Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Луција

    Луција

    0

    Луција има сè во животот – стабилен брак, успешна кариера и обично секојдневие. Но некаде помеѓу очекувањата и обврските, го има изгубено единственото нешто што не може да го замени – себеси.

    Кога возбудливата порака од дамнешната младешка љубов ѝ ја напукнува површината на нејзиниот контролиран свет, Луција е вовлечена во тивка, но моќна внатрешна бура. Бура што ја тера да се запраша дали го живее животот што го посакувала.

    Додека сомнежите ја јадат, а страста ја растреперува и буди, Луција наоѓа неочекувано, а сепак толку едноставно прибежиште во… мирисот на лавандата. Тој ја потсетува на чувството што не смее повторно да го занемари.



    „Луција“ е интимен портрет на една жена; приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и новите животни почетоци.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов во Рим (When in Rome #1)

    Љубов во Рим (When in Rome #1)

    0

    Амелија Роуз, позната како Реј Роуз помеѓу своите обожаватели, е прегорена од годините минати во одржување на нејзиниот имиџ како „поп принцеза“. Па инспирирана од омилениот филм со Одри Хепберн, Празник во Рим, влегува во својот автомобил сред ноќ и заминува на мал одмор во Рим… во Рим во Кентаки.

    Кога Ноа ја наоѓа Амелија во својот двор откако ѝ се расипува колата, тој јасно ѝ дава до знаење дека нема ни време, ни трпение за проблемите на славните. И онака е премногу зафатен со водење на бизнисот оставен од баба му и константното потсетување на љубопитните соседи да си ја бркаат својата работа. Но и покрај тоа што знае дека не е паметно, ѝ дозволува да отседне во неговата гостинска соба – но само додека да ѝ ја поправат колата. Потоа нека прави што знае.

    Но тогаш Ноа почнува да гледа поинаква страна од Реј Роуз – таа е Амелија: добродушна и откачена, сепак осамена од годините поминати под лупата на јавноста. Посилно е од него, не може да не се зближи со неа. Таа наскоро ќе мора да се врати на својот гламурозен живот и турнејата, но во меѓувреме, Ноа ќе ѝ ги покаже сите прекрасни страни на својот мал град, сите искуства кои ги пропуштала, а таа ќе му помогне повеќе да го отвори срцето. Амелија не може да не го засака малото гратче и намќорестиот туристички водич, но дури и Одри мораше да го напушти Рим на крајот.

     

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов во Тел Авив

    Љубов во Тел Авив

    0

    Луна е млада и независна девојка, успешен професионален фотограф која си ја обожува својата работа. Позитивна, љубезна, полна со живот и прекрасен пријател.
    Мислејќи дека го живее животот од соништата и наскоро ќе биде запросена од нејзиното долгогодишно момче, Луна се соочува со големо предавство кое ѝ го крши срцето и ѝ ја уништува довербата во мажите и надежта во љубовта.
    Сакајќи да се оттргне од реалноста, сосема случајно, со своите пријателки планираат спонтано патување. Луна не е свесна дека сѐ ќе се промени кога нејзиниот поглед ќе се сретне со погледот на црноокиот згоден странец.

    Бен не верува во врски, тој е заколнат ерген. Тајната и болката кои се кријат зад црните очи на убавиот странец го прават воздржан и ладен, маж кој многу добро ги контролира своите чувства и зборот љубов одамна не е дел од неговиот речник, сѐ додека не се појави Луна во неговиот живот.

    Дали Луна ќе успее да ги размрда неговите чувства, да ги пробие високите ѕидови кои тој ги изградил околу себе и да му се пикне под кожа?

    Дали е таа спремна да остави сѐ зад себе, повторно да ризикува нејзиното срце да биде скршено и да започне нов живот на сосема ново место?

    370,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубов голема колку Скопје

    Љубов голема колку Скопје

    0

    Една кутија закопана два метри под земја.

    Едно старо писмо, медалјон и клуч.

    Звучи интересно, зар не?

