Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ (проучување и толкување на евангелсиот текст)

    ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ (проучување и толкување на евангелсиот текст)

    0

    П Р Е Д Г О ­В О Р

    Де­нес е зго­ле­мен ин­те­ре­сот за Бо­го­поз­на­ни­е­то.

    На­ши­от чо­век са­ка да се за­поз­нае со Бо­га, да Го нај­де и да знае не­што по­ве­ќе за Гос­по­да Бо­га, за Све­то­то еван­ге­лие и за ве­ра­та. Не­го­ви­от прв че­кор кон тоа, обич­но е чи­та­ње­то на Све­та­та Биб­ли­ја, од­нос­но на Све­то­то еван­ге­лие. Притоа на­и­ду­ва на теш­ко­тии по­ра­ди го­ле­ми­те тај­ни и дла­бо­чи­на­та на мис­ли­те во Све­то­то пис­мо, па не мо­же да ги раз­бе­ре и сфа­ти си­те Бож­ји по­ра­ки што се иска­жа­ни воА во не­го пак ни се откри­ва Бог и Спа­си­те­лот наш Исус Хри­стос со Сво­и­те де­ла и збо­ро­ви кои се на­ше ра­ко­водс­тво кон спа­се­ни­е­то и веч­ни­от жи­вот. Пре­ку не­го Бог му збо­ру­ва на чо­ве­кот. Еван­ге­ли­е­то.
    Све­то­то еван­ге­лие ја раз­ви­ва мо­рал­на­та си­ла кај чо­ве­кот и го во­ди кон до­бро­то, па за­тоа ве­ли­ме де­ка раз­ум­ни лу­ѓе се оние, кои ги слу­ша­ат и ги ис­пол­ну­ва­ат збо­ро­ви­те на Све­то­то еван­ге­лие. Тие жи­ве­ат спо­ред Еван­ге­ли­е­то и за­тоа има­ат спо­ко­ен жи­вот, чис­та со­вест и ду­ше­вен мир.

    Де­неш­ни­от чо­век е пре­о­ку­пи­ран со ма­те­ри­јал­на­та гри­жа од овој свет. Лу­ѓе­то сè по­че­сто по­ста­ну­ва­ат ро­бо­ви на сво­и­те ба­ра­ња и жел­би и по­сто­ја­но тр­ча­ат по ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те по­тре­би кои се­којд­нев­но се зго­ле­му­ва­ат и пре­рас­ну­ва­ат во стра­сти и по­хо­ти. Та­ка се за­до­во­лу­ва ма­те­ри­јал­на­та – те­лес­на­та ди­мен­зи­ја на чо­ве­кот, а ис­пу­сту­ва ду­ша­та.

    Зна­чи, по­треб­на е и зна­чај­на и ду­хов­на­та хра­на за чо­­ве­кот и тоа попотребна од телесната. За­тоа Гос­под Исус Хри­стос ре­кол: „Не са­мо од леб ќе жи­вее чо­ве­кот, а и од се­кој збор што из­ле­гу­ва од уста­та на Бо­га“ (Ма­теј 4,4).

    Сог­ле­ду­вај­ќи ја по­тре­ба­та од ду­хов­на хра­на на на­ши­от на­род, ка­ко и по­тре­ба­та од тол­ку­ва­ње на Све­то­то еван­ге­лие, се за­фа­тив со обра­бо­тка и об­јас­ну­ва­ње на тек­стот од Еван­ге­ли­е­то спо­ред Ма­теј. Се тру­дев­ да ја об­јас­на­м и про­тол­ку­ва­м дла­бо­чи­на­та на еван­гел­ски­от текст за да би­де по­раз­бир­ли­во, по­при­фат­ли­во и по­у­бед­ли­во она што Го ка­жал Бог пре­ку Све­то­то еван­ге­лие за спа­се­ние на лу­ѓе­то.

    Бо­гат­ство­то на Еван­ге­лието до­а­ѓа до израз са­мо пре­ку ег­зе­ге­за­та (тол­ку­ва­ње­то).

    А за да мо­же­ме пра­вил­но да го раз­бе­ре­ме и тол­ку­ва­ме Све­то­то еван­ге­лие, тре­ба се­ко­гаш на ум да Го има­ме Ису­са Хри­ста.

    Тол­ку­ва­ње­то на Еван­ге­лието не е ин­те­ле­кту­ал­на игра, па за­тоа и ова де­ло е вте­ме­ле­но врз тол­ку­ва­ња­та на све­ти­те от­ци и поз­на­ти пра­вос­лав­ни ег­зе­ге­ти.

    Тру­дот прет­ста­ву­ва ре­зул­тат на по­ве­ќе­го­диш­на­та про­фе­сор­­ска деј­ност и ра­бо­та на оваа об­ласт.

    Оваа книга овоз­мо­жу­ва се­кој чо­век да ја раз­бе­ре смис­ла­та, зна­че­ње­то и по­ра­ка­та на Све­то­то еван­ге­лие, за да мо­же да ја при­ме­ну­ва во жи­во­тот. Еван­ге­ли­е­то тре­ба да го чи­та и про­у­чу­ва се­кој што са­ка да го по­стиг­не сво­е­то лич­но спа­се­ние и спа­се­ни­е­то на дру­ги­те, а осо­бе­но се­кој бо­гос­лов, те­о­лог и про­по­вед­ник на сло­во­то Бож­јо. Во таа смис­ла овој труд ќе им по­мог­не и на свеш­те­но­слу­жи­те­пи­те при под­го­то­вка­та на оми­пии – про­по­ве­ди од Све­то­то еван­ге­лие.

    Мојата, пак, ср­деч­на жел­ба е Сло­во­то Бож­јо из­ло­же­но во овие стра­ни­ци да не оста­не са­мо во умот, ту­ку да дој­де и во ср­це­то на чи­та­те­лите. Тие во оваа кни­га ќе нај­дат об­јас­ну­ва­ње за она што ги ин­те­ре­си­ра и „жива вода“ за којашто жед­не­ат. Ќе нај­дат хра­на за сво­јот бес­мр­тен дух и ќе му дадат за­креп­ну­ва­ње. Ќе на­пре­ду­ваат во сво­е­то бо­го­упо­до­бу­ва­ње и во усо­вр­шу­ва­њето и обожувањето.

    Во кни­га­ва ќе срет­не­те и број­ки во за­гра­да. Тие оз­на­чу­ва­ат дру­ги тек­сто­ви кои збо­ру­ва­ат во при­лог на из­ло­же­но­то, а се нао­ѓа­ат на дру­го, т.н. па­ра­лел­но ме­сто во Све­тото писмо. Пр­во е по­со­чена кра­тен­катата од текс­т­от на кни­га­та – таа е оз­на­че­на со пр­ва­та број­ка и стихот -што е оз­на­чен со број­ка­та по за­пир­ка­та (на пр. Јо­ван 3,21, оз­на­чу­ва: Еван­ге­лие спо­ред Јо­ван 3-та гла­ва, 21-ви стих). Тоа, пак, со кои кра­тен­ки се оз­на­чу­ва­ат нас­ло­ви­те на кни­ги­те од Све­та­та Биб­ли­ја, мо­же се­кој да ги нај­де на пр­ви­те вовед­ни стра­ни­ци од Све­то­то пис­мо (Биб­ли­ја­та), из­да­ние на ма­ке­дон­ски ја­зик. од нас­ло­вот на кни­га­та, по­тоа гла­ва кој
    Све­то­то еван­ге­лие е мо­ре на пре­му­дро­ста. Тоа е не­ис­црп­ли­во бо­гат­ство и се­кое не­го­во про­у­чу­ва­ње зна­чи са­мо мал при­до­нес кон го­ле­ми­на­та на Бож­ји­те збо­ро­ви. Та­ка го раз­би­ра­м и овој мој труд и се мо­ла­м на Гос­по­да Ису­са Хри­ста и на све­ти Кли­мен­та, Охрид­ски­от Чу­до­тво­рец, ова де­ло да пос­лу­жи ду­ше­спа­си­тел­но за мно­зи­на.

    Гос­по­ди, бла­гос­ло­ви, ум­но­жи, по­ми­луј и спа­си!

    1.300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Егоманијак

    Егоманијак

    0

    Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа го нападнав со моите новостекнати боречки вештини. Тој лесно ми се спротивстави, а потоа се изнасмеа затоа што очигледно мојот обид за напад му беше комичен. Многу јасно дека натрапникот мораше да биде арогантен. Само што, се покажа дека тој воопшто не бил натрапник.
    Дру всушност беше сопственикот на просторот. Бил на одмор за време на реновирањето на неговите луксузни канцеларии. Па така јас наседнав, закупувајќи зафатен деловен простор од измамник и изгубив десет илјадарки.
    Следниот ден, по неколку часа во полициската станица, Дру ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Ми понуди да останам во канцелариите додека не најдам нов простор, а во замена за тоа да одговарам на неговите телефонски повици додека неговата секретарка е на одмор. Веројатно требаше да бидам благодарна и да си ја држам муцката затворена кога го слушав какви совети им даваше на неговите клиенти. Но не очекував моето тело да реагира така секојпат кога се расправавме. Особено со оглед на тоа дека се расправавме цело време.
    Ние бевме тотално различни. Дру беше огорчен, лут, проклето секси уништувач на врски. А јас им помагав на луѓе да си ги спасат браковите. Единственото заедничко нешто ни беше просторот кој го делевме. И фатална привлечност која беше сѐ потешка за игнорирање со секој изминат ден.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Егото е непријател

    Егото е непријател

    0

    Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.

    „Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.

    Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Едем

    Едем

    0

    Напишан во 1958 година, „Едем“ ја отвора зрелата епоха во творештвото на Лем од жанрот на научната фантастика.

    Експедиција од Земјата поради погрешни пресметки доживува судир со атмосферата и принудно слетува на планетата Едем, при што ракетата се разбива, а екипажот преживува. Што ли ќе затечат земјаните тука?

    Жителите создале цивилизација базирана врз биоинженеринг. Генетската контрола сепак се покажала недоволно прецизна. Земјаните се појавуваат во момент кога на планетата се одвива акција на екстерминација. Анонимната влада на Едем се обидува да го сотре поколението на мутанти што содржат дефект. Владетелите имаат власт и врз јазикот, па без исклучок ги тргаат и од него сите формулации што би можеле да ја именуваат фактичката состојба, а на нивно место се појавуваат термини што ја заведуваат стварноста.

    Овие политички услови можат да ги потсетат читателите на еден вид орвеловска визија, но далеку повеќе има алузии со доживувањата на Робинзон Крусо и со настаните во „Таинствениот остров“ од Жил Верн. Самиот Лем не сакал да дава изјави за „Едем“, ниту во јавноста ниту во преписките. Постои хипотеза дека премногу се открил себеси во неа и дека главната фабула ја претставуваат своевидни сеќавања за настаните во гетото во Лавов.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден ден во декември

    Еден ден во декември

    0

    Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.
    Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.
    Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.
    Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.
    Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.

    „Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
    Џил Сантиполо

    „Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
    Рис Витерспун

    „Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
    Маријана Киз

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден незаборавен Божиќ (Wallflowers #5)

    Еден незаборавен Божиќ (Wallflowers #5)

    1

    За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената средба со Натали Бландфорд, ќерката на леди и лорд Бландфорд, која е прекрасна и совршена, односно, соодветна сопруга за него.

    Неговиот занесно добар изглед и импресивната фигура се повеќе од доволни за да ја импресионираат дамата која го чека – да не беше неговиот шокантен, американски начин на живот, нивниот брак ќе беше загарантиран.

    Но пред да може да почне додоворувањето, Рејф сфаќа дека мора да ги научи правилата на англиското општество. Жените во Англија се многу различни од жените во Америка и тој просто не може да ги сфати без помошта на четирите поранешни „стари моми“: Лилијан, Иви, Анабел и Дејзи. Но кога тие четири ќе замешаат прсти во стројништво, само еден Бог знае што може да се случи.

    За маж кој е навикнат да добива сѐ што ќе посака, пронаоѓањето на вистинската невеста се покажува покомплицирано од очекуваното. Сепак, на Божиќ се случуваат најнеочекуваните нешта, па и цинизмот може да се претвори во инспиративна, страсна романса.

    ,,Еден незаборавен Божиќ“ ве носи на патување во викторијански Лондон, патување водено исклучиво од страстите и срцето.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден од нас е следен

    Еден од нас е следен

    0

    Еден од нас е следен, продолжението на Еден од нас лаже, нѐ враќа во средното училиште Бејвју. По смртта на Сајмон се појавуваат низа апликации за озборување, но овој пат не станува збор за апликација туку за игра.

    Учениците добиваат групна порака за играта „Вистина или предизвик“. Тој што ќе избере „вистина“ ризикува да биде откриена неговата најдлабока тајна, а тој што ќе избере „предизвик“ ќе добие задача. Фиби е прва. Ако одлучи да не игра, ќе биде откриена тајна. А нејзината е мрачна. Потоа следува Мејв – но таа знае што да направи и одлучува паметно да постапи. А кога на ред ќе дојде Нокс, ситуацијата е веќе опасна. Предизвиците стануваат смртоносни.

    Иако се откриваат пикантни тајни, учениците уживаат во играта и злокобното предупредување секогаш избирајте предизвик, сѐ додека не се појави нова жртва во Бејвју. Сајмон е мртов, но некој е одлучен да продолжи таму каде што тој застана.

    Нова година, нови тајни, нови правила. Кој ќе биде следниот?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден од оние денови во кои ништо не се случува

    Еден од оние денови во кои ништо не се случува

    0

    Мачката Предалче ќе открие кутија во која има убаво здиплен волнен џемпер. Совршено место за дремка! Предалче задоволно ќе се склопчи во кутијата.
    Моника не е свесна дека покрај џемперот, има и нешто друго во кутијата – нејзината мачка. Моника ќе ја затвори кутијата и ќе ја испрати во пошта, од каде што кутијата ќе појде на едно долго, долго патување…
    А Предалче? Како ќе се справи Предалче со сето тоа?

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден плус еден

    Еден плус еден

    0

    Да претпоставиме дека вашиот живот не е во ред. И тоа многу. Вашиот сопруг е исчезнат, тинејџерот посинок тврди дека е малтретиран, а вашата ќерка која е фрик за математика ѝ се пружа животна шанса која вие не можете да си ја дозволите. Тоа е судбината на Џес. Но, неочекуваниот витез во сјаен оклоп ќе ѝ понуди спас. Само што витезот на Џес е чудниот Ед, неподнослив милионер, чиј дом таа го чисти. Тој ќе понуди да го одвезе ова дисфункционално семејство на математичката олимпијада. Тоа е првиот, а можеби и последниот, несебичен чин во неговиот живот. ЕДЕН ПЛУС ЕДЕН на авторката Џоџо Мојес е еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница.Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден по еден (Robert Hunter #5)

    Еден по еден (Robert Hunter #5)

    3

    „Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“

    Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.

    Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден по еден #5 (тврд повез)

    Еден по еден #5 (тврд повез)

    0

    „Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“

    Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.

    Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ

    ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ

    0

    Единаесет минути е роман што предизвика бурни реакции во светот. Тоа оттаму, што Пауло Коелјо за првпат пишува книга за сексот: главниот лик е младата Бразилка Марија, која во потрага по среќата станува проститутка. Иако изобилува со еротски сцени, Единаесет минути всушност ја воспева љубовта, вечната потрага по себеси преку средбата со другиот. Некои книги ни помагаат да мечтаеме, други нè потсетуваат на стварноста, а оваа книга на Коелјо порачува: не минувајте само така во животот, танцувајте низ него!

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Единственото сеќавање на Флора Бенкс

    Единственото сеќавање на Флора Бенкс

    0

    „Ја гледам раката. Не неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“
    Десет години имав кога се промени сè..
    Осум години ми важи пасошот.
    Шест луѓе ме бараат на студот.
    Четири години имав кога ја запознав најдобрата другарка.
    Едно сеќавање е сè што имам.

    возбудлива, непредвидлива, уникатна,
    трогателна, охрабрувачка…

    Книга што нема да ја заборавите никогаш!

    Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè
    што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се оби-
    дува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една
    вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тој
    бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од
    својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол,
    на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли
    тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја по-
    беди амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се
    обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде
    похрабра и порешителна! Ѝ преостанува само надежта!
    Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдо-
    брата другарка, на родителите или…

    Во рацете држите книга во која е раскажана несекојднев-
    на љубовна и животна приказна. Приказна која мотивира на
    упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана, не го
    остава читателот ниту за миг. Го држи вниманието до самиот
    крај, кој не можете да го предвидите.

    „Приказна што создава лесна атмосфера… волшебна… книга што
    брзо се чита и во која е спакуван силен емотивен набој.“
    Гардијан

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Една од оние ноќи во Малибу

    Една од оние ноќи во Малибу

    0

    Тоа беше само една од оние ноќи во Малибу, темна како прекривка од кадифе, кремави бранови кои се уриваа на брегот…

    Но, кога приватниот истражувач Мек Рeјли го слушна крикот на една жена меѓу звуците на брановите, неговиот едноставен животен стил засекогаш се смени. Една прекрасна, но вознемирена жена стоеше на вратата од една убава куќа на плажата. Во раката држеше пиштол, директно вперен кон него… Мек, едвај, го избегна куршумот. Која е таа жена?

    Полна со описи кои се заштитен знак на Елизабет Адлер, заверите и неверојатните ликови, “Една од оние ноќи во Малибу” е книга која се чита во еден здив.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Една страшна зима (Wallflowers #3)

    Една страшна зима (Wallflowers #3)

    2

    Очајна да побегне од нејзините злобни и расипани роднини, Еванџелин Џенер бара помош од најзлогласниот ерген во Лондон. И договорениот брак помеѓу нив е единствено решение, иако никој не би ја споил срамежливата девојка која пелтечи кога зборува со згодниот виконт кој е легендарно популарен помеѓу жените. Но набрзо станува јасно дека Иви е жена со скриена сила во себе… и иако делува покорно и кротко, Себастијан од некоја причина ја посакува повеќе од која било друга жена што ја запознал.

    Решена да го освои ладното срце на својот сопруг, Иви се осмелува да склучи зделка со ѓаволот: Ако Себастијан успее да остане целибат три месеци, таа ќе му дозволи да ја одведе в кревет.

    Кога на Иви ѝ се заканува одмаздољубив непријател од минатото, Себастијан се заколнува дека ќе направи сè што треба за да ја заштити својата сопруга… па макар и по цена на сопствениот живот.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Еднаш засекогаш

    Еднаш засекогаш

    0

    Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта.

    Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка.

    Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.

    Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.

    450,00 ден
    Додај во кошничка