Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ЛИЛИ, САМА

    ЛИЛИ, САМА

    0

    Самобендисаната мајка на Лили заминува на одмор во Шпанија со новото момче и ги остава сами Лили и нејзините сестри и братче. Одговорната Лили ја презема одговорноста да го храни и забавува семејството, а воедно и да ја скрие тајната од соседите, училиштето и социјалните служби. Очајно барајќи решение, Лили одлучува да ги однесе децата на кампување во паркот на неколку дена. Ама, една несреќа поради која ќе мораат да побараат лекарска помош ќе ги разоткрие сите нејзини планови и ќе доведе до вмешување на полицијата и службите за посвојување. Приказната открива колку брзо Лили треба да порасне. Таа е способна да се грижи за семејството, да ги плаќа сметките, но се поставува прашањето: дали е подготвена да биде родител и да ја преземе огромната одговорност?

    „Лили сама“ е реална, внимателно смислена, урбана авантура што непоколебливо ги разгледува прашањата за личната одговорност и општествената правда без да ги загрози возбудливиот тек на приказната и нејзините ликови.

    Проткаена со насилство од очувите и крај кој навестува несигурна иднина за нашата хероиња и нејзиното семејство, приказната дефинитивно нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера на размислување.

    340,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лилјакот

    Лилјакот

    0

    Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.

    Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.

    За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.

    Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта…

    „Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари… Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“

    Скотиш експрес

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Линија помеѓу две неба

    Линија помеѓу две неба

    0

    Моќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судбини, за да ги измерат небото и длабочините на универзумот, но и копнежот и силината на човечкиот дух. Роман со богата палета од неочекувани ликови, кои ќе ве поведат на возбудливо патување низ дивите предели на Феникс, Аризона.

    Младата професорка Аманда Брајтон – брилијантен научник по астробиологија, една вечер ќе биде поканета на свечен прием во куќата на Оскар Леблан – Кралот на челикот. Од тој момент, нејзиниот мирен и едноставен живот ќе се заплетка со членовите на ова моќно и богато семејство…

    Меѓутоа, секој од нив крие опасна тајна, а таа ќе биде принудена да се избори со сите нив, па дури и со самата себеси, за да ги сочува своето професионално достоинство и својата чест. Нејзината единствена слабост, во борбата да ги избегне опасните замки на судбината, се потполно неочекуваните чувства кон помладиот син Вилијам.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лисица

    Лисица

    0

    Делото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиографија, патопис – и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови, патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков, или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет.

    Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и, уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“.

    Без нималку патетика, преполна со фин хумор, со суптилна иронија, со книжевни и теориски референции, „Лисица“ е посвета на писателите и на пишувањето, на оние важните, неодминливите, на оние чии приказни го менуваат читателот. Такви приказни може да создаде само исклучителен раскажувач, а таква раскажувачка без сомнение е токму Дубравка Угрешиќ.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лов на тигар

    Лов на тигар

    0

    Потерата продолжува – дали Алекс Крос е ловец или плен?

    Тој е повикан на најлошото место на злосторство во сите негови години на полициска работа. Некој кој нема никаква почит кон човечкиот живот испотепал цело семејство – а по овие убиства следуваат нови, сè понемилосрдни.

    Алекс и неговата девојка, детективката Бријана Стоун, се нурнуваат во случајот и се заплеткуваат во смртоносното африканско подземје на Вашингтон. Откриваат нешто толку вџасувачко што одвај може да се сфати: вешто организирана банда на деца-криминалци предводени од еден суров заповедник познат како Тигар. Кога недофатливата трага на убиецот ќе се појави во Африка, Алекс знае дека мора да тргне по него. Сам.

    Стигнувајќи во Нигерија, тој открива свет во кој правдата е непознат поим. Ќе успее ли, незаштитен и сам во туѓа земја, опсипан со убиствените закани на Тигар, да преживее и да го фати убиецот?

    Лов на Тигар, нов бестселер на Џејмс Патерсон полн со брзи пресврти и адреналин – трилер од кој застанува здивот.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ловејќи го злотворот (Robert Hunter #10)

    Ловејќи го злотворот (Robert Hunter #10)

    0

    Секоја приказна си има свој крај. Тој е најопасниот и најсуровиот сериски убиец со кој ФБИ некогаш си имал работа. Поседува исклучителна самоконтрола, широко познавање на криминалната психологија и искуство со хипноза. По три години поминати во затвор со максимално обезбедување, тој успева да избега….

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ловец на очи (Колекционер на очи #2)

    Ловец на очи (Колекционер на очи #2)

    0

    Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на жените пред да почне да се изживува над нив…

    Доктор Зукер е психопат кој води двоен живот. Преку ден ги врши најкомплицираните операции на човечкото око. Но ноќе се фокусира на неговите „специјални пациенти“: жените на кои им ги отвора очите во најбуквалната смисла на зборот. Им ги отстранува очните капаци, ги силува – и им дозволува да побегнат. Досега, сите негови жртви имаат извршено самоубиство. Бидејќи немаат ниту сведоци, ни физички докази, полицијата бара помош од Алина Грегориев. Слепата физиотерапевтка, која се смета за јасновитка од случајот со „Колекционерот на очи“, треба да се обиде да даде некоја насока за следниот „пациент“ на Зукер. Алина неволно се согласува – и со тоа пропаѓа во вртлог на лудило и насилство. Нејзиниот пријател, Александер Зорбах, е единствената личност која би можела да ја ослободи, но тој е западнат во комплетна апатија уште откако „Колекционерот на очи“ го киднапира неговиот син. Ни едниот, ни другиот од нив сѐ уште нема сфатено дека постои фатална конекција помеѓу „Колекционерот на очи“ и „Ловецот на очи“, Зукер…

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ловецот (Robert Hunter - Ретропродолжение)

    Ловецот (Robert Hunter – Ретропродолжение)

    1

    Запознајте го Роберт Хантер, најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес – и тоа уште на неговиот прв ден на работното место. Како на неискусен почетник, му даваат едноставен случај со самоубиство. Но кога тој пристига на местото, веднаш почнува да се сомнева дека нешто не е како што треба.

    И покрај фактот дека влезната врата е заклучена и затворена однатре со резе, а не постои апсолутно никаков друг излез од станот, Хантер има претчувство дека жртвата не извршила самоубиство. Со оглед на тоа дека сите докази се против него, неговиот нов шеф не сака да чуе за експерименти, па Хантер има тешка задача за докажување ако сака да го реши случајот и да го задржи своето место во тимот.

    270,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЛОВЦИ НА ГЛАВИ

    ЛОВЦИ НА ГЛАВИ

    0

    Роџер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но, ваквата кариера не е доволна за да го финансира неговиот луксузен начин на живот и новата галерија на неговата сопруга. Една вечер, на отвoрање на изложба, тој се запознава со Клас Греве, кој не само што е совршен кандидат за позицијата извршен директор на една компанија, туку е и решение за сите негови финансиски грижи: Греве, навидум случајно, спомнува дека е сопственик на слика од Питер Пол Рубенс од непроценлива вредност, која се води како исчезната уште од времето на Втората светска војна – а Роџер Браун е вплеткан во кражби на уметнички дела. Но, откако ќе провали во станот на Греве, покрај сликата открива и многу други работи. А, Клас Греве станува најужасното искуство во животот на Роџер Браун.

    „Превртлив трилер со хичковска приказна… Несбе приредува еден шок по друг, а кулминира со невиден и неочекуван сплет на настаните. Возбудлива приказна која нема да ви дозволи да ја пуштите од раце“. Буклист„Доколку не го познавате Ју Несбе, крајно време е да го запознаете“. – УСА тудеј

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ловци на фазани

    Ловци на фазани

    0

    Во 1987 година, во викендичка во северна Данска, сурово се убиени брат и сестра. Полицијата се сомнева дека убиецот е дел од една приватна гимназија во која учат децата на најбогатите семејства во земјата. Учениците од ова елитно друштво се познати по организирање насилни оргии. Сепак, истрагата е попречена од високи полициски инстанции.

    Дваесетина години подоцна случајот повторно е на масата на полицискиот инспектор Карл Морк, брилијантниот детектив што раководи со Секторот Q – одделението за нерешени случаи. За него станува јасно дека не е сè така како што изгледа на прв поглед.

    Тој ќе дојде до Кими, жената што живее на улица и краде за да преживее и која мајсторски го усовршила криењето од полицијата. Но не ја бараат само претставниците на законот бидејќи таа чува тајни поради кои и моќници од високите општествени кругови би можеле да ја бараат нејзината глава.

    Tајната што Кими ја крие може да смени сè.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Логички загатки за умни глави : 10+

    Логички загатки за умни глави : 10+

    0

    Решавањето логички загатка е извонредна алатка за:

    – Координација на левата и десната страна на мозокот.
    Левата страна е задолжена за решавање проблеми, учење јазици, математика, наука и логика. Десната страна ја поттикнува креативноста, интуицијата и визуелно-уметничките вештини.

    – Подобрување на меморијата и концентрацијата.
    Решавајќи ги загатките треба да запомнат разни форми на парчиња кои треба да се вклопат, треба да се пронајдат правила, да се фокусира на делови додека да се стигне до целосното решение.

