Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Црвенкапа

    Црвенкапа

    0

    Прекрасна приказна, проследена со фантастични илустрации. Со помош на звучниот модул вашето дете може да го слушне текстот од сликовницата, страница по страница, на македонски и на англиски јазик. Забава за сите дечиња, но и одлично за почетно учење на англискиот јазик!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Девојката од Бруклин

    Девојката од Бруклин

    1

    Ѓаволски добар заплет, неодоливи јунаци и напнатост што расте со секоја страница.
    Јасно се сеќавам на тој последен момент на среќа. Бевме загледани во морето, додека хоризонтот се пресликуваше, Ана ми постави прашање:
    „Дали ќе ме сакаш ако дознаеш дека сум направила нешто страшно?“
    Како би одговориле Вие?
    Ана е љубовта на мојот живот. Треба да се венчаме за три недели. Секако дека ќе ја сакам, што и да направила. Барем така мислев, но таа нервозно пребаруваше низ торбата, извади таблет, ми покажа фотографија на екранот, „Тоа јас го направив“.

    Гледав во нејзината тајна, шокиран, свесен дека нашите животи повеќе никогаш нема да бидат исти. Зашеметен станав и заминав без збор. Кога се вратив беше предоцна. Ана исчезна. И оттогаш не престанав да ја барам.

    240,00 ден
    Додај во кошничка
  • ГРАД НА ДЕВОЈКИ

    ГРАД НА ДЕВОЈКИ

    0

    Интригантен роман за гламурот, сексот и авантурите на една млада девојка среде театарскиот свет на предвоениот Њујорк во 40-тите години на минатиот век.

    Откако 19-годишната Вивијан Морис е исфрлена од еден угледен колеџ, нејзините богати родители ја испраќаат да живее со својата тетка Пег, сопственичка на екстравагантен театар во срцето на Менхетен. Тука девојката се втурнува во откривање на харизматичните ликови од волшебниот свет на бурлеската. Времето поминато со нив ќе ја охрабри да го живее животот со полни гради.

    Во пенливиот и смел театарски свет на Њујорк во 1940-тите години, Вивијан ќе научи и некои лекции, а горчливо ќе зажали и за направените грешки. За да го живее животот што го сака, таа ќе мора да живее многу животи, непрестајно и генијално приспособувајќи се.

    „Град на девојки“ е лична исповед на Вивијан кога има 82 години. Таа конечно отворено ја раскажува својата приказна, но и онаа на жените околу неа – жени што ги кршат социјалните стереотипи на своето време и го пронаоѓаат својот пат до среќата, во век што никогаш не можел да биде во чекор со нив.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Париската библиотека

    Париската библиотека

    0

    Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ù е драго, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент.

    Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ù оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ù одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ù го сменат животот.

    Романот „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Исто така, тоа е роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот, а како читателите можат да го сменат светот.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Колку покрваво

    Колку покрваво

    0

    Од број еден авторот на бестселери на „Њујорк тајмс“, легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција, доаѓа исклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места.

    Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ù се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Убиството на командантот

    Убиството на командантот

    0

    НЕВЕРОЈАТНА КНИГА ЗА ЉУБОВТА И ОСАМЕНОСТА, ВОЈНАТА И УМЕТНОСТА – УШТЕ ЕДНО РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СОВРЕМЕНИ ПИСАТЕЛИ

    По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер. Но еден ден случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, тринаесетгодишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје. За да го затвори кругот, уметникот мора да тргне на опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје какво што само Харуки Мураками може да создаде.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак

    Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак

    0

    Цукуру Тазаки има четворица најдобри пријатели. Секој од нив во своето име содржи боја. Сите, освен Цукуру. Нивното пријателство е толку интензивно, искрено и силно што изгледа речиси нескршливо. Сè до еден ден. Ден кога се прекинува грубо и одненадеж. Кога тие му соопштуваат дека не сакаат да го видат, или да зборуваат со него, никогаш повеќе… Оваа случка толку го погодува Цукуру што му го менува неповратно животот. Оттогаш минуваат години, безбојни и испразнети, сè додека не ја сретне Сара, која ќе го поттурне во едно необично, од животно значење, патување. Роман за љубовта, пријателството, болката која трае. Исклучителна приказна за младото момче прогонувано од огромна загуба, за соништата, кошмарите и за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, нивните битки и премрежија, ова е роман кој хипнотизира. Безбојниот Цукуру Тазаки… не е книга за еден ден, ова е книга која го обојува животот на секој читател, засекогаш!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Јужно од границата, западно од сонцето

    Јужно од границата, западно од сонцето

    0

    Приказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се целосно прифатени, Хајиме и Шимамото уште како деца заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. Ќе успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јужно од границата, западно од сонцето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрижните детски денови поминати со Шимамото, преплавен од каење поради пропуштените можности.

