-
Опкружени со психопати
0399,00 денДали често налетувате на луѓе што секогаш имаат комплимент во ракавот и прават да се чувствувате добро? Шармантни, харизматични и манипулатори – психопатите се токму такви, и тоа е тоа што ги прави опасни…
***
Користејќи го истиот систем на класификација на однесувањето во четири бои, употребен и во меѓународниот бестселер Опкружени со идиоти, Томас Ериксон ги прикажува најчестите форми на контрола што ги користат психопатите за да влијаат на луѓето околу себе. Бидејќи со манипулација се среќаваме и кај личности што немаат психопатски карактеристики, авторот вклучува и практични техники што ќе ви помогнат да ги препознаете и да ги пресретнете скриените намери на таквите манипулатори.
***Оваа книга ќе ви помогне да го разберете сопственото однесување и своите слабости, како и да проникнете во туѓите намери и стратегии. Ќе дознаете на кој начин можете да се спротивставите на влијанијата на манипулаторите, како на работното место, така и во социјалниот живот и во семејството.
Надмудрете ги психопатите и заштитете се себеси! -
Опра
0750,00 денПознатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше – реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кејли, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и восхити секој читател.
„Резултатот [од истражувањето на Кејли] е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја… Опра e, во секој поглед, една храбра и смела книга“.
—Лос Анџелес тајмс
„Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кејли: кули од книги и купишта исечоци… стотици интервјуирани личности… Таа ни ги отвора портите од светот на Опра“.
—Вашингтон пост
„Биографијата на Кити Кејли за Опра Винфри е како натпревар меѓу Кинг Конг и Гоѕила – само, во случајов – во светот на славните“.
—Њујоркер
-
Оригами за вешти прсти
0250,00 денВо светот на оригами има голем број нацрти за најразновидни фигури.Во овој сет вклучени се некои од најпопуларните – брод, жерав, гатачка, вртелешка, цвет и кутија. Целта е да се преобликува рамен лист хартија во целосна скулптура преку техники на виткање и обликување.На почетокот, правењето оригами може да ви изгледа тешко или комплицирано. Не брзајте, следете ги внимателно инструкциите и бидете трпеливи. Резултатот ќе ве воодушеви.Забавувајте се! -
ОРУЖЈАТА НА КРИТИЧКИОТ И ЛЕКОТ НА НЕГУВАЧКИОТ РОДИТЕЛ
0400,00 денЈазикот коски нема, но коски крши, вели народната мудрост. А сите сме почувствувале дека некогаш зборовите печат повеќе и од шлаканица. Користејќи ги како моќни алатки, но и како смртоносни оружја, негувачкиот и критичкиот родител можат да го демотивираат, па дури и трајно да го оштетат своето дете, или пак позитивно да го поттикнат неговиот развој, создавајќи на тој начин возрасен човек што ќе го има истото мислење за себе какво што имале и неговите родители. Репертоарот на погрдните (дискаунтирачки) зборови е огромен: вол, свиња, гуска, кокошка, глупак, смотан, трчи-лажи… Свесно или несвесно омаловажувајќи го, родителите засекогаш запечатуваат во детската свест одредени „сценарија“ за неговата личност и судбина. .
Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител е предупредување за моќта на зборот и книга-апел што ни е потребна на сите, зашто секој од нас треба да ја преземе одговорноста за искажаните зборови и за нивното влијание, особено врз децата. .
-
Ослободете ја моќта на потсвеста
0400,00 денВо животот го добивате она во што верувате.
Сите ние имаме неверојатен потенцијал да бидеме, да постигнеме и да добиеме сè што ќе посакаме, замислиме или во кое вистински веруваме. Но за жал, само малкумина целосно го остваруваат, а повеќето луѓе не успеваат да ја препознаат и искористат безграничната моќ на потсвеста.
Овие 52 неделни афирмации и многуте практични и докажани техники на Џозеф Марфи ќе ве поттикнат да го подобрите секој дел од вашиот живот. Со помош на желба, имагинација и верба, ќе успеете да создадете нова реалност. Оваа книга е ваш личен водич кон посреќен, побогат и поисполнет живот. Следејќи ги упатствата, ќе ги откриете моќта на сопствениот ум и бесконечните можности што постојат насекаде околу вас.
Најуспешните луѓе низ историјата не се оние кои едноставно ја прифаќаат реалноста онаква каква што е, туку оние кои мечтаат за подобра реалност и кои толку длабоко веруваат во неа што можат дури и да создадат нова!
