Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Детето што сакаше елени

    Детето што сакаше елени

    0

    #3 Миа Кригер и Холгер Мунк

    Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.

    Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Деца

    Деца

    0

    Во рамките на обемното прозно творештво на Андриќ има голем број текстови кои се занимаваат со децата и со детството, и тоа, што е својствено за него, низ најразлични призми и од најразлични перспективи. А во втората половина на 1930-тите години светлината на денот ја здогледува и една негова збирка раскази насловена, едноставно, „Деца“.

    Андриќ го слика детството како сложен период од човечкиот живот, исполнет со многу страдања, болки, па дури и зло присутно кај – како што писателот ги нарекува децата – малите луѓе.

    „Малите луѓе, кои ние ги викаме ’деца‘, имаат свои големи болки и долги страдања, кои потоа како мудри и пораснати луѓе ги забораваат. Поточно, ги губат од вид. А кога би можеле да се вратиме назад во детството, како во клупата во основното училиште од кое сме веќе одамна излезени, ние повторно би ги здогледале. Таму долу, под тој агол, тие болки и тие страдања живеат и понатаму и постојат како и секоја друга стварнос

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Деца на злото

    Деца на злото

    0

     

    „Деца на злото“ е прв роман на човекот чии јавно искажани ставови секогаш создаваат лавина реакции во соседна Србија. А сега донесува вистински потрес и во светот на литературата!

    Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика.

    Како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?

    Никола Бобиќ, белградски адвокат, ќе се обиде да пронајде одговор на тоа прашање, не насетувајќи дека одговорот засекогаш ќе го промени.

    Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж.

    Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Децата и разводот

    Децата и разводот

    0

    Во својот научен труд „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ – што е адаптирана и дополнета верзија на нејзината докторска дисертација – универзитетската професорка Драгана Батиќ пишува за влијанието на разводот на родителите и на семејната структура врз менталното здравје на децата и на адолесцентите. Таа прави детален преглед на разводот како стресоген животен настан и на карактеристиките на семејствата што настануваат по разводот. Од истражувањата што ги спроведува професорката во рамките на својата работна практика, но и од истражувањата на цитираните автори кои се занимаваат со истата тема, може да се заклучи дека менталното здравје на децата и на адолесцентите на разведени родители не е изложено на ризик, односно дека за менталното здравје на децата и на адолесцентите поважни фактори се функционалноста на новоформираните семејства и кооперативниот однос помеѓу родителите, отколку самата структура на семејствата.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Децата на Волга

    Децата на Волга

    0

    Во далечините на степата по долниот тек на Волга уште во осумнаесеттиот век се населиле Германци. Годината е 1916, а Јакоб Бах е руски Германец што работи како учител во малото село Гнадентал. Тој одамна се повлекол од светот, се грижи за својата единствена ќерка Анче на осамен селски имот и пишува волшебни приказни што на чудесен и трагичен начин се остваруваат во стварноста.

    Но животот одеднаш му се променува кога ќе се вљуби во Клара, ќерка на селанец од другиот брег на Волга. Нивната љубов не може да им избега на настаните што со себе ги носат револуцијата и основањето на Германската република на Волга.

    Книга во која се прикажани и љубовта, и смртта, и историјата, и политиката, и војната, и создавањето… Книга во која магичниот реализам се среќава со суровата руска реалност, на бреговите на моќната река Волга, но и пошироко.

    Ова е вториот и долгоочекуван роман на Гузел Јахина, најфалената дебитантка во поновата историја на руската литература.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Децата од железничката пруга

    Децата од железничката пруга

    0

    Кога една вечер таткото си заминува со двајца странци, животите на Роберта, Питер и Филис се уништени. Заедно со нивната мајка, тие мораат да се преселат од нивниот удобен дом во Лондон и да живеат во мала и едноставна селска куќичка, каде што мајка им ќе пишува книги за да заработи за живот. Но, набргу тие ја засакуваат железничката пруга што поминува блиску до куќичката и секојдневно му мавнуваат на еден стар господин кој често патува со возот. Се спријателуваат со носачот Перкс и преку него учат многу нешта за железницата. Имаат многу авантури, па дури и ќе го спасат возот од катастрофа! На крајот, по многу стекнати нови пријатели и направени добри дела, мистеријата на исчезнувањето на таткото ќе биде решена. Но, како и со чија помош останува на вас да прочитате.

