-
Кога телото вели не
0550,00 денКога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни зборува, треба да го слушаме.
Може ли човек буквално да умре од осаменост? Дали постои „рак-личност“? Зошто и како се појавуваат артритис, дијабетес, срцеви заболувања, мултиплекс склероза… и дали можат да се излечат?
Врз основа на научните истражувања и своето повеќедецениско искуство, д-р Мате дава одговори на многу важни прашања за ефектот на телоумот врз здравјето и улогата што стресот и индивидуалната емоционална структура ја имаат во многу болести. „Целта на оваа книга е да го опише влијанието на стресот врз здравјето. Тој е толку длабоко скриен и сраснат со нас што го чувствуваме како дел од себе. Се обидуваме да го разбереме телото одвојувајќи го од умот, но тоа е голема предрасуда“, вели д-р Мате.
„Кога телото вели не“ изобилува со животни приказни на многу пациенти. Таа е откровение што придонесува за трансформативни сознанија за тоа дека болеста е начин на кој телото му кажува „не“ на она што умот не може да го признае.
„Габор Мате вешто ги обединува последните достигнувања во биомедицината со личните приказни на пациентите овозможувајќи ни длабок увид во тоа како искуствата го обликуваат нашето здравје и однесување. Книга што мора да се прочита.“
Брус Липтон, автор на „Биологија на верувањето“
„Ова е мошне важна книга, и за докторите и за обичните луѓе. Во секој случај спасува животи.“
Питер Левин, доктор по трауматски стрес
-
КОДЕКСОТ НА ХЕРОИТЕ
0280,00 денАко сакате да бидете херој, тоа е лесно. Само вршете си ја должноста!
Уште една инспиративна книга за доблестите на секојдневните херои од популарниот автор на Намести си го креветот! Потсетник дека насекаде околу нас постојат херои слични на оние кои Мекрејвен ги среќавал во својот живот.
Кога бил мал Мекрејвен сонувал да стане супермен, да има супермоќи со кои ќе им помага на луѓето. Но растејќи и патувајќи низ светот, сфатил дека насекаде има такви херои. Обични луѓе со квалитети што им даваат моќ да помагаат и да го направат светот поубаво место за живеење. Луѓе со физичка и морална храброст и длабоко чувство за интегритет, подготвени да се жртвуваат за другите. Секој од нас го носи во себе тој вроден код што постои уште од настанувањето на човечкиот род. Во секој од нас се крие херој.
Кодексот на хероите не е сложувалка или некоја тајна порака. Не е шифра, таен јазик или некаква загатка. Тој е збир од непишани правила за однесување, лекции за доблеста кои стануваат темел на нашиот карактер додека градиме животот вреден за почит.
-
Кодот на Да Винчи
1600,00 денНајголемата конспирација, во последните две илјади години, почнува да се открива.
Роберт Ленгдон, професор за верските симболи на Харвард, е во Париз за да одржи предавање. На приемот што следи, тој треба да се сретне со почитуваниот куратор од светски познатиот музеј Лувр. Но, кураторот нема да се појави, а подоцна таа вечер Ленгдон дознава, од страна на валстите, дека кураторот е пронајден мртов. Ленгдон оди во Лувр на местото на злосторството, каде што открива чудни докази кои убиецот ги оставил зад себе.
Тука почнува трка со времето, бидејќи Роберт Ленгдон станува осомничен и со помош на францускиот криптолог Софи Неве, мора да дешифрираат безброј таинствени симболи кои биле оставени специјално за нив. Ако Роберт и Софи не можат да ја решат загатката, древната вистина може да биде загубена засекогаш, а тие самите да завршат како колатерална штета.
-
-20%
Кодот на Катарина
0Original price was: 550,00 ден.440,00 денCurrent price is: 440,00 ден.Исчезнување без трага е мистерија само по себе. Но што ако исчезнатото лице оставило нешто зад себе што ја прави мистеријата уште поголема?
