-
На чистите сè им е чисто
1200,00 денСтарец Виталиј
Опишувајќи го духовниот живот на христијаните, отец Виталиј на својот духовен син му напишал: „Бори се и не се отстапувај со духот. На фронтот не може да биде без ранети, така е и со душата.“
„Со каков страв и трепет сме должни да пристапиме кон Телото и Крвта Христови, Синот Божји! Немојте да мислите дека сте постеле една недела и веќе сте достојни за Причест. Подготвката не се состои во тоа да не пропуштиме ниту една служба, лажицата да не ја допреме до маслото, да се воздржуваме од храна, – потребно е внатрешно очистување: да немаме гордост, суета, непокорност, лошите мисли ни за момент да не се задржуваат во душата. Со примањето на Светите Тајни се осветува душата и телото, со нив Бог е присутен и во нас.“
„Моли се, за оние кои те клеветат, тие се твои пријатели, поради нив Господ ќе ти даде венец, а ако ропташ и со тоа самиот клеветиш, се лишуваш од венецот.“ По ова следува, избегнувај љубопитност, донесување судови и сѐ што е непотребно, што те засега. Секој ден подготвувај се себе си за искушение, за тага и секаква навреда, клевета и слично на тоа, знаејќи дека преку тоа доаѓа Божјата милост. Ако го претрпиш сето тоа ќе застанеш во редот на мачениците и без други подвизи ќе го задобиеш Царството Небесно.
Труди се секогаш да изговараш: “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“. Сметај ги сите за свети, никого не осудувај, трпи страдања кои наидуваат и за жалостите и за радостите благодари му на Бога, принудувај се себе си да правиш добро, не очајувај, исповедај ги гревовите на Бога, смирувај се, сеќавај се на страдањата Христови,сеќавај се на смртта, труди се, извршувај ги послушанијата, и така ќе бидеш со Господа.
Не суди и не осудувај никого, инаку самиот ќе се осудиш. Не труди се да разбереш што другите мислат, работат, сплеткарат и кле ветат, пројди покрај сè: ѓаволот се труди да те расее и одвлече од молитвата. Мисли на Бога, запазувај ги Неговите заповеди, слушај го духовниот отец; од ближните примај го во својата душа само она што е добро, што е согласно со Божјите заповеди.
-
Надвор од контрола (амок)
1590,00 денСебастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и застрашувачки трилер.
„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар.“
Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре. Не може повеќе да ја поднесе болката по смртта на нејзината ќерка. И има испланирано сè до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалак в рака, за да му наздрави на заборавот.
Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во најпознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници. Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник – во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ја замолува Ира да преговара со него.
Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му ја донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци…
-
Надвор од рамките
0500,00 денАко работиш доволно напорно и се докажеш, и ги користиш умот и имагинацијата, можеш да си создадеш свет каков што посакуваш.
Во оваа чудесна книга Малком Гладвел нè носи на интелектуално патување во светот на најдобрите и најмудрите, најпознатите и најуспешните – оние кои излегуваат надвор од рамките. Прашувајќи се што ги прави успешните луѓе поинакви, тој доаѓа до низа одговори што не сте ни знаеле дека ви стојат како загатки во умот.
Ние обрнуваме премногу внимание на тоа какви се успешните луѓе, без да ги земеме предвид околностите во кои живеат, нивната култура, фамилија, генерација… И обично забораваме дека тие се концентрираат на сопствената природа и постојано работат на свое подобрување и самонадминување.
Објаснувајќи ги тајните на софтверските милионери, што е потребно да се биде добар фудбалер, зошто Азијците се познати математичари и како Битлси станаа најпознатиот рок-бенд, Гладвел нè поведува во една неверојатна умствена авантура од другата страна на човечката природа.
„Дознајте што ги издвојува луѓето со високи достигнувања од останатите – од Бил Гејтс до Битлси – во неповторливиот број 1 бестселер на Малком Гладвел.“
Њујорк тајмс
-
Надвор од редот
0500,00 денВо 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет витални принципи за да се спротивставиме на исцрпувачкиот данок што неминовно гиоси нашата желба за уредување на светот според нашите мерила.