    299,00 ден
    Додај во кошничка
  • Децата од улицата Пал

    Децата од улицата Пал

    0

    „Децата од улицата Пал“ е роман за ривалството на две детски дружини од Будимпешта и нивните борби за освојување на просторот за играње.

    Во улицата Пал во Будимпешта живеела група момчиња чијшто најголем непријател била дружината на црвените кошули од ботаничката градина. Повод за конфликт на двете групи деца е запленувањето на џамлиите на Немечек од улицата Пал од страна на браќата Пастор од противничката група.

    Децата го минувале своето немирно детство во воени игри, имитирајќи ги возрасните и јунаците од прочитаните авантуристички романи. Но, на крајот, безгрижното детство ќе биде трагично прекинато…

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дечкото

    Дечкото

    0

    Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на своите профили на сајтовите за запознавање, мажи кои те оставаат сама да ја платиш сметката за вечерата и, најлошо од сѐ, мажи кои не можат да престанат да зборуваат за своите мајки.

    Но нејзиниот нов дечко е совршен. Шармантен, згоден и работи како доктор во локална болница. Па Сидни е на седмо небо.

    Тогаш се случува бруталното убиство на млада жена – само уште едно во низата смртни случаи на брегот. Главниот осомничен е мистериозен маж кој има кратки романтични врски со жртвите пред да ги убие.

    Сидни треба да се чувствува безбедно. На крајот на краиштата, се гледа со човекот од нејзините соништа. Но ја јаде некој сомнеж дека има шанси совршениот маж да не е толку совршен колку што изгледа. Затоа што некој го набљудува секој нејзин чекор и ако не ја дознае вистината, таа ќе биде следната жртва на убиецот.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Див живот

    Див живот

    0

    Размислувајќи за животот, онаков каков што е даден…

     

    Див живот се случува во Алжир во 1979, романот е долг монолог на една млада девојка Алија која има 14 години. Таа се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзиниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините. Оваа книга е портрет на една млада девојка која навлегува во периодот на адолесценција, која не се чувствува добро во својата кожа и во своето тело. Ова е израз на голема тага, на голема осаменост, но и визија за светот на возрасните и животот.

     

    НИНА БУРАУИ е родена во Рен во 1967 година, од татко алжирец и мајка французинка со потекло од Бретања. Првите четиринаесет години од нејзиниот живот ги поминува во Алжир. Потоа живее во Париз, Цирих и Абу Даби. Во нејзините романи таа пишува за љубовта, идентитетот и нејзините проблеми како и за нејзиното детство во Алжир за кој има носталгија. Уште од нејзиниот прв роман во 1991 година, се гледа дека нејзините дела се под влијание на Маргарет Дурас. Истребувањето, желбата и пишувањето се најчести теми на нејзините дела. Нејзините книги се преведени на повеќе од петнаесет јазици.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Диво месо

    Диво месо

    0

    Диво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето не губи од својата актуелност. Зашто ние и денес говориме за глобалното, капиларно и невидливо продирање на корпоративниот и либерален капитализам, за бришење на малите култури, за уништување на традиционалните семејни вредности и на семејствата воопшто.

    Стилски и занаетчиски совршена, пиесата се одликува со кратки реплики, остри како брич, кои се помнат и зариваат во свеста и потсвеста. „Ќе има војна“, вели Димитрија на почетокот. Марија одговара исто така лаконски: „Доста беше и ваков мир“. Во две кратки реченици е даден цел есеј за лажните вредности. Лажен мир е полош од вистинска војна, гласи поентата на тој есеј, која читателот/гледачот на претставата треба сам да си ја изведе во свеста.

