Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ЉУБОВТА ТРАЕ ТРИ ГОДИНИ

    ЉУБОВТА ТРАЕ ТРИ ГОДИНИ

    0

    Љубовта е однапред загубена битка.

    На почетокот сè е убаво, дури и вие самите. Не паметите дека некогаш сте биле толку вљубени. И сосем лесно го носите својот товар со чуда. Никој на планетата Земја не осознал такво задоволство. Среќата е тука и едноставна е – таа има лице. Вселената се насмевнува. Цела година вашиот живот ќе биде низа од сончеви утра. За тоа пишувате книги. А потоа се соземате – зошто човек да мисли кога е среќен? Од премногу размислување станувате тажни; а треба да му се препуштите на животот.

    Втората година нештата почнуваат да се менуваат. Сте станале нежни. Се гордеете со заедништвото што се вкоренило во вашето секојдневие на двојка. Луѓето на улица мислат дека вашата жена ви е сестра: тоа ви ласка, ама и влијае врз вас. Сè поретко водите љубов и сметате дека тоа не е причина за загриженост. Убедени сте дека со секој изминат ден вашата љубов е сè поцврста, иако неумоливо се приближува крајот на вашиот свет. Пред своите другари ергени, кои не можат повеќе да ве препознаат, ја браните институцијата брак. А дали самите сте сигурни дека се препознавате себеси додека ја рецитирате лекцијата што сте ја научиле напамет, воздржувајќи се притоа да не се загледувате во девојките по кои сите се вртат?

    Тече веќе третата година и вие повеќе не се воздржувате да гледате по девојките. Со сопругата речиси и не разговарате. Со часови седите во ресторан слушајќи што разговараат на соседната маса. Сè почесто излегувате заедно: тоа ви доаѓа како оправдување повеќе да не се дупите. Наскоро доаѓа и оној момент кога не можете повеќе да ја поднесувате сопствената жена, ниту една единствена секунда, затоа што сте се вљубиле во друга. Не сте се измамиле само во едно: животот го има последниот збор.

    Љубовта е величествено паѓање во бездна: кога знаеш дека ќе удриш со главата во ѕид, а сепак трчаш сè побрзо; кога јуриш во пропаст, а на усните имаш насмевка; кога љубопитно го исчекуваш моментот кога сè ќе отиде по ѓаволите. Љубовта е единствената програмирана измама, единствената предвидлива несреќа на која ѝ се враќаме, која повторно и повторно ја бараме.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубопитникот

    Љубопитникот

    0

    Осаменоста во гранична ситуација, потрагата по вистинското, автентично „јас“ и смртта се трите главни теми во творештвото на германскиот писател Ханс Ерих Носак, добитникот на книжевната награда „Бихнер“ за 1961 година.

    „Љубопитникот“ е еден подолг расказ што на извонреден начин претставува пресек на трите главни теми околу кои се одвива творештвото на Носак. Станува збор на внатрешен монолог на една свест најпрвин ставена во форма и тело на риба, која постепено, со посредство и благодарение на искуството, еволуира – во водоземец и неговата свест.

    „Ништото“ на Носак не е побивање на постоењето, туку сè уште неоткриена територија, зачекорување во непознатото и претходно забрануваното и табуизираното, макар да се работи и за еден единствен чекор.

    190,00 ден
    Додај во кошничка
  • Магија

    Магија

    0

    Третото продолжение на светскиот хит ТАЈНА (The secret). Во Магија, Ронда Бирн пред светот го открива знаењето кое може да го смени сечиј живот. Така, на едно неверојатно 28-дневно патување, те учи како можеш тоа знаење да го применуваш во секојдневниот живот. Без оглед кој си, каде си, без оглед на моменталните услови во кои си, Магијата ќе ти го смени целиот живот!

