-
Кревки нешта
0550,00 денАприл, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
-
Игра на душата
0550,00 денВо 2011 година, грозоморно злосторство го тресе Њујорк – 15-годишно девојче е пронајдено распнато во една приградска црква откако било прогласено за исчезнато.
Мирен Тригс, истражувачката новинарка од „Менхетн прес“, одлучува да го истражува случајот откако добива мистериозен плик со фотографија од друго исчезнато девојче со едноставна порака: „Џина Пеблс, 2002 година“. Заедно со Џим Шмоер, нејзиниот поранешен професор по новинарство, ја следат трагата за девојчето од фотографијата додека истовремено го истражуваат и скорешното распнување. Истрагата ги води до една религиозна институција чии членови извршуваат ритуали далеку повознемирувачки отколку што си замислувале.
Двајцата партнери се соочени со три прашања:
Што ѝ се случило на Џина?
Кој ја пратил фотографијата?
И колку далеку води оваа мрачна игра на душата?Некои тајни се закопани со причина, а нивното растајнување би можело да ги чини живот.