Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.
Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
× |
Роза за балерината 2 x 250 ден |
|
× |
Пакетот 1 x 420 ден |
|
× |
Ова завршува со нас 1 x 400 ден |
|
× |
Островот Камино 2 x 420 ден |
|
× |
Ти и јас 1 x 500 ден |
|
× |
Сонувај малку 1 x 390 ден |
|
× |
Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 2 1 x 790 ден |
|
× |
Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер 1 x 480 ден |
|
× |
Дрвото на животот 1 x 350 ден |
|
× |
Се случи една есен (Wallflowers #2) 1 x 420 ден |