Издавачката куќа Сакам Книги има потреба од финансиски администратор, кој ќе работи во координација со нашето сметководствено биро за темелно, ажурно и внимателно водење на финансиското и материјално работење на фирмата. Работното време е флексибилно (за почеток неколку дена неделно), а дел од работата може да се врши и од дома, па постои опција за редовен работен однос или хонорарно работење.
Потребни квалификации и вештини:
- Предност ќе имаат лицата со завршен економски факултет
- Работно искуство во областа
- Познавање на MS Office, особено Excel
- Барем делумно познавање на книжевното портфолио на Сакам Книги
- Познавање на материјално и финансиско работење
- Аналитички, организациски вештини и „око за детали“
- Основно познавање на англиски јазик
Работни обврски и одговорности:
- Педантно водење сметка за сите документи во фирмата во координација со
книговодство.
- Внесување изводи во систем и проверка/наплата на доспеани побарувања од
клиенти.
- Електронско плаќање фактури, префрлање плати, исплати по авторски договори,
кирии и слично.
- Благајна, водење сметка за материјални трошоци и сл.
- Изработка на договори за нови вработени, изјави за престанок на работен
однос, решенија за годишни одмори…
- Подготовка на документација и понуди за јавни набавки.
- Дополнителни задачи на барање на претпоставени во склоп на секојдневното
работење.
Личен профил:
- Одговорна, педантна, темелна, добро организирана и доверлива личност
- Добри комуникациски способности и професионален однос
- Лојална, љубезна личност и тимски играч
- Позитивен и проактивен пристап кон работата
Заинтересираните
кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на contact@sakamknigi.mk. Ќе се земат
предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 02.06.2020.