Млада писателка се заплеткува во забранета љубовна врска со Гитано, полна со тајни, измама и со мрачни страсти.
Лето, 1976 година. Луз де Руеда се враќа во својата сакана Шпанија и прифаќа работа како биограф на еден познат уметник. На нејзиниот прв ден во Кадиз, запознава еден волшебен млад Циган по име Леандро, кој во истиот момент го заробува нејзиното срце, иако врските од овој вид се табу. Прогонувана од оваа забранета љубов, го запознава својот нов шеф, софистираниот Андрес де Калдерон. Воздржан, а сепак интригантен, сосема поинаков од Леандро, но на лик – негов двојник. И двајцата мажи во Луз разгоруваат непознати и возбудливи желби, но Луз тукушто треба да ја открие мистеријата и опасноста што ја носат.
Луз треба да го открие вистинскиот пат за неа, додека блескавиот Кадиз, со мистичната месечина и со певливите тиркизни брегови ѝ се враќа во крвта. Зошто толку ја привлекуваат дивите и магични Цигани? Што се крие зад старите застрашувачки предвидувања за астролошкиот знак Близнаци? Низ овој лавиринт на тајни и на лаги, дали Луз ќе ја најде својата среќа… или својот крај?
„Љубов под маски“ е приказна за забранета љубов, вистина и доверба. Дали изгледот секогаш лаже?
-
Богато дете, паметно дете
0500,00 денПарите не можат да те направат среќен. Но значат моќ, затоа што ти даваат можност да избираш.
Книга за сите родители кои сакаат да им дадат добра финансиска основа на своите деца подготвувајќи ги за современиот свет на брзи промени. Роберт Киосаки несебично ги споделува со нас сите инспиративни и практични знаења за парите и збогатувањето што тој ги добил од својот богат татко.
Богато дете, паметно дете покажува како да разбудите кај детето љубов кон учењето користејќи ги методите на умниот татко, кој му помогнал на Роберт да го заврши училиштето. Но денешниот образовен систем не нуди финансиска писменост, иако банкарот ни бара финансиска сметка, а не школско свидетелство. Оваа книга ви отвора врати за кои не сте ни помислувале дека постојат и ви овозможува да му дадете на своето дете знаења што ќе му користат цел живот, за да постигне личен и финансиски успех во вистинскиот свет.
Дајте им на децата моќ пред да им дадете пари. Помогнете им да добијат соодветни знаења и да создадат добро мислење за себе дека се силни, и ќе им помогнете да станат богати и паметни.
-
Островот на стаорците
0500,00 денСекојпат длабоко нè потресува она што е конечно и неповратно
Добредојде на Островот на стаорците, во пандемиско време во кое богатите чекаат евакуација од врвовите на облакодерите, додека обичните луѓе се борат за опстанок по улиците.
Остварлив ли е сонот за вечен живот? Научникот кој го истражува во последен миг го активира бришачот на меморијата во Бришачот, зашто пронајдената формула може да предизвика истребување на човештвото. Во Штурци е ставено на тест пријателството и патувањето низ времето кога двајца најдобри другари ќе се вљубат во иста девојка. Во Противотров отуѓениот син оди кај татко му на фарма на змии во Африка обидувајќи се да извлече пари од него. А во епскиот и брутален Црн скокач психологот Маер навечер станува професионален убиец во служба на корпоративните картели…
Од дволичност и одмазда до дистописки визии, Несбе ги испреплетува жанровите истражувајќи го она што ја движи судбината на поединецот – дали има место за љубов, сочувство и правда дури и во екстремни услови на борба за опстанок?
„Морничави приказни во кои Несбе ги истражува изопачените умови и темните места на човечкото срце соочувајќи нè со можните сценарија за нашата блиска иднина.“
Букрипортер
„Со остро перо, живи ликови и застрашувачки сцени, Несбе е модерен шекспировски мангуп, стивенкинговски исповедник на длабочините на душата, брилијантен норвешки раскажувач.“
Берлингске
-
Крвава месечина
0600,00 денКрвава месечина, 13 роман во серијалот за Хари Хуле
Брилијантниот детектив се враќа – како приватен истражител со свој тим составен од одметници
На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки кои биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери.
Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата – да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сè додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град.
Се враќа во Осло и составува чуден тим – другар од детството кој сега е дилер на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина.
