Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Привремен

    За мачките, за нотите и за бубачките

    0

    Ако ѕирнеш низ овие три прозорци, ќе дознаеш зошто Маја е тажна, на што се радува Ѕвезда и од што се плаши Милан. Пред тебе ќе се отвори нова галаксија и Стара планина. Ќе откриеш како звучи еден бибер-акорд и зошто во некои соби секогаш е мрак. Ќе се зборува за мачките, нотите, бубачките и радосните моменти. Секоја детска соба е една приказна…

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • За нас (Браќата Бејли #2)

    За нас (Браќата Бејли #2)

    0

    Ашер Бејли, кој се враќа дома во своето чудно гратче, повеќе не е истиот човек кој стави веренички прстен на прстот на Грејс. Тој е покрупен, посилен, прогонуван од своите внатрешни демони. Принуден да се откаже од Грејс и од сѐ друго во неговиот живот поради затворска казна која едвај ја преживува.

    Сега кога е дома, браќата агресивно го пречекуваат, а соседите со задоволство го озборуваат. Тоа му е очекувано. Но дефинитивно не очекува да види дека Грејс сѐ уште го носи неговиот прстен.

    Бајката на Грејс не е завршена. Беше трагично прекината. Таа ги има поминато последните седум години од својот живот чекајќи еден маж. И сега кога тој е вратен, има многу работа пред себе. Ашер е повреден и лут и тврдоглаво убеден дека тие не можат да бидат заедно. Тој се плаши дека темнината во него не може да се заузда. Но, Грејс нема да се откаже од него, од нив, без борба.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • За пет години

    За пет години

    0

    Каде се гледате себеси за пет години?

    Дени Коен живее според правила. Млада е и амбициозна, и точно знае каде се гледа себеси во животот. Нималку не личи на својата најдобра пријателка, спонтаната и романтична Бела. По неколку години вредна работа и грижливо планирање, Дени е на прагот за остварување на своите соништа. Ќе се вработи во најдобрата адвокатска фирма, а нејзиното совршено момче ја запросува. Дени лежи на нејзиниот кревет задоволна и убедена дека работите одат според планот.

    Кога ќе се разбуди, Дени се наоѓа во друг стан, со поинаков прстен на раката, покрај сосема друг човек. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, Дени не може да престане да размислува за тоа искуство.

    „За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен
  • За твојот роденден

    За твојот роденден

    0

    Ова е твоjа книга.

    Напишана е за тебе

     

    Во неа ќе наjдеш

    многу приjатели,

    сосем мали и многу големи,

    волшебни, чудни, убави и смешни.

    Тие ти донесоа дарови

    и приказни за себе

    и за својот свет.

    За прекрасен свет,

    ќе видиш.

    690,00 ден
    Додај во кошничка
  • За твојот успех

    За твојот успех

    0

    Смелите цели ги постигнуваат луѓе
    коишто „горат“ од желба да ги остварат.

    Од авторот на бестселерот „Ставот е сѐ“, оваа инспиративна книга е збирка од 62 моќни есеи посветени на принципите на успехот и позитивниот став. Преку едноставни, но практични техники, читателот учи како да го промени начинот на размислување, да изгради дисциплина и да го отклучи сопствениот потенцијал.

    Оваа книга не зборува за успех кој е постигнат преку ноќ или за збогатување без труд. Такви работи не постојат. Успехот бара дисциплина, развивање нови начини на размислување и однесување. И вреди да се вложи време и труд за да се изгради таа дисциплина.

    Инспирирана од личната трансформација на авторот, книгата нуди искрени и применливи поуки што веќе им помогнале на милиони луѓе ширум светот да создадат посреќен и поисполнет живот. Ова не е приказна за брз успех, туку водич за вистинска и трајна промена.

    Ова е книга што ќе те поттикне да веруваш во себе – и да почнеш да го градиш животот што го заслужуваш.

    Ова е за ТВОЈОТ успех!

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • За тебе (Браќата Бејли #1)

    За тебе (Браќата Бејли #1)

    0

    Една ноќ ги зближува. Друга ги разделува.

    На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но растењето значи оддалечување. А и вистина, како би можел да се вљуби во неа кога го имаат поминато детството валкајќи се во кал на потокот и делејќи мастика за џвакање? Но летово, нешто како да е поинаку. Да беше понаивна, Грејс ќе помислеше дека Ашер флертува со неа. Тие темни очи, цврстото тело и ѓаволестата насмевка ѝ будат пеперутки во стомакот и храброст во срцето да се надева на работи за коишто отсекогаш била убедена дека никогаш нема да ги има.