Кога Катарина Хауген исчезнала пред дваесет и четири години, случајот не бил решен. Оттогаш, секоја година на денот на нејзиното исчезнување, главниот инспектор Вилијам Вистинг ги разгледува документите од старата истрага и оди на гости кај сопругот на Катарина, Мартин Хауген, кој дента на исчезнувањето имал цврсто алиби. Нивниот редовен контакт прераснал во пријателство.Но овој пат Вистинг ја наоѓа куќата заклучена. На годишнината од исчезнувањето на неговата сопруга, Мартин Хауген и самиот исчезнува без трага.
Истиот ден во полициската станица пристигнува младиот истражител Адријан Стилер, кој работи на стари, нерешени случаи. Тој верува дека исчезнувањето на Катарина е поврзано со друга, уште постара мистерија. Принудени да соработуваат, Вистинг и Стилер мора да најдат заеднички јазик и да ги следат и најнезначајните траги за да го решат овој сложен случај.
Морничав трилер за тајните, довербата и непоколебливата потрага по вистината.
-
Коефициент на љубовта
0450,00 ден„АПСОЛУТНО УЖИВАЊЕ – ШАРМАНТНА И СЕКСИ ПРИКАЗНА ШТО СЕ ВРТИ ОКОЛУ ГЛАВНАТА ХЕРОИЊА ЗА КОЈА ОБОЖАВАТЕ ДА НАВИВАТЕ“
Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сѐ, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат за тоа, веднаш го менуваат мислењето за неа.
Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Tаа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските.
-
Кој владее со светот?
0360,00 денВо оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество.
Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.
-
Кој нè укорува, тој ни подарува
0150,00 денКако да се спасиме – патишта кон очистување на душата
На една монахиња, кога еднаш се жалела дека ја караат, старец Амвросиј Оптински ѝ зборувал: „Кој нè укорува, тој ни подарува; а кој нè пофалува, тој нè краде“.
Преподобен Антониј Велики пишува: „Никој без искушенија не може да влезе во Царството Небесно; ако нема искушенија, никој и не би се спасил“.
Старецот Варсонуфиј Оптински зборувал: „Непрестајните маки кои Бог ги испраќа на човекот, се знак за особено Божјо промислување за човекот“.
Ете затоа, страдањата и несреќите духовно просветлените луѓе ги нарекуваат „Божја посета“. А во спокојниот живот на грешникот тие гледаат Богооставеност, поради која нему му се заканува страшна судбина во задгробниот живот. -
Кој сака да биде космонаут?
0200,00 денПисателот за деца и млади со своите стотина објавени книги наменети за нив, авторот на десетина книги за возрасните читатели, хумористот и сатиричар Александар Кујунџиски продолжува со потрагата по нови творечки хоризонти (и вертикали!) по планетата Земја; и не само по неа…
Неговата јубилејна 120-та книга, публикувана во 70-тата година од животот на авторот, под наслов „Кој сака да биде космонаут?“, посветена на децата од предучилишна и од рана училишна возраст, претставува мини-роман со макси-творечки новитети. Публикувана во Библиотеката МК (С)ликовници, таа пленува со својата необична и ретковидена концепција, со духовитоста и со инвентивноста на сториите, но и со прекрасните недовршени илустрации со кои и децата стануваат дел од содржината и од создавањето на убавината.
Илустрациите во неа се дело на познатиот ликовен уметник и илустратор Жарко Туниќ, а нивната надградба може да стане дело на идните проследувачи и коавтори на ова оригинално издавачко остварување.
-
Кој се плаши од Црвенкапа?
0400,00 денЕдно паметно волче мисли дека пораснало и дека веќе може само да излезе на прошетка низ шумата. Сепак, неговата мајка не се согласува со него и има неколку прашања што би сакала најпрвин да му ги постави на своето волче. Тоа одговара на сите прашања на начин што ја изненадува мајка си. Покрај тоа, многу е креативно …
„Кој се плаши од Црвенкапа?“ е навистина посебна книга со својот шеговит јазик, перспективата на приказната и извонредните илустрации.
Во 2009 година ја доби наградата за најдобра сликовница во Турција.
-
Кој сум јас? – Животни од фармата
0170,00 денИнтересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.
-
Кој сум јас? – Животни од шумата
0170,00 денИнтересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.