„Умешноста на Несбе заслужува највисоки оценки. Ова е првокласна приказна – Хари Хуле се враќа и повторно нè фасцинира.“
„ВГ“
-
Љубов под маски
0399,00 ден -
Скандал и чест
0399,00 денПатот на самооткривање води една млада жена во светот на забранета страст, дива убавина и на одмазда. Пролет, 1950 година, Александра де Фала, писателка од англо-шпанско потекло, го напушта својот привилегиран, но задушлив живот во Лондон и заминува за Шпанија за да се сретне со своето одамна загубено семејство. Но, место чувството на припадност, по кое копнее, во семејството Де Фала вријат емоции во канџите на обичаите и на традицијата на Андалузија, кои се непознати за Александра. Покрај чудните ликови и општиот интензитет на земјата, Александра запознава еден човек, кој во неа ќе разбуди емоции што воопшто не знаела дека ги има. Но, на нивниот пат се појавуваат многу пречки: опасни ривали, непредвидливи настани и големи скандали. Каква ќе биде судбината на Александра во оваа разиграна земја на драма и на страст, каде што врелата крв се пролева низ арените при борбите со бикови, мистичните Цигани шират магија и желба за одмазда, а прекрасни танчарки ги кријат своите тајни зад разнобојните лепези? “Скандал и чест” е приказна за љубов, откривање на корените и за спротивставени идеали при потрагата по среќа. Но може ли љубовта да преживее во свет во кој скандалот и опасноста се секогаш присутни?
-
Твоите пет следни потези
0490,00 денУспешните претприемачи и шаховските велемајстори имаат визија да ги погледнат фигурите пред нив и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите. Ќе добиете: ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете. СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци. ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња. ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности. УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање стратешка предност.
-
Малото чудовиште
0350,00 денУште десет минути до спиење, а малoто чудовиште Кики ќе направи сè, само за да не заспие!
Придружете им се на чудовиштата додека се забавуваат во последните мигови пред да си легнат во кревет.
Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.
-
Концерт
0499,00 денКога Катриона Друо, млада музикотерапевтка, ѝ ја исполнува последната желба на една оперска дива на умирање, да му помогне на нејзиниот син Умберто Монтеверди да си го поврати талентот за музика, знае дека се нафатила на тешка задача. Пред десет години поминала страсна ноќ со тогаш славниот композитор, ноќ што ѝ оставила неочекувани последици.
Ѝ станува јасно на колкав предизвик се нафатила кога стасува на имотот на својот клиент, на блескавиот брег од езерото Комо во Италија. Со видот одземен од речиси фатална автомобилска несреќа, тој маж е арогантен, огорчен, и се спротивставува на секој нејзин напор да му помогне. Сепак, Катрина, со песна како сирена, повикува нешто во него што тој никако не може да го игнорира.
Заробена во бурните интриги што се одвиваат во огромната куќа на Умберто во неокласичен стил, Катриона открива дека слепиот музичар ја привлекува исто толку силно колку порано. Како да му каже за тоа што изминативе десет години го криела од него? Набргу сфаќа дека нејзината тајна не е единствената што неспокојно се бранува под површината. Композиторот без вид го прогонуваат мрачни сили, кои, сега по вторпат, му се закануваат на животот.
„Концерт“ е сензуална и романтична приказна за изгубената љубов и за простувањето, за судбината и за тешките одлуки и за една хероина решена, конечно, да ги исправи сите нешта. -
-
Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот
0780,00 денLykke (Luu-kah) (n): среќа ОЧИГЛЕДНО Е ЗОШТО ДАНСКА ЧЕСТО ЈА НАРЕКУВААТ НАЈСРЕЌНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ. ПОКРАЈ ТОА ШТО НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ИМ НУДИ СОВРШЕНА РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ, БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И БЕСПРЕКОРЕН РАСПОРЕД НА ВОЗОВИ, ТАА ГО НАДМИНУВА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ И ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ЗАПАЛЕНИ СВЕЌИ ПО ДОМАЌИНСТВО. . Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат лике – од Мајк Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата и автор на „Мала книга за хиге“. Иако може да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера. Дозволете оваа книга да послужи како водич во вашата потрага по малку повеќе лике во животот!
-
Малата Сирена
0350,00 денВо кралството на сирените,
малите сиренчиња пливаа наоколу често!
Но, имаше уште десет минути до спиење…
А едно од нив не беше на своето место.
Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен
начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика
навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат. -
Тие што се сакани
0499,00 денЧудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва.
Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор.
За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди…
Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот.
