-
Живот без крај
0400,00 денНовото дело на славниот Фредерик Бегбеде романот Живот без крај е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта сексот бракот експериментирањето со дрогите итн. во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството на смртта и вечниот живот.
Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.
Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.
-
ЖИВОТ БЕЗ КРАЈ
0400,00 денНовото дело на славниот Фредерик Бегбеде, романот Живот без крај, е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта, сексот, бракот, експериментирањето со дрогите итн., во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството, на смртта и вечниот живот.
Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.
Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.
-
Животинска фарма
0199,00 денЕден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата… Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.
Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.
„Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс
-
Животната приказна на Цилка
0450,00 денНЕЈЗИНАТА УБАВИНА Ѝ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ, НО Ѝ ЈА ОСУДИ.
Цилка имаше само шеснаесет години кога беше однесена во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, во 1942 година. Командантот во Биркенау, Шварцхубер, ја забележува нејзината долга убава коса и ја принудува да се раздели од останатите жени затвореници. Цилка брзо учи дека моќта, дури и неволно дадена, е еднаква на преживување. По ослободувањето, Цилка е обвинета како соработник со непријателот и испратена во Сибир. Но, каков избор имала таа? Кој можеше да суди за моралот на Цилка, која беше испратена во Аушвиц уште како дете? Во затворскиот камп во Сибир, Цилка се соочува со нови предизвици, но ужасно познати, вклучувајќи го и несаканото внимание од страна на чуварите. Но, таа ѝ остава впечаток на една жена лекар, така ќе биде под нејзина заштита. Цилка започнува да се грижи за болните во кампот, борејќи се за нив во брутални услови. Цилка наоѓа бескрајни извори за преживување, бидејќи секојдневно се соочува со смрт и со терор. И кога ќе почне да се грижи за мажот по име Иван, открива дека и покрај сè, во нејзиното срце има простор за љубов.
„Таа беше најхрабрата личност што некогаш сум ја сретнал“
Лале Соколов, Тетовирачот од Аушвиц
-
ЖИВОТОТ Е КРАТОК, НАПРАВЕТЕ ГО ВЕЛИЧЕНСТВЕН
0320,00 денВие имате моќ да го збогатите својот живот, моќ да ги надминете неволјите и да постигнете среќа, хармонија, здравје и просперитет.
Оваа книга ги содржи принципите што ги постави Дејл Карнеги и што ги применија милиони луѓе за да научат како да го усогласат својот пристап кон различни ситуации со кои се соочуваат. Ќе научите како да ги откриете своите силни и слаби страни, како да ги подобрите своите предности и да ги надминете слабостите.
Ќе ви помогне да разберете како моментално се справувате со животните перипетии, и што треба да подобрите за да ги остварите своите потреби. Клучните идеи за збогатување на животот што ќе ги добиете од оваа книга се:
• Како да ги урамнотежите клучните фази во животот: личниот, професионалниот и социјалниот.
• Како да ги намалите стресот и загриженоста.
• Како најефикасно да комуницирате со другите.
• Како да станете харизматична личност.
• Како да се справите со комплицирани, тешки луѓе.
• Како да ги контролирате своите емоции.Советите презентирани во оваа книга ќе ви го збогатат животот. Тие не се теоретски или филозофски проповеди, туку произлегуваат од искуството на луѓе како вас, кои ги примениле за да ги променат своите животи од просечно постоење до задоволувачко, значајно и возбудливо патување.
-
Животот е на друго место
0390,00 денРоманот Животот е на друго место е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).
„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“
-
Животот е убав ако знае да се живее
0900,00 денПостојат три вида книги:
книги за забава,
книги за учење и
книги за лична промена.
Читајќи ја оваа книга, ќе дознаете на кој вид таа припаѓа.
„Животот е убав ако се знае како да се живее“ е дело
кое говори за човечките и животните судбини
кои, како што ќе се уверите, можат да се
менуваат без ограничувања, но само ако се знае
како да се живее животот.
Во секоја од петте приказни можете да
препознате дел од себе и од својата душа, за на
крајот да почувствувате како нејзините посебни
делови одново се спојуваат во
една смислена целина.
