Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Вистинскиот за мене

    Вистинскиот за мене

    5

    Паднат боскер.
    Жена со скршен сон.
    Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…

    Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.

    Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.

    Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вкусот на одмаздата

    Вкусот на одмаздата

    0

    Карл Морк се враќа со најсложениот случај досега!

    Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмазди на оние што ја малтретирале во младоста. Имено, во Данска во средината на XX век постоело безмилосно движење за казнување на девојките што биле „непослушни“. Во него учествувал и Курт Вад, харизматичен, надалеку познат хирург, кој ги стерилизирал своеглавите девојки.

    Дваесетина години подоцна, детективот Карл Морк има полни раце работа со истрагата за исчезнувањето на Рита, сопственичка на бордел, случај што им го уништил животот на двајца негови колеги. Но тој не се откажува.

    Кога тој и неговите помошници дознаваат дека покрај Рита, исчезнале и многу други луѓе во приближно исто време, трагата води сè поблизу до познатиот хирург Курт Вад. Неговото брутално малтретирање на Нет е само делче од еден поголем и застрашувачки мозаик.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Внимавај кој волк го храниш

    Внимавај кој волк го храниш

    0

    Книгата „Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој популарен автор во неговиот препознатлив стил кој се карактеризира со леснотија во читањето. Одушевените читатели, како и големиот број на позитивни критики, коментари и реакции кој ја преплавија медиумската јавност се најдобра препорака за оваа книга да стане култен, балкански бестселер, како и првиот хит на Црнкиќ, „7 тајни на успехот“.

    Книгата е напишана на едноставен јазик, преполна е со позитивни и корисни совети кои произведуваат инстант мотивација. Ова е книга што се чита во еден здив, но и на која постојано се враќаме пронаоѓајќи нова смисла и одговори со секое ново читање.

    Брилијантни и необични приказни кои лесно се паметат и прераскажуваат, одличен почеток кој ќе ве заинтригира и ефективен крај кој ќе ве натера да размислувате, се само неколку причини зошто оваа книга едноставно не се испушта од раце и зошто е прав подарок за вашите најблиски. Среќата се зголемува кога се споделува.

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во 16.50 од станицата Падингтон

    Во 16.50 од станицата Падингтон

    0

    Госпоѓа Елспет Мекгиликади се враќа од пазарување во пресрет на божиќните празници со попладневниот воз од Падингтон. Удобно сместена на своето место во возот, задоволна со сè што купила, во еден миг станува сведок на грозоморно убиство. На несекојдневен начин, таа успева да забележи сцена во која гледа маж како ги стега рацете околу вратот на една жена, лице в лице со него, а тој безмилосно ја дави. Убиството што г-ѓа Мекгиликади го посведочува, всушност се одвива во друг воз што во тој момент бавно се разминува со нејзиниот воз. Но, мистеријата почнува кога нема да се пронајде мртвото тело на убиената жена и никој нема да поверува во приказната. Никој освен г-ѓицата Џејн Марпл, која нема да одолее на предизвикот да го реши овој необичен случај.

    Романот „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, објавен во 1957 година, а исто така и повеќепати филмуван, е едно од попознатите дела на Агата Кристи со Џејн Марпл во детективска улога. Приказната се развива со необичен тек, а читателите од почетокот, па сè до крајот се во неизвесност за тоа како ќе се случи расплетот.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во акрата нема мостови

    Во акрата нема мостови

    0

    Си земам за право да го прогласам романот „Во Акрата нема мостови“ за една од најубавите љубовни приказни напишани на македонски јазик, но и за првиот „on the road“ роман во македонската литература. Иако има дела со сродни елементи, ниту едно не ја гради „поетиката на патувањето“, бегството и егзистенцијалната потрага како органска целина. Јостед е јунак во движење, млад и рефлексивен, за кого патувањето е слобода, а домот цел. Сенката на Одисеј и стиховите на Кавафис ја продлабочуваат потрагата, додека љубовта на Јостед и Елени му дава смисла на нивното самопронаоѓање. – Зоран Бојаровски, новинар и автор; „Некои мостови ги разбираме дури кога веќе е предоцна да ги преминеме.“ Со прецизна и воздржана нарација, Миле Бошњаковски создава роман во кој личните судбини се преплетуваат со историјата, а интимните избори одекнуваат во рамките на општествените системи. „Во Акрата нема мостови“ отвора прашања за припадноста, семејството и цената на неизговорените вистини, покажувајќи дека тишините што ги наследуваме знаат да бидат посилни од зборовите. Ова е приказна за љубовта и загубата, за родители и деца, за невидливите нишки што ги поврзуваат луѓето и тогаш кога мислат дека се разделени. Роман што се чита внимателно и останува долго по последната страница. – Катерина Синадиновска, новинар

