-
Скрши го мразот
0590,00 денАнастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим. Се натпреварува во лизгање уште од петгодишна возраст, има комплетна студентска стипендија благодарение на нејзината позиција во лизгачкиот тим и секојдневен распоред на активности од кои би липала и најамбициозната личност на светот. Стаси не си игра, Стаси секогаш цели на победа. Без исклучоци.
Нејтан Хокинс никогаш немал проблем што не може да го реши. Како капитен на Тајтанс, добро знае што значи одговорноста да го носиш целиот тим на рамена на мразот. Но благодарение на едно недоразбирање, двата тима мораат да го делат лизгалиштето, а партнерот на Анастасија се повредува. Тогаш Нејт е принуден да го замени хокеарскиот стап за хеланки и стариот страшен тренер за уште пострашен.
Тие се заглавени заедно на повеќе од еден начин, но во ред е, бидејќи Анастасија мрази хокеари… нели?
-
Тајната на монахот
0390,00 денЕдна девојка доживува трагедија…
Матурската вечер завршува кобно за една млада девојка, која не знае ни како, ни зошто, ниту од кого е силувана. Последното нешто на кое се сеќава е дека професорот ја враќа дома, но нема никакво сеќавање од настаните кои следуваат откако излегува од неговото возило. Иако се обидува да се носи и да живее со таа траума, сфаќа дека не е доволно силна и посегнува по својот живот.Еден професор е осомничен и добива тешка казна…
Професорот има голема грижа на совест и носи тежок грев, па ја прифаќа казната. Но за што поточно е виновен?Еден монах решава да оди против себе и да открие голема тајна…
Речиси секој од ликовите крие нешто, заплеткувајќи ја приказната, а само еден од нив собира храброст да ја открие својата тајна и да фрли барем малку светлина на трагичните настани. -
Ривалите
1450,00 денКонфликтот помеѓу мене и Вестон Локвуд започна на олтарот. Само што, никој од нас не присуствуваше на свадбата, заветите беа дадени декади пред ние двајцата да се родиме.
Нашите дедовци биле најдобри пријатели и бизнис партнери, сѐ до свадбата на дедо ми – кога неговата несудена невеста соопштила дека не може да се омажи за него, бидејќи била вљубена и во дедото на Вестон.
Двајцата мажи со години војувале за Грејс, која пак истовремено била нивната трета бизнис партнерка. Но на крајот, ниеден од нив не успеал да ѝ го украде срцето од другиот. Па така секој од нив си фатил на своја страна. Нашите дедовци се ожениле за други жени, а двајцата мажи станале најголемите бизнис ривали во историјата. Нашите татковци ја продолжиле семејната традиција на војување. Потоа ја продолживме и јас и Вестон.
Но со смртта на жената со која започнало сѐ, нашите дедовци неочекувано станаа сопственици на еден од највредните хотели во светот и јас заглавив со човекот кој сум родена да го мразам. И не е проблем да го мразам, па нашите семејства си вадат очи цел живот. Има само еден малечок проблем. Секојпат кога јас и Вестон се караме, некако завршуваме во кревет.
-
Види ме
0590,00 денКолин дава сѐ од себе за максимално да ја искористи добиената втора шанса. На 28 години, фокусиран е строго на чекорење по вистинскиот пат – учи за да стане наставник, посветено вежба во вежбалница секој ден и ги избегнува сите места и луѓе кои биле крајно деструктивни во неговиот живот претходно. Ако нешто не му треба во оваа фаза, тоа е сериозна врска. Но кога случајно ја сретнува Марија Санчез една врнежлива вечер во Северна Каролина, неговите планови ќе се разнишаат до степен што ќе ги протресе дури и темелите на неговиот внимателно структуриран живот. А пак за Марија, вредна адвокатка и ќерка на имигранти од Мексико, Колин е предизвик за сѐ што сметала дека знае за себе и за иднината, некој кој ќе ја натера да се запраша што навистина ја усреќува.
Меѓутоа, пред да добијат шанса да замислат како би можел да им изгледа заедничкиот живот, почнуваат да се појавуваат злокобни потсетници на настани од минатото на Марија. И кога опасноста почнува да ја демне на секој чекор, судбината ги тестира двајцата на страшни начини. Дали демоните од минатото ќе го уништат она меѓу нив или љубовта ќе ги штити дури и во најмрачниот час?
Види ме е приказна за опсесија, нови шанси и љубов која ги покорува сите очекувања, потсетувајќи нѐ дека судбината често лежи токму во нашите раце.
-
Капињера
2370,00 денВистинска животна приказна. Драматична, потресна, вечна.
Таа има шеснаесет години. Се вика Луна, најубавата Еврејка во градот. Такец има осумнаесет години. Но љубов за цел живот, за навек.
Двајца млади се засакуваат, лудо, искрено… вечно. Но што со предрасудите, различностите? Исконски нож кој отсекогаш ги сечел ваквите врски, посилен дури и од најсилната љубов. И што кога бесмисленоста на војната алчно ќе ги проголта невините, недолжните? Ќе остане празнина, молк, тага, болка.Такец и во својата деведесет и трета година од животот безмерно ќе тагува по љубената Луна. Но ниеден јунак од оваа сага не е повеќе жив.