-
Ослободување
0450,00 денДУЕТ: RELEASE #1
Додека растев, Ремзи Стјуарт ми остави белези во душата што времето не умее да ги излечи.
На дванаесет години, ме праша дали сакам да му бидам девојка.
На тринаесет ми го подари првиот бакнеж.
На шеснаесет се вљубивме и планиравме заедничка иднина.Љубовта никогаш не пропаѓа.
За Ремзи, пропадна.
Љубовта го изневери.
Јас го изневерив.
Сиот свет го изневери.На седумнаесет години, Ремзи беше осуден за убиство на момчето што ме силуваше.
Заборави ме, ми напиша во првото и последно писмо од затворот.
Почни нов живот, настојуваше.
Не те сакам повеќе, излажа.Никогаш не помислив да се откажам од него. Можеби љубовта е нашето проклетство, но тој ми е во срцето – тогаш, сега и засекогаш.
Сега, по дванаесет долги години, го чекам да излезе низ затворските порти мажот којшто не го ни познавам.
-
Ослободување #3 Детската куќа
0400,00 денБрилијантна и неизвесна приказна за мрачната страна на друштвените медиуми. Книгата ќе те натера да се запрашаш дали си објавил нешто за што можеби ќе зажалиш.
Полицијата дознава за злосторството на ист начин како и сите други: преку „Снепчет“. На видеото е прикажана преплашена млада девојка што моли за прошка. Кога е пронајдено нејзиното тело, тоа е обележано со бројот 2.
Детективот Хулдар се приклучува кон истрагата, доведувајќи ја во тимот детската психологинка Фреја за да помогне при испрашувањето на пријателите на убиената тинејџерка. Наскоро ќе дознаат дека Стела била далеку од оној ангел како што сите ја опишуваат, но кој би можел да ја мрази толку многу за да ја убие?
Потоа, исчезнува уште еден тинејџер, нови видеа се испратени по друштвените мрежи и се појавува тело со бројот 3. Вистината е далеку од едноставна. Фреја и Хулдар се согласуваат за најмалку две нешта: убиецот сè уште не завршил. И, дали некаде постои неоткриено тело обележано со бројот 1?
-
Осмица
0280,00 денМозаик од портрети на различни ликови, пишувани од женска или од детска перспектива, фатени во грч, во миг на преиспитување и соочување со сопствените мани и проблеми. Румена Бужаровска прави процеп на стварноста и од неа ги извлекува сите интимни драми на секојдневието.
Во новото издание на оваа збирка ќе се сретнете и со дел од нејзините рани раскази објавени во „Чкртки“. И тогаш и сега, со едноставен а богат јазичен стил, со проблеми од нашето општество а сепак универзални, Бужаровска мајсторски ги буди индивидуалците да се соочат со себе и да преземат одговорност за она што им се случува.
За да ги откорнеме негативните и дискриминаторски ставови, неправилните и неправедните навики, потребно е прво да се соочиме насамо со ликовите од овие раскази. Препознавајќи се во многу од нив, потоа со отворени очи и будна свест зачекоруваме кон новото утре.
„На читачката публика Румена Бужаровска ѝ е претставена како „новата надеж од Македонија“, како што потврдува оваа збирка раскази. Бужаровска пишува од јасна перспектива. Се запознаваме со неколку женски судбини, од кои некои се девојчиња, а други се млади, омажени жени. Линијата на женските судбини се заокружува со приказната за една старица. Најдоброто од Румена Бужаровска штотуку следува.“
Беким Сејрановиќ
-
Основно правило за успех: КУМУЛАТИВНИОТ ЕФЕКТ
1420,00 денБез евтини фори. Без преувеличувања. Без магични стапчиња. Според Дарен Харди постои само еден, многу едноставен и функционален принцип за успех, без оглед на кое поле во животот сакате да напредувате. Ако сте сериозни дека сакате да живеете исклучителен живот, тогаш искористете ја моќта на кумулативниот ефект за да го постигнете успехот кој го посакувате.
Оваа книга се базира на принципот дека одлуките што сите ги носиме во животот се оние кои ја обликуваат нашата „судбина“ и нашиот пат во животот. Малите секојдневни одлуки или водат до живот каков што сите посакуваме или пак до катастрофа. Дарен Харди, авторот и издавач на списанието УСПЕХ, направил збир на основните принципи кои се заслужни за најфеноменалните достигнувања во бизнисот, врските и општо во сите аспекти на животот.
Оваа книга треба да ја прочита секој кој копнее по нешто, без разлика дали тоа се однесува на подобра кариера, поуспешни и поисполнителни љубовни врски, подобро физичко здравје и тело, раст и усовршување или кој било друг аспект… бидејќи е како оперативен систем кој ви овозможува да го умножувате вашиот успех, да го бележите напредокот и да постигнете сè што сакате во животот.
-
Оставена пред олтарот
0550,00 денЖивотот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот.
Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.
Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.
Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.
-
Остави го светот зад тебе
0390,00 денАманда и Клеј стигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд на одмор: вистинско одморање од животот во Њујорк, минување квалитетно време со нивните син и ќерка тинејџери и вкусување на добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела. Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ја крши магијата. Рут и Џ. Х. се повозрасна црна двојка – куќата е нивна и тие пристигнуваат во паника. Ја носат веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. Но, во оваа рурална област – со телевизорот и интернетот исклучени, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува.
Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?
Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. Остави го светот зад себе истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.
-
Остани позитивен со Марко Аурелиј
0280,00 денМожам ли да останам позитивен и спокоен?
Овие се големи прашања што сите си ги поставуваме во одреден момент од животот. Но воопшто не е лесно да се најде соодветен и мудар одговор. Замислете си дека сите овие секојдневни прашања можете да му ги поставите на најголемиот стоички филозоф Марко Аурелиј. Оваа книга ви го овозможува тоа, зашто во неа ќе најдете:
– 79 прашања за животот
– 79 одговори од Марко Аурелиј приспособени на денешниот јазик
– поттикнувачки размисли за да го задржите позитивниот став во животот.
Кога работите течат совршено, оваа книга ќе ви помогне да го задржите духовниот мир. Но кога ќе тргнат наопаку – во семејството, љубовта, социјалните односи, работата – овие пораки ќе ви помогнат да им пристапите од поинаква перспектива и да ја издигнете својата свест. Само со таква свест ќе можете да се самосознаете и да стекнете храброст за надминување на проблемите и страдањето.
-
Остани спокоен со Сенека
0280,00 денСе чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат.
Се споредувам со другите и се чувствувам неуспешно.
Толку сум преплавен со мисли што не можам да спијам.
Се пронајдовте ли во некоја од овие реченици? Не грижете се, сите понекогаш се чувствуваме така, и тоа е сосем нормално. Но само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронадете:
– 79 прашања за животот
– 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека
– психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.
Ви посакуваме среќно психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека. Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот.
-
Остварете ги своите натприродни потенцијали
0580,00 денВо својата нова книга, д-р Џо Диспенца ги спојува квантната наука и древната мудрост за да ни покаже дека секој од нас може да доживее мистично искуство и да ги разбуди своите потенцијали до невидени нивоа. Врз основа на многубројни научни истражувања и сведоштва на обични луѓе што доживеале неверојатни искуства во својот живот, д-р Диспенца нѐ учи како да се споиме со фреквенцијата на единствената, универзална свест, како да ги поттикнеме и да ги урамнотежиме нашите осум енергетски центри, како да се ослободиме од минатото усогласувајќи го телото со новиот ум и како да креираме нова реалност менувајќи ја енергијата во сегашниот момент. Оваа книга е програма што ни овозможува да исчекориме од физичкиот свет и да влеземе во квантното поле на неограничени можности – во кое можеме да станеме кој било и да оствариме нешто чудесно.
-
Остров
0300,00 денКуќата е на крајот од ’ртот, во ретката борова шума, на островот. Сосем близу до гробиштата, далеку од малата рибарска населба. Тука, недалеку од морето, блескаво лете, смрачено и сиво зиме, живеат тие двајца, со години, отповеќе многу години, можеа и да заборават сè што било, оти било одамна, ама немаат заборавено, осудени се на сеќавање.
Негови се: мрежата, чамецот, рибите, говорите, тагата и бесот, талкањето по островот.
Нејзини се: готвењето, чистењето, цвеќињата, кокошките, клавирот за кој сонува, трпението и тивкото сеќавање.
Тој ги мрази своите риби, и вели: Утре ќе јадеме кокошка за ручек. Таа е поразумна, вели: Поарно риба.
Ова е прв превод на романот „Остров“ на македонски јазик.
-
Остров на тишината
0400,00 денПредизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.
Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.
Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?