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во војната и љубовта

    Во војната и љубовта

    1

    Кога самите се ставате во инфериорна положба во однос на другите, не може да очекувате другите да ве стават на пиедестал. Ќе завршите на местото кое самите сте си го одредиле… Сара е девојка која отсекогаш имала проблеми со самодовербата и нејзиното јас е потиснато од егото на нејзиното долгогодишно момче. Но, една ноќ, кога поради силно невреме е принудена порано да се врати дома и го наоѓа со друга девојка во куќата во која заедно живеат, нејзиниот свет се руши и таа е принудена да се промени и да почне да се залага за себе. Сама, невработена и без дом, ќе најде утеха кај нејзиниот брат, кој ќе ѝ даде засолниште додека се снајде и почне да си го средува животот. Иако тешко, ова искуство ѝ ги отвора очите за многу работи, ја зајакнува како личност и ја прави независна. Но, кога во нејзиниот живот влегува Марко, нејзиниот мал стабилен свет повторно се разнишува.

    Марко е исклучително амбициозен и успешен маж за кого и покрај целиот успех, најважни остануваат семејните вредности. Тој премногу го цени своето семејство, а уште повеќе сака да оформи свое. Но, кога е оставен од долгогодишната девојка ноќта кога сака да ја запроси, решава дека сите вредности кои нему му се свети, очигледно не се тоа што жените го бараат.

    Токму таа ноќ, кога животите им се променети засекогаш, Сара и Марко се среќаваат, но не на добар начин. Напротив, ужасната ноќ за памтење е ноќ која и двајцата сакаат што побрзо да ја заборават, надевајќи се дека никогаш повеќе нема да налетаат еден на друг. Но, судбината има друг план…

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ВО ВОРТЕКСОТ НА ОСТВАРЕНИТЕ ЖЕЛБИ

    ВО ВОРТЕКСОТ НА ОСТВАРЕНИТЕ ЖЕЛБИ

    2

    БЕСТСЕЛЕР ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!

    Креирајте ја сопствената стварност со помош на Законот на привлекувањето и станете сведок на чудата во својот живот

    Знаеме ли кои сме, всушност? И што е животот? Кога ќе се потсетиме на еден закон на кој заборавиле да нè научат во училиште, сè добива сосема друга смисла. Тоа е Законот на привлекувањето, кој е тука и дејствува. СЕКОГАШ. Прашање е само дали сме свесни за тоа.
    Сите сме креатори на сопствениот живот, само некој го креира свесно, а некој несвесно. Сите имаме добиено дарба со која ќе знаеме дали сме на добриот пат или малку сме скршнале од него. Таа дарба се нашите емоции. Тие се наш водич и показател на нашите мисли, кои се креативни. Емоциите ни зборуваат какви ни се мислите и што ќе привлечеме во својот живот.
    Постојат алатки и методи што ги користиме и тогаш животот добива сосема друга смисла зашто почнуваат да се случуваат ЧУДА! Чудата се основа на животот! И, ако во вашиот живот не се случуваат чуда, некаде грешите… Можете да привлечете пари, здравје, љубов, изобилство и среќа…
    Можете да бидете и да имате сè што ќе посакате затоа што и сте дошле на овој свет за да искусите кои сте навистина! КРЕАТОРИ НА СОПСТВЕНАТА СТВАРНОСТ!