    Типично во стилот на голем книжевен мајстор, Мураками раскажува како со неколку погрешни одлуки човек може да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не зацелува.

    Проникливо и длабоко размислување за човечката ранливост, за моќта на опсесијата, за загатките на еротската мистерија.

    Њујорк тајмс

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Записи

    Записи

    0

    Записи од различни краишта на светот. Ораторски говори, поезија, научни трудови и патопис за селото Матка, врамени во четири поглавја. Записи за далечините, записи за Македонија, записи за едно постоење.

    210,00 ден
    Додај во кошничка
  • Звукот на тишината

    Звукот на тишината

    0

    Нинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија. Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав. Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани – сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дамски гамбит

    Дамски гамбит

    0

    Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.

    На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива.

    Роман на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Речиси нормално семејство

    Речиси нормално семејство

    0

    Речиси нормално семејство е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одговориме на очекувањата на нашите сакани.

    Осумнаесетгодишната Стела Сандел е обвинета за свирепо убиство на еден повозрасен човек. За една обична тинејџерка од угледно семејство тешко е да се поверува дека го познавала сомнителниот бизнисмен, а уште потешко дека го убила.

    Раскажана од перспектива на тројцата главни актери, оваа возбудлива драма ja става на тест издржливоста на едно семејство. Таткото, пастор, верува во невиноста на ќерка му, и покрај сѐ поголемиот број докази против неа. Мајката, адвокатка, верува дека никој не ја кажува вистината. Очајната ќерка верува дека никој не разбира на што сѐ е подготвена за да ги оствари сопствените соништа. А сите тројца сфаќаат дека тоа што ги сплотува не е љубовта: туку лагите.

    Роман кој ги става на тест верноста и моралот. Дали сме обврзани да ги браниме членовите на сопственото семејство дури и кога знаеме за нивната вина? Дали сите се такви какви што се претставуваат? И што сме подготвени да ризикуваме за да ги зачуваме нашите животи какви што се?

    „…Ремек-дело што не ќе можете да го пуштите од раце.“ – Волстрит џурнал

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Синџирот

    Синџирот

    0

    Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.

    Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен, и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.

    „Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.

    Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • За пет години

    За пет години

    0

    Каде се гледате себеси за пет години?

    Дени Коен живее според правила. Млада е и амбициозна, и точно знае каде се гледа себеси во животот. Нималку не личи на својата најдобра пријателка, спонтаната и романтична Бела. По неколку години вредна работа и грижливо планирање, Дени е на прагот за остварување на своите соништа. Ќе се вработи во најдобрата адвокатска фирма, а нејзиното совршено момче ја запросува. Дени лежи на нејзиниот кревет задоволна и убедена дека работите одат според планот.

    Кога ќе се разбуди, Дени се наоѓа во друг стан, со поинаков прстен на раката, покрај сосема друг човек. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, Дени не може да престане да размислува за тоа искуство.

    „За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојата мрачна Ванеса

    Мојата мрачна Ванеса

    1

    2000 г.

    Соочена со првите тешкотии во животот, но амбициозна и желна за побрзо да порасне, Ванеса Вај е втора година во престижно средно училиште кога влегува во афера со Џејкоб Стрејн, магнетски привлечен професор по книжевност.

    2017 г.

    Речиси дваесет години подоцна, со бранот обвиненија против моќни мажи, старите гревови пристигнуваат за наплата. Некогашната ученичка го обвинува Стрејн за сексуална злоупотреба и очекува од Ванеса да го стори истото. Ванеса е вџасена, бидејќи нејзината врска со Стрејн била љубов. Во тоа е сигурна. Сепак, црвот на сомнежот ù ги нагризува сеќавањата и таа почнува да ги преиспитува спомените, да размислува за сè што се случило, за повторно да ја дефинира љубовната приказна, која всушност никогаш не завршила и која го обележува нејзиното постоење, нејзиниот живот. Дали навистина била жртва, и тоа само една од многуте?

    Пред неа е невозможен избор: дали да остане нема, цврста во уверувањето дека своеволно влегла во таа младешка врска или да гледа со поинакви очи на себе и на своето минато?
    Но, како да се откаже од својата прва љубов, од човекот кој ја променил од корен и бил секогаш присутен во нејзиниот живот? Дали е возможно всушност воопшто да не го познава мажот кој како девојка толку го сакала и кој ù се колнел дека ја обожава само неа?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Списокот со гости

    Списокот со гости

    0

    Невеста * Кум * Планерка на свадби * Деверица * Тело

    На остров крај брегот на Ирска, се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран.

    Но совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, започнува забавата, а со бројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица.

    И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

    450,00 ден
    Додај во кошничка