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Магијата на верувањето

    Магијата на верувањето

    0

    Благодарение на овој докажан водич за самопомош, што и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња, милиони читатели низ светот ги имаат почувствувано придобивките од безграничната моќ на верувањето. Црпејќи од личниот пат до успехот, без апстрактни теоретизирања, авторот Клод Бристол ни дава практични совети за тоа како да ги претвориме соништата во реалност. Своите директни сознанија ги преточува во ефикасни чекори за достигнување на сите краткорочни и долгорочни цели: подобра работа, зголемен приход, посреќен брак, или едноставно, душевен мир. Неговото тајно оружје се силата на позитивната мисла и безграничната моќ на потсвеста ‒ а мотивациските техники во книгата се универзални и еднакво применливи и денес.

    Сакате да станете поуспешни во работата, поисполнети во приватниот живот и повлијателни во комуникацијата со луѓето? Верувајте во оваа книга и применете ја во животот ‒ и ќе видите дека Магијата на верувањето прави чуда!

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Магичен час

    Магичен час

    1

    Еден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.

    По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.

    Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.

     

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Магичниот круг на детството

    Магичниот круг на детството

    0
    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мајки ДВД

    Мајки ДВД

    0

    Три приказни, сите вистинити, една документарна.

    Мајки за првпат поставува иновативна кинематографска структура со која се истакнуваат деликатните односи меѓу вистината и фикцијата, драмата и документарното.

    Приказната за Владо Танески го обиколи светот и го инспирираше овој филм кој на оригинален начин ја испитува природата на вистината.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски

    Улоги: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мајсторот и Маргарита

    Мајсторот и Маргарита

    0

    Одбиван, премолчуван, забрануван и напаѓан. Тоа е историјата на овој роман. Едно обично, жешко летно пладне, во Москва, започнуваат да се случуваат многу, многу необични работи. Никогаш не разговарајте со непознати. Зошто, така, ете така започнува хаосот. Хаосот кој го создава никој друг, туку Воланд. Воланд, Мефистофел, Ѓаволот лично. Но каков е овој ѓавол, чуден и гротесктен? И од каде во сета таа приказна за неговото лудување низ московските улици, театри, домови и најразлични највисоки институции, се појавуваат Понтиј Пилат и младиот Јешуа? Кој е нивниот удел и врска со московската приказна? А Мајсторот писател и неговата љубена Маргарита? Низ меланжот од приказни, проткаени со многу хумор и иронија, пародија и смеа, смешно и страшно, подбив и (само)критика, се издигнува, на крајот, една нова приказна. Можеби не сосем вистинита, но приказна која не се вклопува во калапите на бинарностите, која донесува една поинаква перспектива на набљудување, ново промислување на Вистината, Убавината, Уметноста. Една поинаква, Уметничка Вистина, која ги пресвртува добро познатите и вечни вистинини, која не дозволува нивно еднаш засекогаш и цврсто утврдување, која е надвор од востановените идеолошки и политички рамки и убедувања. Користејќи го хуморот како најсилно оружје против системите кое се обидуваат да нè задушат, да ја убијат во нас последната капка креативна фантазија, да ни го скројат животот во задушливите кабинети во име на напредокот, Булгаков ја исмева таа нехумана лакрдија, по цена на својот живот, а во име на слободата и правото на избор на сопствената (уметничка) вистина. Не постои историја, туку само Истории. Различни приказни, погледи на минатото и историјата, нивно калкулирање и искористување. Еве одлична прилика да се погледнат нештата од поинаков агол.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Македонија и Македонците во Библијата – Библиска вистина/Macedonia and Macedonians in the bible – Bible truth

    Македонија и Македонците во Библијата – Библиска вистина/Macedonia and Macedonians in the bible – Bible truth

    0

    Содржина:

    Бог говори за Македонија.

    А што кажал Бог за Македонија? Ги спомнува ли Македонците?

    Ја пишува ли Македонија во Библијата?

    Има ли Македонци во Светото писмо?

    Се спомнуваат ли македонски цркви во Библијата?

    Дали е сето ова вистина? Така ли пишува и во твојата Библија?

    А кој го напишал тоа? Кога и за кого? Чија е таа желба и по чија волја?