    Затрескувањето во најдобрата другарка не би требало да е комплицирано, но за Ашер Бејли, љубовта кон Грејс е сè, само не едноставна. Патот до романса не е лесен благодарение на глутницата браќа кои се заштитнички настроени кон девојката од соседната куќа, бабата која не трпи глупости, малото гратче каде што озборувањето е секојдневна појава, и кавгата што се протега низ генерации. Но Ашер сфаќа дека неговите чувства се преголеми за да ги игнорира. Не ризикува со тоа што ја љуби. Ризикува ако дозволи да ја изгуби.

    И една вечер, еден бакнеж менува сè.
    Конечното признавање на чувствата е почетокот на нивниот среќен крај. Но нивната бајковита љубовна приказна трагично прекинува и никој од нив никогаш повеќе нема да биде ист.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • За тебе додека се бараш себе

    За тебе додека се бараш себе

    0

    Некои денови главата ти е полна, а срцето тивко. Некои денови не ти е ниту до мисли ниту до чувства. А некои денови само сакаш да знаеш дека си доволно добар/а, иако ништо не ти оди од рака.

    Доколку веќе посегна по оваа книга, нешто во тебе знае дека постои повеќе. Повеќе од збунетост, тишина, чувство дека не припаѓаш никаде, притисок однадвор и прашања однатре. Не случајно си дошол/а до неа.

    Во неа ќе најдеш зборови што те закрилуваат, реченици што молчат со тебе, сила што ти треба и вистини што можеби никој досега не ти ги кажал. За тоа како се вели НЕ. За грешките. За популарноста. За социјалните мрежи. За стравовите. За чувствата. За родителите. За пријателите. За љубовта. За тебе. За она што навистина го чувствуваш, а не за она што го гледаат другите.

    Бидејќи не си сам/а. И не си чуден/а. И твојата збунетост не е проблем, туку знак дека бараш нешто подлабоко.А оваа книга е тука… токму за тој период. Оваа книга не е само за да ја прочиташ. Таа е тука за да те придружува на твојот пат.И за да сфатиш кој/а си додека патуваш кон себе.
    Оваа книга не е тука да ти соли памет. Таа е тука да те потсети кој/а си ти.

    900,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Забранет допир

    Забранет допир

    0

    Тој е осуден убиец во затвор… но таа не се плаши од него.

    Новинарката Софи Алтон го истражува исчезнувањето на млада мајка, Меган, која неодамна е пуштена на условно и сега бега од властите со нејзината ќеркичка. Потрагата ја води Софи до братот на Меган, Марк, осуден убиец – и воедно човекот со кого таа има поминато една незаборавна ноќ пред дванесет години.

    Осуден на живот во затвор, Марк ја користи Софи да побегне за да може да ја најде сестра си и да ја заштити од монструмот кој ја гони. Софи знае дека треба да се плаши од Марк. Но сѐ уште премногу добро се сеќава на жестината и страста во неговите допири, дури и по толку време.
    Заедно следат опасна трага додека многу луѓе од двете страни на законот прават сѐ што е во нивна моќ да ги спречат Софи и Марк во пронаоѓањето на Меган… и откривањето на вистината за минатото.
    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Забранети задоволства

    Забранети задоволства

    0

    Нивните животи беа совршени сѐ додека не се запознаа.
    Леди Хиро Батен е занесна млада дама што ѝ припаѓа на самата елита на аристократијата. Таа е родена сестра на војводата од Вејкфилд и ништо не ѝ недостасува. Верена е за маркизот од Мендевил, за кого смета дека е досаден и нема смисла за хумор… Ама не ѝ пречи. Сѐ додека не се сретна со братот на маркизот!
    Лордот Грифин Ридинг воопшто не е совршен. Всушност тој е еден многу мистериозен тип за кого никој не знае како му поминува денот, ама затоа е општопознато дека ноќе присуствува на разновидни развратни забави… Уште кога првпат го виде, Хиро почувствува одбојност, а Грифин пак мисли дека таа со својата добротворна работа и беспрекорните манири е премногу совршена за неговиот брат. Нивното постојано надмудрување и битка со зборови се разгоруваат во незапирлива страст која се заканува како кули од карти да ги разурне нивните уредени светови.
    Можат ли двата несовршени лика
    да пронајдат совршена, вистинска љубов?

    Ова е втората од неколкуте романтични и секси љубовни романси, што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија да ја прочитаат книгата „Опасни намери“, а при читањето на „Забранети задоволства“ ќе се потсетат на настаните и нејзините главни ликови.

