Здравје и исхрана (17)
  • img-book

    „Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше. Токму спротивното, книгите на кои наидував би можеле да се наречат Сè што може да тргне погрешно во бременоста. Како да немаме веќе доволно стравови, па треба да ни ги сервираат и оние што сè уште не ни паднале на памет. Другиот вид книги на кои наидував беа како медицински прирачник. Некако стерилни и далеку од вистинското искуство на мајчинството.

    Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба.

    Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам.

    Сакам оваа книга да ви служи во таа насока.“

    Нада Бучевиќ


  • img-book

    Првпат објавена во 1891 година, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ на Пелегрино Артузи денес се смета за најзначајната италијанска книга за готвење од модерно време. Во годините пред смртта на Артузи во 1910 година оваа книга била препечатена тринаесет пати, па така бројот на рецепти пораснал од 475 на 790. Денес, ова значајно дело продолжува одново и одново да се објавува, но и да се преведува на повеќе јазици како холандски, шпански, англиски, француски итн.

    Иако самиот Артузи потекнувал од високата класа и постои сомнеж дека некогаш воопшто допрел кујнски прибор или запалил оган под тенџере за да готви, тој сепак успеал да напише книга која не била наменета не за професионални готвачи, каков што бил обичајот во XIX век, туку за оние кои готвеле за своето семејство во домовите од средната класа: домаќинките и нивните куќни помошници.

    Во книгата Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец. Тој вметнува духовити анегдоти кај повеќето рецепти, опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

    Ова ремек-дело на Артузи не е само популарна книга за готвење – тоа претставува едно од најзначајните дела на италијанската култура. До ден-денес „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна која датира од значајниот историски период на раѓањето на модерна Италија.

    Познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

    Пелегрино Артузи е роден во Форлимпополи (во близина на Болоња) на 4 август 1820 година, во семејството на Тереза и Агостино Џунчи. По студиите во семинаријата во Бертиноро, тој почнал да работи кај неговиот татко, a пресвртница во неговиот живот бил нападот на бандитите на 25 јануари 1851 година. При овој напад биле ограбени најбогатите семејства додека биле во театар, меѓу кои и она на Артузи, па по овој ужасен настан, семејството ја напуштило Ромања и се преселило во Фиренца, каде држеле штанд за продажба на свила. Пелегрино успешно се вработил во Ливорно, а подоцна основал и банка во Фиренца која му донела богатство и почит.


  • img-book

    Седумте“ е дело кое нема да ве однесе само на падините и на врвовите на далечните, за повеќето од нас сосема недофатливи, па и незамисливи светови. Овој патопис на Илина Арсова е документ не само за нејзините патешествија и подвизи што оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот спорт, туку претставува и архив на едно време во кој преку длабоко искрен приказ на личното – од размислите до животните приказни на авторката – стигнуваме до пресек на болните проблематики на современото македонско општество.
    Румена Бужаровска, писателка, професорка

    „Седумте“ е мистично, адреналинско, авантуристичко патување по светот, но е уште повеќе длабоко, внатрешно патување кон сопствениот гравитационен центар. Прелетувајќи преку тропските бои, џагор и мириси на Истокот, низ чудесниот остров на Екваторот проткаен со вулкански карпи, корални формации и неверојатен биодиверзитет, низ глечерите на Хималаите и бескрајната белина на Антарктикот, „Седумте“ слетува во најдлабоките прашуми на срцето и душата. Токму таму, Арсова суптилно и безрезервно ги отвора темите за љубовта, страста, тагата, дилемите и одлуките поради кои е нешто засекогаш загубено или, пак, занавек сочувано.
    Маја Мухиќ, професорка и вљубеничка во адреналинските спортови

    Илина е име изведено од дарежливост, среќа, насмевка, утеха, љубов. Нејзината книга е сведоштво за вистинскиот балон кој самите си го создаваме, но таа умешно е надвор од него. Кога ќе си ја спомнете, пред вас е широката насмевка која зрачи со љубов и мудрост. Има вештина! Одете и пробајте некоја ваша вештина, ќе паднете во стапица! Илина вешто ги создава стапиците и ги совладува!
    Оваа книга треба да си ја имате поблиску до себе. Зборовите стануваат ваши. Илина копнеж, стремеж, врзување, допирач на ѕвезди, чувар на пеперутки и безусловно слободна!
    Весна Петрушевска, актерка

     

    „Седумте“ се патописи за љубовта, за планините, за уметноста, за карпите, за езерото, за екологијата и упатства за управување со отпадот (четиво за младите генерации). За живот исполнет со спортување. Спортот за неа е лек за многу физички и психолошки состојби, а несомнено помага во градење на самодовербата и дисциплината на една личност.
    „Седумте“ е книга за копнежот на Илина по нови нешта, остварување на мали и големи цели со предизвици, дестинации. Книга пишувана со искреност соголена до коска.
    Илина е жител на светот, зависник од патувања, во постојана трка со времето, со планинските врвови што ја прават неизмерно среќна. Постојано се вљубува во нови работи што одбира да ги прави, што е нејзина неприкосновена пасија.
    Во својот номадско-авантуристички живот е растргната меѓу различни хобија, креативна дејност, активизам, волонтерска работа, спортување, патувања… Зборот досада за неа е непознаница.
    Илина Арсова е нашата национална хероина.

