-
Убиствата во Кингфишер хил
0400,00 денФантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!
Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.
При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.
Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?
-
Убиство во Ориент Експрес
0380,00 денПланот на Херкул Поаро да престојува неколку дена во Истанбул е нарушен кога добива ненадеен повик итно да се врати во Англија. Со помош на г. Бук, негов сонародник и директор на „Меѓународната компанија за вагони за спиење“, Поаро некако успева во последен миг да добие место на возот „Ориент експрес“ и линијата Истанбул-Кале.
Еден од сопатниците, американскиот магнат Семјуел Едвард Рачет, му се обраќа на славниот детектив за помош со објаснување дека добивал анонимни закани по неговиот живот, но Поаро го одбива. Следното утро, додека возот стои завеан од снег на трасата помеѓу Белград и Винковци, Рачет го пронаоѓаат мртов во неговото купе, повеќекратно избоден до смрт. Херкул Поаро решава да го испита ова убиство и притоа открива дека се работи за сложено злосторство чиешто решение исто така бара сложени методи, пред сè, дедукција и употреба на малите сиви клетки.
Романот „Убиство во Ориент експрес“, објавен во 1934 година, Агата Кристи го посветила на својот втор сопруг, Макс Едгар Лусиен Малован. Многу е веројатно дека приказната, која е делумно инспирирана и од вистинити настани, ја има создадено додека престојувала на археолошките ископини во местото Арпачија, Ирак. „Убиство во Ориент експрес“ се смета за најпознатото дело на Кристи со повеќе филмувани и ТВ-верзии
-
Убиството на командантот
0650,00 денНЕВЕРОЈАТНА КНИГА ЗА ЉУБОВТА И ОСАМЕНОСТА, ВОЈНАТА И УМЕТНОСТА – УШТЕ ЕДНО РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СОВРЕМЕНИ ПИСАТЕЛИ
По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер. Но еден ден случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, тринаесетгодишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје. За да го затвори кругот, уметникот мора да тргне на опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје какво што само Харуки Мураками може да создаде.
-
Убиството на Роџер Акројд
0380,00 денКога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот ден го наоѓаат убиен во неговата работна соба, во малото англиско село Кингс Абот се јавуваат уште повеќе озборувања од вообичаеното. Се слуша дека госпоѓата Ферарс си го отрула сопругот годината претходно, па дека била во љубовна врска со Акројд, а се зборува и дека била уценувана затоа што некој дознал за делото што го сторила. Но, која е причината зад убиството на Акројд?
Овој случај е целосна мистерија за локалната полиција, но за среќа тука е прочуениот детектив Херкул Поаро, кој, од неодамна пензиониран, станал постојан жител на Кингс Абот со желба да одгледува тиквички во неговата градина. Тој се согласува да го преземе случајот, при што негов постојан придружник е докторот Шепард, воедно и наратор на приказната. Во текот на истрагата Поаро открива низа тајни, главно врзани за љубов и пари, а случајот ќе биде решен со еден мошне возбудлив пресврт на настаните.
Романот „Убиството на Роџер Акројд“, објавен во 1926 година, се смета за роман со кој Агата Кристи стекнува голема популарност и поширока читателска публика.
-
Убиството на теренот за голф
0290,00 денИтен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.
-
УБК одблизу
0250,00 денАвтентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија. Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија. Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.
Првпат читајте за:
– најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија;
– акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти;
– ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров;
– лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито;
– контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК;
– акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија;
– реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност;
– вистински примери од отворањето на тајните досиеја;
– (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто;
– активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија;
– контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.
-
Украдени души
0400,00 ден#2 Дора Гудмундсдотир
Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – игли во стапалата на телата, детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?
Клиентот на адвокатката Дора Гудмунсдотир сака да ги тужи претходните сопственици на земјиштето на кое се наоѓа неговиот хотел, за кое тврди дека е опседнато од духови. Не верувајќи во натприродни сили, Дора оди во посета на неговиот „њу ејџ“ хотел на полуостровот Снајфелснес. Таму, таа и нејзиниот љубовник Матијас стануваат сведоци на една мистерија. Архитектката што работела за сопственикот на хотелот е брутално силувана и убиена. Тој е обвинет. Два дена подоцна, убиен е уште еден човек. Во обид да го расветли случајот, Дора влегува во заплетканата историја на семејството на двајцата браќа што живееле на имотот. Растргната помеѓу нивната и сопствената семејна приказна, во која таа е самохрана мајка на четиригодишна ќерка и на шеснаесетгодишен син што наскоро треба да стане татко, Дора не се откажува од расветлувањето на случајот. Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи.
-
Улица
0500,00 ден„Фотографската камера на Манчевски, едноставна, непосредна и мошне агилна, никогаш не го прикажува она што гледачот би сакал да го види. Не се задржува на она што би очекувале да го гледаме. Не е ни брутална ни нарцисоидна, и поради тоа длабоко се оддалечува како од псевдо-реализмот на поголемиот дел од современото фоторепортерство, така и од апстракциите на оние кои, во своите фотографски елаборации, ја сведуваат реалноста на проста игра на форми. Не се впушта во естетизми ниту во дејствија на ситен социологизам.“, вели директорот на Кинотеката во Болоња, Андреа Морини за Улица
Првата книга фотографии на Милчо Манчевски, Улица, со радост раскажува визуелни приказни низ 111 улични фотографии.