-
КОЈА ИГРА ЈА ИГРАШ?
0400,00 денБестселерот Која игра ја играш? на психијатарот Ерик Берн е книга што им помогна на милиони луѓе да ја сфатат динамиката на врските и да го подобрат својот живот.
Сите ние играме игри. Тоа го правиме при секоја средба со другите. Природата на овие игри зависи и од ситуацијата, но и од другиот учесник во играта. Оваа класика е најдостапната и најпроникливата книга напишана досега за игрите што ги играме: оние шаблони на однесување кои ги откриваат нашите вистински чувства и емоции. Со мудрост и досетливост ни ги покажува мотивите што се кријат зад нашите врски и ги истражува улогите што се обидуваме да ги играме – и сме принудени да ги играме. Која игра ја играш? ви го дава клучот за психологијата на другиот – и на самиот себеси. Ќе станете поискрени, поефикасни и вистински тимски играч.
„Генијална, забавна и јасна илустрација на психолошкиот театар што луѓето непрестајно го играат.“ Курт Вонегат
-
Колку покрваво
0570,00 денОд број еден авторот на бестселери на „Њујорк тајмс“, легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција, доаѓа исклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места.
Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ù се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.
-
КОМУНИКАЦИЈАТА КАКО ПАТ ДО УСПЕХОТ
0320,00 денОваа книга ќе ве научи како да ги привлечете луѓето да ве слушаат со интерес, ќе ви покаже колку е важно вистински да слушате и да го користите чуеното во своја полза. Ќе ви помогне да совладате неколку најважни вештини во денешниот конкурентен свет – умешноста да зборувате пред публика, умешноста да водите спор и да излезете победник од него. Научете да комуницирате на нов начин, да ги придобивате луѓето на своја страна и да постигнувате успеси!
Без разлика дали продавате производи, услуги или идеи, деталните објаснувања и вежбите во оваа книга ќе ве научат како да ја зголемите својата моќ на убедување. Конкретно, книгата ви открива:
• Едноставен процес за постигнување супериорна комуникација
и влијание.
• 10 најчести грешки во деловната комуникација.
• 19 вежби за кратка и лесно разбирлива презентација.
• Ментални активатори и како да ги користите.
• Како да ги претворите заинтересираните во лојални клиенти.
• 12 докажани чекори за да станете убедливи и да се издвоите
од просечните.
• И многу повеќе.Сето ова базирано врз принципите за успех поставени од Дејл Карнеги, надградени од неговите следбеници и применети од милиони луѓе што живеат според нив!
-
Конци на судбината
0650,00 денВозбудлив историски и шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните.
Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает.
Книга што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија.
-
Коронтин
1300,00 денЧетири најдобри пријателки, сите со прилично различни животи, одеднаш се соочени со кошмарот наречен КОВИД-19. Денес сѐ е нормално, животот тече по својот секојдневен, ако не и малку монотон тек, а веќе утредента сѐ почнува да се менува: се појавува вирусот, растат бројките на заболени, луѓето се исплашени и затворени во своите домови. Одеднаш сите почнуваме да ја сфаќаме непроценливата вредност на едноставните секојдневни нешта што до вчера сме ги земале здраво за готово.
Марија е мажена и има две деца. Нивната куќа се претвора во хаотичен „затвор“ во текот на карантините. Хана е сингл докторка, која ги гледа последиците од вирусот во првите борбени редови во болниците, но дома е страшно осамена и не може да престане да го анализира својот живот во четирите празни ѕидови кога е принудена деновите да ги минува сама. Сара е мажена, без деца; таа и сопругот се дел од оние кои работат од дома поради вонредната состојба, па привремено се селат во викендичка на планина и одеднаш почнуваат да го гледаат животот со нови очи. Катарина е разведена, со дете, води свој бизнис и благодарение на новонастанатата состојба е принудена да се прилагодува, да бара алтернативни начини за работа – сето тоа како дополнителен стрес и притисок од веќе постоечкиот кој го наметнува вирусот. Секоја од жените претставува дел од таписеријата во која се претвори животот на луѓето во Ковид-19 добата.