    Откријте ја мистеријата обвиткана околу најљубовната скопска приказна што некогаш сте ја прочитале.

    „Љубов голема колку Скопје“ е втора книга за деца и млади од Александра Тодоровиќ. Таа го прифати предизвикот да влезе во временската капсула и оттаму да им купи билети на сите кои сакаат да бидат дел од едно неверојатно патување. А Скопје е љубов и во себе крие многу љубови. Скопје е љубов заради луѓето во него. И секогаш сè е заради љубовта. Таа врзува, ослободува и крева. Затоа Александра Тодоровиќ, која добро го познава Скопје напиша едукативна и интерактивна книга која ќе го разбуди љубопитството на децата, но и суптилно ќе им подметне не само знаење и интерес за она што било, туку и љубов која ќе ги научи како да се грижат за околината и за луѓето во неа.

    340,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)

    Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)

    0

    РОУАН
    Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвезди. Сè може да биде мое еден ден, ако го реновирам забавниот парк Дримленд.
    Замислата да ја вработам Зара теоретски беше добра… Но ја бакнав.
    Работите излегоа од контрола кога ѝ пишав преправајќи се дека сум друг. Кога сфатив дека згрешив, веќе беше предоцна.
    За луѓето како мене нема среќен крај. Зашто ни е судено да го уништиме.

    ЗАРА
    Откако ја искритикував најскапата луда железница на Дримленд, требаше да ме отпуштат. Наместо тоа, Роуан Кејн ми ја понуди работата од соништата.
    Но проблемот е во тоа што морам да работам за најтешкиот шеф на светот.
    Не смеам да мислам на него, но срцето не ме слуша. Време е да го научам милијардерот дека парите не можат да поправат сè. Особено не нас.

    Прва од трите возбудливи приказни за тројца браќа, внуци на основачот на забавниот парк Дримленд.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов на втор поглед

    Љубов на втор поглед

    0

    Како се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговорот обично е некоја романтична приказна, стрелата на Купидон ги погодила во задникот, се вљубиле на прв поглед. Нашето запознавање беше многу поинакво. Шетав низ едно богато соседство во Беверли Хилс во потрага по маж, само за да ја направам љубоморна мојата смртна непријателка која штотуку ме отпушти од работа. Тој пак нервозно шеташе, мрморејќи за некоја пропадната зделка на работа додека се обидуваше да смисли како да се извлече од настанатиот проблем.

    И така налетавме еден на друг. Немаше искри. Апсолутно ништо што укажуваше на тоа дека помеѓу нас би можело да се роди нешто. Но дур се свестам, лапав бесплатен ручек и го слушав како ми се отвора за своите проблеми кои водеа до чуден предлог… тој сакаше да бидам неговата Вивиен, знаете, од филмот Убава жена – само без безобразниот дел. Требаше да живеам во палата, да одам на состаноци во пар и да се преправам дека сме лудо вљубени и… свршени. Каква бесрамност. Но луѓето прават луди нешта кога се очајни. А јас корнев на очај. Па, склучивме договор.

    Но направив и една голема… не, ОГРОМНА грешка. Случајно се вљубив во непоправливиот Хаксли Кејн.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов пред Божиќ

    Љубов пред Божиќ

    0

    „Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”

    По тешкиот развод и непростливото предавство, Џој Канделаро повеќе не може да му се радува на Божиќ, нејзиниот омилен празник. Без размислување купува авионски билет за Канада, очајна да исчезне од познатото опкружување. Кога по неочекуваната несреќа ќе се најде среде дивина, Џој ја зграпчува шансата да исчезне на некое време, да го напушти својот тажен живот и да подише со полни гради.

    Во малото гратче Рејн Вели, наоѓа засолниште во зафрлената куќарка на Даниел О’Ши и неговиот шестгодишен син Боби, кој треба да го дочека првиот Божиќ без мајка си. Повлечен и изгубен во својата тага, Боби зборува само со своето замислено другарче – сè додека не ја запознае Џој. Додека таа им помага на Даниел и Боби да закрепнат, нешто сончево и неочекувано почнува да свети во нејзината душа: кревко ветување за нов почеток. Но ниту во Рејн Вели не е cè така како што изгледа и во еден ненадеен момент, новиот свет на Џој е уништен.

    На бадниковата ноќ исполнета со чуда, невозможни избори и надеж што мислела дека е изгубена засекогаш, Џој мора да собере храброст да се бори за љубовта, семејството и втората шанса што не верувала дека некогаш ќе ја добие.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЉУБОВ СО МАЛИ БУКВИ

    ЉУБОВ СО МАЛИ БУКВИ

    0

    Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.

    Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.

    Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.

    „Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубов, теоретски

    Љубов, теоретски

    0

    Дали паѓањето во орбитата на згодниот физичар ќе ја доведе нашата протагонистка во искушение да ги преиспита своите теории за љубовта?

    Двојниот живот на физичарката Елси Ханавеј е како од филм. Прекуден е растргната меѓу својата слабо платена професорска работа и желбата да истражува. Навечер својата ниска плата ја надополнува како лажна девојка, користејќи ги своите усовршени вештини за да се преобразува според потребите на клиентите.

    За нив, таа е целосен погодок – слатка и внимателна. Исто како и Џек Смит, привлечниот постар брат на нејзиниот омилен клиент – студен физичар што ја уништил кариерата на нејзиниот ментор и со тоа ја разнишал репутацијата на теоретската физика. Истиот Џек кој е член на комисијата пред која Елси треба да ги претстави своите истражувања за да ја добие работата од соништата.

    Елси е подготвена да се бори со сите сили, но… што е со збунувачките продорни погледи? Дали електрицитетот меѓу нив може да предизвика експлозија во две непокорни срца?

    „Владетелка и кралица во областа на романсите.“
    Вашингтон пост

    „Али Хејзелвуд е вистинска фабрика за романси.“
    Кристин Лорен

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубовен експеримент во Њујорк (Love Deception #2)

    Љубовен експеримент во Њујорк (Love Deception #2)

    0

    Роузи Грахам има проблем. Всушност, неколку. Неодамна ја напушти одлично платената работа за да може да се сосредоточи на тајната кариера како автор на љубовни романи, но му нема кажано на семејството, а сега е западната во креативна криза. Згора на тоа, таванот од станот за малку ќе ѝ се срушеше врз глава. За среќа, го има резервниот клуч од станот на Лина, нејзината најдобра пријателка, па се вселува во него додека таа е на пат. Само што Роузи не знае дека Лина веќе му има дадено клуч и на нејзиниот братучед, Лукас, истиот оној братучед што таа го демне на Инстаграм. На нејзино изненадување, Лукас ѝ предложува да живеат заедно додека го реновираат нејзиниот стан.

    Лукас е решен да ја игра улогата на шпански витез, само што наместо сјаен оклоп, тој носи пешкир околу половината, има разоружувачка насмевка и неодолив нагласок. А, да, и умее да готви. А кога ќе дознае за креативните маки на Роузи ѝ предложува скандалозен експеримент за да ѝ се врати писателската инспирација. Роузи нема што да изгуби. Нејзината глупава занесеност по него ја има наполно под контрола, но на престојот на Лукас во Њујорк му се ближи крајот, а Роузи воопшто не е убедена дека шест недели се доволни за да се справи со крајниот рок и – со себеси.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубовна Хипотеза

    Љубовна Хипотеза

    0

    ХИПОТЕЗА: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.

    Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.

    Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност.

    Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.

    „Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“
    Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубовни неврони

    Љубовни неврони

    0

    Што би направила Марија Кири ако…

    Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.

    Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.

    Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?