Во време кога човечката волја се наметнува над секоја сфера во животот, од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби, Питерсон нуди стратегии со чија помош можеме да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се чувствуваме немоќни. Иако хаосот ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да нè скамени и да нè натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по птавиот и тесен пат што го дели.
„Највлијателниот интелектуалец во денешниот западен свет“
Њујорк Тајмс
-
Наивност
0400,00 денМартин држејки го в раце болното дете, истовремено плачеше со Силвана. Детето беше во бесознание, по нецели пет минути стигна докторот кој веднаш го зеде детето во своите раце и го внесе во болницата, каде што влегоа Веле, Мартин и Силвана. Персоналот на болницата се зачуди што го виде докторот со детето в раце бидејки беше на одмор. Тогаш персоналот почна да го прашува докторот, што се случува, а тој им кажа дека е итен случај и дека детето што го држи во рацете, е од негови блиски пријатели и персоналот се затрча.
Дејствието на романот ,,наивност,, е во денешно време, тоа е една приказна што опишува наивноста до каде може да го доведе на човекот.
-
НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА ВАВИЛОН
0280,00 денТАЈНИТЕ НА УСПЕХОТ НА ДРЕВНИТЕ НАРОДИ – СИГУРЕН ПАТ КОН СРЕЌА И ПРОСПЕРИТЕТ
Безвременото дело Најбогатиот човек на Вавилон го содржи клучот на сите ваши желби и на сè што сакате да постигнете. Оваа книга досега им ја откри својата тајна за збогатување на безброј читатели.
„Вавилонските параболи“ запишани на глинени плочки се еден од аманетите што ни ги оставил древниот народ. Овие инспиративни и поучни приказни за економичноста, планирањето на финансиите и личното богатство ве упатуваат кон вистинскиот пат на успехот и радостите што го следат. Потврден како класика на модерното време, овој славен бестселер ви нуди длабоко разбирање и едноставно решение на личните финансиски проблеми.
Најбогатиот човек на Вавилон е книга што ги содржи тајните за тоа како да стекнете пари и како да ги натерате парите да работат за вас и да ви донесат уште поголемо богатство – и материјално, но и духовно. Прочитајте ја и препорачајте им ја на оние што ги сакате, ширејќи ја оваа древна мудрост.
-
НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА
0250,00 денНе е тајна дека зад успехот стои добрата организација на времето ‒ таа е и решение за стресот во ова брзо секојдневје.
Меѓутоа ова е еден малку поинаков дневник. Ќе ви биде верен бележник и потсетник за секојдневните активности и размисли. Но ќе ви биде и непресушен извор на мотивација и инспирација со своите мисли и пораки за боење, веќе добро позната медитативна техника за релаксација и смиреност. Совршен спој на практичното и инспиративното, неделна доза оптимизам, и бои што ќе му дадат ваш личен печат. Вам ви останува да планирате, пишувате, боите и размислувате ‒ и најдоброто несомнено ќе дојде!
-
Најдоброто од македонската кујна
01.200,00 денХраната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата.
Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна…
Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.
