг…)
„Оваа загадочна исповед во нашите раце не е љубовен роман. Или барем не претендира да биде. Таа ги допира најранливите места на нашата склоност да се приврзуваме за сенките и одблесоците на она што замислуваме дека сме. Местата каде што започнува секое наше суштинско прогонство… и, одново пронаоѓање.“отец Методиј Златанов
-
Понуда од џентлмен (Бриџертон #3)
0450,00 денЌе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.
Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
-
Порака во шише
0500,00 денИзраснат во екстремно религиско семејство, кога пораснал, педантно и безмилосно тргнал во поход да се одмазди на сите секти за своето несреќно и заробено детство.
Планот му го загрозува шише, пронајдено на морски брег, а потоа со години заборавено во шкотска полициска станица. Во шишето се наоѓа порака што е мошне уништена и тешко читлива. Единствено може да се забележи: ПОМОШ!
Кога шишето стигнува во рацете на инспекторот Карл Морк во Данска, заедно со помошниците Асад и Роуз тој ќе успее да дешифрира повеќе букви од пораката.
Станува јасно дека некаде во деведесеттите години две момчиња биле киднапирани, а ова шише е единствениот знак на живот што тие го испратиле.
Но кои се момчињата и зошто нивните родители никогаш не пријавиле дека се исчезнати? И, што се случило со нив?
„Порака во шише“ во 2010 година ја доби престижната награда „Стаклен клуч“ во категоријата најдобар нордиски крими-роман на годината.
-
Поранешниот ти
0480,00 денЛин Нејсмит се откажа од работата што ја сакаше кога се омажи за Ед, љубовта на нејзиниот живот. Но, вредеше, заради среќните години што ги проживеаја заедно. Сега, десет години подоцна, на Ед му е дијагностицирана рана деменција и почнуваат да се случуваат чудни работи- почудни од загубени клучеви и проголтани зборови. Како што некои сеќавања се заборавени, така, други, долго заборавени, испливуваат на површината… и совршениот свет на Лин почнува да се урива.
Но, кој тука си замислува нешта, Ед или Лин?…
-
ПОРЕЧКИ МАНАСТИР
0500,00 денСОДРЖИНА
I. БИБЛИСКА МАКЕДОНИЈА – РИЗНИЦА НА СВЕТОСТА
I.1. Македонија – именувана во Библијата
I.2. Богородица дошла во Македонија
I.3. Апостол Павле во Македонија
I.4. Македонија – мајка на словенскиот јазик и писмо
I.5. Македонија – земја на свети градби
II. ПОРЕЧЕ – ХРИСТИЈАНСКИ КРАЈ
II.1. ПОРЕЧЕ – име, местоположба, вера
II. 2. Порече – дел од Светиклиментовата Величка епархија
III. ПОРЕЧКИ МАНАСТИР
III. 1. Поречкиот манастир – светилиште од постсветиклиментовиот период.
III. 2. Новиот живот во манастирот
IV. ОТКОПАНИ ВЕКОВИ
IV. 1. Староградбата на манастирот. Архитектура
IV. 2. Новооткриено фрескосликарство врз староградбата
V. ФРЕСКОПИС
V. 1. Фрескоживопис од постсветиклиментовиот период
V. 2. Фреска на ктиторот или игуменот
V. 3. Олтарски фрески
V. 4. Фрескодеисис
V. 5. Остатокот во наосот
V. 6. Грандиозна фреска – чудо во фрескоживописот
VI. СРЕДНОВЕКОВНО КНИЖЕВНО БОГАТСТВО
VI. 1. Академикот Владимир Мошин во манастирот
VI. 2. Поречки средновековни ракописи
VI. 2. 1. Празничен минеј, ракопис од XIV век
VI. 2. 2. Стојков празничен минеј, ракопис од XIV век
VI. 2. 3. Изборно Евангелие и Апостол, XIV век
VI. 2. 4. Поречки октоих – петогласник, од XV век
VI. 2. 5. Поречко четвороевангелие, од XVI век
VI. 2. 6. Бенческо четвороевангелие, од XVI век
VI. 2. 7. Литургиски зборник, од XVI век
VI. 3. Средновековни книжевници од Порече
VII. ПОРЕЧКИОТ МАНАСТИР – НАРОДЕН И ВЕРСКИ ЦЕНТАР
VII. 1. Поречкиот манастир тврдина на народниот дух и бит
VII. 2. Манастирот – духовен брод за издигнување на поречката душа до небесното царство
TABLE OF CONTENTS
I. BIBLICAL MACEDONIA – Treasury of holiness
I.1. Macedonia – mentioned in the Bible
I.2 Mother of Good came to Macedonia
I.3 St. Apostle Paul in Macedonia
I.4 Macedonia – Mother of the Slavic language and literacy
I.5 Macedonia – Land of holy buildings
II. PORECE – CHRISTIAN LAND
