Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ШКОЛА НА ЖИВОТОТ

    ШКОЛА НА ЖИВОТОТ

    0

    Нашиот живот не е генерална проба! 

    Ова е сознанието со кое Бруно Шимлеша нè освестува за личната одговорност водејќи нè на патот кон совршенството и остварувањето на нашиот вистински потенцијал. Повеќе немаме изговори – за да постигнеме некаква животна промена, најважна е одлуката. А клучот за нашето совршенство е љубовта – кон самите себе и кон животот.

    Во својата книга Школа на животот Шимлеша нè повикува на акција, апелирајќи да не се помируваме со живот што не нè исполнува и нудејќи ни проверени и докажани алатки. На овој пат ќе ги промислиме сите прашања што не се учат дома и низ образованието: Како да изградиме мудар и здрав однос кон самите себе? Зошто болката е, а страдањето не треба да биде составен дел од животот? Зошто оние што упорно се негираат себеси полесно се разболуваат? Како позитивното размислување  се одразува врз нашиот живот?

    Се разбира, книгата не може да живее и да носи одлуки наместо нас, но може да ни даде инспирација и одговори за живеење со полни гради. Дали ќе бидеме беспомошен лист на ветрот на животот или ние ќе го создаваме ветрот – изборот е наш!

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Шпанска љубовна измама (Love Deception #1)

    Шпанска љубовна измама (Love Deception #1)

    0

    Каталина Мартин има голем проблем. Благодарение на една мала издрдорена лага, сега целото нејзино семејство мисли дека е лудо вљубена во своето момче. Шармантен Американец… кој всушност не постои!

    Па затоа брзо мора да најде човек што е подготвен да го премине Атлантикот и да го глуми нејзиниот совршен партнер. Некој што не е Арон Блекфорд – нејзиниот висок, синоок и надмен колега чија животна цел е да ја вади од такт. Таа е убедена дека тој е последната личност на светот којашто би прифатила да ѝ помогне, но сепак, самиот ѝ се нуди да ја извади од непријатната ситуација. Свадбата наближува, а нејзиниот поранешен свршеник и неговата нова девојка се на списокот со гости, па Каталина станува сè поочајна. Има само две опции – да ја признае лагата или да го прифати предлогот на неподносливиот колега.

    Три дена, една лажна врска и маж кој можеби и не е толку лош надвор од канцеларијата…

     

     

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • ШПИОНКА

    ШПИОНКА

    0

    Во својот нов роман, Пауло Коелјо оживува една од најмистериозните жени во историјата: Мата Хари.

    Кога пристигнала во Париз, Мата Хари немала ни скршена пара. Сепак, наскоро почнале да ја величаат како најелегантната дама во градот. Танчaрка која ја шокирала и восхитувала публиката; љубовница и куртизана која ги маѓепсувала најбогатите и најмоќните мажи на тоа време.

    Но како што се зголемувала паранојата во земјата заплеткана во војна, животниот стил на Мата Хари почнал да буди сомнежи. И така, во 1917 година, таа била уапсена во својата хотелска соба на Шанзелизе и била обвинета за шпионажа.

    Раскажана преку последното писмо на Мата Хари, Шпионка ја разоткрива незаборавната приказна за една жена која се осмелила да ги прекрши правилата на однесување на своето време и која за тоа ја платила највисоката цена.

    320,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Штама

    Штама

    0

    # 6 ДЕТСКАТА КУЌА

    Убиена жена. Исчезнато дете. Татко што бара одмазда.

    Еден студен ден во Рејкјавик исчезнува бебе родено од сурогат мајка.

    Единаесет години подоцна девојче умира од морбили, а таткото сака да се пресмета со личноста што ја заразило. Хулдар и Фреја сега работат во иста полициска зграда. Фреја се обидува нивните лични односи да ги држи настрана од професионалните, колку тешко и да е тоа. Тогаш, во напуштен автомобил е пронајдено распарчено тело на една жена. Полицијата не може да ја пронајде нејзината глава. Додека работат на случајот, а наоколу владее штама, тајната околу аферата на Хулдар и Фреја е речиси пред разоткривање.