-
Животот на нашата планета
0450,00 денЗемјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот.
Животот на нашата планета
Моето сведоштво и мојата визија за иднината
Имам 94 години. Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден.
Како младич, додека шетав мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија. Трагедијата на нашето време се случуваше насекаде околу нас, едвај забележливо од ден за ден – исчезнувањето на дивината, намалувањето на нејзиниот биодиверзитет.
Бев сведок на ова намалување. Животот на нашата планета е моето сведочење, но и мојата визија за иднината. Тоа е приказна за тоа како ја направивме нашата најголема грешка и како, доколку дејствуваме веднаш, можеме да ја исправиме.
Имаме уште само една, последна шанса да го создадеме нашиот совршен дом и да го обновиме волшебниот свет што сме го наследиле.
Сè што ни треба е волја.
Сер Дејвид Атенборо е најпознатиот британски автор на природонаучни филмови. Неговата кариера на природонаучник и телевизиски презентер опфаќа речиси седум децении. Тој се здобил со почесна витешка титула во 1985-та, а во 2005 година му бил доделен Орден за заслуги. Член е на Кралското друштво и се занимава со теми поврзани со изумирањето на видовите и нивното сочувување.
-
Животот те сака
0280,00 денЕдна од омилените афирмации на Лујза гласи Животот те сака! Таа ги симболизираат нејзиниот живот и работата. Лујза Хеј и Роберт Холден заедно откриваат што навистина значат зборовите животот те сака. Смислата на оваа афирмација означува дека дека животот не ви се случува, туку постои заради вас. Во низата искрени разговори, соговорниците допираат длабоко во човековото битие, во моќта на љубовта, наклонетата природа на реалноста, пријателски настроениот универзум.
Книгата Животот те сака! се состои од инспиративни приказни, корисни методи, молитви и вежби. Таа претставува практична филозофија што се заснова врз седум едноставни и ефикасни духовни вежби за самоисцелување.
Љубовта опстојува дури и во свет полн со страв. Дури и кога мислите дека немате ништо, изобилството постои. Дури и кога сте во судир, мирот сè уште е тука. Дури и кога сте сами, постои помош. Дури и кога сте изгубени, постојат насоки. Сè што ви треба е тука. Овде и сега…
-
Жирафата Жижи
0200,00 денДругарчиња, сте чуле ли за новата жителка на волшебната шума? Не? Значи не знаете за хаосот што го направи таа… Дури и во сликовницава! Многу е мала, а многу е немирна, трча наоколу и се губи. Ќе ни помогнете ли да ја најдеме? Да? Јееј!
-
Жолти чорапи
0220,00 ден„Жолти чорапи“ е топла, лирска приказна за препознавање на чувствата кај децата раскажана на лесен, забавен и симболичен начин преку вселувањето на добродушниот Бувко во една нова шума. Сакајќи да се запознае и да се спријатели со соседите, Бувко секому му подарува соодветен подарок и на крајот сите животни стануваат посреќни.
„Жолти чорапи“ поттикнува на запознавање и го негува пријателството. Децата, освен што можат да уживаат во оваа приказна, можат и да учествуваат во неа преку работниот додаток на крајот од сликовницата.
-
Жртва 2117
0550,00 ден#8 СЕКТОРОТ Q
Застрашувачка меѓународна истрага ја открива сложената животна приказна на еден од членовите на одделот за нерешени случаи – загадочниот Асад.
Весниците го нарекуваат мртвото тело само „Жртва 2117“, две илјади сто и седумнаесеттиот мигрант што го загубил животот во Средоземното Море.
Но за тројца луѓе, жртвата е многу повеќе, а нејзината смрт поттикнува низа настани, кои Секторот Q, предводен од инспекторот Карл Морк, го фрлаат во длабоко опасен и прилично личен случај, кој не само што открива мрачни тајни за минатото туку и смртоносни последици за иднината.