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во градинка

    Во градинка

    0

    Оваа прекрасна сликовница им помага на дечињата да ги откријат тајните на градинката: како изгледа таа, што ќе прават таму, што ако некој ги закачка или не сака да си игра со нив, и зошто мама и тато ги оставаат — но секогаш се враќаат по нив.

    Кoга малата Мила се чувствува тажно и исплашено, Ива е тука да ѝ покаже дека секогаш има некој кој сака да биде пријател. Дека играта е најзабавна кога играчките се споделуваат, а градинката најубаво место кога дечињата се здружуваат и поддржуваат.

    Совршен придружник за сите дечиња – страници кои ќе внесат убаво чувство, сигурност, надеж и вредности кои ќе останат за цел живот.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во еден миг

    Во еден миг

    0

    Стравот не е изговор.

    Некогаш е доволен само еден миг за да се промени целиот живот. Или да заврши. Како што се случува со 16-годишната Фин Милер, додека нејзиното семејство се бори да преживее среде снежната виулица. Книга пишувана од перспектива на тинејџерка која е на границата помеѓу двата света, беспомошно набљудувајќи го страдањето на саканите и нивната борба за живот.

    Колку мига се потребни за да се продолжи тогаш кога тоа е невозможно? Фин мора да продолжи по својот пат, но како кога нејзиното семејство е уништено? Тешко е да се биде мртов и да се гледа како светот продолжува без тебе. Уште потешко е да се биде беспомошен кога гледаш дека твоите најблиски не можат да го направат тоа.

    Болна приказна за храброста да се донесат правилните одлуки во мигот кога животот ти виси на конец.

    „Ликовите и нивното закрепнување се емотивно претставени, како и реалноста на надежниот крај. Читателите на семејни драми ќе бидат воодушевени.“ Буклист

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Во еден момент

    Во еден момент

    1

    Лиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.

    240,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во една мрачна, мрачна шума

    Во една мрачна, мрачна шума

    0

    НЕКОИ МОМИНСКИ ЗАБАВИ СЕ ЛОШИ, НО ОВАА Е УБИСТВЕНА! Леонора, некому позната како Ли, на другите како Нора, е изолиран писател на крими романи кој одбива да го напушти своето „гнездо“, освен ако не е апсолутно неопходно. Кога пријателката со која не зборувала, ниту ја видела со години ќе ја покани Нора (Ли) на викенд во морничава, стаклена куќа, скриена длабоко во темната шума, таа неволно се согласува да замине. Четириесет и осум часа подоцна се буди во болнички кревет, повредена, но жива, со сознанието дека некој е мртов.Наместо мислата „Што се случило?“ ѝ се јавува мислата „Што направив?“ Затоа Нора мора да се сети на настаните од изминатиот викенд. Шокантни тајни, неочекувани мотиви и многу прашања, чии одговори се кријат во минатото што Нора со задоволство би го оставила закопано.

    270,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Во затворот на умот

    Во затворот на умот

    0

    Сè што ви се случува во животот е поради вашето незнаење. Вашиот најголем проблем е вашиот ум. Лутина, бес, страв, стрес, анксиозност, депресија, пекол. Сите овие работи се само погрешни записи во умот што вие самите несвесно сте ги ставиле и сега тие ве вртат како хрчак во круг. И вртат, и вртат. Секој ден. Од утро до мрак. И нема излез од тој затворен круг. И нема излез од тој магичен круг. Излез има, само вие не сакате да го најдете! Излез има, само вие не сакате да го видите! Книга од која ќе дознаете од каде навистина доаѓаат сите овие работи кај вас. Книга од која ќе дознаете како да ги тргнете сите овие работи од вас. Книга од која ќе дознаете како да стигнете до онаа радост од вашето детство, која никогаш не исчезнува. Книга која ќе ви ја открие најголемата вистина за животот.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во нечии други чевли

    Во нечии други чевли

    0

    Приказна исполнета со сплетки, недоразбирања и грешки,
    ова е новиот роман од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ Џоџо Мојес,
    авторката на ЈАС ПРЕД ТЕБЕ и ТИ ПОДАРУВАМ ЅВЕЗДИ.

    Која сте вие кога сте принудени
    да одите во нечии други чевли?