    Идентификувањето на телото на жената ги враќа назад во тајните на минатото и им отвора дотогаш неоткриени злосторства што поврзуваат три различни семејства. Ништо не е како што изгледа во овој комплициран случај!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • ШТО (НЕ) Е ЉУБОВ

    ШТО (НЕ) Е ЉУБОВ

    0

    За љубовта не треба дефиниција, љубовта е дефиниција.

    Ана Бучевиќ

     

    Кога се обидуваме да ја дефинираме љубовта, вибрациски се оддалечуваме од неа. Љубовта не се опишува, љубовта се чувствува. И љубовта се живее.

    Ако веќе сакаме да ја дефинираме, таа дефиниција нека биде опишана со емоции – љубов е чувството кога ќе стигнеш дома…

    За љубовта не треба дефиниција, но за сето она околу неа и за она што се однесува на неа треба. Токму поради недефинирањето на животните сегменти во кои се изразува љубовта, доаѓа до тоа луѓето сешто да нарекуваат љубов. Со оваа книга сакам да ви помогнам да дојдете до сопствените дефиниции поврзани со љубовта. Да се живее животот значи да се живее она што навистина сме. Љубовта…

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Што е маж без мустаќи

    Што е маж без мустаќи

    0

    Анте Томиќ вешто прикажува типично рурално опкружување, но иако се чини дека се потсмева со неговите херои занимавајќи се со нивните судбини, тој ги опишува со многу љубов и сочувство како голем познавач на тој менталитет, знаејќи дека под грубоста, тврдоглавоста и примитивизмот, во суштина се кријат добри луѓе. Според романот „Што е маж без мустаќи“ режисерот Хрвоје Хрибар сними наградуван филм со исто име во 2005 година. – Смешни и надреални ситуации, честопати на границата на ендемичен рурален монтипајтонизам, изобилуваат во романот „Што е маж без мустаќи“. – Шармантна и неодоливо духовита приказна, да речеме, со „чешки“ книжевен сензибилитет, но со страсти достојни за балканското поднебје и гласна динарска театралност, комбинирана со безброј интриги во медитеранската атмосфера… Теофил Панчиќ за „Што е маж без мустаќи“

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Што знае ветрот

    Што знае ветрот

    4

    Ен Галахер растела воодушевена и маѓепсана од приказните за Ирска на нејзиниот дедо. Скршена од неговата смрт, таа заминува во неговиот дом од детството за да ја истури неговата пепел таму. Но, совладана од спомените од човекот што го обожавала и проголтана од историја што никогаш не ја знаела, таа патува во друго време.

    Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана. За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.

    Кога тензијата расте, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце…

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • ШТО КАЖУВА СЕКОЕ ТЕЛО

    ШТО КАЖУВА СЕКОЕ ТЕЛО

    0

    Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така?  Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

    Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

    –          кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
    –          зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
    –          што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
    –          кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
    –          како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

    Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Што направи?!

    Што направи?!

    0

    Требаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто.

    Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?

    Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Што не те прави будист

    Што не те прави будист

    0

    Ве фасцинира да станете будист или веќе се сметате за тоа?

    Ѕонгсар Џамјанг Кјенце, учител кој доаѓа од традицијата на тибетскиот будизам и еден од најкреативните и најиновативните лами што на денешнината отворено го предизвикува будистичкиот свет, притоа опфаќајќи често сретнувани погрешни сфаќања, стереотипи и фантазии. Со проникливост и иронија, Кјенце ги принудува читателите да појдат отаде површните замки и стапици на будизмот – отаде романсата која подразбира бројаници, мирисливи стапчиња или егзотични одежди – и да се устремат токму кон средиштето на она на што подучувал Буда.