-
Најдоброто од мене
0450,00 денСите сакаат да веруваат дека вечна љубов е можна…
Во пролетта 1984 година средношколците Аманда Колиер и Досон Кол доживуваат длабока, судбинска љубов која им пркоси на строгите правила на животот во малото гратче Ориентал. Досон е осаменик од едно озлогласено семејство и верува дека љубовта кон Аманда му овозможува бегство од мрачната судбина. Аманда, пак, е добра, богата девојка која планира да оди на студии. Таа во Досон гледа нешто што е блиско на нејзиното бунтовно, страсно срце. Но со крајот на школската година неколку непредвидени настани ќе ја раздвојат младата двојка и секој од нив ќе тргне по сосем различен пат…
По дваесет и пет години, Аманда и Досон се среќаваат на погребот на Так Хостетлер, човекот кој на времето ѝ дал засолниште на нивната средношколска љубов. Ниту еден од нив двајцата не го живее животот за кој сонувале… и ниту еден не може да ја заборави страсната прва љубов што засекогаш им го сменила животот. Додека ги следат упатствата што им ги оставил Так, Аманда и Досон сфаќаат дека сè што мислеле дека знаат – за Так, за себе и за своите соништа – не е такво какво што се чини. Принудени да се соочат со болните спомени, двајцата поранешни љубовници ја откриваат непобитната вистина за своите одлуки. И за време на единствениот, возбудлив викенд, ќе се прашаат длабоко во себе: Може ли љубовта навистина да го промени минатото?
-
Најдолгото патување
0500,00 денСо нарушено здравје и сам на светот, деведесет и едногодишниот Ајра Левинсон се наоѓа на пуст асип по преживеаната сообраќајна несреќа. Тешко повреден, се бори да остане свесен и тогаш му се прикажува еден замаглен лик – саканата сопруга Рут од чија смрт поминале девет години. Тој грчевито се фаќа за нејзините зборови и повторно ги живее тагите и радостите на нивниот брак.
Студентката Софија Данко неочекувано го запознава младиот каубој Лук, кој има малку сличности со повластените момчиња што таа ги среќава на колеџот. Тој ја воведува во еден свет во кој се ставаат на коцка успехот и пропаста, па дури и опстанокот и самиот живот. Додека меѓу нив се раѓа љубов, Софија замислува иднина мошне различна од нејзините дотогашни планови… доколку не биде уништена од тајната на Лук.
Ајра и Рут. Софија и Лук. Две двојки што имаат многу малку заеднички работи и што ги разделуваат и годините и искуството. Нивните животи сепак неочекувано ќе се испреплетат, потсетувајќи нè дека дури и нашите најтешки одлуки може да нè одведат на неверојатни патувања – далеку од безнадежноста, далеку од смртта, до најдалечните дострели на човековото срце.
-
Најмрачното изгрејсонце
4390,00 денШарлот Милс е млада докторка воркохоличарка која веќе десет години се дави во темнината што го консумира нејзиниот живот. Десет години, од моментот кога нејзиното шестмесечно синче го киднапираат во парк додека таа се обидува да му го спаси животот на туѓо дете. Шарлот не живее, таа само механички тера ден за ден, работи од утро до мрак, крева раце од секаков приватен живот, не може да поднесе да биде во близина на деца и одбива да се откаже од надежта дека некогаш можеби ќе го пронајде својот син.
Два збора – толку требаше да се изгасне сонцето од моето небо. „Го нема“. Десет години ме консумираше мрак.
На крајот, пет едноставни, длабоки збора беа она што ми даде надеж за ново изгрејсонце. „Здраво. Јас сум Портер Рис“.
Кога го запознава Портер Рис, Шарлот за првпат по десет години добива волја за живот. Но и Портер има своја приказна, своја трагедија и своја темнина… Прашањето е дали тој ќе ѝ помогне конечно да тргне кон светлината или неговата темнина најпосле ќе ги проголта двајцата?
Најмрачното изгрејсонце е прв дел од дуетот The darkest sunrise, а вториот дел, Најсветлото зајдисонце, е веќе во подготовка.
-
Најпрекрасното злосторство на годината
0570,00 денЗапознајте ги Меги Чејс и Итан Вајат – новата кралица на мистеријата и мајсторот на трилерите. Таа го мрази од дното на душата, а тој мисли дека нејзиното име е Марси (иако таа постојано го поправа). Кога и двајцата ќе ја прифатат мистериозната покана од нивниот таен обожавател да го поминат Божиќ во Англија, никој од нив не очекува нивниот домаќин да биде најпознатиот автор во светот: Еленор Ешли, Војвотката на смртта.