II.1 Porece – name, location, faith
II.2 PORECE – PART OF SANCLEMENTS EPARCHI OF VELIKA
III. MONASTERY OF PORECE
III.1 Monastery of Porece – sanctuary from post-Clement period
III.2 New life in the monastery
IV. UNEARTHED CENUTURIES
IV.1 Monastery archaic building. Architecture
IV.2 Newly discovered frescoes on the archaic building
V. FRESCO PAINTING
V.1. Frescoes from post-St. Clements period
V.2 Fresco from the patron or the abate
V.3 Frescoes in the altar
V.4. Fresco paintings
V.5. Rest of the nave
V.6. Grandiose fresco – Miracle in fresco
VI. MEDIEVAL LITERARY TREASYRE
VI.1. Academician Vladimir Mosin in the Monastery
VI.2. Medieval manuscripts from Porece
VI.2.1. Festive menology, manuscript from XIV century
VI.2.2. Stoikov Festive Menology, manuscript from XIV century
VI.2.3 Aprakos Gospel and Epistle Lectionary from XIV century
VI.2.4 Porece Octoechos – “petoglasnik” from XV century
VI.2.5. Porece Tetraevangelion from XVI century
VI.2.6. Bence Tetraevangelion from XVI century
VI.2.7. Liturgical Anthologion, from XVI century
VI.3. Medieval writers from Porece
VII. MONASTERY OF PORECE – PEOPLES AND RELIGIOUS CENTRE
VII.1. Monastery of Porece the fortress of peoples spirit and essence
VII.2. The Monastery – spiritual ship for raising the Porece
soul tward heavens kingdom -
Порив
0500,00 денЛуѓето имаат внатрешен порив да бидат автономни, самоопределени и меѓусебно поврзани. А кога ќе го пронајдат тој порив во себе, постигнуваат повеќе и живеат побогати животи.
Што ги мотивира луѓето подобро да работат? Покачувањето на платата, бонусот или некој друг вид награда? Или, пак, казната ако поставената цел не се оствари? За жал, повеќето веруваат дека овој метод е најдобриот начин за мотивација.
Но експертот Даниел Х. Пинк убедливо го оспорува ваквиот пристап кон менаџментот. Тој изнесува издржани докази против него, засновани врз научни сознанија, и нуди радикално поинаков пристап согласно човековата природа и потребите на денешната економија.
Пинк открива каде се разидуваат науката и бизнисот и како тоа влијае врз секој аспект на животот. Преку досетливи и изненадувачки техники ни ги претставува трите елементи на вистинската мотивација – автономија, мајсторство и намера, и ни дава практични начини за нивна примена со цел да го смениме начинот на размислување, а со тоа и целиот живот. Луѓето постигнуваат најдобри резултати кога се мотивирани однатре, а не однадвор. Ова најдобро го потврдуваат компаниите кои смело го воведуваат ваквиот модел за мотивација.„Пинк во целиот свет веќе има статус на гуру… Тој е беспрекорен писател кој предизвикува.“
Фајненшел тајмс„Овие се лекции што треба да се повторуваат. Колку повеќе компании се осмелуваат да ги следат советите на Пинк, толку подобро.“
Волстрит џурнал -
ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ
0800,00 денП О Г О В О Р
Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните е книга од Библијата – книга од Книгата над книгите – дел од Светото писмо, кое е надвредносна вредност. Овде го имаме Посланието и неговата содржина, со разјаснување и толкување. Тоа е од особено значење за верата, за културата, за науката и за книжевноста, коишто кај нас, – во Македонија, започнале токму со Библијата и со светиот апостол Павле.
Овој труд е од посебна важност и значително е неговото присуство во рацете на културната, научната и другата заинтересирана јавност. Посебно е значаен неговиот придонес во разработката на библискиот текст.
Книгава дава исклучително нови научно-истражувачки анализи од книжевното и текстолошкото проучување на Библијата и нејзиното значење во нашата култура, а посебно за нашето македонско јазично подрачје.
Овде е протолкуван секој библиски збор од Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните, дури и сложенките се расчленети. Над секој стих е созерцавано и с# е јасно искажано, за да се избегне каква и да било двосмисленост и нејасност.
Бидејќи овој труд е единствен во македонската библистика, се надевам дека ќе наиде на посебен интерес кај културната јавност, особено кај проучувачите на библиските текстови, а и во теолошкото образование кај нас, како и кај православните верници и сите што сакаат да ја разберат евангелската мисла и порака, да ја усвојат и да живеат според неа.
Во македонското книгоиздателство вистинска реткост е книга со библиска содржина, како што е оваа. Неа жедно ја очекуваат и студентите на Православниот богословскиот факултет во Скопје.
Овој труд го дава својот научен придонес за развивање на библиско-богословската мисла кај нас, а и во светот, бидејќи ретки се научните трудови од оваа област. Ова е единствено вакво дело на македонски јазик за библиската книга Послание на светиот апостол Павле до Римјаните. Тоа е од значаен национален интерес и за културата во Македонија.
-
Последна понуда (Dreamland Billionaires #3)
0590,00 денКалахан
Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал. Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.
Алана
Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.
Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат.
И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.
-
Последна станица Аушвиц
0350,00 денНеверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот.
Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година. Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти.
Како што се приближувал крајот на војната, нацистите избегале, водејќи со себе многу затвореници. Еди се скрил под куп стара облека и останал во логорот.
Наоѓајќи бележник и молив, тој во наплив на инспирација почнал да пишува за своите искуства. Резултатот е „Последна станица Аушвиц“, извонредна приказна за животот како затвореник, запис за борбата за преживување, но и за треперливите моменти на радост што Еди и Фридел ги наоѓале еден во друг. Документирајќи ги најдоброто и најлошото од човештвото, ова е уникатна и безвременска приказна што нè потсетува на она за што сме способни како луѓе, но и дека има надеж дури и во пеколот.
-
Последната годишнина
0490,00 денСофи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја запросил, Софи му го скршила срцето.
Една година подоцна, Томас повторно влегува во нејзиниот живот за да ја извести дека ја наследила куќата на неговата тетка Кони на островот Скрибли Гам. Софи се сели на островот и го запознава семејството на Кони – галерија од интересни и необични ликови. Меѓутоа, по смртта на сестра си, Роуз почнува да се прашува дали еднаш одамна таа и Кони донеле добра одлука и дали дошло времето да ја открие тајната од дамнешното минато што би можела на сите да им ги промени животите од корен.
-
Последната желба
0550,00 ден1996 е годината која менува сѐ за Меги. Кога на шеснаесет години ја праќаат да живее со тетка која едвај ја познава, во далечно гратче на брегот на Северна Каролина, не може да мисли на ништо друго, освен на пријателите и семејството кои ги остава зад себе… но тоа почнува да се менува кога го запознава Брајс Трикет, еден од малкуте тинејџери на островот. Прекрасен, искрен и полн со живот, Брајс ја запознава со многуте убавини на градот опкружен со плажи, но и со фотографирањето, страст која ќе го дефинира остатокот од нејзиниот живот.
До 2019 година, Меги веќе е познат фотограф. Таа има успешна галерија во Њујорк, но истовремено и многу патува на далечни места низ целиот свет. Но оваа година неочекувано останува дома за Божиќ, избезумена од страшна дијагноза. Бидејќи станува сѐ позависна од својот асистент, таа се зближува со него. Додека заедно ги одбројуваат последните денови од празниците, таа почнува да му раскажува приказна за еден друг Божиќ, од пред многу декади – и љубовта која ја насочила кон животот кој никогаш не можела ни да си го замисли.
-
Последната камелија
2420,00 денРомантична и неизвесна приказна за две жени чии судбини се испреплетуваат низ годините.
На работ на Втората светска војна, на еден имот во Англија, една личност го крие последниот опстанат примерок од ретка камелија по име Мидлбериска розова камелија. Флора, ботаничарка од Америка, ја контактира лидерот на интернационален синџир на крадци на ретки цвеќиња со понуда да се инфилтрира во куќата во Англија како дадилка и да дојде до реткото растение. Од чист очај, таа е принудена да ја прифати понудата, но приказната се заплеткува кога Флора почнува да се вљубува во еден член на семејството.
Половина век подоцна, дизајнерка на градини, Адисон, престојува во англиската вила, која сега ја поседува семејството на нејзиниот сопруг, Рекс. Тие двајца имаат страст за решавање мистерии, која овде ја потпалува мистериозната камелија и еден стар градинарски дневник што го наоѓаат во куќата. Неговите страници упатуваат на нешто злобно скриено. Дали опасноста што некогаш ја демнела Флора сè уште е жива? И дали Адисон ја чека истата судбина?