    Ѕонгсар Џамјанг Кјенце е лама од традицијата на тибетскиот будизам кој патува и подучува низ целиот свет. Предводник е на прочуениот манастир Ѕонгсар, на колеџот „Ѕонгсар“ и на „Siddhartha’s Intent“, и е духовен патрон на центри за медитација во Ванкувер, Сан Франциско, Сиднеј, Хонг Конг и Тајпеј. Покрај тоа, тој е сценарист и режисер на наградуваните филмови „The Cup“ и „Travellers and Magicians“.

    „Конечно пред нас е еден нов и свеж глас на тибетскиот будизам. Во оваа кратка книга се содржани многу нешта за размислување, како за проучувачите на будизмот, така и за сите оние кои се заинтересирани за постојаното приспособување на традиционалната источна мудрост во постмодерните услови и околности наметнати од западниот свет.“ – Паблишерс викли

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Што сé еден маж знае за жените

    Што сé еден маж знае за жените

    0

    Макс Хиден е еден од најпознатите светски психолози кој сета своја научна работа ја посвети да одговори на многуте необјаснети прашања од областа на машко женските односи. Книгата “Што сé еден маж знае за жените” дава еден сосема нов поглед кон оваа тема и ги остава без здив многубројните читатели кој листајќи ги страниците на оваа книга ја откриваат вистината по која трагале многу генерации пред нив. Книгата е преведена на многу јазици и не се случајни големите тиражи во кои е објавена и продадена како во Европа така и во останатиот ден од светот.

    150,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Што се случи со Исидора

    Што се случи со Исидора

    0

    По смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера, нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отварање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Што ти се случило

    Што ти се случило

    0

    Оваа книга ќе го промени начинот на кој го гледаш твојот живот.

    Дали некогаш си се прашал „Зошто го направив тоа?“ или „Зошто не можам да го контролирам моето однесување?“ Другите можат да ги осудат нашите реакции и да помислат „Што не е во ред со оваа личност?“ Кога ги преиспитуваме нашите емоции, лесно е да ја лоцираме вината во себе; себеси и на другите околу себе да им поставуваме невозможни стандарди. Време е да почнеме да си поставиме поинакво прашање.

    Низ длабоко лични разговори, Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери нудат револуционерна и длабока промена прашувајќи „Што е со тебе“ или „Што ти се случило?“

    Нашите најрани искуства далекосежно ги обликуваат нашите животи и „Што ти се случило?“ обезбедува моќни научни и емоционални сознанија за моделите на однесување што многумина од нас се борат да ги разберат.

    Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја од искуството ранливоста што доаѓа поради соочувањето со трауми од раното детство. Здружувајќи ги силите со д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, тие ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разберат подобро и да ги надминат ефектите од нашето минато.

    Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина – отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Што ќе кажат другите

    Што ќе кажат другите

    0

    Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање круг составен од луѓе, верувања и мислења кои не се само важни туку се и нужни за нашиот личен успех.

     

    Барањето одобрување од другите и грижата што мислат тие за нас е нешто сосем нормално, бидејќи е дел од човековата природа. Но тоа не значи дека секој од нас, во одреден момент во животот, не се обидел да го пронајде одговорот на најтешкото животно прашање – како да не се грижам што ќе мислат другите за мене?

     

    Одговорот е во кругот! Но кругот не е секогаш совршено затворен. Понекогаш спротивните верувања го разнишуваат. Меѓутоа ако е доволно силен, кругот ќе те направи имун на туѓите влијанија, и само тогаш ќе можеш да ги надминеш препреките. Само човек што се наоѓа во вистинскиот круг, кој е опкружен со вистински луѓе – може да направи чуда.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шума на спомените

    Шума на спомените

    1

    Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.

    Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.

    Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.

    И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.

    Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.

    ,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шума на спомените - (тврд повез)

    Шума на спомените – (тврд повез)

    0

    Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.

    Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.

    Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.

    И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.

    Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.

    ,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“

    550,00 ден
    Додај во кошничка