    – Подобрување на вештините за просторно размислување.
    Решавајќи сложувалки и загатки се активираат центрите за движење, ротирање и проекција. Исто така, се развива способноста за визуелизираат на формите или сликите што недостасуваат.

    – Одмор од дигиталните уреди.
    Решавањето загатки е одлична забавна алтернатива на дигиталните игри со која се развиваат креативност, аналитички вештини и брзина во процеост на размислување.

    120,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лола и момчето од соседството

    Лола и момчето од соседството

    0

    Надежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…

    270,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лорд Еџвер е мртов

    Лорд Еџвер е мртов

    0

    Случајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Се работи за случај што комплетно ги збунува и припадниците на полицијата Скотланд јард. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го усмртила сопругот, кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите?

    Овој случај изобилува со низа необични елементи што треба успешно да се поврзат за да избие вистината на површина, затоа што, како што вели Поаро, „секој од нас е мрачна мистерија, лавиринт во кој меѓусебно се борат разни страсти, разни желби, разни склоности“.

    Романот „Смртта на Лорд Еџвер“, објавен во 1933 година, е роман чијашто приказна претставува една од најгенијалните криминалистички сложувалки со уште погенијален расплет. Исто така, ова дело е едно од првите филмувани дела на Агата Кристи, уште во 1934 година.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЛУЃЕ БЕЗ МИНАТО

    ЛУЃЕ БЕЗ МИНАТО

    0

    Луѓе без минато е роман за универзалната апсурдност на историските епизоди во кои е вклештен малиот, обичен човек. Зад лажната слика на редот се крие поинаква суштина. Таа отвора низа прашања за трагичната судбина на беспомошните единки затечени во настаните што водат во ќор-сокак.

    Во безизлезот на пеколот, Роберт Новак и неговата генерација се втурнати во бесмислена војна од чиј хаос во сеќавањето им остануваат болни слики и судбински средби. Во мракот на немоќта и верноста кон идеолошките вредности, кога се распаѓа нивната држава, слепи се за границите на вистината со која немаат храброст да се соочат. Но сепак, на крајот од тунелот проблеснува светла точка која ја буди надежта за подобро утре.

    Луѓе без минато е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Луѓе Божји и зли духови

    Луѓе Божји и зли духови

    0

    Православно учење за демоните и за духовната борба против нив

    Многу луѓе кога ќе чујат нешто за ѓаволот и неговите сплетки, тоа го разбираат како сказна. Но што и да зборуваат и да мислат луѓето за ѓаволот, тој постои во реалноста и тоа е неспорно. Ѓаволот постои, а неговите погубни дејствија се гледаат по целиот свет.
    Според мислењето на еден свет старец, најголемата победа на ѓаволот е таа, што успеал да ги убеди луѓето да мислат дека тој не постои.

    Силно оружје против демоните е праведниот живот и верата во Бога.

    Злите духови се плашат од подвижничкиот пост, бдение, молитва, кротост, тишина…

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Луѓето кои ги среќаваме на одмор

    Луѓето кои ги среќаваме на одмор

    0

    Најдобрата романса во светот за 𝟐𝟎𝟐𝟏 година според распределбата на гласовите на половина милион гласачи.

    Попи и Алекс. Алекс и Попи. Тие двајца немаат ништо заедничко. Таа отсекогаш била диво дете; тој носи каки панталони и карирани кошули. Таа е ненаситна за лутање и шетање по светот; тој повеќе би сакал да седи дома со добра книга. Сепак, некако, уште од едно судбоносно заедничко патување до дома од факултет пред многу години, тие се нај-најдобри пријатели. Најголемиот дел од годината го поминуваат одвоени – таа живее во Њујорк, а тој во нивниот мал роден град – но секое лето во изминатата декада одат на прекрасен одмор заедно.

    Односно, до пред две години, додека не уништиле сѐ. И оттогаш не разговараат.

    Попи има сѐ што би можела да посака, но заглавена е во монотона рутина. И кога нејзината пријателка ја прашува кога последен пат била вистински среќна, таа без ронка сомнеж знае дека тоа било на последното, „фатално“ патување со Алекс. Па така одлучува да го убеди својот најдобар пријател да отидат на уште еден одмор заедно – да ги стават сите карти на маса и да ги поправат работите. И за чудо, тој прифаќа. Сега таа има една недела да поправи сѐ. Само кога би можела да ја игнорира големата вистина која отсекогаш се криела во нивната навидум совршена врска.

    450,00 ден
    Додај во кошничка