„Гледиштето на Викторија Хислоп на историјата во нејзините романи претставува олицетворение на сочувство и на добрина“. – „Скотсман“
„Никој не пишува за Грција како Викторија Хислоп“. – „Ред магазин“
„Таа возбудливо ја оживува грчката историја… Требало да спроведе детално историско истражување, но тоа не ја задушува приказната“. – „Сандеј тајмс“
„Прекрасна, уникатна љубовна приказна и чудесни, потресни описи на земјата распарчена од омраза“. – „Дејли експрес“
„Потресно четиво, кое ве враќа низ времето“. – „Ес/магазин“
-
Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј
0400,00 ден„Смртта на Иван Илич“ (1886)
Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се соочува со клучното прашање: „Како живеев?“ Токму ова прашање ја сублимира сржта на раскажувачкиот глас на Толстој кој мајсторски нè поттикнува да го ставиме прстот на чело и да размислиме за нашите постапки кон самите себе, кон нашите блиски, но и кон животот.
„Кројцерова соната“ (1889)
Преку разговорот на Позднишев со непознат странец во возот, читателот се запознава со причините кои го навеле во бран на љубомора и гадење да ја убие својата сопруга. Покрај острата општествена критика за нееднаквоста на половите, Толстој поставува негативен став и кон сексуалноста, сметајќи дека таа кај човека ги побудува животинските нагони и поттикнува на злосторства, нешто што може да се спречи единствено со апстиненција. Делото го носи името на истоимената соната за виолина и пијано на Лудвиг ван Бетовен.
„Отец Сергиј“ (1911)
Младичот Степан Касацки доживува морална навреда, по што закрила бара во руското православие и се замонашува. Во наредните години неговиот живот станува потежок, проследен со искушенија, по што тој почнува живот на пустиник. Една вечер го посетува жена чија појава го поткопува самотниот живот на јеромонахот. Соочен со соблазна, отец Сергиј го напушта манастирот и ја бара Пашенка, по што се среќава со потешки подвизи, кои стануваат мерило на неговата вера во Бога.
-
Собрани раскази
0700,00 ден„Преобразба“, „Пресудата“, „Селски лекар“, „Уметник во гладување“ и сите останати раскази на Франц Кафка!
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во неговото творештво. Во текот на својот живот објавил само дел од нив. Повеќето од нив се објавени постхумно и против неговата волја. Книгата е поделена во три дела: раскази што Кафка ги објавил во своите книги во текот на животот, раскази кои не ги вклучил во книгите, но се објавени одделно на различни места, и раскази од неговата оставнина. Меѓу нив се наоѓаат и скици за романи. Делата на Франц Кафка се сметаат за клучни текстови на Модерната, а оваа книга за првпат на македонски јазик ги пренесува сите сочувани куси прозни творби на еден од најголемите автори на едно место.
-
Анжелик
0240,00 денДури и ангелите имаат свои демони…
Париз, Божик 2021 година
По срцев удар, Матијас Тајфер се буди во болничка соба. Непозната девојка стои покрај неговиот кревет. Тоа е Луиз Коланж, студентка што доаѓа доброволно да свири виолончело за пациентите.
Штом дознава дека Матијас е полицаец, бара од него да преземе еден прилично посебен случај. Матијас на почетокот се противи, но, конечно, се согласува да ѝ помогне втурнувајќи ги двајцата во смртоносна спирала.
Така почнува една извонредна истрага, чијашто тајна лежи во животот што би сакале да го водиме, љубовта што би можеле да ја имаме и местото што сè уште се надеваме дека ќе го најдеме…
Трескавично, неочекувано, возбудливо, лавиринт од емоции каде што тоа што е сигурно на една страница никогаш не е и на следната.
-
Вкусот на одмаздата
0500,00 денКарл Морк се враќа со најсложениот случај досега!
Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмазди на оние што ја малтретирале во младоста. Имено, во Данска во средината на XX век постоело безмилосно движење за казнување на девојките што биле „непослушни“. Во него учествувал и Курт Вад, харизматичен, надалеку познат хирург, кој ги стерилизирал своеглавите девојки.
Дваесетина години подоцна, детективот Карл Морк има полни раце работа со истрагата за исчезнувањето на Рита, сопственичка на бордел, случај што им го уништил животот на двајца негови колеги. Но тој не се откажува.
Кога тој и неговите помошници дознаваат дека покрај Рита, исчезнале и многу други луѓе во приближно исто време, трагата води сè поблизу до познатиот хирург Курт Вад. Неговото брутално малтретирање на Нет е само делче од еден поголем и застрашувачки мозаик.