    „Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна сторија со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
    Буклист

    430,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Завеани за Божиќ

    Завеани за Божиќ

    0

    Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…

    Семеен собир
    Овој Божиќ братот и сестрите Милер имаат една цел – да ги избегнат добронамерните прашања од семејството. Тие имаат тајни што не сакаат да бидат дознаени и се потпираат еден на друг за да го одвлечат вниманието.

    Непоканета гостинка
    Луси Кларк ја мачи можноста да ја изгуби работата – ако не успее да склучи голема деловна зделка со Рос Милер. Планот ѝ е да му ја однесе својата понуда до семејниот дом во Шкотските Планини и потоа да си замине. Таа никако не би сакала да се наметнува на совршениот семеен Божиќ на Милерови.

    Божиќ за паметење
    Кога Луси се појавува на заснежениот праг на Милерови, семејството помислува дека му е девојка на Рос. Но додека да се расчисти недоразбирањето, снежна бура го зафаќа регионот и Луси останува заглавена. Додека сите се подготвуваат за заедничката прослава на Божиќ, нетрпеливоста почнува да избива на површина и одеднаш Луси се наоѓа среде голема семејна кавга – со семејство кое не е нејзиното.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заведи ме в мугри (Хатавеј #2)

    Заведи ме в мугри (Хатавеј #2)

    0

    Тој дава сѐ од себе да се обиде да ја заборави.

    Кев Мерипен копнее за убавата, фино воспитана Винфред Хатавеј уште откако нејзиното семејство го спасило од смрт кога бил само дете. Но овој привлечен Ром е човек со мистериозно потекло – и се плаши дека неговото мрачно минато би можело да ја уништи нежната, прекрасна Вин. Па затоа Кев не дозволува да потклекне пред искушението… и наскоро ја губи Вин поради иронична игра на судбината.

    Таа не го познава човекот во кој се претворил.

    И тогаш, Вин се враќа во Англија… но открива дека Кев се трансформирал во ладен човек кој ја одбива љубовта по секоја цена. Во меѓувреме, се појавува привлечен додворувач кој кружи околу Вин. Кев мора да одлучи дали ќе преземе нешто бидејќи моментот е сега или никогаш. Во секој случај, прво мора да се соочи со опасната тајна за неговата судбина… или да ризикува да ја изгуби единствената жена за којашто отсекогаш живеел…

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Завеса : Последниот случај на Поаро

    Завеса : Последниот случај на Поаро

    0

    Херкул Поаро и капетанот Хејстингс повторно се наоѓаат во Стајлс корт, местото на нивната прва средба, каде што заедно го решаваат и својот прв случај на убиство, но овој пат средбата значи заокружување на нивната кариера во борбата против злосторствата и воедно нивно последно видување.

    Иако остарен, неподвижен, со артритис и болки, навидум се чини дека Поаро внатрешно е потполно здрав, односно дека неговиот величествен ум сè уште совршено функционира. Но, откако ќе посочи дека во пансионот каде што престојуваат со Хејстингс има петкратен убиец, а сите гости се мирољубиви ликови, се поставува прашањето дали тој можеби веќе ја губи вештината за дедукција? Во секој случај, Поаро смета дека треба да се спречи ново убиство пред да се спушти завесата за крај.

    Романот „Завеса: Последниот случај на Поаро“ е објавен во 1975 година, но е напишан многу порано, за време на Втората светска војна. Агата Кристи овој роман го пишува како подарок за нејзината ќерка и го чува во банкарски сеф повеќе од 30 години. Од литературен аспект, ова се смета за едно од нејзините најдобри дела, како еден мошне возбудлив, прониклив и вешто смислен заплет со драматичен крај.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Завети

    Завети

    0

    „Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ

    ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ

    0

    Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!

    Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.

    Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.

    Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заветот на кралицата

    Заветот на кралицата

    0

    Дојдов во оваа земја и немам намера да ја оставам

    или таа да ја засени мојата работа;

    ниту ќе им дадам таква слава на моите непријатели

    или таква болка на моите поданици.

    Младата инфанта Изабела е оставена на милост и не милост на суровоста на шпанскиот двор во време на владеењето на нејзиниот полубрат , кралот Енрике IV, подводлив на блудност и застранување . Но , нејзината судбина да биде кралица на Кастилија е неизбежна и покрај сите препреки . Периодот на владеeње на Изабела I од Кастилија го опфаќа обединувањето на шпанските кралства, примирјето со Португалија, Инквизицијата, падот на Гранада, прогонот на Сефардите и појавата на Кристофер Колумбо . Таа не е само кралица, таа е и мајка на пет деца од успешниот брак со кралот Фернандо од Арагон.

    Кастилија е на прво место.

    Тоа беше мојот завет на денот кога го зазедов престолот !

    Изабела I од Кастилија

    550,00 ден
    Додај во кошничка