-
УЛИЦА ДИШИ ДЛАБОКО
0299,00 денПријателе мој,
Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.
Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.
На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај… и диши длабоко.
-
Улицата на бродовите
0450,00 денВо врнежливиот Сиетл, на езерото Јунион, постои нешто што се нарекува Улицата на бродовите. Тоа е заедница на пловни куќи, каде што се живее уникатен, мирен и романтичен живот на вода. На самиот крај на доковите, има една пловна куќа со изветвени шиндри од кедар и ползавец грамофонче, но убавината на белите цветови може да лаже. Во педесеттите години, Пени, млада невеста на познатиот сликар Декстер Вентворт, се вселува во куќата и мечтае за исполнет живот како муза на успешниот локален уметник кого го очекува светска слава.
Во сегашноста, Ада Санторини по игра на случајноста завршува на истата пловна куќа, со надеж дека нејзиното нежно лулање на езерото ќе ја затапи болката од личната трагедија поради која бега од Њујорк. Кога се сместува во куќата, Ада наоѓа стар ковчег полн со спомени од една жестока љубовна афера. Соседите на доковите од некоја причина не сакаат да откриваат многу за минатото, но јасно е дека сите ја сакале убавата и мистериозна Пени. Како новинар, Ада насетува интересна приказна и почнува да истражува.
Се чини дека на Улицата на бродовите е судено да се испреплетат мистериозното минато на Пени и неизвесната иднина на Ада.
-
Улицата на светулките
0450,00 денКејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.
Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…
Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.
-
Улицата на светулките (тврд повез)
0550,00 денКејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.
Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…
Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.
-
Уметницата со кана
4490,00 денЖивописен и заразен приказ на битката на една жена да се реализира себеси во општество кое е на раб меѓу традиционалното и модерното; Уметницата со кана отвора врата од свет кој е подеднакво раскошен и фасцинантен, колку што е мрачен и злобен.
По бегството од насилен брак, седумнаесетгодишната Лакшми се упатува во вибрантниот, розов град Џајпур. Таму станува најбараната уметница со кана, но и најголемата чуварка на тајни на најбогатите жени од високата класа. Но иако богатите ѝ ги откриваат сите свои тајни, таа никогаш не смее да ги довери своите некому…
Лакшми станува позната по оригиналните дизајни и добрите совети, но мора да биде внимателна за да не стане жртва на љубомора и озборувања кои би можеле да ѝ ја уништат репутацијата и заработувачката. Додека го исполнува својот сон за независен живот, сенки од минатото носат нови ризици. Нејзиниот поранешен маж ја пронаоѓа по многу години и се соочува со неа со сестрата што Лакшми не ни знае дека ја имала. Одеднаш, сите нејзини внимателно градени безбедносни ѕидови се под закана. Но Лакшми повторно продолжува да се бори низ животот, користејќи ги своите таленти за да се издигне над сѐ, воедно издигнувајќи ги и сите што ја опкружуваат.
-
Уметноста на едноставното живеење: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах
0350,00 денПреку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.
Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта…
Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.
Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.
-
Уметноста на заведувањето
0450,00 денКлучот на заведувањето е создавање искушение на кое луѓето не можат да му одолеат.
Кој вид на заводник би можеле да бидете? Сирена, ѕвезда? Шармер, комичар, харизматичен или светец? Можете да бидете што сакате, зашто заведувањето е игра на психологија, не на убавина, и секој може да стане мајстор на таа игра. Способноста за создавање илузија е еден од блескавите дарови на заводникот – привлечна фигура која е способна истовремено и да манипулира, и да заведува и да дава задоволство.
И мамка и уметност, како што го објаснува бестселер авторот Роберт Грин, заведувањето е синоним за индиректна и суптилна форма на моќ. Таа отсекогаш соборувала империи, добивала избори, ги поробувала и големи умови. Истражувајќи ги историјата, книжевноста и животот, Грин создава водич за суштината на едно од најмоќните а невидиливи оружја во историјата.
Научете ги сите стапици и фини трикови, усвојте ги суптилните 24 маневри и стратегии и станете заводник кој лесно стекнува контрола. Тоа нека биде нов почеток што ќе ве води до големи победи!
„Макијавели има нов ривал. И Сун Цу треба да се замисли. Грин состави список на амбициозно и непобедливо однесување.“
Њујорк магазин
-
УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА
0250,00 денЉубовта е активна сила на човекот; сила што ги пробива ѕидовите што го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите. Љубовта му помага да го премавне чувството на осаменост и одвоеност, а сепак му допушта да биде свој, да си го зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат двајца. Љубовта е активност, а не пасивен афект – таа е „останување“, а не „заљубување“. На најобопштен начин, активниот карактер на љубовта може да се изрази со тврдењето дека љубовта е првенствено давање,а не примање.
Љубовта е единствениот здрав и задоволителен одговор на проблемот на човечкото постоење. Во чинот на љубовта, во давањето себеси, во чинот на проникнувањето во другата личност се пронаоѓам себеси, се откривам себеси, нè откривам нас двајцата, го откривам човекот.