    Катица Гароска Ацевска, планинарка, книжевна преведувачка

    Токму нејзиниот поглед, полн со решителност и мекост, ме плени во првата (виртуелна) средба со Илина Арсова. Од неа зрачи суптилна мешавина на сила и спокојство. Нејзиниот тон, термините што таа секогаш внимателно ги избира, ја покажуваат рамнотежата која би требало да постои меѓу луѓето и природата. Нејзините достигнувања имаат длабоко чувство на почит и поклон кон планината. За неа одењето до врвот е синоним за внатрешно патување. Тој никогаш не се освојува, можете само привремено да застанете на планинскиот врв, притоа достигнувајќи го својот.

    Ванеса Буше, фотографка, новинарка и скијачка

    Искрена, луцидна, интригантна, номатка, авантуристка – токму како што кажуваат почетните букви од нејзиното име – Илина ни раскажува не само за светот чие дете е, туку и за својот свет, и за нашиот свет. Свет со врвови од кои запира здивот, но и со длабоки, неистражени долини и пештери. Свет со божествена убавина, загрозен од нашата негрижа. Овие страници, проникнати со восхит и длабока почит кон природата, се освестувачка шлаканица за човештвото кое не знае да го цени тоа што го има.
    Ова не е книга само за освојување на врвовите на светот. Туку и за нашите сопствени, внатрешни врвови. За негувањето на сонот и неговото остварување. За издржливоста. И најмногу за љубовта – кон ближните, кон природата, кон светот – која ни е неопходно потребна во овој отуѓен свет.
    Виолета Танчева-Златева, писателка и лекторка


    Седумте од: 450 ден
  • img-book

    „Болеста како метафора“ и „Сидата и нејзините метафори“ се два од најзначајните есеи на американската писателка Сузан Сонтаг. Во „Болеста како метафора“ таа ги разоткрива митовите и зборува за вистинското значење на болеста, која со векови влијае врз културата на човештвото. „Сидата и нејзините метафори“ ги испитуваат метафорите поврзани со сидата и ја покажуваат вистината, ослободена од вина, срам и страв.

    Истакнувајќи ги сличностит200е меѓу јавните перспективи за ракот (парадигматската болест на дваесеттиот век пред појавата на сидата) и туберкулозата (симболичната болест од деветнаесеттиот век), Сонтаг покажува дека и двете болести се популарно поврзани со лични психолошки особини. Конкретно, таа вели дека метафорите и термините што се користат за опишување на двата синдрома водат до поврзаност меѓу потиснатата страст и самата физичка болест.

    Најјасен и највистинит начин на размислување за болестите е без прибегнување кон метафори. Таа верува дека обвиткувањето на болеста во метафори ги обесхрабрува, ги замолчува и ги срами пациентите. Сонтаг го напишала првиот есеј додека се лекувала од рак на дојката, иако во него не го спомнува директно своето лично искуство со оваа болест.


  • img-book

    Некои го сметаат за „најопасниот филозоф на Западот“. Славој Жижек е современ словенечки професор, критичар, самодеклариран „комунист во смисла на квалификации“, „радикален левичар“ и „христијански материјалист“ кој со еднаква страст зборува и за Хегел и за Бетмен. И покрај тоа што има напишано многу книги, најпознат е по неговите јавни настапи и предавања, чијашто популарност го етаблира како еден од најпознатите мислители на денешнината. Вели дека сите ние сите сме толку длабоко вградени во капитализмот, што не можеме да му побегнеме дури ни на сон.

    Како што пандемијата го обиколува светот, Жижек на изненадувачки јасен и лесно читлив начин ни го открива нејзиното подлабоко значење, притоа презентирајќи парадокси што воодушевуваат, а можните последици по светот се претставени толку јасно, што читателот ќе го облее пот. Живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови. Владите кои до вчера систематски кратеа од фондовите за инфраструктура, здравство и образование – преку ноќ наоѓаат илјадници милијарди. Тоалетната хартија станува вредна и барана стока, а до вчера славните пејачи и глумци тонат во безначајност.

    Кој е можниот излез? Дури и ако одговорот не ви се допадне – како што нè уверува Жижек – неговата нужност се наметнува. Ова е само генерална проба за огромните промени што следуваат допрва.

    110Оваа извонредна мала книга гарантирано ќе ве направи многу поупатени во тековната криза и ќе ви овозможи да ја гледате надвор од површноста и лажливоста на секојдневната медиумска какофонија.


  • img-book

    Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така?  Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

    Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

    –          кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
    –          зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
    –          што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
    –          кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
    –          како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

    Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.


  • img-book

    Монографијата е наменета за невролози, невропедијатри, епилептолози, посебно за студентите, но и за сите лекари од општа практика, кои се секогаш на првата терапевтска линија.
    Остануваме со надеж дека монографијата ќе биде буквар во секојдневата амбулантска практика, како патоказ и потсетник за соодветна и навреме ординирана терапија.


  • img-book

    Храната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата.

    Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна…

    Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.


  • img-book

    Ова е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам. Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации. ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.


  • img-book

    Здрава исхрана од првиот ден

    ВКУСНИ РЕЦЕПТИ за едноставна подготовка, како за бебињата така и за заедничките семејни оброци на домашната трпеза.

    ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ОД ДАГМАР ФОН КРАМ за доење, за постепено воведување на цврста храна, како и пренесување на компактно знаење на тема организација на кујната и одржување на нејзината хигиена, справување со нетолеранции и алергии на храна, вегетаријанска исхрана итн.

    ОЧЕКУВАЈТЕ да најдете избалансирана мешавина на разновидни рецепти во книгата за секоја фаза од животот на вашето дете и компетентни одговори на најважните прашања од неговиот развој.

    Едноставно, здраво и …ммм…многу вкусно!


  • img-book

    Колкав е природниот век на човекот? Научните студии велат дека изнесува некаде над 100 години. Според некои, околу 115, а според други – дури и до 125 години. Тоа е должината на животот која научниците ја измериле според хромозомите или, уште поточно, според теломерите. Ќе се согласиме дека, според денешните стандарди, тоа е импресивна бројка.

    Денес сме соочени со болести кои во 80 % од случаите можеме да ги спречиме. Да, можеме! Тоа се во прв план кардиоваскуларните болести. Здравствената криза може да се реши само на еден начин: ако секој од нас направи промени кон подобро во својот животен стил. Сите сме засегнати – или лично или преку најблиските. Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил нуди конкретни решенија за тоа. Но нуди и можности за лекување, доколку сме веќе соочени со некоја од нив.

    Најновите научни сознанија за животниот стил и болестите, од проверени извори, напишани на разбирлив јазик, и многу применливи совети – ваш сигурен пат до долговечноста!


  • img-book

    Здрава исхрана од првиот ден

    ВКУСНИ РЕЦЕПТИ за едноставна подготовка, како за бебињата така и за заедничките семејни оброци на домашната трпеза.

    ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ОД ДАГМАР ФОН КРАМ за доење, за постепено воведување на цврста храна, како и пренесување на компактно знаење на тема организација на кујната и одржување на нејзината хигиена, справување со нетолеранции и алергии на храна, вегетаријанска исхрана итн.

    ОЧЕКУВАЈТЕ да најдете избалансирана мешавина на разновидни рецепти во книгата за секоја фаза од животот на вашето дете и компетентни одговори на најважните прашања од неговиот развој.

    Едноставно, здраво и …ммм…многу вкусно!


  • img-book

  • img-book

    Јадете добро! Чувствувајте се добро!

    Дали се откажувате од вкусни јадења поради страв дека ќе ви биде лошо од нив? Ако е така, Прирачникот за диета со елиминација е токму за вас. Програмата во овој практичен водич ќе ви укаже на точните чувствителности на храна што ги имате, без разлика кои се – дали се работи за глутен, млечни производи, јајца, соја, кикиритки, морска храна или нешто друго. Со оваа програма ќе може да откриете во кои видови храна можете да уживате, а кои треба да ги избегнувате. Доколку ја следите програмата во оваа книга, ќе имате можност да:

    – ги идентификувате продуктите на кои сте интолерантни

    – откриете алергии кои вашиот лекар не ги открил

    – ги елиминирате проблематичните видови храна

    – завршите со болките и непријатностите

    – ги искусите безгрижните страни на дигестивното здравје

    Без оглед на тоа дали страдате од грчеви, замор, дијареја, мигрена или која било друга негативна реакција на храната што ја јадете, Прирачникот за диета со елиминација ви нуди лесен пристап преку кој самите ќе стекнете контрола врз вашите исхрана, дигестија и здравје, еднаш засекогаш.


  • img-book

    Оваа книга содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и на коса, кои можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.

    Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава, туку значи и правење козметички производи коишто се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки кои се од огромно значење за здравјето и убавината на кожата и косата.


  • img-book

    Македонија изобилува со прекрасни природни ресурси и разни билки, чиишто лековити својства нашите предци многу рано ги откриле и почнале да ги употребуваат за самолекување. Тие правеле искуствени традиционални билни препарати, со кои го одржувале своето здравје.

    Во оваа книга е поместена богата листа на лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и многубројни природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција.

    Лекувањето со билки не е спротивно на конвенционалната медицина, туку може да се искористи како терапија „во прв чекор“, како начин за едно поприродно оздравување или како дополнување на препишаната терапија. Всушност, и во основата на многу од денешните современи, фармацевтски препарати и лекови се кријат различни билки.