За едно психички нестабилно момче од Данска, смртта на Жртвата 2117 станува симбол на сѐ што мрази и е совршен изговор да ги ослободи своите убиствени нагони. За Галиб, суров мачител од озлогласениот затвор Абу Граиб, смртта на Жртвата 2117 е првиот чекор во терористичка завера, планирана со години. А за Асад, Жртвата 2117 е врската до неговото закопано минато и до своите најблиски кои ги сметал за одамна мртви.
-
Жртвување со оган
1300,00 денМладата Микаела останува сираче за време на Првата светска војна. Едвај преживува од ден за ден, питајќи по улиците и копнеејќи за топла постела и безбеден покрив над главата. Бидејќи нема друга опција, веднаш се согласува да замине кај тетка ѝ за да има кој да се грижи за неа. Но ни нејзината тетка, како нејзина единствена блиска роднина, не е пресреќна што треба да ја прими во својот дом, па веднаш ѝ става на знаење дека нема да биде гостинка таму, туку ќе треба да си го заработува лебот и престојот со макотрпна работа.
Но, животот продолжува да ја казнува и измачува. Работите се комплицираат и таа мора да се омажи за човек речиси двојно постар од неа. Принудена повторно да ја прифати својата тешка судбина, се помирува со бракот без љубов.
По неколкугодишен брак, избувнува Втората светска војна. И животот по којзнае кој пат ја доведува на раб на преживување, принудувајќи ја да ја донесе најтешката, а воедно и најстрашната одлука во нејзиниот живот.
-
За ваше добро
0490,00 денТеди Крачер ја освоил наградата Наставник на годината на престижната академија „Белмонт“, училиште за најдобрите и најталентираните.
Тој вели дека неговата сопруга не може да биде погорда – иако никој не ја видел подолго време.
Теди не може да се заморува со смртта на мајката на една ученичка што сè повеќе личи на убиство, ниту, пак, со еден ученик кој сè подлабоко копа во неговиот личен живот. Главен фокус му е да ги турка овие деца до нивниот максимален академски потенцијал.
Сè што сака е неговите колеги – и бескрајно наметливите родители – да му се тргнат од патот.
Понекогаш е лошо што извонредноста доаѓа по многу висока цена.
-
За кого бијат камбаните
0550,00 ден„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“
Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво.
Романот „За кого бијат камбаните“, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, „За кого бијат камбаните“ е можеби најпознатиот воен роман на XX век.
-
За македонските работи
0500,00 денТреба сега, и еднаш засекогаш, да се согласиме и да прифатиме едно нешто: „За македонските работи“ (1903) на Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926) е најважната книга за македонското прашање што кога било е напишана и објавена на македонски јазик.
А тоа е така бидејќи, од една страна, таа става круна на македонската преродба од ХIX век, еден долг и комплексен, но и многу оспоруван процес, а од друга страна, поставува цврст идеолошки и културолошки камен-темелник на современата македонска нација oд XX век. Едновремено, со огромна ерудиција и со изразен романтичарски налет, каков што ретко сме прочитале на македонски јазик, таа говори за настани и појави од поблиското и подалечното минато на Македонците и на Балканскиот Полуостров, и визионерски и актуелно дефинира и објаснува настани и појави што ни се случуваат одново и одново на истиот географски простор сто дваесет и две години по нејзиното објавување.
Кога сме кај годините, Мисирков ја создава оваа книга на дваесет и осум години (каква мудрост од каква младост!) и ја објавува во годината што има најголемо симболично значење за секој Македонец: годината на Солунските атентати, на Илинденското востание, на загубата на Гоце Делчев, Питу Гули, Лазар Поп Трајков, на основањето на Крушевската Република, на прогласувањето на Крушевскиот манифест, а со делото на Мисирков дефинитивно можеме да ја наречеме – „Годината на македонските работи“. Во целиот овој контекст, Крсте Мисирков не е само значајна фигура од македонската борба за самостојност, туку и надисториски феномен што декларативно, еволуционистички, недвосмислено, храбро и неповратно издаде проглас за културна борба преку која (ќе) дојде до конечна независност и автономија на Македонија.