Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Еднаш и засекогаш

    Еднаш и засекогаш

    0

    Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија неверојатната страст на една нескротлива американска убавица и еден комплициран англиски лорд.

    Кога одеднаш останува сирак и сама на белиот свет, Викторија тргнува на патување преку океанот, нетрпелива да стигне до своето наследство во Вејкфилд, раскошниот англиски имот на далечниот роднина, озлогласениот лорд Џејсон Филдинг. Страшно збунета од неговата ароганција, но истовремено привлечена од неговата грациозност на пантер, таа ги чувствува болните спомени што тлеат во неговите мрачни очи. Кога тој најпосле ќе ја земе во прегратка, будејќи слатка ненаситност кај неа, тие се венчаат и ги обзема неопислива, бескрајна радост – најмногу затоа што конечно се слободни од злата канџа на минатото. Но тогаш Викторија открива предавство во сржта на нивната љубов… љубов за која сонувала дека ќе триумфира не само еднаш, туку засекогаш.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еднаш и Тогаш

    Еднаш и Тогаш

    3

    „Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да ги спаси своите родители Евреи од нацистите во окупирана Полска за време на Втора светска војна.

    Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот. Барем еднаш.

    „Еднаш побегнав од сиропиталиште за да ги најдам мама и тато.

    Еднаш спасив девојче по име Зелда од запалена куќа.

    Еднаш насмеав нацист.

    Се викам Феликс. Ова е мојата приказна“.

    Тоа е доброто кај приказните. Секогаш постои шанса да се остварат.

    Феликс е среќен. За разлика од другите деца во сиропиталиштето, тој е сигурен дека неговите родители ќе се вратат по него еден ден. И без разлика колку нацистите ги палат книгите, благодарение на имагинацијата на Феликс, тој и неговите другари имаат безброј приказни – приказни кои ги штитат кога бегаат, кога се кријат од насилството и лудилото што владее насекаде околу нив, кои им даваат надеж кога се чини дека сè е изгубено и кои еден ден можеби дури и ќе му го спасат животот на Феликс.

    „Еднаш“ и „Тогаш“ се две книги издадени во споено „омнибус“ издание.

    button-new

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Едно лето во Италија

    Едно лето во Италија

    0

    Кога ќе почине мајка ù на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ù била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ù е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ù на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ù, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама.

    Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот.

    И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад. Во текот на едно лето во Италија, Кети ја запознава Керол, не како нејзина мајка, туку како млада жена пред да ја роди неа. Таа не е истата каква што ја замислувала Кети, но Кети мора да ги поврзе мајката која знаела сè со младата жена која сè уште нема поим.

    Следната голема љубовна приказна на Ребека Серл е тука, а овој пат е меѓу мајка и ќерка. Со својата препознатлива срцепарателна, искупителна и автентична проза, таа создаде трансцендентен роман за тоа како по загубата продолжуваме понатаму и како луѓето кои ги сакаме никогаш вистински не нè напуштаат.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Едно лето на Крит

    Едно лето на Крит

    0

    Марина и нејзиното момче Филип одлучуваат својот одмор ова лето да го поминат на грчкиот остров Крит на гости кај блиски роднини на Марина. Елена, тетката на Марина, треба да ги пречека на автобуската станица во Хања.

    Прекрасната идила што ги очекува на островот е прекината поради ситна караница на станицата предизвикана од Филип, кој во момент на фрустрација ја остава својата девојка сама.

    Сфаќајќи во меѓувреме дека направил голема грешка, се враќа назад на станицата, каде што од Марина нема ни трага ни глас. Уште полошо, договорениот термин поминува, а тетката на Марина не се појавува во закажаното време.

    Во тој момент, Филип започнува мртва трка со времето во обид да ја пронајде Марина, а денот што допрва следува се претвора во вистински пекол што засекогаш го менува.

     

     

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Едно непознато суштество

    Едно непознато суштество

    0

    Ветувањето е ветување. Тоа не смее никогаш да се прекрши.

    Сѐ започна вака: една ноќ, пред да си легне, Сани слушна… невообичаен звук зад фрижидерот. Знаеше дека таму живее некое суштество. Но не сакаше да открие што е тоа без Стела, а ни без тебе.

    А ти сакаш ли да откриеш?

    Ако сакаш, влегувај во нашата приказна! Те чекаме!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еднорози во слатката земја

    Еднорози во слатката земја

    0

    Сликовница која е посебна по својата обработка, составена од 10 илустрирани страници со интересен облик, секој лист изработен од пена.

    150,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЕЗЕРО

    ЕЗЕРО

    0

    Рибарско село на крајот од светот. Загадено езеро што полека пресушува и кобно се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат за чешање својата егзема. А што има Нами? Нами нема ништо освен една бабичка со дебелкави раце. Но има и живот пред себе ‒ другари и детски игри, љубов кон училиштето, прва љубов што му ја обесчестуваат руските војници, а потоа му одземаат и сè друго…

    Но ако еден живот може да започне на крајот од светот, тогаш можеби може да заврши и на неговиот почеток. Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Емотивен талог

    Емотивен талог

    0

    Книгата „Емотивен талог“ произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина. Ова дело е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.

    Гоце Смилевски

     

    Прозните цртички за „најдлабокото човечко“ на Ана Јовковска се албум на една лична интима, но воедно и освестувачки аларм за колективната свест и совест. Испровоцирани од радикалната промена на светот при соочувањето со монструозниот вирус, нејзините прозни записи се длабока интроспекција и потрага по примарните хуманистички вредности: среќата, љубовта, слободата, здравјето (физичко и ментално), моралот, солидарноста, природата, културата… Хибридните прози кои комбинираат расказ со есеј, колумна со критика, филозофија со психологија се необични книжевни медалјони, свежи и сочни. И, секако, не смее да се заборави – имаат розова боја, „крчкани“ се во женска кујна!

    Соња Стојменска-Елзесер

     

    Приказните од кујната на Јовковска се „крчкани натенане“, сериозно промислени и продлабени низ слоевите на колективните матрици, но едновремено длабоко прочувствувани и процедени низ решетките на сопственото искуствено доживување. Во нив таа навидум се занимава со себе и женските револуции што ги води, но нејзиното интимно соголување, всушност, крие гандиевска филозофија, длабоко верувајќи дека со личниот пример може да го трасира патот кон поправеден, послободен и попродуховен свет.

    Ана Мартиноска

     

    Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата „Емотивен талог“ има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитноста на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив.

    Владимир Мартиновски

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ереб

    Ереб

    0

    ЕРЕБ е игра. Таа те набљудува, разговара со тебе,
    те наградува, те проверува, ти се заканува…

    Ник е опседнат со Ереб, компјутерската игра што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
    Кој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, Богот на подземјето да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?

    ЦЕЛТА НА ЕРЕБ Е ДА УБИВА!

    „Трилер на годината“ ‒ Die Zeit

    „Волшебен роман за млади за опасностите што ги крие виртуелниот свет“ ‒ Brigitte Magazine

    „Исто како што играта ги опседнала главните ликови на овој роман, така и нас оваа книга нѐ маѓепса и не ја испуштавме од рака додека загатката не беше разрешена“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Есен во Венеција

    Есен во Венеција

    0

    Во есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.

    Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето.

    Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Есента на патријархот

    Есента на патријархот

    0

    Татко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.

    Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.

    Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ефектот на Марко

    Ефектот на Марко

    0

    #5 СЕКТОРОТ Q

     

    Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, петнаесетгодишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер. Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.

    Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до фрапантни тајни за кланот. Плашејќи се дека ова откритие може да стигне до полицијата, Зола и неговите луѓе почнуваат да го бркаат Марко.

    Неговите патишта сега се вкрстуваат со оние на детективот Карл Морк. Кога Карл ќе сфати што сè знае Марко, ќе одлучи да ја реши мистеријата и да го спаси момчето. Мистеријата се протега од Данска до Африка и води до високата политика и бизнис, каде што не постојат правила на игра, а човечкиот живот се множи со нула.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЕХО НА СЛОБОДАТА

    ЕХО НА СЛОБОДАТА

    0

    Ехото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот, сè се сведува на тоа:
    Умееш ли да сонуваш за подобар свет?
    Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје?
    Умееш ли да веруваш во луѓето?
    Умееш ли да им го отвориш срцето, за тие да ти ги отворат своите најинтимни мисли?
    Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни?
    Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?

    Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.

    Интервјуто е повеќе од занает. Тоа е состојба на духот.

    399,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жабата и глушецот

    Жабата и глушецот

    0

    Радосен, потрчал глушецот да најде конец. Барал, барал, па нашол и се вратил брзо кај жабата. Го врзала таа за ногата, па тргнале да ја препливаат реката. Но, кутриот глушец, не знаел што му спрема жабата!

    168,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина

    Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина

    0

    Во 1971 година Кундера пишува драмски текст во којшто се раскажуваат авантурите на еден благородник и на неговиот слуга Жак. Поднасловот на текстот укажува дека драмата е почест на големиот Дени Дидро, особено на неговото дело Фаталистот Жак.

    Оваа драма е многу успешна варијација на основните теми од тој роман и продлабочување на парадоксите на Дидро низ призмата на еден ироничен скептик од XX век.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жед

    Жед

    0

    Една жена е најдена мртва во нејзиниот стан, со прегризан врат, по состанокот договорен на Интернет. По два дена, нова жртва – на слична возраст, корисничка на Тиндер, во слична сцена.

    Притиснат од медиумите за што побрзо решавање на случајот, директорот на полицијата е свесен дека само еден човек може да го фати убиецот. Меѓутоа Хари Хуле не сака да се врати таму каде што за малку ќе загубеше сѐ. Барем додека не се посомнева дека овие убиства може да се поврзани со една негова стара, неуспешна истрага.

    Зашто има нешто во нив што му го привлекува вниманието, нешто во деталите што истражителите ги пропуштаат. Кога ќе биде откриена наредната жртва, Хари мора да стави на коцка сѐ за да го фати единствениот човек што успеал да му се извлече.Потрагата по убиецот прераснува во потрага по она што е најинтимно, најдлабоко во човекот.

    „Исклучително… Хари е растргнат од тежок внатрешен конфликт – од една страна, сака да ги заборави ужасите што се обидува да ги спречи, а од друга, знае дека мора да ги запомни во сите нивни мрачни детали.“

    Паблишер викли

    500,00 ден
    Додај во кошничка