    Само еднаш ли е тоа запишано некаде во Библијата, случајно, неважно и непотребно, како на грешка?

    Не еднаш, туку скоро триесетпати е запишано; не е неважно и непотребно, туку со особено значење и не е отпосле додадено, туку е во библискиот текст од секогаш до денес ‒ го има и во најстарите и во најновите Библии, на најстарите и најсовремените јазици.

    Токму тоа ви го нудиме во оваа книга, драги читатели.

    Повелете, прочитајте ја и уверете се.

    Ви ги посочуваме издвоени библиските текстови и тоа на 7 јазици…

    800,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот

    Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот

    0

    Lykke (Luu-kah) (n): среќа ОЧИГЛЕДНО Е ЗОШТО ДАНСКА ЧЕСТО ЈА НАРЕКУВААТ НАЈСРЕЌНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ. ПОКРАЈ ТОА ШТО НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ИМ НУДИ СОВРШЕНА РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ, БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И БЕСПРЕКОРЕН РАСПОРЕД НА ВОЗОВИ, ТАА ГО НАДМИНУВА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ И ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ЗАПАЛЕНИ СВЕЌИ ПО ДОМАЌИНСТВО. . Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат лике – од Мајк Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата и автор на „Мала книга за хиге“. Иако може да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера. Дозволете оваа книга да послужи како водич во вашата потрага по малку повеќе лике во животот!

    780,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мала книга за Мерилин

    Мала книга за Мерилин

    0

    Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!

    Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона, „Мала книга за Мерилин“ нуди инспиративни лекции од Монро за денешните жени. Внатре ќе најдете:

    ·                     Упатства за тоа како да изгледате како ѕвезда

    ·                     Совети за стил и каде да најдете парчиња облека во стилот на Мерилин

    ·                     Идеи за декорирање од нејзиниот дом

    ·                     Секојдневна инспирација од животот на Мерилин

    Сеќавања на обожаватели, прекрасни фотографии и многу повеќе!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење

    Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење

    0

    За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге.

    ХИГЕ СЕ ПРЕВЕДУВА НА НАЈРАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ОД УМЕТНОСТ НА СОЗДАВАЊЕ БЛИСКОСТ, ПРЕКУ ПРИЈАТНА ДУШЕВНА УДОБНОСТ, ПА ДО ЦРПЕЊЕ ЗАДОВОЛСТВО ОД ПРИСУСТВОТО НА СМИРУВАЧКИ НЕШТА. А МОЈОТ ОМИЛЕН ОПИС Е – КАКАО ПОД СВЕТЛИНА ОД СВЕЌИ…

    Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската.

    А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.

    780,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мала книга на стапици

    Мала книга на стапици

    0

    „Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија.“

    320,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мала помош за идната мајка

    Мала помош за идната мајка

    0

    Мала помош и мал совет секогаш ѝ се потребни на идната мајка, која за првпат се соочува со најубавиот момент во својот живот – бременоста и раѓањето на првото дете.
    Затоа советите и помошта што ѝ ги дадов на мојата ќерка сакам да ги споделам и со другите млади жени , кои за првпат ќе станат мајки. Да уживаат во секој момент од бременоста и со нежно исчекување да си го замислуваат своето бебенце. Да се ослободат од стравот и од загриженоста и на најлесен начин, самоуверено и релаксирано, без трошка стрес да се грижат за својот нов член и максимално да учествуваат во неговото одгледување.
    Во овој мал прирачник ќе најдат и многу други мали совети за негата и за исхраната на бебето, неколку рецепти за подготвување на првите оброци, совети за првите прошетки и многу други работи, кои младата мајка треба да ги знае.

    Со љубов,
    Јелица Лончар

    340,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малата балерина

    Малата балерина

    0
    130,00 ден
    Додај во кошничка
  • МАЛАТА ВЕШТЕРКА

    МАЛАТА ВЕШТЕРКА

    0
    200,00 ден
    Прочитај повеќе