    Сè на сè, оваа пиеса е врвот на нашиот драмски пантеон, а нејзиниот автор Горан Стефановски (1952 – 2018) е еден од неговите темелници и столб на македонскиот современ театар. Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена – тој како да не живеел за книжевноста и театарот.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дигитално злато

    Дигитално злато

    0

    „Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.

    „Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дина и Додо на кампување

    Дина и Додо на кампување

    0
    138,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дисциплина без драми

    Дисциплина без драми

    0

    Вистинското значење на зборот дисциплина не е „доведување во ред“ со казнување, туку подучување, тврдат Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон, автори на книгата Менталниот склоп на детето и на други светски бестселери. Со многу искрени приказни и примери, како и со корисни илустрации, книгата Дисциплина без драми ефикасно, едноставно и јасно ќе ве води низ непослушноста, солзите и гневот на вашето дете – без сцени, викања и без казнувања. Ќе научите како брзо и лесно да се поврзете со детето, да ги пренасочите неговите емоции и да ја искористите можноста да го подучите на вештини корисни за цел живот.

    Дознајте:

    факти за развојот на детскиот мозок и за најефикасните стратегии во зависност од возраста на детето;
    како да поставите јасни и доследни граници до кои ќе се придржувате и вие и вашето дете;
    осум стратегии за пренасочување на однесувањето, што може да се применат во секоја ситуација;
    како да се однесувате со разумен, сочувствителен пристап кон детето кога има излив на гнев;
    дваесет најчести грешки во дисциплинирањето и како да се одбегнат;
    како да се користи „пусулка“ за потсетување на основните начела во секојдневни ситуации.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Длабоко во ноќта

    Длабоко во ноќта

    0

    Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш.

    Една јулска ноќ, дестегодишниот Итан и неговиот најдобар другар Били заспиваат во шаторот на уредниот тревник од семејната куќа на Маршови во една тивка, живописна населба во Њу Џерси. Следното утро Итан се буди сам. Во текот на ноќта некој со нож го расекол шаторското крило и го грабнал Били – кој потоа никогаш не е пронајден.

    Триесет години подоцна, Итан неволно се враќа во својот дом од детството. Измачуван од кошмари, почнува да забележува чудни нешта што се случуваат во соседството длабоко во ноќта. Како некој да талка низ уличката, а во задниот двор почнуваат да се јавуваат знаци на присуството на Били. Му прави ли некој несовесни шеги? Или, пак, тој навистина се вратил во Хемлок Сиркл?
    Таинствените појави го наведуваат Итан да почне да истражува што всушност се случило, потрага која повторно го спојува со дамнешните другари и соседи и потрага која го води во шумата околу населбата.
    Колку повеќе Итан се доближува до вистината, толку повеќе сфаќа дека ниедно место, ниту во тивката шума, ниту на мирната улица, не е сосема безбедно – и дека минатото има свои начини на кои секогаш ќе ја прогонува сегашноста.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Длабоко во темнината

    Длабоко во темнината

    2

    Изолирана планинска куќа. Совршено место за да побегнеш од сѐ и да одмориш малку. Толку изолирано место што никој никогаш нема да те најде.

    Ветувањето за луксузен одмор во спа центар во дива природа спојува осум среќни гости на едно место. Но ништо не е онака како што очекувале. Кога опасна бура им оневозможува секаков контакт со надворешниот свет, гостите почнуваат да стравуваат дека ова не е одмор. Туку замка.

    Секој од нив има тајна. Секој има нешто што го крие. И сега, кога темнината полека се спушта, сите имаат од што да се плашат… а најмногу еден од друг.

    Кога дознаваат за исчезнатата група луѓе, еден детектив и еден експерт за спасување мораат да се соочат со бруталните временски услови на планината за да ги најдат. Но дури ни тие двајца не се свесни колку е драгоцена секоја минута. Затоа што стрелката на часовникот врти, а гостите на Форест Шедоу умираат еден по еден. За нив, преживувањето станува морничава игра како од книга на Агата Кристи.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Длабоко под површината

    Длабоко под површината

    0

    Таа е скршена однатре…

    Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.

    Тој е скршен однадвор…

    Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Не кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.

    420,00 ден
    Додај во кошничка