-
ЧЕТИРИ СПОГОДБИ
0250,00 денТреба да применувате само четири реченици за да го промените темелно својот живот.
Беспрекорно користете го својот збор
Ништо не сфаќајте лично
Не правете претпоставки
Секогаш направете сè што можетеОвие едноставни сентенци, и мудроста која се крие зад нив, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопочит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.
Ова е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и на Буда, е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ – Толтеци, коишто според легендите, не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот. Прочитајте ја, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа.
-
Убиството на теренот за голф
0290,00 денИтен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.
-
Без излез
0270,00 денДодека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
Кое е тоа девојче?
Зошто е киднапирано?
Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година. -
Сребрениот куфер
0480,00 денВо 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ù дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ù биде замена за пријател и за молитва. Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ù донесе радост, исцелување и верба.
-
Најдоброто од македонската кујна
01.200,00 денХраната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата.
Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна…
Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.
-
Солунска 28
0480,00 денД-р Неле Карајлиќ со својата дебитантска книга „Фајронт во Сараево“ најави дека е писател на кој сериозно треба да се смета. Тоа го потврди со својот прв вистински роман „Солунска 28“.
Приказната за едно семејство почнува на почетокот на 20 век кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28.
Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.
-
Дур дишам се надевам
0290,00 денТри дни Перо си фрла јадица
в реката загадена и темна.
Улови сал шапка за Надица,
чорап за дедо, за баба – тегла.
Сите му велат дека нема врска:
– Само време арчиш, пусти Перо!
Но тој кон реката фрла трска
и на сет глас вика:
Dum spiro spero!
-
Аутизам: Да се биде професионален родител
0500,00 денОва е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам. Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации. ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.
-
Мама
0690,00 денМама. Еден од првите зборови на светот. Единствено име, што го носат милијарда жени. Еден збор што искажува љубов, нежност, поврзаност, а некогаш и празнина. Има толку мајки колку што има деца. Сепак, на сите континенти, кога ќе го земат своето бебе в раце, сите мајки си личат.
-
Becoming: Мојата приказна
0650,00 денСè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате.
-
Проектот Роузи
0390,00 денМожеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж…
Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога
овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена
партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга. Навидум доволен е само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки. Но Роузи е совршената „погрешна” кандидатка. Како и успева да внесе хаос во беспрекорно уредениот живот на Дон?
Проектот Роузи е современа бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и сомногу хумор. Обидете се, заедно со Дон, да проверите дали животот почнува да се случува само тогаш кога ние ќе му дозволиме.
-
Паника
0380,00 денМедицинската сестра Вера се наближува кон четириесеттата година од животот и почнува да ја фаќа паника дека најубавото во животот веќе ѝ поминало.
Нејзиниот маж е досаден, ќерка ѝ не ја слуша, работата ѝ е сведена на рутина… нема возбудувања на видик. Згора на сè, еден гатач ѝ открива дека постои маж кој размислува за неа, но не се осудува да ѝ пријде.
Вера почнува да верува дека само љубовта е излез од неподносливата ситуација и одлучува да скршне од патеката на брачниот живот. Но, на патот на сопственото будење, таа мора да совлада и некои компликации…
Во својот роман „Паника“, популарната словенечка писателка, актерка и ТВ-водителка, Деса Мук, пренесува современа приказна за потрагата по среќа, при што смеата и солзите неочекувано брзо си ги заменуваат местата.
-
-
Боенка: Домашни животни
048,00 денБоенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
-
Боенка: Играчки
048,00 денБоенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
-
Боенка: Овошје и зеленчук
048,00 ден• За развој на моторичките вештини кај децата• За јакнење на концентрацијата• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност