-
-43%
Само пријатели
8Original price was: 350,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Дали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?
Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш? Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите…
„Уникатно, како ништо што сте прочитале досега. Што чекате, прочитајте ја веднаш!“ – Тамара Вебер
-
-49%
Старомодниот водич за љубов и романса
4Original price was: 390,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.
Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.
-
-48%
Терапија
14Original price was: 380,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Нема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.
Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.
Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.