    „Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“

    Џоди Пико

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубовно романче

    Љубовно романче

    0
    Една писателка на романси која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела кој има писателска блокада се впуштаат во летен предизвик кој може да ги промени сите нивни досегашни верувања.
    Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа везе среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.
    Тие се тотално спротивни. Всушност, единственото заедничко им е тоа што во следните три месеци живеат во соседни куќи на плажа, двајцата банкрот и со писателски блокади.
    Една досадна вечер, едно води кон друго и си поставуваат предизвик со цел да излезат од креативната рутина: Август ќе го помине летото пишувајќи нешто со среќен крај, а Јануари ќе заплови во водите на сериозната, интроспективна фикција. Таа ќе го носи на романтични места за да истражува за романтичната новела, а тој неа на интервјуа со преживеани од опасен култ (многу јасно). Двајцата ќе си ги завршат книгите и никој нема да се вљуби во никого. Сериозно…
    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубовното ѕверче

    Љубовното ѕверче

    0

    Sверче е едно чудно, влакнесто чудовиштенце кое се обидува да се вклопи меѓу слатките жители на Слаткоград. Но тешко е да се вклопиш со слатките и симпатичните, особено кога ти си само едно страшно чудовиштенце. Па така, Sверче тргнува во потрага по некој кој ќе го сака токму онаков каков што е. Неговото патување не е лесно — бара насекаде, лево и десно, горе и долу, но се чини дека никаде нема некој кој ќе го сака него.

    Зошто е толку тешко да се вклопиме? Особено ако сме поинакви? Дали не сме достојни за љубов? Дали заслужуваме исмевање? Нe! Токму кога Sверче полека губи надеж и се подготвува да се откаже тажен и разочаран, се покажува дека љубовта и прифаќањето те наоѓаат кога најмалку го очекуваш тоа.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЉУБОВОЛОГИЈА

    ЉУБОВОЛОГИЈА

    0

    ▪ Која е разликата меѓу љубов и заљубеност?
    ▪ Постојат ли безусловна љубов и сродни души?
    ▪ Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
    ▪ Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?

    Ова се само некои од прашањата што ги поставува најпознатиот хрватски автор на духовна литература Бруно Шимлеша во својот бестселер Љубовологија и на едноставен но луциден начин нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.

    Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, за пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања што си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ги вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша нуди и еден уникатен тест, кој ќе им помогне на партнерите да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.

    Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубовта не гори во пожар

    Љубовта не гори во пожар

    0

    Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа не е за „украс“. Влетува во пожари, спасува луѓе со реанимација, извлекува деца од автобус што паднал во клисура. За тоа, се разбира, ќе биде одликувана. Спроти доделувањето на одликувањето ја стигнуваат две сенки од минатото. Две зла. Кеси мора да го остави својот живот на страна и да се соочи со сопствената вонредна состојба. Се одлучува за „помалото зло“ и се согласува да оди во Бостон, кај мајката што ја напуштила кога ѝ била најпотребна.

    Старата пожарникарска станица во гратчето Лилијан, многу се разликува од пожарникарската станица во Тексас. Не само што нема доволно средства и опрема, туку и жена пожарникар е непосакуван, модерен додаток. Особено ако е жена херој, стручна и способна како Кеси. Нејзиното присуство го прифаќа единствено симпатичниот млад пожарникар почетник. Ама таа не смее да мисли на него. Најважно правило за пожарникарките е „никогаш не забавувај се со друг пожарникар“.

    Кеси се колеба. Дали да ја ризикува единствената работа што ја сака и до која дошла со тешка мака?! Се чини дека нејзиниот живот го зафати силен пламен и таа мора да одлучи што ќе спасува: семејството, кариерата, љубовта…

    „Кетрин Сентер ги истражува границите на надежта и љубовта. Сторијата за една семејна трагедија се претвора во длабоко искрен водич за исполнет живот.“

    – Паблишерс викли

    „Сеопфатно и духовито истражување на љубовта и простувањето, од самиoт почеток разбирливо и забавно, трогателно искрено и иронично.“

    – Киркус ривјус

    „Емотивна приказна за самооткривањето и простувањето.“

    – Фреш фикшн

    430,00 ден
    Додај во кошничка