Само авторот на романот, единствениот жив сведок за страдањата на својот татко Такец, ќе му го подари на човештвото, татковото претсмртно завештание како аманет со порака дека единствено љубовта останува вечна… исто како уметноста. А Луна и малечката Сара чии животи прерано се стопија во гасните комори на Треблинка и од оној свет порачуваат:
Лудилото на војната никогаш да не се повтори… -
Свадба во декември
0490,00 денЗа Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејство не го дели нејзиниот ентузијазам.
Меги е во шок! Нејзината најмлада ќерка одлучила да се омажи за Божиќ. И тоа на само дваесет и две години! Дали на таа возраст човек е подготвен да се врзе за цел живот? И таа самата се омажи за Ник на тие години, па еве ги сега, веќе шест месеци живеат одвоено и се разведуваат. Сепак, за да не ги расипат празниците и венчавката, одлучуваат да се преправаат дека се сè уште вљубени еден во друг. Дали таквата блискост и зимската идила ќе им донесат втора шанса?
На постарата сестра Кејти воопшто не ѝ е по ќеф што мора да го прелета Атлантскиот Океан само за да ѝ биде старосватица на сестра ѝ, но нема избор – мора да ѝ ги отвори очите пред да биде предоцна! Смета дека импулсивната, слатка Роузи прави грешка и решена е да ја спречи. Кога само згодниот кум, Џордан, би престанал да ѝ се меша во плановите…Како што наближува датумот на венчавката, Роузи станува сè повознемирена. Дали е нетрпелива или се предомислува? Гостите полека пристигнуваат и реалноста почнува да ја притиска. Повеќе не може да го занемарува прашањето што подолго време ја мачи – дали прави грешка што ќе се омажи со човек кој го познава одвај неколку недели?
Овој Божиќ ќе биде незаборавен за семејството Вајт.
-
БЕЗСЛОВЕН
0390,00 денЗа некои борби вреди да се живее…
Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите.
„Безсловен“ е автобиографско писание, вклопено во рамка на сирова искреност. Една тегобна реална слика, насликана со скрб, крв и солзи. Со делото авторот се обидува да се исцели себеси, но и да помогне на сите оние кои го преживеале истото и сè уште се борат во сенките на четириѕидовниот затвор на својот ум.
Испреплетените приказни низ годините делуваат како исткаени моменти, кои како да не припаѓаат тука, на Балканот. Една разнобојна таписерија, која започнува во 2019 година кога авторот дознава дека има канцер. Канцерот е како еден катализатор за да може како од Пандорина кутија да се излеат сите болки, тајни и трауми од минатото. Поточно шест трауми и големи лузни од минатото, сокриени во шест сандаци: менталното и физичкото злоупотребување од страна на негувателките од градинка и од сопствените баба и дедо, кои со жилети му го сечеле јазикот, злоупотребување од страна на таткото алкохоличар, сексуалното злоупотребување од 8 до 10 години од страна на сосед, што впрочем е и најголемата траума во делото и околу кое се прилепуваат сите останати, и врсничкото физичко и ментално насилство (булинг) во основното и средното образование.
Време е и на овие наши простори да за’рти дело кое ќе изникне и ќе се издигне над сите табуа кои нè чувале под стеги; да се зборува за сите овие нешта (особено за сексуалното злоупотребување), за да може некое дете, некоја возрасна личност, некоја социјална група, да се излечи. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е сосем во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме.
-
КУМ
0300,00 денКоки е прилично затворен тип, кој веќе 10 години живее во Њујорк, без да се врати во татковината. Да, можеби е малку осамен, но животот таму му е убав има девојка која ја сака, одлична работа, стан и веќе е навикнат на рутината.
Кога неговиот најдобар другар Мики, последен од големото друштво во Скопје, решава да се жени, го бара токму него за кум. Коки не е воодушевен од идејата, особено затоа што токму во тој момент на работа лансираат многу важна апликација за голем клиент и не смее да ризикува, но Мики успева да го убеди, ветувајќи му дека сѐ ќе биде многу брзо, а свадбата мала и без никакви церемонии. Во бурниот професионален живот во Њујорк, Коки едвај успева да земе три слободни дена, иако планира да работи на апликацијата во текот на целото патување. Но не е свесен што го чека во градот кој е многу променет од неговото заминување, во истиот стан од детството и младоста, со семејството и лудото друштво, македонските необични адети и низа други компликации додека се обидува да го реши главниот проблем на апликацијата.
Растргнат помеѓу минатото и сегашноста, девојката во Њујорк и убавите скопски девојки, Коки само се обидува да го заврши патувањето без дополнителни проблеми, но тие некако упорно го следат, без оглед на тоа колку се труди да ги избегне.
-
Оддел Д
0520,00 денСтудентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.
Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.
Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.
Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.
-
Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – сива
01.400,00 денВи го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.
Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!
-
Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – беж
01.400,00 денВи го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.
Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!
-
Радосница Здраво, бебе (Првите години од твојот живот) – rainbow
01.300,00 денВи го претставуваме нашиот ексклузивен споменар „Здраво, бебе (Првите години од твојот живот)“ – совршен чувар на сите ваши скапоцени спомени, почнувајќи од бременоста па сѐ до петтата година од животот на вашето дете. Зачувајте го најубавото патување во вашиот живот на прекрасните колоритни страници, полни со емоции и љубов; првите фотографии од вашето бебе безбедно вгнездени помеѓу елегантно дизајнираните тврди корици со премиум лен платно, кое дава безвременска убавина каква што ѝ прилега на најбезвременската и најбескрајната љубов која постои: љубовта кон вашето дете.
Достапна со корици со три различни дизајни за сечиј вкус, Радосницата Здраво, бебе! е најубавиот подарок што можете да си го подарите себеси или пак на саканите кои очекуваат бебе – подарок кој останува за цел живот и за идни генерации. Подарок во кој секоја страница раскажува една прекрасна животна приказна и со години ќе ве навраќа на едно од најубавите времиња во вашиот живот!
-
Плејбој
0450,00 денСе запознавме на венчавката на мојата најдобра пријателка. Кришум се погледнувавме цела вечер – не можевме да ја порекнеме силната привлечност што искреше меѓу нас. Јас го фатив бидермаерот, тој жартиерот. Почитувајќи го свадбениот обичај, танцувавме заедно. Припиени еден до друг, ми предложи да ѝ се препуштиме на страста. Неговите перверзни зборови требаше да ме згрозат, но поради некоја луда причина, го имаа токму спротивниот ефект.
Завршивме во мојата хотелска соба. Следното утро заминав за Њујорк, давајќи му погрешен број.
Често мислев на него, но по последната врска се заколнав дека нема да се гледам со згодни и вообразени момци. Кога по една година се сретнавме кај заеднички пријатели, огнот меѓу нас воопшто не беше стивнат. Ми го побара вистинскиот број, па му го оставив бројот на мајка ми, која умее да го исплаши секој маж со приказни за брак и деца.
Мислев дека се спасив, но следната недела се појави кај мајка ми за семејната вечера. Будалестиот, прекрасен маж прифатил двомесечна работа само за да биде поблиску до мене. Ми предложи да го поминеме времето испреплетени под чаршафите.
Осум недели поминати во неверојатен секс без обврски? Немав што да изгубам. Барем така си мислев.Но знаете како велат – и најдобро смислените планови можат да се изјаловат.
-
Никогаш не лажи
0520,00 денЕден нов брачен пар е во потрага по куќата од нивните соништа. Но кога го посетуваат големиот и изолиран имот кој некогаш ѝ припаѓал на докторката Адриен Хејл, позната психијатарка која исчезнала без трага пред четири години, опасна снежна бура ги заробува на имотот… и не остава простор за заминување оттаму додека не заврши.
Барајќи некоја книга за да се занимава додека веењето не стивне, Триша случајно пронаоѓа една тајна соба. Соба каде има аудио записи од секој можен пациент кој доктор Хејл некогаш го интервјуирала. Додека ги слуша касетите, Триша открива ужасна низа настани кои всушност воделе до мистериозното исчезнување на доктор Хејл.
Триша ги слуша касетите една по друга, до доцна ноќе. И со секоја следна касета, уште по едно делче од шокантната сложувалка си доаѓа на свое место, а пајажината од лаги на психијатарката полека се отплеткува. И тогаш Триша стига до последната касета. А таму лежи целата грозоморна вистина.
-
Изопачени игри
0520,00 ден(Серијал TWISTED #2)
Сериозниот, арогантен и секогаш намуртен елитен телохранител Рис Ларсен има две правила: прво, да ги заштити своите клиенти по секоја цена и второ, да не се вплеткува емотивно, никогаш. И никогаш претходно не бил во искушение да ги прекрши тие правила… сѐ додека не ја запознае неа.
Бриџет фон Ашеберг. Принцеза тврдоглава подеднакво како него, со скриен оган кој ги претвора неговите правила во пепел. Ден по ден, чекор по чекор, ги руши неговите одбранбени ѕидови и го соочува со вистината што повеќе не може да се одрекува: има дадено заклетва дека ќе ја штити, но сака само да ја уништи. Да ја земе. Бидејќи таа е негова. Негова принцеза. Неговото забрането овошје. Секоја негова фантазија.Принцезата сонува за слобода да живее и да љуби човек по свој избор. Но наеднаш е соочена со политички брак и трон кој никогаш не го ни посакувала. Затоа не смее да копнее по човекот кој не може да го има. Нејзиниот телохранител. Нејзиниот заштитник. Оној кој ќе ја уништи. Нивната љубов, неочекувана и забранета, може да уништи кралство… и да ги осуди на пропаст двајцата. -
Сите недовршени нешта
0590,00 денНоа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.
Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.
Но додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.