    Ниша Кантор живее удобен живот во светот на богатите, сè додека нејзиниот сопруг ненајдено не ѝ побара развод. Ниша е решена да продолжи со својот гламурозен живот.
    Во меѓувреме ќе открие дека ѝ недостасуваат најомилените чевли.
    Сем Кемп очајно се бори да преживее во живо­тот. Таа едвај има време да се грижи за случајно зе­ме­ната торба од фитнес-центарот. Но, кога ја отвора тор­бата и ги здогледува црвените крокодилски чевли од Кристијан Луботин доживува шок од самодоверба што ја тера да сфати дека нешто мора да промени – а тоа нешто е таа самата.

    Полн со препознатлив хумор на Џоџо Мојес, брилијантно раскажан, ВО НЕЧИИ ДРУГИ ЧЕВЛИ е роман за тоа како една мала работа одеднаш може да промени сè.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Во понеделник ќе не сакаат

    Во понеделник ќе не сакаат

    0

    Во романот е раскажана судбината на една девојка од маварско потекло, ќерка на емигранти од Мароко, која поминува проблематични пубертетски години во строго контролирано и претежно муслиманско соседство во предградие близу Барселона за време на 1990-тите години.

    Постојаната присила да се покорува на закоравените религиозни правила и на машката доминација, типични за мало мароканско село од каде што доаѓа нејзиното семејство, се судираат со современото шпанско општество во кое живее Наима. Спротивставеноста на културите наспроти потребите и желбите на младата девојка се засилува по средбата и силното пријателство со уште една маварска девојка, која поседува смелост да живее на свој начин. Таа ја поттикнува Наима и самата да се впушти во потрага по сопствената индивидуална слобода.

    Нахат Ел Хачми ја води нарацијата непристрасно, прикажувајќи го лицемерието на „демократското“ општество во кое двете другарки ќе треба да се соочат со стереотипите создадени врз основа на полот, потеклото и социјалната класа и поради тоа да платат висока цена.

    „Во понеделник ќе нè сакаат“ во 2021 година ја добива наградата „Надал“, една од најпрестижните награди за книга напишана на шпански јазик.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • ВО ПРЕЧКАТА Е ПАТОТ: Безвремената уметност на претворање тешкотии во триумфи

    ВО ПРЕЧКАТА Е ПАТОТ: Безвремената уметност на претворање тешкотии во триумфи

    0

    Лесна, практична и забавна збирка стоички идеи и нивна примена во современиот свет.

    Препреките не треба да ги сфаќаме само како пречки на патот: тие така можат да бидат и извор на инспирација. Со едноставна промена на ставот, она што изгледа како непремостлива бариера може да стане можност што се добива еднаш во животот. Оваа книга ја открива формулата како да ги претвориме слабостите во предности, а тешкотиите во триумф.

    Перикле, Стив Џобс, Томас Едисон, Амелија Ерхарт, Махатма Ганди, Барак Обама, Рокфелер и многумина други, не биле генијалци, исклучително среќни или надарени луѓе, туку нивниот успех потекнува од стоичката филозофија на римскиот император Марк Аврелиј. Она што стои на патот е патот, односно пречките во дејствувањето го стимулираат дејствувањето.

    Ако се чувствувате демотивирано, фрустрирано, или разочарано, оваа книга ќе ви помогне да ги претворите проблемите во предности преку инспиративните вистини на луѓето кои се потпирале врз формулата за успех што првпат се открива во целост и што ви помага да му ја покажете на светот вашата храброст, извлекувајќи победа од секоја битка.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во шумата

    Во шумата

    0

    Во една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило…

    По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка. Навлегувајќи во тајните на жртвата и на нејзиното чудно семејство, тие откриваат детали и за стариот случај. Со секоја нова трага, сеќавањата на Роб полека излегуваат на површина и неизбежно го водат назад во шумата…

    Исклучителен психолошки трилер кој храбро навлегува во темнината што се крие зад животот на обичните луѓе. Напнатата атмосфера и комплексноста на ликовите ќе го одведат читателот на едно сурово патување низ сложената мрежа на злото, но и многу подалеку – до она што не може да се објасни.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе