Прв чекор: Избери ги производите што сакаш да ги нарачаш

До секој производ има копче „Купи“ – кликни на него и производот автоматски ќе биде додаден во твојата кошничка.

Во кошничката можеш да додаваш неограничен број на производи, како и да ги бришеш производите што ги имаш додадено. На ист начин во кошничката може да се додадат и прозводите од листата на посакувани (Wishlist). Во секој момент, во горниот десен агол на екранот можеш да видиш колку производи имаш во кошничката и која е нивната вкупна вредност.

Кога ќе ги одбереш сите книги што сакаш да ги нарачаш, притисни на кошничката горе или на копчето „ПРОДОЛЖИ КОН КАСА“ и премини на вториот чекор од процесот.

 

Втор чекор: Прегледување на кошничката

Откако ќе ги избереш производите што сакаш да ги нарачаш и ќе притиснеш на кошничката, се префрлаш во корисничката кошничка. Во неа се прикажани производите што ги нарачуваш, количините (кои можеш да ги смениш во секој момент) и вкупната вредност на нарачката.

Во долниот дел од кошничката се наоѓа поле каде може да го внесеш твојот купон за попуст, доколку имаш. Повеќе за купоните за попуст може да прочиташ горе во соодветниот таб.

Доколку сакаш да ја дополниш нарачката со уште некој производ, притисни на копчето „ПРОДОЛЖИ ДА РАЗГЛЕДУВАШ“ што се наоѓа во горниот десен агол од потрошувачката кошничка.

Овде исто така треба да го селектираш и методот на испорака, доколку имаш нарачка над 1200 денари. Ако нарачката е помала, по автоматизам се селектира методот на стандардна испорака. Повеќе за испораката може да прочиташ во следниот соодветен таб горе.

За да продолжиш кон третиот чекор од процесот на нарачка, притисни на копчето „ПРОДОЛЖИ КОН КАСА“ што се наоѓа во долниот дел од потрошувачката кошничка.

 

Трет чекор: Внесување на податоци и испраќање на нарачката

Во овој дел треба да ги пополниш полињата со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездичка (*) се задолжителни, и без нив нарачката нема да биде успешно извршена. Ако си веќе регистриран член, најави се со внесување на мејл и лозинка.

Со селектирање на опцијата „Сакаш да се регистрираш?“ твоите податоци ќе бидат зачувани во нашиот систем, што ќе го олесни и забрза процесот на нарачување во иднина.

Ги селектираш опциите што ти одговараат. Повеќе за испораката и методите на плаќање има во соодветните табови горе. Си ја препроверуваш нарачката и доколку е во ред, го кликаш копчето „ИСПРАТИ НАРАЧКА“.

Веднаш по комплетирањето, ќе добиеш меjл за потврда на нарачката.

Има два начини на плаќање на веб страната:

  1. Со фактура/уплатница

  2. Со платежна картичка

 

Плаќање со фактура/уплатница

Доколку при купување го одбра овој начин на плаќање, ќе добиеш автоматски мејл со информации за нарачката. Парите за нарачката ќе треба да се уплатат на фирма САКАМ КНИГИ ДООЕЛ, со жиро сметка број 30000000-319-1724. Добро би било името на плаќачот да е истото она што стои на самата нарачка.

Уплатата може да ја извршиш во пошта или во банка.

Твојата нарачка во овој случај ќе биде резервирана 3 работни дена. Уплатата ќе треба да се изврши во тој временски рок.

 

Плаќање со платежна картичка

Доколку при нарачката го одбра овој начин на плаќање, системот автоматски те пренесува на страната за електронско плаќање на cPay.

Методи на испорака

 

Сега засега нудиме два вида на испорака:

  1. Стандардна испорака

  2. Бесплатна испорака

 

Стандардна испорака

За пратки во границите на Република Македонија ги користиме услугите на приватната пошта – Пост Експрес Македонија.

Стандардната испорака чини 120 денари и се пресметува директно во вкупната вредност на нарачката.

Времето потребно за испорака на вашата пратка е 3 до 5 работни дена од моментот на комплетирање на нарачката. За купувачите кои плаќаат со уплатница, времето потребно за испорака е најдоцна до 5 работни дена од моментот кога ќе примиме потврда за извршена уплата.

До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, лоши временски услови, и сите останати непредвидливи ситуации кои можат да влијаат на транспортот на пратката.

Достава на пратките се врши работни денови од 8:00 до 17:00 часот.

 

Бесплатна испорака на редовни цени

За сите нарачки со редовни цени над 1200 денари во границите на Република Македонија, поштарината е бесплатна. Кога има големи попусти и акции на сајтот, овој праг може да се крене и секогаш јавно се објавува за секоја посебна акција.

  • Издавачот го задржува правото привремено целосно да ја укине бесплатната испорака за време на акциите со гратис производи; пример, кога со нарачката следи бесплатна книга или друг производ чија вредност надминува 200 денари.

Купони за попуст

Купоните за попуст се кодови кои повремено ги пуштаме во употреба за одредени акции, попусти и саеми. Овие купони се внесуваат при самата нарачка и веднаш ви одобруваат одреден попуст, зависно од тековната акција. Со цел да бидете во тек со најновите попусти, треба да ја следите нашата страница на Facebook и да се пријавите за добивање новости од нашиот сајт.

Купоните се во некоја ваква форма: novagodina2017, 8mart, bozik2017 и сл.

Најдоброто е тоа што нашите најлојални читатели, кои се дел од читателскиот клуб на Сакам Книги, ќе добијат купон за попуст од 10% кој ќе може да се користи секогаш. Единствено не може да се комбинира заедно со други купони кога ќе бидат пуштени во употреба за некоја друга акција, што значи дека за една нарачка може да се употреби само еден купон.

 

* Сега засега, купоните важат само за попуст на книгите, не и за производите во категориите Аксесоари.

Издавачката куќа Сакам Книги се обврзува дека нема да ги злоупотребува личните податоци внесени при процесот на нарачка. За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот (како што се име и презиме, мејл, адреса на живеење и слично).

Издавачката куќа Сакам Книги нема да ги дава ниту открива личните податоци на потрошувачот, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Сите податоци на потрошувачот се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија. Издавачката куќа Сакам Книги е одговорна за почитување на условите за приватност.

Издавачката куќа Сакам Книги се обврзува дека ќе ги заштитува личните податоци на потрошувачот и дека ќе ги евидентира само основните податоци, потребни за тековната работа.

Податоците со кои се пристапува на интернет-страницата се евидентираат автоматски, како што се бројот на посети, времето поминато на страницата и слично. Издавачката куќа Сакам Книги има право да ги користи исклучиво за оценување на посетеноста на интернет-страницата и за подобрување на нејзината содржина и функционалност.

Во случај на промена на кои било лични податоци (на пример, адреса на достава или број на стан) кои се евидентираат во процесот на регистрација, потрошувачот е должен за промената да го извести издавачот. Во случај на промена за која не е известен, издавачот не одговара за каков било недостаток во поглед на нарачката односно испораката на прозводот.

Постапка за рекламација на неисправно испорачани производи

 

Имате право на замена на неисправни производи ако е видливо дека на производот има грешка која не настанала поради неисправен начин на користење, туку дека дошло до грешка во процесот на производство или во пакувањето.

Купувачот е должен да пријави рекламација во рок од 7 работни дена од моментот на прием на пратката.

 

Враќањето на производот во тој случај се врши на наш трошок, а пријавата се поднесува вака:

  1. Пратете ни мејл на reklamacii@sakamknigi.mk. Пораката задолжително да вклучува: име и презиме, мејл, број на фактура или сметка што сте ја добиле со испорака на производот, порака во која ќе ја опишете причината за рекламацијата.

  2. Артиклите наменети за враќање спакувајте ги во оргиналната амбалажа и задолжително приложете ја фактурата или готовинската сметка. Ве молиме да не заборавате да го приложите оригиналниот документ бидејќи без нив, за жал, не сме во можност да ја замениме нарачката.

  3. Во моментот кога испорачувачот на пратката ќе го достави исправниот производ, ќе го преземе од вас производот што го враќате, односно рекламирате.

 

Оштетените или погрешно испорачаните артикли ги праќаме веднаш по добивањето на вашата рекламација.

Во случај производот да не може да се замени за ист (доколку е распродаден или слично), издавачката куќа ќе ги врати уплатените средства на истата сметка од која се примени. Враќање на средствата во готово, ако биле платени од платежна картичка, не е возможно.

Бидете во тек со сите новости на САКАМ КНИГИ: секогаш први дознавајте за нови книги, нови акции, најголеми попусти, интересни настани…

Сега ги известуваме сите наши лојални купувачи, сите оние кои имаат наша Reader’s Card за сите поволности и директно на Viber, со една до две куси пораки месечно. Не сакаме да досадуваме и не испраќаме пораки често, но дефинитивно вреди да сте вклучени во листата за да ги добивате најважните информации за нови изданија и убави попусти.

Доколку решите да се пријавите за услугата и го внесете вашиот мобилен број, податокот ќе биде користен исклучиво за таа намена. Максимално го почитуваме Законот за заштита на лични податоци и Вашите податоци не се користат за никакви други цели, ниту пак се споделуваат со трети лица. Само оној кој лично и своеволно ќе го внесе својот број на сајтот www.sakamknigi.mk или ќе се зачлени во нашата програма за лојалност ќе ги добива овие известувања на Viber.

Може да се пријавите во кратката форма овде

Сакам да добивам известувања за новости и попусти на Viber!

ИМЕ
ТЕЛЕФОН

Александар Николовски Читател & фан
" Мислам дека никогаш немаше да ги прочитам сите овие толку добри книги што ги прочитав буквално во еден здив ако не се појавеше оваа издавачка куќа за која имам само пофални зборови во секој поглед уште од првата издадена книга па до денес... Само продолжете така... "
Елица Ј. Георгиевски Читател & фан
" Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени и книги за сите возрасти и од сите жарнови. Со еден збор БРИЛИЈАНТНИ! "
Љубица Јовановска Читател & фан
" Книгите се љубов, љубовта е вечна, вечноста е илјадници страници издадени... тоа е најдоброто, а кога сме кај најдоброто мислам на издавачката куќа Сакам книги... "
Гордана Јанеска Николовска Читател & фан
" Имам прочитано многу книги од оваа издавачка куќа и секоја заслужувала да биде прочитана. Одлична селекција на наслови, за да ги добиеме најдобрите и оние кои вредат да бидат прочитани. Вчера ја дочитав "Ова завршува со нас", прекрасна, поучна и интересна за читање... "
Марија Н. Читател & фан
" Дефинитивно најдобра издавачка куќа, а воедно ги имате и најубавите изданија. Има одличен избор на книги со одличен превод. Секој ден со понекоја книга во раце од Сакам книги и денот е вистинско уживање! "
Илинка Цекова Читател & фан
" Со изданијата на Сакам книги се навлеков не само на читање, туку и на купување книги. Нема утка, одличен избор, превод, корици, цени.... Ги имам 90% од нивните изданија. Продолжете со исто темпо, а јас со нетрпение ќе чекам нови книги од вас. "
Билјана Стојановска Читател & фан
" Прекрасен избор на книги; многу добар превод и лектура, вистинско уживање! Со Сакам Книги нема промашување! "