Жанр
  • Тајната на Тоскана

    Тајната на Тоскана

    0

    Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.

    Но една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…

    Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најпрекрасното злосторство на годината

    Најпрекрасното злосторство на годината

    0

    Запознајте ги Меги Чејс и Итан Вајат – новата кралица на мистеријата и мајсторот на трилерите. Таа го мрази од дното на душата, а тој мисли дека нејзиното име е Марси (иако таа постојано го поправа). Кога и двајцата ќе ја прифатат мистериозната покана од нивниот таен обожавател да го поминат Божиќ во Англија, никој од нив не очекува нивниот домаќин да биде најпознатиот автор во светот: Еленор Ешли, Војвотката на смртта.

    На три дена пред Божиќ, надоѓа снежна бура, а следното утро Еленор ја нема. Исчезнала од заклучена соба. Меги почнува да се прашува дали Елеонор е во опасност или ова е некаков тест. Дали Итан е нејзин соперник или е единствената личност меѓу сомнителните гости на имотот покриен со снег на која може да ѝ верува?

    Додека снегот продолжува да вее, телефоните не работат, а напнатоста расте, секоја трага ги доближува Меги и Итан до вистината, а нивното соперништво се претвора во неочекувано партнерство. Бидејќи овој Божиќ, двајцата мора да станат сојузници (а можеби и нешто повеќе) ако сакаат да ја спасат Елеонор.

    Освен ако прво не се убијат меѓу себе…

    570,00 ден
    Додај во кошничка