На три дена пред Божиќ, надоѓа снежна бура, а следното утро Еленор ја нема. Исчезнала од заклучена соба. Меги почнува да се прашува дали Елеонор е во опасност или ова е некаков тест. Дали Итан е нејзин соперник или е единствената личност меѓу сомнителните гости на имотот покриен со снег на која може да ѝ верува?
Додека снегот продолжува да вее, телефоните не работат, а напнатоста расте, секоја трага ги доближува Меги и Итан до вистината, а нивното соперништво се претвора во неочекувано партнерство. Бидејќи овој Божиќ, двајцата мора да станат сојузници (а можеби и нешто повеќе) ако сакаат да ја спасат Елеонор.
Освен ако прво не се убијат меѓу себе…
-
Најсветлото зајдисонце
4390,00 денПортер Рис е вдовец и татко на две дечиња кој не може да го заборави хоророт кога за влакно ќе ги изгубел двете. Тој се труди да им обезбеди среќен и стабилен живот на своите деца, да им биде родител каков што заслужуваат, но истовремено се бори со сопствената беспомошност и бес додека го гледа неговото болно синче како му пропаѓа пред очи.
Зборови никогаш нема да ме повредат.
Лаги… Зборови ме уништија.
„Многу ми е жал. Таа не преживеа“.
„Тато, тој не може да дише!“
„Не можеме да направиме ништо за Вашиот син“.Тие слогови и букви станаа мојот џелат. Си велев дека ако не им придадам значење на болката и стравот, нема да имаат никаква моќ над мене. Но, како што поминуваа годините, така омразата и лутината што останаа почнаа да ме контролираат.
На крајот, она што ми даде надеж за ново изгрејсонце беа пет нежни свиленкасти зборови. „Здраво. Јас сум Шарлот Милс“.
Во некој совршен свет, Шарлот Милс и Портер Рис би се запознале и заљубиле во сосема поинакви околности. Но во реалниот свет, ги спојува токму она што засекогаш би можело да ги уништи.
-
Најсвирепиот месец
0500,00 ден#3 АРМАНД ГАМАШ
Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.
Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.
Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.
-
Најслаткиот филџан кафе
0320,00 денЕма е млада девојка, средношколка во музичко училиште, која го сака пеењето и свирењето виолина. Малку „презрела“ за своите години, или барем таа така се доживува себеси. Ема е паметна, Ема е интересна, Ема е убава; сите сакаат да се дружат со неа и каде и да оди го привлекува вниманието на момчињата. Но нејзиното внимание го привлекува токму оној кој не треба; личност која е забранета за Ема. Новиот, млад и прекрасен професор по солфеж, кој сепак е премногу „стар“ за малолетната Ема. Но забранетото секогаш е најслатко и најпривлечно, па така Ема се опседнува со професорот Огнен и не може да престане да мисли на него. Фантазира за него, го идеализира до бескрај и почнува да излегува каде што тој има свирки само за да биде во негова близина.
Кога нејзината најдобра другарка дознава за ова и ја советува да не се впушта во опасни води со постариот професор, Ема не сака ни да чуе; напротив, таа свесно ја оттурнува Марија од себе. Впрочем, таа ги оттурнува сите и сѐ од себе, не сакајќи ништо да ѝ пречи во мисијата да го освои неговото срце. Младоста ја карактеризираат невиноста и неискуството, коишто се први предуслови за погрешни избори и грешки кои можат многу да чинат. Па така, во еден момент се чини како главната хероина да губи сѐ, но сепак останува една светла точка во нејзиниот живот.
Велат дека пријателството е како свеќа што сјае и ти го грее срцето кога надвор е студено и темно…
-
Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација
0200,00 денВо оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку од „најстарите приказни“ − приказни што оставиле и што сè уште оставаат пеcхат врз нашата култура и историја. Раскажувањето поcхнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија. Следуваат две големи авантури и патешествија: задаcхите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, cхудовишта, магија и лјубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора cиклусот со избраните најстари повести, за на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат

